You are on page 1of 8

I.

1 Геометриска веројатност
1. (Испит 26.08.2014) Произволно се бираат два ненегативни реални броеви x и y такви што x  2 и
y  2 . Која е веројатноста производот на овие два реални броја да не биде поголем од 1, а
y
количникот да биде поголем од 2?
x
2. (I колок. 08.11.2014) Два броја се бираат на случаен начин од интервалот
(-1,1). Ако се знае дека нивниот збир е негативен, да се најде веројатноста дека првиот број е помал
1
и истовремено неговиот квадрат е помал од вториот број.
2
3. (I колок. 02.11.2013) Падобранец скока од авион на квадратно поле со страна 2km. Во секој агол на
полето има големо дрво. Јажињата на падобранот ќе се заплеткаат во дрвото, ако тој падне на
далечина помала од 1/11km од стеблото на дрвото. Која е веројатноста дека падобранецот ќе слета во
областа без да биде заплеткан во дрво?
4. (I колок. 03.11.2012)(група 1) Да се определи веројатноста дека два случајно избрани реални броеви
1
x и y помеѓу 0 и 2 се такви што x  y  ?
3
5. (I колок. 03.11.2012)(група 2) Да се определи веројатноста дека два случајно избрани реални броеви
2
x и y помеѓу 0 и 2 се такви што max{ x, y}  ?
3
6. (I колок. 03.11.2012)(група 3) Да се определи веројатноста дека два случајно избрани реални броеви
2
x и y помеѓу 0 и 2 се такви што x  y  ?
3
7. (I колок. 2009) Една хала на саемот на книгата е отворена од 08 до 20h. Купувач влегува во халата во
случаен момент X, а излегува од нејзе во случаен момент Y. Неговото време на задржување на саемот
е случајно. Да се најде веројатноста дека купувачот ќе се задржи во халата најмалку 1, а најмногу 3
часа.
8. (ФЕИТ Испит 26.08.2014) Случајно се избираат два реални броја p и q така што p  2 , q  3 и се
формира квадратната равенка x 2  2 px  q  0 .
а) Колкава е веројатноста решенијата на добиената равенка да бидат комплексни?
б) Колкава е веројатноста двете решенија на добиената равенка да бидат реални и различни, а колкава
е веројатноста решенијата да бидат реални и еднакви?
9. Од сегментот [0,1] случајно се избираат два реални броја. Да се определи веројатноста:
а) првата цифра по децималната запирка да биде иста кај двата избрани реални броја.
б) првата цифра по децималната запирка кај првиот избран број да биде помала од првата по
децималната запирка цифра кај вториот избран број.
в) првата цифра по децималната запирка кај едниот избран број да биде поголема од првата по
децималната запирка цифра кај другиот избран број.
I.2. Тотална и Бајесова веројатност
1. (I колок. 08.11.2014) Во првата кутија има 4 црвени и 6 сини, а во втората има 5 црвени и 3 сини
топчиња. На случаен начин од првата кутија се бира топче и се префрла во втората кутија, а потоа од
втората кутија се влече топче.
а) Да се определи веројатноста дека извлеченото топче е црвено?
б) Ако е утврдено дека извлеченото топче е црвено, колкава е веројатноста дека од првата кутија во
втората е префрлено црвено топче?
2. (I колок. 02.11.2013) На две полици се наоѓаат книги по Веројатност и книги по Статистика. На
првата полица има a книги по Веројатност и b книги по Статистика, а на втората полица има c книги
по Веројатност и d книги по Статистика.Студент од првата полица зема две книги и ги става на биро,
а од втората полица зема една книга и ја става на бирото. Потоа, од бирото зема една книга. Колкава
е веројатноста книгата да е по Веројатност?
3. (I колок. 17.11.2010) On-line компјутерски систем има 4 комуникациски линии на кои пристигнуваат
пораки. Во следнава табела се дадени карактеритиките на четирите линии:
Линија Сообраќај Пораки без грешка
1 0,4 0,998
2 0,3 0,999
3 0,1 0,997
4 0,2 0,992
Првата колона дава процент на сообраќајот кој се одвива на секоја од линиите. Втората колона ја
дава веројатноста дека примената порака на соодветната линија нема да има грешка.
а) Која е веројатноста дека произволно примена порака е без грешка?
б) Ако се знае дека пораката има грешка, која е веројатноста дека таа била примена на првата
комуникациска линија?
4. (I колок. 20.01.2014) Една фабрика се состои од три погона. Два од нив имаат ист обем на
производство и тој обем е за два пати поголем од обемот на третиот погон. Во првиот погон бројот на
дефектни производи е 4%, во вториот 2 % а во третиот 5%. Дневното производство на овие погони се
носи во ист магацин.
а) Колкава е веројатноста еден случајно избран производ од магацинот да биде дефектен?
б) Ако случајно избраниот производ е дефектен, колкава е веројатноста тој да доаѓа од првиот погон?
в) Ако од магацинот случајно се избрани 10 производи, да се определи веројатноста бројот на
исправни производи да е барем 2?
5. (I колок. 03.11.2012) Во една продавница има две кутии со мемориски картички. Во првата кутија има
11 картички од кои 3 се оштетени, а во втората кутија има 9 од кои 3 се оштетени. Еден купувач зема
