You are on page 1of 16

Предмет: Македонски јазик

Наставна содржина: Броеви (приближна бројност и бројни форми за лица)


Oдделение: VII одделение
Наставник: Виолета Здравковска-Ташевски
Директор: Јулијана Тодоровска
Основно училиште: ООУ „Димитар Македонски“, Скопје

Датум: 27.4.2020
Броеви
• Цели на часот:

• Да научите какви зборови се броевите;


• Да ги разликувате граматички категории кај броевите;
• Да знаете како се образуваат формите за приближна бројност;
• Да знаете како се образуваат бројни форми за лица и правилно
да ги употребувате.
Броеви
Вчера купив две книги.
За роденден добив две – три книги.

• Какви зборови се броевите?


• Броевите се зборови со кои се означува количество. Тоа
количество може да биде точно избројано (пет, сто, двесте) или
пак приближно (два-тринаесет, стотина). Врз основа на ова се
разликуваат броеви за определена (точна) и приближна бројност.
• По состав броевите се делат на прости и сложени.
• Простите броеви се од еден до десет и бројот сто. Од нив се
образуваат сложените броеви.
• Броевите: нула, илјада, милион, милијарда, билион и сл. се
прости зборови и иако означуваат бројност (количество) тие се
однесуваат како именки.
Граматички категории кај
броевите

• Броевите немаат посебни форми за изразување на граматички


значења, освен за определеноста, можат да бидат со член или
без член.
Пример: Трите дена изминаа.
Осумте деца дојдоа.
Препиши ги речениците на тој начин што ќе ги членуваш броевите (ако е потребно
смени нешто во речениците за да имаат смисла):

На гости им дојдоа четворица возрасни и шест деца.


• На гости им дојдоа четворицата возрасни и шесте деца.
• Загубив две патики.
• Ги загубив двете патики.
• Десет беа на сцената, а три одговараа.
• Десетте беа на сцената, а трите одговараа.
• Дојдоа пет сестри на татко ми.
• Дојдоа петте сестри на татко ми.
• Меѓу броевите што изразуваат определена бројност со своите
форми се издвојуваат броевите еден и два по тоа што имаат
форми за род.
машки род женски род среден род
еден една едно
два две две

• На пример:
Во чантата имам еден молив, една тетратка и едно пенкало.
Во џебот имам два клуча, две гуми и две пенкала.
Приближна бројност

 Броевите што служат за образување приближна бројност се


образуваат на два начина:
1. Со поврзување два последователни (соседни) збора: два-три,
пет-шест, три-четиристотини;
Пример: Во кошницата имаше седум-осум јаболка.
Напишете четири реченици во кои ќе употребите број
за означување на приближна бројност.

• Баба ми има шеесетина години.


• Петнаесетина деца играа во паркот.
• Седум –осум години го чекам овој ден.
• Блузата ја платив пет-шестотини денари.
Бројни форми за лица

• Во македонскиот литературен јазик се употребуваат посебни


бројни форми за означување определен број лица од машки род.

Пример:Четворица другари навиваат за истиот тим.


Четворицата другари навиваат за истиот тим.
Како се образуваат бројни форми
за лица?
• Овие бројни форми се образуваат со додавање на наставките
- ица, - ина, - мина

- Пример:
двајца, тројца, четворица, петмина, осуммина, стомина.
Двајцата другари задоцнија на првиот час, а петмината стасавме
пред почетокот на часот.
Напишете четири реченици во кои ќе употребите
бројни форми за лица.

• Седуммина добија петки.


• Тројца беа присутни на предавањето.
• Деветтемина рудари беа наградени.
• Петтемина наставници заминаа во пензија.
Размислете!
• Кои броеви можат да се употребат наместо потцртаните
зборови:
• Обете жени стасаа на време.
• Обајцата се добри фудбалери.
• Двете жени стасаа на време.
• Двајцата се добри фудбалери.
Препиши ги броевите од наредните реченици на
соодветно место во табелата:

• Натпреварот меѓу двете одделенија започна. Екипите броеја по шест деца, а на


резервните клупи седеа по десетина играчи. Двајцата тренери шетаа покрај
теренот и им даваа упатства на играчите. Се лутеа на тројцата судии кои беа
многу строги и за неколку минути им доделија жолти картони на петмина.
Публика имаше многу, можеби четиристотини. На петнаесетина клупи беа
седнале по десетмината подржувачи. Викаа, но и упатуваа по пет-шест веќе
познати навреди за судиите. Дојдоа и десет наставници кои исто така ги бодреа
двете екипи. Во точно пет часот и дванаесетина минути натпреварот заврши.
број точна приближна бројна форма определеност
бројност бројност за лица
Проверете ги своите знаења одговарајќи на прашањата на квизот
на следниот линк:

https://bit.ly/3f576zc

You might also like