You are on page 1of 1

Задачи ОД ВЕРОЈАТНОСТ IV ГОД.

гимназија

1 . ) Да се определи множеството на елементарни настани при експериментот три фрлања на метална


паричка. Потоа да се определат настаните :
A: на горната страна се појавил грб барем двапати
В: на горната страна се појавило писмо барем еднаш
С: на горната страна се појавил грб еднаш или ниеднаш
и опиши ги настаните A  C , B  C

2. ) Да се определи множеството на елементарни настани при експериментот истовремено фрлање на


две различни коцки за играње. Потоа да се определат настаните :
A: на горната страна на коцките збирот на точките е 6
В: на горната страна на коцките се појави ист број точки
и опиши ги настаните A  B, A  B

3. ) Во една кутија се наоѓаат 8 црвени и 6 сини топчиња. Одеднаш извлекуваме 5 топчиња. Определи
ја веројатноста дека меѓу нив има точно три сини топчиња.

4. ) Од група од 9 ученици од кои 5 машки и 4 девојчиња треба да се изберат 3 ученици. Колкава е


веројатноста да се изберат 2 машки и едно девојче?

5. ) Од шпил од 32 карти (8*4) одеднаш се извлекуваат две карти. Одреди ја веројатноста двете
извлечени карти се каро или две десетки.

6. ) Во една кутија се наоѓаат 10 црвени и 15 сини топчиња. Извлекуваме случајно 2 топчиња одеднаш.
Определи ја веројатноста дека извлечените топчиња ќе бидат со различна боја ?

7. ) Во една кутија има 20 бели и 15 црвени топчиња. Едноподруго се извлекуваат две топчиња и не се
враќаат. Одеди ги веројатностите на следните настани :
a) првото извлечено топче е бело, а второизвлеченото топче е црвено
б) едно од извлечените топчиња е бело а едно е црвено
в) двете топчиња се црвени

8. ) Од множеството 1, 2,3,...,19, 20 случајно е избран еден број. Одреди ја веројатноста бројот да е
парен и бројот е делив со 3.

9.) Коцка за играње се фрла двапати. Определи ја веројатноста збирот на точките од горната страна е
парен број и во двете фрлања од горната страна се појавил број поголем од 3 .

10. ) Во една кутија се наоѓаат 100 ливчиња на кои се испишани природните броеви од 1 до 100.Одреди
ја веројатноста дека случајно извлечениот број ќе биде делив со 7 или со 15 или со 23.

11. ) Во една кутија има 40 бели и 10 црни топчиња. Едно по друго се извлекуваат две топчиња и се
враќаат. Одеди ги веројатностите на следните настани :
a) второизвлеченото топче е црно ако првоизвлеченото е бело
б) двете топчиња се црни
в) двете топчиња се со различна боја

12. ) Во кутија има 7 бели и 5 црвени топчиња . Едно по друго се извлекуваат топчињата и не се
враќаат. Одеди ги веројатностите на следните настани :
a) второизлеченото топче да е црвено;
б) второизлеченото топче e црвено ако првоизвлеченото е бело
в) двете топчиња се со иста боја

You might also like