You are on page 1of 12

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ И

КОМПЈУТЕРСКО
ИНЖИНЕРСТВО - ФИНКИ
КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ
(I I КОЛОКВИУМ)
СКРИПТА ТЕОРИЈА
Проф. Игор Мишковски

4.1 Преглед на Мрежното ниво

- Мрежен слој:
 Пренесува сегменти од испраќач до
примач
 На страната на испраќачот го вградува
сегментот во датаграм
 На страната на примачот го
испорачува сегментот на транспортно
ниво
 Протоколи од мрежното ниво постојат
кај секој домаќин и рутер
 Рутерот ги прегледува полињата од
заглавјата во сите IP-датаграми што
минуваат низ него

- Две клучни функции на мрежното ниво се


препраќање (англ. forwarding): движење на
пакети од влезот на рутерот кон соодветниот
излез и рутирање: одредување на патека по која ќе патуваат пакетите од изворот до
дестинацијата ( рутирачки алгоритми ).

- Податочната рамнина – локална, во рутерот, функција. Одредува како датаграмите кои


пристигнуваат во рутерот се препраќаат на излезните порти. Податочната рамнина се грижи да
кога ќе дојде пакет која е најдобрата опција каде да го препрати бидејќи секој рутер има повеќе
интерфејси. Па така избира на која порта да го испрати за да ја избере најдобрата рута. Има
внатре препраќачки табели (routing tables) според тоа која е неговата дестинациска адреса гледа
и според рутирачката табела одлучува на кој интерфејс да го прати.
Препраќање 

- Контролна рамнина – логика низ целата мрежа. Одредува


како еден датаграм се рутира помеѓу рутерите долж крај-крај

1
патека од извор до дестинација. Контролната рамнина претставува простор каде што се
разменуваат веќе споменатите рутирачки информации помеѓу сите рутери. На крај кога ќе се
разменат рутирачките информации се генерираат рутирачки табели. Најважното е да ја напуни
рутирачката табела со навремени информации. Секогаш кога има промена на мрежата ќе се
променат и рутирачките табели.
Постојат два пристапи за контролната рамнина и тоа:
 Традиционални рутирачки алгоритми: се имплементираат во рутерите
 Софтверски дефинирани мрежи (SDN): имплементирани на далечни сервери
- Контролна рамнина во рутерот – инстанци на рутирачки алгоритам во секој рутер
соработуваат преку контролната рамнина.

- Логички централизирана контролна магистрала - далечен контролер соработува со


локални контролни агенти (СА)

2
- Мрежни модели :
 Услуги за индивидуални датаграми : нуди загарантирана испорака со доцнење помало
од 40 msec
 Услуги за поток од датаграм : нуди загарантирана минимален капацитет и испорака
во редослед. Рестрикции на време/простор помеѓу два пакети.

4.2 Што има во рутер

3
- Архитекура на рутер – високо нивовски преглед на архитектура на генерички рутер:

- Функции на влезните порти:

Децентрализирано препраќање : Користи вредности од полиња во заглавјето, пребарува за


излезната порта со користење на табела за препраќање во меморијата на влезниот порт. Цел-
комплетно процесирање со “линиска брзина”, додека пак чекање-ако датаграмите пристигаат
побргу од брзината на препраќање на структурата за брзо препраќање.
 Дестинациски – базирано препраќање: препраќање базирано на дестинациска IP адреса
( традиционално ).

4
***Совпаѓање со најдолгиот префикс (longest prefix matching) – Кога се пребарува табелата за
препраќање се одбира редицата со најдолго совпаѓање со дестинациска адреса.

 Генерализирано препраќање : препраќање базирано на множество од полиња на


заглавјето.
- Совпаѓање со најдолг префикс се имплементира со тернарни содржински адресни мемории
(TCAMs).
 Содржинските адресни мемории – се доставува IP адреса до ТСАМ, враќаат содржина
на редицата (интерфејсот) во еден такт, без разлика на големината на меморијата.
 Cisco Catalyst – може да има ~ 1 М редици во рутирачката табела во ТСАМ меморијата.

