You are on page 1of 5

21.04.

2018

5. РЕГИОНАЛНИ НАТПРЕВАРИ ПО БИОЛОГИЈА (одговори)


II година
1. Заокружете ја буквата пред соцветијата кои 2. Заокружете ја буквата пред елементите
имаат седечки цветови! што може да ги има еден монокарпен
A) грозд плодник!
B) клас A) две теки
C) реса B) еден овариум
D) кочан C) три стилуси
E) прост штит D) едно устенце
(3 бода) E) едно столпче
(3 бода)
3. За секоја од наведените ферментации (прва колона) напишете кој организам е одговорен за
неа (втора колона) и на каков субстрат (најмалку еден) се врши!

Ферментација организам субстрат


Алкохолна (алкохолни) габи Плодови
Оцетна бактерии Плодови, вино, пиво,
квасец и др.
Млечно-кисела (млечно-кисели) Млеко
бактерии
Лебна габи Скроб во брашно
Маслено-кисела бактерии Млеко, масло

(10 бода)
4. Метаморфозите на одделни растителни органи, наведени подолу, распоредете ги во
соодветната колона од табелата! Некои термини можат да се сретнат кај различни органи!

столон филокладија грутка


ластар трн филодија
Одговор:
изданок корен лист
Столон грутка Ластар
Ластар Трн
Филокладија филодија
Грутка
Трн

(9 бода)
5. При синтеза на протеини, во фазата на 6. Транслокации настануваат при:
активација, аминокиселините ги
препознаваат tРНК молекулите и се A) структурно реаранжирање помеѓу два
поврзуваат во триплет ССА во присуство хомологни хромозоми
на : B) реципрочна размена на фрагменти
помегу два нехомологни хромозоми
A) ATP и Mg јони C) реципрочна размена на фрагменти меѓу две
B) ATP и Ca јони сестрински хроматиди
C) ATP и Na јони D) структурно реаранжирање помеѓу две
D) ATP и K јони сестрински хроматиди
(2 бода) (2 бода)
7. Синаптичкиот комплекс со текот на 8. Која од следниве структурни аберации не ја
делбениот процес се формира во: менува морфологијата на хромозомот:

A) лептотен A) парацентрична инверзија


B) зиготен B) перицентрична инверзија
C) дијакинеза C) интерстицијална делеција
D) метафаза1 D) дупликација
(2 бода) (2 бода)
9. Која од наведените интеракции на гените 10. Кога примарната констрикција е
не е алелна: субтерминална за хромозмот велиме дека
е:
A) доминантност A) ацентричен
B) кодоминантност B) метацентричен
C) комплементарност C) субметацентичен
D) рецесивност D) субтелоцентричен
(2 бода) (2 бода)
11. Пренесувањето на ДНК фрагменти од 12. Хемофилијата во хуманата популација ја
клетките на еден во клетките на друг условува ген чиј генски локус е на :
организам и овозможување на нивната
функција се нарекува:
A) краток крак на Х- хромозомот
A) клонирање B) краток крак на Y- хромозомот
B) индуцирање на мутации C) долгиот крак на Х- хромозомот
C) генетски инженеринг D) долгиот крак на Y- хромозомот
D) трансдукција (2 бода)
(1 бод)
13. Редукцијата на бројот на хромозоми во 14. Наследувањето на квантитативните
мејоза настанува во: својства кај организмите е под контрола на:
A) метафаза1 A) доминантни алели
B) анафаза1 B) полигени
C) телофаза1 C) рецесивни алели
D) анафаза 2 D) мултипли алели
(2 бода) (2 бода)
15. Моносомија на автосоми кај човек е: 16. За кои од наведените фази од мејоза се
карактеристични еднохроматидни
A) Turner-ов синдром хромозоми:
B) Klinefelter-ов синдром
C) Down -ов синдром A) профаза 1 и телофаза1
D) ниеден од наведените B) анафаза1 и телофаза 1
синдроми C) анафаза2 и телофаза2
(2 бода) D) профаза 1 и метафаза 1
(2 бода)
17. Со терминот партеногенеза се означува:

