You are on page 1of 4

Прв колоквиум по предметот Применета статистика

Прва група
1. Колку петцифрени броеви можат да се формираат од цифрите 0, 2, 4, 5, 8 и 9
(петцифрен број е број составен од пет цифри во кој првата цифра не е 0) во кои 8 е
на втората позиција?
б) Во колку од овие броеви нема повторување на ниедна од цифрите?
2. Во една болница е набљудуван полот на новорoденчињата и нивната тежина.
Добиени се следниве податоци:
Тежина

Над 3,2 kg Под 3,2 kg

Женско 39 25

Машко 35 22

Случајно е избрано едно новороденче. Колкава е веројатноста:


а) избраното новороденче да е машко дете?
б) избраното новороденче да е машко дете и да не е потешко од 3,2 kg?
в) избраното новороденче да е женско, ако се знае дека било потешко од 3,2
kg?
г) да е потешко од 3 kg или да е машко дете?

3. Дадени се две кутии со шишенца со сируп од кои секое може да биде само од типот
Lummox или Pholcodine. Во првата од нив има 6 шишенца Lummox и 7 шишенца
Pholcodine, а во втората има 5 шишенца Lummox и 7 шишенца Pholcodine. Од двете
кутии се извлекува случајно по едно шишенце и се ставаат во трета кутија во која
на почетокот има 3 шишенца Lummox и 4 шишенца Pholcodine, а потоа од третата
кутија се извлекува едно шишенце.
а) Колкава е веројатноста извлеченото шишенце од третата кутија да биде
Pholcodine?
б) Ако извлеченото шишенце од третата кутија е Pholcodine, тогаш колкава е
веројатноста претходно од двете кутии да било извлечено Lummox?

4. Се фрла хомогена коцка пет пати. На секоја страна од коцката има по еден од
броевите од 1 до 6 кои можат да се појават со иста веројатност.
а) Колкава е веројатноста точно три пати да падне непарен број?
б) Колкава е веројатноста да се добие барем еден парен број?
в) Да се опише случајната променлива „ −број на паднати двојки“. Да се
напише законот за распределба, да се најде математичкото очекување и
дисперзијата. Да се претстави графички со хистограм.
Прв колоквиум по предметот Применета статистика
Втора група
1. Oд колку различни елементи бројот на комбинации без повторување од втора класа
е 78?

2. На една забава е организирана лотарија така што во шешир се ставени 30 ливчиња


од кои 25 ливчиња се со награди, а останатите се празни (без награда). Од шеширот
се влечат едно по едно ливче без враќање. Колкава е веројатноста:

а) првите две извлечени ливчиња да се без награди?

б) од првите две извлечени ливчиња само едно да е со награда?

в) од извлечени три ливчиња, првото и третото да се со иста среќа (или со


награда или без награда), а второто ливче да е со различна среќа од првите две.

3. Дадени се две кутии во кои има само капсули VIBRAMICIN и AMPICILIN. Во


првата има 8 капсули VIBRAMICIN и 9 AMPICILIN, а во втората има 12 капсули
од кои 7 капсули се VIBRAMICIN. Од првата кутија се извлекуваат одеднаш 2
капсули и се префрлуваат во втората кутија. Потоа од втората кутија извлекуваме
една капсула.
а) Колкава е веројатноста извлечената капсула да биде VIBRAMICIN?
б) Ако извлечената капсула е VIBRAMICIN, колкава е веројатноста од првата
во втората кутија да биле префрлени две капсули VIBRAMICIN?
( ) ( ) 648
( )= = = 0,238.
( ) 2718
4. Дадени се независните случајни променливи и со закони за распределба