- Структурата за препраќање – го пренесува пакетот до влезниот бафер до соодветниот


излезен бафер.
- Постојат три типа на структури на праќање:
 Препраќање преку меморија - префрлувањето е
направено со директна контрола од процесорот.
Оакетите кои пристигнуваат на влезната порта се

5
копираат во процесорската меморија. Процесорот ја извлекува дестинациската адреса
од заглавјето, го гледа цоодветното одредиште во табелата и го копира пакетот во
баферите на излезните порти.

 Препраќање преку магистрала - Влезната порта ги


пренесува пакетите до излезната порта преку заедничка
магистрала, без вклучување на процесорот на рутерот.
Само еден пакет може да помине низ магистралата.
Брзината на пренос (префрлање) на рутерот е
ограничена од капацитетот – брзината на магистралата.
Префрлувањето преку магистралата е доволно за
рутери кои работат во мали локални и корпорациски
мрежи.

 Препраќање преку интерконекциски мрежи – преклопник


(кросбар) е меѓупроводна мрежа која се состои од 2N
магистрали кои ги поврзуваат влезовите и излезите. Се
надминуват ограничувањата на пропусниот опсег на
магистралата.

 Чекање (queing) на влезните порти – кога структурата за


препраќање е побавна од влезните порти доаѓа до чекање
кај влезните редици- создавање на т.н queues. Исто така
доаѓа и до HOL (Head of the Line) блокирање- бафериран датаграм на чело од една
редица кој спречува другите пакети во истата редица да се препратат.

 Излезни
порти – кога
брзината на пристигнување на пакетите во
структурата е поголема од брзината на испраќање
на истите, доаѓа до баферирање на влезните пакети.

6
Доколку нема доволно бафери или дојде до преоптоварување на баферот, можно е пакетот да се
изгуби. Баферираните пакети се распоредуваат понатаму според одреден приоритет како ќе се
испраќаат.

-Механизми на распоредување
 FIFO (First In First Out) – како пристигнуваат пакетите во баферот, така праќај ги
 Политика на отфрлање – ако пакетот пристигне во полн бафер, тогаш:
 Отфрли го пристигнатиот пакет – Отфрлање на опашката
 Отфрли го пакетот со најмал приоритет во баферот – Приоритетно отфрлање
 Случајно отфрлање

- Распореддувачки политики:

 Приоритетно распоредување – прати го пакетот со


највисок приоритет
- Постојат повеќе класи со различни приоритети, а класата
може да се дефинира според одредена ознака или според
делови од заглавјето, пр. IP извор/дест., порта итн.

Round Robin распоредување


- Се користат повеќе класи кои се скенираат циклично, и доколку има достапен пакет од класата се
испраќа.

7
4.3 IP: Internet Protocol
 Домаќин, рутер и функции на мрежно ниво

 -Формат на IP датаграм

 IP фрагментација и составување
- Секој линк има сопствен MTU (Maximum Transmission Unit),
т.е најголема можна рамка од податочно ниво

- Еден датаграм се дели на повеќе датаграми кои се составуваат


на крајната дестинација ( за идентификација на редоследот на пакетите
се користат битови од IP заглавјето )

8
 IPv4 адресирање
- IP адреса претставува 32-битен идентификатор за домаќинот и интерфејсот на рутерот
- Интерфејс- конекција помеѓу рутерот и физичкиот линк и притоа секој интерфејс има своја 32
битна адреса.
- Еден рутер може да има повеќе интерфејси, додека домаќините може да имаат еден или два
интерфејси ( пример: wired Ethernet, wireless 802.11)
- Од централна важност за интернетот.