A) развивање на диплоидни, стерилни индивидуи од оплодени јајце клетки


B) развивање на диплоидни, фертилни индивидуи од оплодени јајце клетки
C) развивање на диплоидни женски единки од неоплодени јајце клетки
D) развивање на хаплоидни машки единки од неоплодени јајце клетки
18. Местата каде се врши размена на 19. Ако една особина е детерминирана од гени од
одделни хромозомски сегменти кај холандричниот сектор, кои членови од
хромозомите се означуваат како: семејството ќе имаат заеднички гени и
фенотипски својства:
A) хијазми
B) теломери A) таткото и синот
C) центромери B) мајката и синот
D) синапси C) сестрата и братот
(1 бод) D) мајката и ќерката
(2 бода)
20. Хистоните заедно со ДНК молекулот 21. Во АВО системот, О крвната група се наследува:
образуваат:
A) хомозиготно рецесивно
A) нуклиди B) хомозиготно доминантно
B) нуклеосоми C) кодоминантно
C) нуклеозиди D) хетерозиготно
D) нуклеуси (2 бода)
(2 бода)
22. Супериорноста на хибридите или 23. Фенотипскиот сооднос на единките во F2
хибридната бујност се јавува со: генерацијата, при интермедирено наследување е:

A) зголемување на хомозиготноста A) 1:2:1


B) зголемување на хетерозиготноста B) 3:1
C) намалување на хетерозиготноста C) потомството е униформно
D) зголемување на доминантни гени D) 9:3:3:1
(2 бода)
(2 бода)
24. Азотните бази аденин и тимин се 25. Со репликацијата на ДНК во интерфаза се
поврзани со: условува:

A) три водородни врски A) удвојување на бројот на хромозомите


B) две водородни врски B) структурно реплицирање на хромозомите
C) една водородна врска C) редуцирање на бројот на хромозомите
D) две кислородни врски D) дисоцијација на хромозомите

(1 бод) (2 бода)
26. Шематското прикажување на 27. Делот од ДНК на структурниот ген кој се
хромозомската гарнитура е познато транскрибира во iРНК се нарекува:
како:
A) кариограм A) промотор
B) кариотип B) оперон
C) идиограм C) репликон
D) генотип D) ген регулатор
(1 бод) (2 бода)
28. Поврзете ги со бројки и букви наведените особини на меристемите и соодветните поими:

Особина на меристемот Меристем Број и буква


1. Поседува калиптра А. врвен коренски
2. Формира лисни примордии Б. врвен стеблест
3. Секундарен меристем В. фелоген

Одговор: 1-А, 2-Б, 3-В


(3 бода)
29. На сликата е прикажан:

A) Хуман (2) Kариотип/кариограм

B) Може ли од сликата да се согледа полот на единката? (4)


Mашка единка, со Клинефелтеров синдром

C) по кој хромозомски пар може да се согледа полот? (2)


По половиот Y хромозом

D) Колку хромозоми има во нормален кариотип на човек? (2)


46

E) Колкав е бројот на хромозомите и дали има присуство на Barr-ово тело? (2)


47, има едно

F) Во која делба и фаза се врши анализа на хромозомите? (4)


Митоза, метафаза

G) Наведи три синдроми со ист број на хромозоми како и во овој случај и запиши ја нивната
конституција. (4)
Down-ов (47XY,21+), Edwards-ов(47XY,18), Patau- синдром (47XY,13)

(20 бода)
30. Високиот раст кај одредени растенија е дефиниран од доминантен ген D, додека џуџестиот
раст е одреден од рецесивен алел d. Влакнести листови исто така се одредени од
доминантен алел H, додека мазните ги одредува рецесивен алел h. Извршено е вкрстување
со растение кое е високо и со влакнести листови и е добиено следното потомство:

118 високи, влакнести


121 со џуџест раст, мазни
112 високи, мазни
109 со џуџест раст, влакнести

А) Напишете го вкрстувањето

P: DdHh x ddhh
G: (DH) (dH) (Dh) (dh) x (dh)

DH dH Dh dh
dh DdHh ddHh Ddhh ddhh

Еден од родителите е со познат фенотип - високо со влакнести листови


(доминантни фенотипови). За да се добие дадениот фенотипски однос
118:121:112:109 или 1:1:1:1, овој родител мора да е хетерозигот или DdHh ,а
непознатиот родител мора да е рецесивен хомозигот или ddhh. (6)

B) Кој е фенотипскиот однос добиен во Ф1 генерација? 1:1:1:1 (3)


C) Дали ове локуси се наследуваат независно еден од друг? Да (1)

(10 бода)

You might also like