една картичка од првата кутија, но пред да оди на каса решава да ја врати и притоа случајно избира
кутија во која ќе ја врати. После него, влегу друг купувач кој зема картичка од втората кутија.
Колкава е веројатноста вториот да земе картичка која не е оштетена? Ако вториот купувач земал
неоштетена картичка, која е веројатноста дека првиот земал оштетена картичка и ја вратил во
погрешна кутија?
6. (Испит 14.02.2013) Во две кутии се наоѓаат бели и црни топчиња, при што во првата има a бели и b
црни а во втората има c бели и d црни топчиња ( a, b  2, c, d  1 ). Од првата кутија се извлекуваат
две топчиња а од втората кутија се извлекува едно топче и се ставаат во трета празна кутија, и на крај
од третата кутија се извлекува едно топче. Колкава е веројатноста дека извлеченото топче е бело?
7. (Испит 24.01.2011) Во еден пакет се наоѓаат a со класична и b со рок музика а во друг пакет се
наоѓаат c со класична и d со рок музика. На случаен начин од секој од пакетите се бира по еден диск,
и им се менуваат местата (се враќаат во погрешен пакет). Потоа од првиот пакет се бира еден диск.
Која е веројатноста дека тој ќе биде со класична музика?
8. (ФЕИТ Испит јуни 2013) По еден двонасочен пат еден кон друг се движат два автомобили.
Веројатноста дека безбедно ќе се разминат ако двајцата возачи се со возачко искуство е 0,999. Ако
едниот возач е почетник веројатноста е 0,97 , а ако двајцата возачи се почетници веројатноста е 0,4.
Да се определи веројатноста дека двата автомобили безбедно ќе се разминат ако се знае дека секој
стотти возач е почетник?
9. (ФЕИТ Испит август 2013) На еден конкурс за работа се пријавиле 6 кандидати кои завршиле
факултет А и 4 кандидати од факултет Б. Притоа, една од апликациите се изгубила. За да се одреди
од каде е кандидатот чија апликација е изгубена, произволно биле извлечени две апликации. Која е
веројатноста изгубената апликација да е на кандидат од факултет А, ако двете извлечени апликации
се од А? Која е веројатноста изгубената апликација да е на кандидат од факултет А, ако двете
апликации се на кандидат од ист факултет?
10. (I колок. 18.11.2011) Тестот за присуство на алкохол во организмот на еден возач има точност 98% за
тие возачи кои навистина конзумирале поголеми количини на алкохол, но исто така тој е позитивен и
за 1,5% од возачите кои не конзумирале алкохол. Претпоставете дека 40% од возачите во градот
Скопје конзумираат алкохол. Ако еден возач добие негативен резултат на тестот, која е веројатноста
дека тој возач бил под дејство на алкохол?
11. (ФИНКИ Испит 15.03.2014)(II циклус) Во една кутија има 2 бели и 3 црни топчиња, а во друга 4
бели и 1 црно. Од стандарден шпил со 52 карти случајно се избира една. Ако избраната карта е треф,
од првата кутија се извлекуваат две топчиња наеднаш, а ако не е треф, од втората кутија се
извлекуваат две топчиња наеднаш.
а) Да се определи веројатноста дека извлечените топчиња се со иста боја?
б) Ако се знае дека извлечените топчиња се со различна боја, да се определи веројатноста дека е
извлечена карта треф?
12. (ФЕИТ Испит 26.05.2014) Дадени се две партии производи од ист вид. Првата партија се состои од
100 производи од кои 5% се неисправни, а втората од 80 производи од кои исто така 5% се
неисправни. Од првата партија на случаен начин се избираат 15 производи, а од втората партија 10
производи, и од нив се формира трета партија. Од третата партија на случаен начин се избира еден
производ.
а) Колкава е веројатноста од третата партија да се избере исправен производ?
б) Од третата партија е избран исправен производ. Колкава е веројатноста избраниот производ да
припаѓа на првата партија производи? На која од двете партии производи најверојатно припаѓа
избраниот производ?
10. .Врз авион се истрелани три поединечни истрели. Веројатноста авионот да е погоден од првиот
истрел е 0.4, од вториот 0.5, а од третиот 0.7. Во случај на еден погодок
авионот се срушува со веројатност 0.2, во случај на два погодоци со веројатност 0.6, а во случај на
три погодоци авионот сигурно се срушува.
а) Колкава е веројатноста авионот да се сруши?
б) Ако се знае дека авионот е срушен, колкава е веројатноста тој да бил погоден само
од последниот истрел?
в) Ако се знае дека авионот е срушен, колкава е веројатноста тој да бил погоден од
последниот истрел?
I.3. Бернулиева шема
1. (I колоквиум 18.11.2011) Мрежата во една лабораторија во која има 30 копјутери била нападната од
компјутерски вирус. Вирусот заразува еден компјутер со веројатност од 0,3 , независно од другите
компјутери. Пресметајте ја веројатноста дека најмалку 7 компјутери се заразени?
2. (I колоквиум 02.11.2013) Глувче се движи во координатен систем, во бесконечен лавиринт.
Започнува од координатниот почеток и во секој чекор се движи само надесно или нагоре со
веројатност p= 0,7 и q=0,3 соодветно.