X 1 2 3 Y 1 2 3 4
P(X) b/2 b/4 b/8 P(Y) a/6 2a/6 2a/6 a/6

Најди ги законите за распределба на променливите и , нивните математички


очекувања и дисперзии.
Најди го законот за распределба на променливата = + , нејзините
математичко очекување и дисперзија.
Прв колоквиум по предметот Применета статистика
Трета група
1. На колку начини можат да се распоредат 6 исти учебници по Органска хемија, 4
исти учебници по Неорганска хемија, 8 исти учебници по Англиски јазик и 3 исти
учебници по Применета статистика на една полица една до друга ако:
а) книгите од ист тип мора да се една до друга,
б) книгите можат да бидат произволно разместени?
2. Дадени се возраста и полот на 20 фармацевти-менаџери:
34 м, 49 м, 29 м, 63 ж, 33 м, 29 ж, 45 ж, 46 ж, 36 м, 39 ж,
42 м, 30 ж, 48 м, 35 ж, 32 м, 37 м, 37 м, 48 ж, 48 м, 61 ж.
а) Дадените податоци ставете ги во табела според полот.

Случајно се бира еден фармацевт-менаџер. Колкава е веројатноста избраниот


фармацевт:

б) да биде жена или да има повеќе од 40 год?


в) да има помалку од 29 год?
г) да биде од машки пол и помлад од 45 години.

3. Располагаме со две кутии во кои има црвени, сини и бели топчиња. Во првата
кутија има 6 црвени, 4 сини и 5 бели топчиња, а во втората 5 црвени, 4 сини и 6
бели топчиња. Од првата кутија наеднаш се извлекува едно топче и се префрла во
втората. Потоа од втората кутија се извекува едно топче. Пресметај ја веројатноста:
а) извлеченото топче да е со бела боја.
б) Ако извлеченото топче од втората кутија е со бела боја, колкава е веројатноста
од првата во втората кутија да било префрлено сино топче?
4. Дадена е случајната променлива со закон на распределба даден во табелата:

-2 -1 0 1 2

( ) 0,4 0,3 0,2 а


Најди го законот на распределба на случајните променливи: , = 3 − 1,
= − 1, нивните математички очекувања, дисперзиии и нивните функции на
распределба.
Прв колоквиум по предметот Применета статистика за фармацевти
Четврта група
1. Ливче за лото се состои од 34 броја. Еден човек го уплаќа ливчето откако
претходно ќе прецрта 7 од броевите. Уплатата на ливчето има цена од 10 денари.
Главната награда (да ги погоди сите 7 броја кои ќе бидат извлечени) е 50 милиони
денари.
а) Колку ливчиња треба да уплати човекот за да има сигурна прва награда-да ги
погоди сите 7 извлечени броја?
б) Ако некој човек ги уплатил сите можни комбинации од по 7 броја и ако е
единствен што ќе ја добие главната награда, дали тој ќе биде во добивка или во
загуба? Колку изнесува таа?

2. Се фрла коцка се додека не се добие збир поголем од 3. На секоја страна од коцката


има по еден од броевите од 1 до 6.
а) Опиши го просторот од елементарни настани. Колку елементи има во
просторот од елементарни настани? Наведи ги.

б) Да се опише случајната променлива X - број на фрлања на коцката. Да се


напише законот за распределба на веројатности.
3. Има три групи со по 25 прашања за испит. Еден студент знае да одговори точно на
21 прашања од првата група, на 23 прашања од втората група и на сите прашања од
третата група. Студентот прво случајно одбира една од групите (изборот на секоја
од групите е еднакво веројатен), а потоа од одбраната група извлекува три
прашања. Студентот, за да положи, треба да одговори точно на прашањата.
а) Колкава е веројатноста студентот да го положи испитот?
б) Ако се знае дека студентот положил, колкава е веројатноста да избрал
прашања од првата група?
4. Еден ракометар постигнува погодок од 7 метри со веројатност 0,65. Тој ракометар
изведува серија од седум удари од 7 метри. Колкава е веројатноста:
а) ракометарот да постигне точно 5 погодоци?
б) Кој е најверојатниот борј на погодоци од 7 метри во серијата?
в) Напиши го законот на распределба, на случајната променлива:
- број на постигнати погодоци,
а потоа најди го математичкото очекување и дисперзијата на таа случајна
променлива.

You might also like