You are on page 1of 1

Задачи за мерење - време

1. Да се изрази време од 15 min во секунди.


2. Да се подредат величините по големина (почнувајќи од најмала ):
2h; 200 s; 30min; 1400s; 1h; 2min; 4000s
3. Колку часови содржи 21600s?
4. Кој е подолг временски интервал: 5h или 250min и за колку ?
5. Колку време ќе помине ако малата сказалка ќе заврти 1,5 круг? Времето изрази го во
секунди.
1
6. Подреди ги величините по големина (почнувајќи од најголем): 1h30min; 1200s; 4 h; 100min.
7. Лина трипати се санкала. Првиот пат стазата ја поминала за 2min 5s, вториот за 14s побрзо,
а третиот за 7 s поспоро од вториот пат. Пресметај за колку време ја поминала стазата
вториот и третиот пат.
8. Пополни ја табелата:

А: Време во s Дали времето


B: Намали B: Зголеми
(секунди) B содржи 1 Пресметај го
го времето го времето
или повеќе времето B
А за 14 s А за 15 s
минути?
45 ____min ___ s
16 ____min ___ s
50 ____min ___ s

9. Дополни:
a. 60s е ____ min.
b. Едно деноноќие има _____ часа.
c. Една недела има ___ дена или __________ часови.
10. Пресметај го времето:
Време во часови во секунди
120 min
540 min
780 min
660 min

11. Tаткото има 30год 5 мес 13 дена, а ќерката 2 год 11 мес 24 дена. Колку е постар таткото од
ќерката?

12. Во еден град, на 22 јуни Сонцето изгрева во 4h 16 min, а заоѓа во 19h 32 min. На 22
декември Сонцето изгрева во 7h 14 min, a заоѓа во 16h 22 min. Колку трае денот, а колку
ноќта на 22 јуни и на 22 декември?

Избор на задачи Актив на математичари


ОУ „Кирил Пејчиновиќ“, Скопје

You might also like