а) На координатата (8,5) се наоѓа сиренце. Која е веројатноста дека глувчето ќе стигне до сиренцето?
б) Лавиринтот има бесконечно многу излези, сите на горниот крај. Која е веројатноста дека глувчето
ќе стигне до некој од излезите во најмногу 13 чекори?
3. (ФЕИТ Испит 25.09.207) Веројатноста за појавување на грб на три различни монети е 0,4 (неисправна
монета); 0,5 (исправна монета) и 0,6 (неисправна монета). На случаен начин се избира една монета и
се фрла 8 пати. Забележано е дека три пати се паднал грб. Најди ја веројатноста дека избраната
монета е исправна.
4. Бинарен сигнал (бинарна низа составена од нули и единици) со должина 10 се испраќа од три места:
A, B и C. Веројатноста дека сигналот е испратен од местата A, B и C е 1/2 , 1/3 и 1/6 соодветно. Ако
сигналот е испратен од местата A, B или C тогаш веројатноста дека единица се наоѓа на било кое
место во бинарната низа е 0.2, 0.3 и 0.4 соодветно.
а) Колкава е веројатноста на местото на прием да биде примен бинарен сигнал со должина 10
составен од 4 единици и 6 нули?
б) Ако е познато дека е примен бинарен сигнал со должина 10 составен од 4 единици и 6 нули,
колкава е веројатноста дека тој сигнал е испратен од местото A?
5. (Испит 11.06.2014) За наоѓање на изгубен авион употребени се 60 хелихоптери, од кои секој од нив
може да се користи во еден од двата реона во кои авионот може да се наоѓа со веројатност 0,6
односно 0,4. Како треба да се распределат хелихоптерите по реони за да веројатноста дека авионот ќе
биде најден е максимална, ако секој хелихоптер го наоѓа авионот, изгубен во реонот во кој бара со
веројатност 0,3? Барањата на хелихоптерите се меѓу себе независни.
6. Обележано топче може да се најде во кутија A со веројатност 2/3, а во кутија B со со веројатност 1/3.
Веројатноста да се извлече обележаното топче од кутијата од која се наоѓа е 0.1. Топчињата се
извлекуваат на следниов начин: секое топче се извлекува едно по едно и се враќа во својата кутија .
а) Се извлекуваат 5 топчиња од кутијата A и 15 топчиња од кутијата B според погоре опишаниот
начин. Колкава е веројатноста да не се извлече обележаното топче?
б) Колку пати треба да се извлекува топче од кутијата A од вкупно 20 извлекувања од двете кутии
според погоре опишаниот начин, за да веројатноста барем еднаш да се извлече обележаното топче
биде максимална?
II.1. Случајни променливи и Случајни вектори од дискретен тип
1. (Испит 31.01.2015) Во една сендвичара дневно доаѓаат (независно еден од друг) во просек по 
клиенти. Секој клиент нарачува пијалок со веројатност p независно од другите клиенти и независно
од бројот на клиенти кои дошле дотогаш. Нека Y е бројот на на клиенти кои дошле во текот на еден
ден, а X бројот на клиенти кои нарачале пијалок (во текот на еден ден).

а) Да се определи законот на распределба на X, ако е дадено дека во еден ден дошле 5 клиенти (т.е.
Y=5).

