You are on page 1of 2

ГОДИШЕН ТЕСТ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

1.Бројот на слогови во еден збор зависи од:


а. бројот на согласките б. бројот на самогласките в. бројот на буквите 1/
2. Кој од следните зборови е правилно поделен на слогови ?
а. ра-дост б. мат – е - ма- ти –ка в. учи-лиш-те 1/
3. Кој од следните зборови претставува апстрактна именка?
а. лук б. лутина в. лае 1/
4. Зборот кој ни кажува кој ја врши работата е:
а. подмет б. прирок в. придавка 1/
5. Која од следните реченици содржи описна придавка ?
а. Охридското езеро е најубаво природно езеро во РМ.
б. Денес е сончев ден.
в. Маја си купи свилена марама. 1/
6. „Малинка направи слатко од малинки “. Подвлечените зборови во реченицата имаат:
а. исто или слично значење б. спротивно значење в. различно значење 1/
7. „ Играа во дворот на соседот “. Што е изоставено во оваа реченица ?
а. подметот б. прирокот в. придавка 1/
8. „Кокичето го најави доаѓањето на пролетта“. Подметот во оваа реченица може да го замениме со:
а. именка б. придавка в. лична заменка 1/

9. ,, Во густата и мрачна шума живееше стариот и осамен лисец“. Со подвлечените зборови


во оваа реченица се појаснуваат:
а. придавките б. именките в. глаголите 1/
10. Песните се литературни дела напишани во:
а. поезија б. проза в.расказ 1/
11. Кратко литературно дело напишано во проза се вика:
а. песна б. расказ в. драма 1/
12.Луѓето кои пишуваат песни се викаат:
а. писатели б. автори в. поети 1/

13. „Горан: Еј другари ајде да играме нешто! Горде: Со тебе ли? Горан: Зошто да не?
Горде:Затоа што не ги почитуваш правилата.“ Извадокот претставува дел од:
а. расказ б. басна в. драма 1/
14. „Петдневниот литературен конкурс трае до 15 мај 2016 г. Од сите пристигнати творби, според
овој Конкурс, жири-комисијата на фестивалот, ќе избере 30 најдобри творби, со кои авторите
ќе настапат на овогодишниот литературен фестивал. “ Кога е отворен литературниот конкурс?
а. на 20 мај б. на 15 мај в. на 30 мај 1/
15. „Приредбата по повод патрониот празник на училиштето ќе се одржи на ден 24. 5. 2014 г.
со почеток во 17 часот.“ Горниот извадок претставува:
а. опишување б. раскажување в. известување 1/
16. „Една летна вечер, додека мракот полека го прекриваше полето, светулката го промолкна главчето
од тревата, го покрена своето фенерче и почна да лета ваму-таму.“
Која форма на изразување е употребена во горниот извадок?
а. опишување б. раскажување в. прераскажување 1/
17. Јазикот на кој што луѓето зборуваат во секојдневната слободна комуникација се нарекува:
а. народен јазик б. литературен (стандарден) јазик 1/
18. Што користиме кога наведуваме туѓи зборови и мисли?
а. точки и запирки б. наводници и цртички в.прашалници 1/
19. Зборот сино е:
а. именка б. лична заменка в. придавка 1/
20. Кој од следните зборови е описна придавка?
а. гумена б. дрвена в. дедовата 1/
21. Глаголот учи во трите времиња (сегашно, минато и идно) гласи:
а. учи.учат , учиме б. учи, учеше, ќе учи в. учам ,учевме, учите 1/
22. Во реченицата: Малиот Миле црта големо сонце, кој збор го објаснува подметот ?
а. Миле б. малиот в. сонце 1/
23. Која од речениците не е напишана со лична заменка во множина?
а. Тие си играат во дворот б. Тоа заспа. в. Ние ќе одиме на пазар. 1/
24. Луѓето кои пишуваат прозни текстови се викаат:
а. поети б. писатели 1/
25. Според народната изрека: Облеката не го прави човекот. Вредноста на еден човек доаѓа од:
а. здравјето б.особините, умот в. возраста 1/
26. Прочитај ги стиховите и одговори: ,,Во дожд од оловни зрна, в Баница наша страдна, робинко
мајко земјо јунакот Гоце падна.“ Какво чувство предизвикуваат стиховите?
а. лирски б.патриотски в. тажни 1/
27. Кога ќе прочитам одреден текст, можам да го:
а.раскажам б .прераскажам в. опишам 1/
28. Што треба да содржи покана, за одржување на одреден настан ?
а. време б. време и место в. место 1/
29. Во реченицата: Во очите на Јана се гледа голема среќа. Апстрактна именка е:
а. голема б. среќа в.очите 1/
30. Зборовите Имер и Иле може да ги замениме со:
а. именка б. придавка в. лична заменка 1/
31. Кој од наведените зборови е глагол?
а. галениче б. Галена в. гали 1/
32. Главната мисла која писателот ни ја праќа преку своето литературно дело се вика:
а. тема б. идеја в. Порака 1/
33. Со прашањето: Каде живее Петре? се открива:
1/
а. местото на настанот б. времето на настанот в.темата
34. Краток текст во кој точно е наведено местото и времето на некој настан го викаме:
а. опис б.известување в. расказ 1/
35. Текстот во кој се зборува за изгледот на некој предмет или суштество го викаме:
а. опис б.известување в. расказ 1/
36. „Секое попладне дедо Коле седнувал покрај печката и полека ја виткал последната цигара
со тутун. Наеднаш се слушнал лаежот на кучето. Тој го навестил доаѓањето на децата.“
Која форма на изразување е употребена во горниот извадок?
а. раскажување б. прераскажување в.известување г.опишување 1/
37.Кои од наведените именки имаат ист род?
а. цвет , црв, лале б. дрво,светло, сонце в. зима,есен, лето 1/
38. Зборот радост има ист број на слогови со зборот:

а. крофна б. касета в. какао 1/


_________________________________________________________________________________
Можни бодови:38
Освоени бодови _____

Клуч на оценување:
0 – 11 Недоволен ( 1 )
12 –19 Доволен (2)
20 –26 Добар (3)
27 –33 Многу добар (4 )
34 – 38 Одличен (5)

Ученик ____________________________ Родител ___________________________

You might also like