 Подмрежа – интерфејс на уред со ист мрежен дел од IP


адресата. Може да комуницира со секој без рутер.
- Мрежно поврзување на 3 интерфејси на хостови и еден
интерфејс на рутер формира подмрежа.
- За да се одредат подмрежите треба да се одвои секој
интерфејс од неговиот домаќин или рутер, притоа
создавајќи острови на изолирани мрежи. Секоја од овие
изолирани мрежи се вика подмрежа.

* IP адреса има мрежен дел – бити од повисок ред и дел за


домаќини – бити од понизок ред.

 IP адресирање: CIDR – Classless Inter Domain Routing


- CIDR претставува мрежен дел од адресата со произволна должина и неговиот формат е
a.b.c.d/x, каде x е број на битови во мрежниот дел од адресата
- Рутерот ги зема во предвид само овие х битови кога ги препраќа пакетите.

/23 означува дека првите 23 битови се користат за мрежата, а останатите 9 се користат за домаќинот
 IP адресирање - класно:

 Добивање
на IP адреса
- IP адресите се
најчесто
кодирани во

9
фајл кој се наоѓа на следнава патека Windows: control-panel->network->configuration->tcp/ip-
>properties
- DHCP: Dynamic Host Configuration Protocol или client server protocol ни овозможува хостот
да добие IP адреса автоматски. Мрежниото администратор може да го конфигурира DHCP така
што дадениот хост ја прима истата IP адреса секој пат кога ќе се поврзе на мрежата или може
да му биде доделена привремена IP адреса. DHCP може да достави дополнителни податоци
заедно со алоцираната IP адреса: адреса на најблискиот (first-hop) рутер, име IP адреса на DNS
серверот, мрежна маска (се користи да се раздвои мрежниот дел од делот за домажинот).

 Хиерархиско адресирање - овозможува ефикасно рекламирање на рутирачките информации, пр:

ISPs-R-Us има специфична рута до Organization 1

 NAT – Network Address Translation

10
- Секој дом има еден NAT рутер кој ја добива IP адресата од ISP (internet service provider) DHCP
сервер, додека пак внатре си содржи свој DHCP сервер кој што им дава IP адреси на локалните
корисници. За да знае на кој хост да го прати пакетот, рутерот користи NAT translate table.
- Хостот испраќа HTTP барање до некој веб сервер (притоа во барањето се содржат IP адресата
на хостот и портата преку која е испратено барањето). Барањето стига до NAT рутерот кој
генерира нова порта (било која, која е слободна) ија ства IP адресата на рутерот и додава нов
запис во табелата. Ваквиот датаграм го праќа до веб серверот и тој праќа одговор. Рутерот го
прима одговорот и пребарува во табелата, го наоѓа и го препраќа паќетот до соодветниот хост.
- NAT сепак има одредени пропусти, како што е кршењето на можноста за P2P ( Peer To Peer )
конекции
- 16-битно поле за портите

 IPv6 адресирање – формирани како недостигот поради тоа што 32-битните адресни простори ќе се
потрошат па да се креира поголем адресен простор.
- IP адресата се зголемува од 32 на 128 бити. IPv6
внесува нова врста на адреса на any cast address.
Овозможува датаграмот да биде доставен до
секој од групата хостови.
- Покомпактно 40 бајтно заглавје при што многу
од полињата се избришани или опционални.
Така е добиено 40 бајтно заглавје со фиксна
должина кое овозможува побрзо процесирање на
IP датаграмот.
- Означување и приоритет на текстот – flow label
and priority – означување на пакети кои
припаѓаат на конкретен тек за кои испраќачот
бара посебно ракување како што се услугите од
реално време или поголем квалитет на услугата
од вообичаено.
 Транзиција од IPv4 до IPv6

11
- Транзиција од IPv4 до IPv6 се овозможува преку тн. tunneling – IPv6 датаграмите се пренесува како
payload во IPv4 датаграм преку IPv4 рутери
- Payload – вистинските податоци од еден пакет без поглавјето кое се користи за транспорт на пакетот

12

You might also like