You are on page 1of 6

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА ТЕКСТУАЛНИ ПРОБЛЕМИ СО АЛГЕБАРСКИ ИЗРАЗИ

1. Пенкалата се продаваат во две големини на кутија. Во малата кутија има n пенкала. Во големата кутија има
10 пенкала повеќе отколку во малата кутија. Купувачот купува m мали кутии и 2m големи кутии. Најдете
израз за вкупниот број на пенкала кои ги купува купувачот.
2. Петар има n бонбони. Стефан има 20 бонбони повеќе од Петар. Петар дава една четвртина од своите
бонбони на Андреа. Стефан дава половина од своите бонбони на Андреа. Најдете израз за бројот на
бонбони кои ги има Андреа.
3. Напишете израз за плоштината на следата форма

4. Сања купува b книги. Сара купува 6 книги повеќе од Сања. Саша


купува два пати повеќе книги од Сања. Најдете израз за средниот број
на книги купени од тројцата.

5. Да се разгледаат
обоените броеви во
следната табела 100. Да
се изведе алгебарски
израз за збирот на тие
броеви? Што може да
се заклучи од тој збир?
Доколку збирот на други 5 броеви во иста таква табела 100
е 315 кој е централниот број околу кој е нацртана формата
од 5 броеви?

б) Што можете
да заклучите за
збирот на
броевите во
форма како на
сликата лево? Составете алгебарски израз за овој збир? Што ви
кажува таквиот алгебарски израз?

6. Детски билет до зоолошката чини 150 денари. Билет за


возрасни чини 400 денари. На ден кога 2200 лица ја посетиле
зоолошката, од продажбата на билети биле собрани 505 000
денари. Колку деца и возрасни ја посетиле зоолошката тој ден?

7. Васил и Лука мислат на истиот број. Васил додава 4 на


неговиот број и потоа го множи резултатот со 6. Лука го одзема
неговиот број од 20 и потоа го множи резултатот со 3. На крајот тие го добиваат истиот одговор. Со кој број
започнале двајцата?

8. Елена има 3600 денари. Маја има 2880 денари.


Секоја од книгите чини b денари. Елена купува
12 книги и Маја купува 8 книги. Потоа секој од
нив го има истиот преостанат износ на пари.
Најдете ја цената на книгата.

9. Петоаголникот на сликата десно има една


линија на симетрија. Најдете го периметарот на
петоаголникот.
10. Да се определи големината на најмалиот агол во следниот триаголник

11. На следната слика се прикажани триаголник и правоаголник кои имаат


еднакви плоштини. Да се определат нивните периметри (за периметарот на
правоаголниот триаголник искористи ја питагоровата теорема за да ја определиш
неговата хипотенуза)

12. Јована замислила некој број. Кога го собрала тој број со претходникот и следбеникот на бројот, добила 285.
ЗА да го добие решението Јована морала да ја запише равенката_______________________, чие што
решение е ________.

13. Збирот на три броја е 12. Вториот собирок е за два поголем од првиот, а третиот е за 4 помал од вториот.
Равенката која што се добие гласи _____________________, а броеви те се: _______ , _______ , _______

14. Нина замислила еден број, го намалила за 1 и резултатот го помножила со 8. Истиот резултат Нина ќе го
добие доколку замислениот број го помножи со 3 а добиениот резултат го зголеми за 12. Нина за да дојде
до решението морала да ја состави равенката ____________________, чие решение е ______.

15. Збирот на некој број и неговиот трет следбеник е 13. Кој е тој број?

16. Една страна на правоаголникот е за 6 cm подолга од другата, а неговиот периметар е 48cm . Да се


определат должините на страните на
правоаголникот. За таа цел треба да се искористи
следната равенка ____________________ која се
добива од формулата за периметар на правоаголник.

17. Периметарот на триаголникот прикажан на сликата е


L = 30 cm
a. Состави равенка за непознатата x
b. Реши ја равенката
c. Да се определат должините на страните на триаголникот
a+b+c L
d. Со користење на формулата P = s ( s − a )( s − b )( s − c ) =
каде s = да се определи
2 2
плоштината на тој триаголник со точност од едно децимално место ?

18. Влатко купува 3 кутии со n моливи а Бобан купува 15 моливи. Изразот со кој се покажува колку моливи
купуваат двајцата другари е _____________________ ?

19. Една гума за џвакање чини m денари, а една бонбона чини b денари. Запиши израз на вкупната сума во
денари што треба да се плати за 14 гуми за џвакање и 12 бонбони?
20. Страната на квадратот е ( x + 4 ) cm : Алгебарскиот израз со кој се пресметува неговиот периметар е
__________________________

21. Јована сака да купи букет рози. Една роза чини x денари а за украсување на букетот се наплаќа 50 денари
и таа сума не зависи од бројот на рози во букетот. Запиши израз за сумата пари која треба да ја плати Јована
за да купи букет од 7 рози?

km
22. Автобус возел со брзина 40 и за време од x h (часови) поминал пат од 40 x km . За истото време
h
автомобил поминал 20 km повеќе од автобусот. Изразот со кој се пресметува колку километри поминал
автомобилот е _______________________

23. Јована има n години. Ако бројот на годините на Јована се помножи со 3 а потоа се додаде 3, тогаш ќе се
добие бројот на годините на нејзината мајка. Запишете израз за бројот на години на нејзината мајка.

