You are on page 1of 3

Вежби за стилски изразни средства – СТИЛСКИ ФИГУРИ

За да се разберат меѓу себе, односно за да ги искажат своите мисли и чувства, луѓето се


служат со говор. При искажувањето на мислите и чувствата, тие избираат зборови со кои
ќе постигнат јасност во изразувањето.Употребувајќи одбрани зборови и изрази, поетите на
мислата, односно на реченицата и даваат разни форми, и на тој начин настануваат
изразните средства кои имаат преносно значење што е од посебна важност за јазикот на
литературата.Има многу изразни средства, но секое од нив има свое, посебно значење..
За да се анализира една литературна творба, потребно е познавање на стилските изразни
средства.
1.Епитет е изразно средство, односно збор што најчесто стои пред или зад именката и
открива некоја битна особина на предметите, односно појавите искажани со
именката.Епитетот може да се удвои.
Потцртај ги еитетите во стиховите:
„Крај бистра вода студена,
На росна трева зелена...“
2. „Жетварките во нивите како српови се сведнати“ ( Рајко Јовчески)- која стилска фигура
ја препозна во стихот? 

а) ономатопеја     б) рима             в) компарација


3.Изразното средство кое значи постапно редење на слики, појави, мисли или чувства по
нивната јачина се вика:
a) апострофа б) градација в) хипербола
4. Која стилска фигура ја препозаваш во стиховите:
„ О, трајте, трајте тирани недни
доста се тие лаги и злоба
пакосен глас од устите гадни,
над мојот народ во секоја доба!“ Коле Неделковски

а) епифора б)апострофа в) компарација

5.Дополни! Изразното средство со кое еден збор, односно еден поим се заменува со друг
според некоја сличност меѓу нив се нарекува_____________________.
Пр.:„Се погледнувавме-пусти ниви,
Се насмевнувавме-свенати цветови...“

6. „Пловам-ловам“ - овие стихови имаат: 

а)    машка рима    б)     женска рима    в)    дактилска рима

7. Со стилското изразно средство ономатопеја се:


_____________________________________________________________

8.. Астрофична песна е песната напишана

а)од еден стих     б)    од една строфа   в) без строфи

9. Строфа составена од четири стиха се именува како: 

а)  моностих    б) катрен      в)тристих

10. Рима е:_____________________________________________________

11. „Закити друже, огнена пушка“ - епитет е: 

а) друже   б)  огнена    в) пушка  

12. Колку дела има компарацијата? 

а) еден   б)    два    в)   три

13.  „Мама-сама“ - овие зборови имаат 

а)  машка рима      б )женска рима       в) дактилска рима


14. Моностих е 
а)  строфа               б) песна         в)   стих

15. Лирското Јас може да биде во 3 лице .


да               не               можеби                                                                                                        
16. Која стилска фигура е употребена во следниот исказ:
„Со солзи го замати морето“. _________________________

17. Кој збор е врска во стилската фигура компарација? 


кога       колку     како ко
 
 

You might also like