You are on page 1of 6

Изработил : Актив по математика и природни науки

Понеделник 1Јуни2020

Тема 2Е : Работа со податоци и решавање проблеми

Веројатност. Скала на веројатност

Да повториме !

1) Скала на веројатност (со употреба на зборови )

Пр.1. Наведените искази подредете ги во скала на веројатност.

а) Ќе биде сончево утре.

б) Сите ние ќе бидеме во училиште утре.

в) Вестите ќе се емитуваат на телевизија вечерва.

г) Еден од нас ќе патува на Марс следната недела.

д) Некои од нас ќе ги променат алиштата следната недела.

Решение :

а) Еднакво веројатен настан ( со еднакви шанси ) , бидејќи ќе биде облачно или ќе грее сонце.

б) Неверојатен(малку веројатен) настан, бидејќи утре никој од ученици не смее да оди на училиште(Карантин),
освен наставникот кој мора да ги извршува тековните обврски.

в) Сигурно веројатен настан, бидејќи на секоја телевизија даваат вести секоја вечер.

г) Невозможен настан, бидејќи никој од нас нема да патува на Марс следната недела.

д) Веројатен (многу веројатен) настан, бидејќи најголем дел нас ќе ги променат алиштата следната недела.

ОУ “Св.Кирил и Методиј” – Kочани Page 1


Изработил : Актив по математика и природни науки

2) Нумеричка вредност на скалата на веројатност

Толкување на нумеричката скала на веројатност :

Невозможно = 0 , настанот нема да се случи ;

Неверојатно ≈ ¼ = 0,25 = 25% , настанот има мали шанси да се случи ;

Еднакво = ½ = 0,5 = 50% , еднакво веројатно е настанот да се случи или да не се случи ;

Веројатно ≈ ¾ = 0,75 = 75%, настанот има големи шанси да се случи ;

Сигурно = 1 = 100% , настанот сигурно ќе се случи.

Пр.2. Колкава е веројатноста во една недела , да има ден понеделник ?

Решение : Во една недела има 7 дена, т.е. {понеделник, вторник, среда, четврток, петок, сабота, недела}

Настанот да има ден понеделник е неверојатно(малку веројатно), бидејќи еден од деновите е понеделник, а
останатите не се понеделник.( како дел од целото 1 од вкупно 7 )

Неверојатно = 1/7 = 0,(142857) = 14,2857(142857)%

ДОМАШНА ЗАДАЧА : Учебник на стр.266 и 267 зад. 1, 2 и 3

Вторник 2Јуни2020

Експеримент. Веројатност на настан


1) Фрлање на монета/паричка
- Кои се можните исходи кога фрламе монета ? ( да падне страна со број “писмо” или да падне “грб”)

ОУ “Св.Кирил и Методиј” – Kочани Page 2


Изработил : Актив по математика и природни науки

- Која е веројатноста за секој исход ? ( веројатноста да се падне “писмо” или да падне “грб”е 1/2 = 0,5 =
50% )

И двата исходи се еднакво веројатни, бидејќи имаат еднакви шанси.

2) Фрлање на коцка на среќа ( со броевите од 1 до 6 )


- Кои се можните исходи кога фрламе коцка ? ( да се падне 1 или 2 или 3 или 4 или 5 или 6 )
- Која е веројатноста за секој исход ? ( веројатноста на секој настан е 1/6 = 0,1(6) = 16,(6)% )

Сите 6 настани се еднакво веројатни, односно имаат еднакви шанси .

Прашање : Што можеш да забележиш кај збирот на веројатностите кај еднакво веројатно настани ?

Одговор : Збирот на веројатностите е 1, бидејќи веројатноста да се добие еден исход или друг исход е сигурно.

На пр. Веројатноста да се добиe “писмо” е 1/2 и веројатност да се добие “грб” е 1/2 , а нивниот збир е 1.

Веројатноста да се падне бројот 6 при фрлање коцка е 1/6 , бидејќи бројот 6 е еден од вкупно 6 еднакво
веројатни настани .

Овие примери на експерименти се за теоретска веројатност .

Дефиниција : Теоретската веројатност ја пресметуваме со помош на исходи со еднаква веројатност, т.е. со


формулата

( )

Пр.1. При фрлање на монета 30 пати се добиени следниве исходи кои се дадени во табелата :

Писмо Грб

Се 12 18
паднало

Дали експериментот образува шанса 50 – 50 ?

Решение : Шансите се да се падне писмо е , а да се падне грб е ,

односно шансите се 40 – 60 .

Прашање : Зошто не добиваме точно 50% на паѓање на монетата од страната со број и 50% од страната грб?

Одговор : Бидејќи тоа е разликата помеѓу теоретска веројатност и експерименталната веројатност.

Пр.2. (за домашна работа) Предвиди ја веројатноста на паѓање 6 при фрлање на коцка. Направи експеримент
за 100 фрлања, запишувајќи ги исходите во табела со цртички.Направи споредба со добиените резултати од
експериментот и теоретската веројатност ?