24. Димензиите на квадарот (изразени во метри) се три последователни природни броеви. Тогаш изразите за
пресметување на:

a. неговата плоштина
b. неговиот волумен

25. На тетка Бони и се потребни a секунди за да измие една чинија и b секунди за да измие една чаша. По
денешниот ручек таа треба да измие 8 чинии и 4 чаши. Запиши израз за времето (во секунди) кое и е
потребно да ги измие сите чинии и чаши?

26. Еден работник може да заврши една работа за x денови, а друг за два денови помалку. Изразот со кој се
определува колкав дел од работата завршиле двајцата работници за дена е ___________________ ?

27. Марко купил две пакетчиња со по k колачи. Потоа од неговата баба добил уште пет такви колачи. Сите
колачи Максим ги поделил подеднакво со брат му и сестра му. Запиши алгебарски израз кој претставува
колку колачи добило секое од трите внучиња?

28. Таткото на Даниел му дал x денари. Мајката му дала за 500 денари повеќе од татко му. Даниел ги поделлил
парите подеднакво со сестра му. Изразот со кој се определува по колку пари

29. Овошно колаче чини n денари. Чоколадното колаче е за 5 денари поскапо од овошното, а колачето од
ванила е за 2 денари поевтино од овошното колаче. За својата роденденска забава Арта купила 12 овошни,
10 чоколадни и 14 колачиња од ванила. Изразот кој ја определува цената што ја платила Арта за колачињата
е _______________________, а со негово упростување се добива _______________________

30. Еден од аглите во триаголникот е за 30° поголем од другиот, а за 30° помал од третиот. Изразот со кој се
определува збирот на аглите е ________________________________

31. Никола понел со себе 1000 денари и отишол во книжарница. Купил три книги од по x . Запишете израз за
сумата на пари (во денари) кои му преостанале на Никола?

32. Запишете израз за збир на пет последователни броеви почнувајќи од n ?

33. Запишете израз за аритметичка средина на броевите а + 8 и 2а − 3 и упростете го изразот?

34. Половина од збирот на три последователни парни броеви, почнувајќи до n − 10 е __________________?


35. Состави израз за пресметување на периметар на рамнокрак триаголник со основа 6 cm и крак ( 3 x − 1) cm

36. Деспина купила n книги. Виктор купил 4 книги помалку, а Мартин купил три пати повеќе книги од Деспина.
Изразот за средната вредност е ________________

37. Еден агол во триаголникот има x° , а другиот агол е за 12° поголем од него. Запиши алгебарски израз за
големината (во степени)
на третиот агол од
триаголникот, а потоа
упрости го изразот.

38. Да се определи x така


што двата правоаголници
имаат еднакви
периметри, а потоа
определи го оној
правоаголник кој има
поголема плоштина.

39. Ако двата правоаголници


имаат еднакви плоштина, да
се определи y , а потоа да се
определи кој од двата
правоаголници има поголем
периметар и за колку?

40. Силвија е 7 години помлада


од Ирена. Збирот на нивните
години е 43.

a. Ако Силвија има x


години. Запиши израз
за годините на Ирена
преку x
b. Состави равенка за
збирот на годините на Ирена и Силвија
c. Реши ја равенката за да определиш колку години имат Ирена и Силвија
41. Периметарот на еден триаголник е 59 cm . Должините на страните се ( 2 x − 5) cm, ( 3x + 2 ) cm и

( 2 x − 1) cm
a. Запишете равенка која ги поврзува периметарот и должините на страните.
b. Реши ја равенката за да ги определиш должините на секоја од страните.
a+b+c
c. Со користење на формулата P = s ( s − a )( s − b )( s − c ) каде што s = и a, b и c се
2
страните на триаголникот кои се определени под б.
42. Борче купил 5 кутии со по n моливи и 3 кутии со по m пенкала. Еден молив чини 8 денари а едно пенкало
чини 17 денари. Ако Борче имал 2000 денари тогаш напиши израз кој определува колку пари му останале.
1
43. Страната на квадратот е ( 2 x − 1) cm за x > , напиши формула која го определува
2

a. Периметарот на квадратот c. Реши ја равенката за периметар по


b. Плоштината на квадратот променливата x
d. Реши ја равенката за плоштина по
променливата x

44. Автобус се движи од местото А кон местото Б со


km
брзина x , а автомобил се движи од местото Б
h
km
кон местото А со брзина y . По три часа возење
h
растојанието меѓу автомобилот и автобусот е
23km . запиши израз со кој може да се одреди
растојаието помеѓу местата А и Б

45. Запиши израз за пресметување на плоштина на


рамката заградена (определена) со
правоаголниците на цртежот
46. Според податоците од цртежот,
напиши израз за пресметување на
плоштина на следната форма

a. Со собирање на плоштините на
два правоаголници
b. Со одземање на плоштините на
два правоаголници

47. Составете израз за плоштината на


следната 2д форма и истиот упрости го.
Одреди ја вредноста на n ако
плоштината на фората е еднаква на
70 cm 2

48. Плоштината на обоената L форма е еднаква со плоштината на


белиот квадрат. Колку е непознатата должината на страната на L
формата прикажана на цртежот

You might also like