б) Да се определи P{Y  n, X  k} (за дадени n и k).

в) Да се определи законот на распределба на X и EX во општ случај (не е познато колку вкупно


клиенти дошле).

2. (I колоквиум 02.11.2013) Стрелец гаѓа во мета и погодува со веројатност 0.7. Тој има 2 куршуми на
располагање и откако ќе ги испука ќе добие уште онолку куршуми колку што имал погодоци во
првата серија. Овие куршуми ќе ги испука во втората серија. Нека Х е случајната променлива која го
дава вкупниот бројот на гаѓања, а У го дава вкупниот број на погодоци. Да се најде законот на
распределба на случајниот вектор (Х,У) и маргиналната распределба на случајната променлива Х.
Дали Х и У се независни? Да се определи FX,Y(4,1).
3. (I колоквиум 09.03.2012) Во една кутија има топчиња нумерирани од 1 до n . Притоа за секој 1  k  n
има точно k+1 топче. На случаен начин се влече топче од кутијата. Нека случајната променлива X е
бројот на извлеченото топче.
а) Да се определи распределбата на случајната променлива X.
б) За n=3 да се определи функцијата на распределба и да се нацрта нејзиниот график.
4. (Испит 21.08.2013) Играчите A и B играат игра со влечење на парички од две кутии, без враќање. Се
знае дека во една од кутиите се наоѓаат три парички со вредност 0, 1 и 2, а во другата две со вредност
1 и 2. Во играта, играчот A бира една од кутиите, а играчот B од таа кутија влече паричка. По две
влечења, паричките ќе ги добие еден од играчите и тој ќе биде победник – ако збирот на извлечените
парички е поголем од 2 победник е A, во спротивно победник е B.
Со Yi ја означуваме случајната променлива која го опишува исходот од i-тото влечење.
а) Да се определи распределбата на случајниот вектор (Y2 , Y1 )
б) Да се определи распределбата на Y2 под услов Y1  1 .
в) Да се најде распределбата на Y2 ако не е познат исходот од првото влечење.
г) Колкава е очекуваната добивка во играта? Кој од играчите има поголеми шанси да биде победник?
Дали играчот B може да влијае на своите шанси за победа, ако во второто влечење сам ја бира
кутијата?
5. (I колоквиум 2012) Се фрлаат две коцки. Нека X е минимумот, а Y максимумот од паднатите броеви.
а) Да се определи распределбата на векторот (X,Y)
б) Да се определи распределбата на Y.
в) Дали X и Y се независни случајни променливи?
г) Да се најде распределбата на X, при услов Y=4.
6. (Испит 17.08.2015)Во кутија има 4 бели топчиња кои тежат по 3 грама, и 6 црни топшиња кои тежат
по 5 грама. Од кутијата на случаен начин се извлекуваат 2 топшиња (без враќање). Нека X е
случајнаТА променлива – број на извлечени бели топчиња, а Y – вкупна тежина на извлечените
топчиња. а) Да се најде распределбата на векторот (X,Y) ;
б) Да се најде маргиналната распределба на случајните променливи X и Y;
в) Дали X и Y се независни случајни променливи?
г) Да се најде распределбата на X Y  (1.5 ;7.25) .
7. (Испит 14.02.2013)Од кутија со 1 бело и 2 црни топчиња се влече едно топче. Потоа се фрла
неисправна коцка на која се обележани броевите од 1 до 6. Веројатноста да се падне одреден непарен
број на коцката е еднаква и е 2 пати поголема од веројатноста да се падне одреден парен број.
а) Нека Х и Y се случајни променливи кои ги опишуваат резултатите од првиот и вториот
експеримент соодветно. Да се даде законот за заедничка распределба на Х и Y.
б) Играчот кој ја игра оваа игра, за извлечено бело топче добива 100 денари, а за извлечено црно
топче мора да плати 20 денари. Доколку паднатиот број на коцката е поголем од 3 играчот мора да
плати 50 денари, а доколку бројот е помал или еднаков на 3 тој добива 30 денари. Нека Z е
случајната променлива која ја опишува добивката од оваа игра. Да се најде законот за распределба,
очекувањето и дисперзијата на Z. Која е веројатноста играчот да ја заврши играта со позитивна
добивка?

8. (Испит 19.06.2013) Во секоја од четири кутии има по 6 бели и 5 црни топчиња. Од првата кутија на
случаен начин се избира едно топче. Ако извлеченото топче е бело, експериментот е завршен, а ако е
црно извлекувањето се врши на ист начин од втората кутија и.т.н. Со извлекување од четвртата
кутија експериментот завршува без оглед на исходот.
Нека X – број на кутии од кои е извршено извлекување, а Y- број на извлечени бели топчиња.
а) Да се определи распределбата на векторот (X,Y);
б) Да се определи коваријансата и коефициентот на корелација меѓу X и Y;
в) Дали X и Y се независни случајни променливи.