ОУ “Св.Кирил и Методиј” – Kочани Page 3


Изработил : Актив по математика и природни науки

Решение : Користи вистинска коцка. или со помош на линкот : https://www.random.org/dice/ (Изберете го бројот
на коцка во менито кое се спушта, потоа кликнете 'Roll dice (Свртете ја коцката)' или 'Roll again (Свртете
повторно)').

Пр.1 и Пр.2 се примери за експериментална веројатност.

ДОМАШНА ЗАДАЧА : Учебник на стр.269,270 и 271 зад. од 1 до 8 + стр.273 зад. од 1 до 4

Среда 3Јуни2020

Експериментална и теоретска веројатност. Веројатност на независни


настани
Ќе разгледаме неколку примери за пресметување на теоретска и експериментална веројатност.

Пр.1. Која е веројатноста да падне 1 при фрлање на коцка за играње?

Решение : При фрлање на коцка вкупениот број на исходи се 6 ќе го означиме со | |, каде S = {1, 2, 3, 4, 5, 6} ,
а бројот на успешни исходи со| |, каде настан А : да се падне 1, односно * +

Според ова, веројатноста на падне 1 ќе ја означиме со P(A) и ќе ја пресметаме со формулата :


| |
( ) ( ) ( )
| |
| |
Во иднина ќе го користиме записот ( ) | |
, каде со Р ќе ја означуваме веројатноста на даден настан..

Пр.2. Наведи ги теоретските веројатности кога се фрла една коцка, да падне :

а) парен број б) број поголем од 4 в) содржател на 3

Решение : Множеството од сите исходи е S = {1, 2, 3, 4, 5, 6}, па според тоа имаме дека :

а) Нека настанот А : да се падне парен број,т.е. * +. Тогаш

| |
( )
| |

б) Нека настанот B : да се падне број поголем од 4,т.е. * +. Тогаш

| |
( ) ( ) ( )
| |

в) Нека настанот C : да се падне број содржател на 3,т.е. * +.Тогаш

| |
( ) ( ) ( )
| |

ОУ “Св.Кирил и Методиј” – Kочани Page 4


Изработил : Актив по математика и природни науки

Пр.3. Одреди ја веројатноста да се извлече карта од цел шпил карти :

а) да се извлече 8 б) да се извлече срце

Решение : Множеството од сите исходи е


{ * + * +}, па според тоа имаме дека :

а) Нека настанот А : да се извлече 8,т.е. * +. Тогаш

| |
( ) ( ) ( )
| |

б) Нека настанот B : да се извлече срце, т.е.


* +. Тогаш

| |
( )
| |

ДОМАШНА ЗАДАЧА : Учебник на стр. 275 и 276 зад.од 1 до 6

Четврток 4Јуни2020

Истражување. Прибирање на релевантни податоци


Секој ученик избира по една тема за проект !

1) Можни теми за проекти би можеле да бидат следните :

- Што го прави просечниот ученик во нашата паралелка?

Учениците би можеле да собираат податоци како што се висина, далечина на нивниот дом од училиштето,
интереси или амбиции. (Забелешка: Потсетете се да имате во предвид сензитивностите на другите кога
одлучуваат кои податоци да ги собираат.) Тие одлучуваат како ќе пресметаат „просек‟.

- Животната средина

Учениците би можеле да соберат податоци за: рециклирање, трошоци за електрична енергија и/или гас или
начини на кои луѓето патуваат до училиште.

- Спорт

Учениците би можеле да поставуваат прашања како: 'Дали населението на една земја влијае на бројот на медали
кои ги добиваат на Олимписките игри?' или 'Во кои спортски активности жените се најблиску до мажите во однос
на светскиот рекорд?'

ОУ “Св.Кирил и Методиј” – Kочани Page 5


Изработил : Актив по математика и природни науки

(За Домашна работа) Листови за планирање со следните прашања на нив :

- Кое е нашето истражувачко прашање/хипотеза?

- Кои податоци ни се потребни? (Дали се примарни податоци или секундарни податоци?)

- Како ќе ги собереме податоци?

- Како ќе ги запишеме податоците?

- Како ќе ги презентираме податоците?

За да можеш да го пополниш листот за планирање , прочитај во учебникот на стр.од 276 до 281

Линкови за комуникација со учениците од VII одд.


- Наставник Хера Серафимова (VII 1)

hera_serafimova@yahoo.com

- Наставник Розета Диванисова (VII 2)

https://www.facebook.com/rozeta.divanisova

- наставник Петар Симов (VII 4)

simov.petar@yahoo.com

- наставник Јорданчо Данилов (VII 3 и VII 5)

joledanilov@gmail.com

https://www.facebook.com/groups/2400985630223612/ и

https://www.facebook.com/groups/2294861990735063/

ОУ “Св.Кирил и Методиј” – Kочани Page 6

You might also like