You are on page 1of 2

III.

Закон на големите броеви и Централна гранична теорема


1. (II колоквиум 2014) Банката прифаќа кесичка со ситни пари и им исплаќа на клиентите 50 денари без
да ги преброи. Претпоставуваме дека кесичката содржи 51 денар во 10 проценти од случаите, 50
денари во 60 проценти и 49 денари во 30 проценти. Колку кесички треба да собере банката за да
веројатноста за добивка биде 0.15 ? Резултат: {10}
2. (II колоквиум 2013) Независни пораки се испраќаат од еден електронски центар. Пораките се
процесираат последователно, една по една. Времето потребно за пренос на секоја порака е
1
експоненцијално со просечно време од 0.125 минути. Колку пораки со веројатност може да се
2
испратат за најмногу 15 минути? Резултат: {120}

3. (II колоквиум 2012) Еден турист во Лас Вегас видел интересна понуда во една коцкарница во која за
секоја партија коцкарот вложува по 1$. Ако коцкарот победи тогаш добива 3$, а ако изгуби го губи
само вложениот долар. Исходите во играта се еднакво веројатни. Турист влегол во казино и ја играл
играта 100 пати. Колку е веројатноста дека туристот ќе има повеќе пари во својот паричник по
напуштањето на казиното? Резултат: {0.9996}
4. (II колоквиум 2012 ПМФ) Просечно по еден компјутер од 800 имаат пад на системот за време на бура.
Одредена компанија имала 4000 вклучени компјутери во период кога во областа во која се наоѓала
компанијата зафатила тешка бура.
а) Пресметај ја веројатноста дека помалку од 10 компјутери имале пад на системот.
б) Пресметај ја веројатноста дека точно 10 компјутери имале пад на системот.
5. (II колоквиум 2011) Надградување на еден софтверски пакет бара инсталација на 82 фајлови, кои се
инсталираат последователно. Времето на инсталација е случајно, но во просек трае 15 секунди за
инсталирање на еден фајл, со дисперзија од 16 s2 . Која е веројатноста дека целиот пакет ќе се надгради
за 20 мин.?
6. (Испит 17.08.2015) За секој лет, целта на една авио компанија, е авиониот да биде полн колку што е
можно повеќе, но сепак да нема повеќе патници од бројот на седишта. Ако во просек 9% од патниците
ги откажуваат резервациите, секој независно еден од друг, која е веројатноста дека за еден лет со
максимален капацитет од 300 патници, ќе нема повеќе патници од седишта во авионот, ако
компанијата има 320 резервирани билети? Резултат: {0.9573}
7. (Испит 08.06.2015) Еден автобус на градскиот сообраќај во еден круг троши количина на гориво која
што има експоненцијална распределба, при што очекуваната потрошувачка на гориво е 5 литри.
а) Во текот на денот автобусот прави 50 кругови. Да се определи колку гориво најмалку треба да се
обезбеди за еден ден, т.ш. таа количина да биде доволна со веројатност не помала од 0,985? {327}
б) Автобусот има 50 литри бензин. Колку круга најмногу може да направи автобусот за да со
веројатност баре 0,985 биде сигурен дека ќе има доволно гориво? Резултат: {6}
8. (Испит 31.01.2015) Во еден комуникациски систем секој коден збор се состои од 1000 бита. Во
системот постои шум и затоа секој бит може да биде погрешно пренесен со веројатност 0,1 .
Претпоставуваме дека грешките се јавуваат независно . Бидејќи во системот се користи код за
корекција на грешки настанати при преносот, секој испратен коден збор може да биде успешно
декодиран ако во примениот коден збор има најмногу 125 грешки, инаку декодирањето ќе биде
неуспешно. Да се определи веројатноста дека декодирањето ќе биде неуспешно. Резултат: {0.0041}
9. (Испит 26.08.2014) Една фабрика во една смена произведува 4500 артикли. Веројатноста дека еден
артикал е неисправен е 0,01. По завршувањето на смената неисправните артикли се ставаат во посебен
магацин. За колку артикли треба да е направен магацинот за да со веројатност 0,95 ги собере сите
неисправни артикли од една смена. Резултат: {56}
10. (Испит 11.06.2014) Во една болница годишно се лекуваат 20 000 пациенти. Ако веројатноста
прегледаниот пациент да биде маж е 0.51, да се определи веројатноста дека во текот на годината
бројот на женски пациенти ќе биде поголем од бројот на машки пациенти. Резултат: {0.0023}
11. (Испит 29.01.2014) Во една кутија има 2n различни топчиња (n ≥10) меѓу кои и едно црно. Од кутијата
n пати се влече по едно топче, со враќање. Нека Z е случајна променлива која определува колку пати е
извлечено црното топче во тие n влечења.
Колку пати се очекува да биде извлечено црното топче?
Да се определи k така што веројатноста дека црното топче ќе биде извлечено помалку од k пати во
вкупно n влечења е приближно 0,99. Резултат: { 1 2  2.325  (2n  1) / 4n }
12. (Испит 19.06.2013) Во процесот на собирање броевите се заокружуваат до најблискиот цел број.
Претпоставувајќи дека грешките на заокружување се независни и имаат рамномерна распределба
U(-0.5, 0.5). Колку најмногу броеви може да се соберат за да апсолутната вредност на вкупната грешка
биде помала од 10 со веројатност најмалку 0.95? Резултат: {60}
13. (Испит 14.02.2013) Бројот на пешаци кои што поминуваат преку еден пешачки премин во тек на една
минута има Пуасонова P(10) распределба. Ако во текот на еден час пешачкиот премин го поминат
барем 540 луѓе, на преминот ќе се постави семафор. Да се определи веројатноста дека семафорот ќе
биде поставен. Резултат: {0.9929}
14. (ФЕИТ) Бројот на освоени поени по испитот веројатност и статистика е случајна променлива X со
математичко очекување EX=75 и дисперзија DX=25.
а) Да се оцени веројатноста бројот на освоени поени на случајно избран студент да биде меѓу 65 и 85.
б) Колку најмалку студенти треба да го полагаат испитот за да средниот број на освоени поени на сите
студенти биде меѓу 70 и 80 со веројатност 0,9 ? Резултат: {0.75 , 10}
15. (ФЕИТ) Стрелец гаѓа во мета и со веројатност 0.5 погодува десетка, со веројатност 0.3 деветка, со
веројатност 0.1 осмица и со веројатност 0.1 погодува седмица, шестка или промашува (на метата се
броевите 6,7,8,9,10). Колкава е веројатноста дека во 500 гаѓања ќе добие повеќе од 4200 поени, ако при
погодувањето на десетка, деветка и осмица добива по 10, 9 и 8 поени соодветно, а во останатите
случаи останува без поени? Резултат: {0.7794}
16. (ФЕИТ) Ако при остовремено фрлање на 6 потполно исти коцки, единица се падне барем на 5 коцки се
вели дека е добиен рачен јамб единици. Да се определи веројатноста при 1000 независни фрлања на
шесте коцки да се добие барем еднаш рачен јамб единици. Резултат: {0.485}
17. а) Се изведуваат 400 независни фрлања на монета. Да се определи веројатноста дека бројот на паднати
писма ќе се разликува од очекуваниот број на појавувања на писмо за помалку од 20 по апсолутна
вредност. Резултат: {0.9545}
б) Колку најмалку независни фрлања на монетата треба да се извршат за да бидеме сигурни со
веројатност 0.95 дека бројот на паднати писма ќе се разликува од очекуваниот број на појавувања на
писмо за помалку од 10 по апсолутна вредност? Резултат: {105}

You might also like