9. (Испит 15.03.2014)(II циклус) Во една кутија се наоѓаат 13 топчиња означени со броевите 1,2,...,13.
На случаен начин се извлекува едно топче. Нека X е случајна променлива која прима вредност 1, ако
е извлечен парен број и вредност 0, ако е извлечен непарен број. Случајна променлива Y прима
вредност кој е остаток на извлечениот број со 3. Да се определи
а) законот на распределба на векторот (X,Y)
б) функцијата на распределба на векторот (X,Y)
в) распределба на случајната променлива Y во случај кога е извлечен парен број
г) дали се независни случајните променливи?

10. Паричка се фрла три пати. Доколку три пати се падне иста страна, се изведува уште едно фрлање. Да
се определи:
а) распределбата на случајниот вектор (X,Y), X – број на паднати глави, а Y – број на фрлања
б) маргиналните распределби на X и Y
в) Дали се X и Y независни ?
II.2. Случајни променливи од апсолутно - непрекинат тип
1. (I колоквиум 2012) Времетраењето на производството на еден електронски елемент има
експоненцијална распределба со параметар . Доколку процесот трае помалку од 3 часа, тогаш
производот е исправен, а во спротивно, тој е неисправен. Настаните дека елементот ќе биде или нема
да биде исправен се еднакво веројатни. Да се определи:
а) параметарот ;
б) веројатноста дека процесот ќе трае помалку од еден час.

 Ax2 e  x , x  0
2. Густината на распределба на случајната променлива X е p( x)  
 0 , x0
а) Да се одреде константата A > 0 .
б) Да се најде функцијата на распределба FX (x) .
в) Да се пресмета P(0  X  1) .
 1 1 1
г) Да се пресмета P X   X   .
 2 3 2
3. Една мета е составена од три концетрични кругови со радиус 1 3 , 1 , 3 метри. Подоготок во
внатрешниот круг изнесува 4 поени, во средниот 3, во надворешниот 2 поени, а подогок надвор од
метата не носи поени. Ако растојанието на погодокот од центарот на метата има густина:
 2
 , x0
p( x)    (1  x 2 )

 0 , x0
Да се определи распределбата на случајната променлива X – број на освоени поени при едно гаѓање.
II.3. Функции од случајни променливи

1. (Испит август 2014) Случајната променлива X има рамномерна распределба на интервалот (-5,4). Да
се најде распределба на случајната променлива Y=sgnX (знакот на X).

2. (Испит 31.01.2015) Нека X има експоненцијална распределба со очекување 2 и нека е дадена


[ x] , ако x  [0,3)
функцијата f ( x)   . Да се определи законот на распределба на случајната
 6 , инаку
променлива Y= f(x).

3. Дневната потрошувачка на хартија во една фирма е случајната променлива X која има


експоненцијална распределба со параметар 1/5. Еден пакет хартија чини 2000 денари. Да се
определат функцијата и густината на распределба на случајната променлива Y која претставува
дневна потрошувачка на фирмата, ако се знае дека покрај дневните трошоци за хартија, фирмата има
дополнителни дневни трошоци од 700 денари за други потреби. Колку е веројатноста дека дневните
трошоци на фирмата ќе бидат поголеми од 17000 денари?

4. Во xOy рамнината дадена е кружница x 2  y 2  r 2 (r  0) . На горната полукружница случајно се


избира една точка со координати (x,y). Случајната променлива  која ја претставува големината на
поларниот агол на избраната точка има рамномерна распределба на интервалот (0,  ) . Да се
определат функцијата и густината на распределба на случајната променлива X која ја претставува
апцисата на избраната точка.

5. Случајната променлива X има рамномерна распределба на интервалот (-4,3). Да се најдат функцијата


  2 X  8, x  3
и густината на распределба на случајната променлива Y   и
 X 1 , x  3
веројатноста P(1  Y  3) .



1 1
6. Случајната променлива X има густина на распределба p( x)   2 x  2 , x [1 , 1] . Да се определи

 0 , x [1 , 1]
функцијата на распределба на X. Потоа да се определат функцијата и густината на распределба на
1 3
случајната променлива Y  1  X 2 и веројатноста P  Y   .
2 4

7. Случајната променлива X има рамномерна распределба на интервалот (0,1). Да се најдат функцијата


1
на распределба на случајната променлива Y  X  .
3

You might also like