You are on page 1of 1

6 2 2 Дигестија

На телото му е потребна енергија за остварување на сите животни процеси. Освен тоа му се потребни и
материи за растење и за обновување. Енергијата и потребните материи се наоѓаат во нашата храна.
Варењето на храната (или нејзина дигестија) се
вика процесот на внесување на храната и нејзино
разложување до најситни делови. Потоа тие
најситни делови од храната преминуваат во крвта
која ги разнесува низ целото тело. Деловите на
телото кои ја примаат и разложуваат храната го
сочинуваат системот за варење Тие делови се
органи за варење
Органите на системот за варење се делат на две
групи:
Група 1 . Дигестивен тракт, во чиј состав
влегуваат: усна празнина, голтник, хранопровод,
желудник, тенко црево и дебело црево.
Појаснување – тракт значи канал. Во усната
празнина храната се сече со забите и со џвакање
преминува во мека каша која со помош на
плунката станува леплива и лизгава и така
постепено се голта. Изџваканата храна се
потиснува во хранопроводот и потоа влегува во
желудникот. Желудникот е мускулно кесе кое
може да се растегнува и може да прими околу три литри храна и течност. Тој ја размешува храната со своите јаки
сокови за варење претворајќи ја во ситни парчиња. По должината на дигестивниот тракт се извршуваат двата основни
процеси: дигестија (варење) и ресорпција или апсорпција на хранливите материи кои се добиваат со дигестија на
храната, преку цревните ресички во тенкото црево. Појаснување - Сe ресорбира значи се пробива, (или продира, или
навлегува) само од себе. Се апсорбира значи се впива. Во дебелото црево се врши апсорпција на вода, а
недигестираните материи се исфрлаат од организмот преку аналниот отвор.

Група 2 . Има и дополнителни органи, кои учествуваат во процесите на дигестија преку своите производи што ги
излачуваат во дигестивниот тракт преку канали. Овде спаѓаат плункови жлезди, црн дроб и панкреас. Црниот дроб со
својот сок -жолч го помага варењето на мрсната храна. Покрај тоа што помага во варењето на храната, црниот дроб
отстранува штетни материи од телото (отрови) и создава и некои хормони (важни материи за контролирање на
телото). Црниот дроб е врска меѓу дигестивниот и циркулаторниот систем.
Покрај секојдневните називи за главните органи се користат и стручни називи. На пример, стручен назив за
желудник е gaster, а за црн дроб е hepar .
Панкреасот се наоѓа под желудникот и како дел од системот за варење лачи сокови потребни за варење на
храната во цревата. Исто така лачи и хормони кои дејствуваат во други органи од човекот.
ПРАШАЊА ЗА ДОМАШНА РАБОТА
1 . Како се вика процесот на внесување на внесување на храната и нејзино разложување до најситни делови?
2 . Наброј ги органите од таканаречениот дигестивен тракт.
3 . Што се случува со храната во усната празнина?
4 . Зошто служи хранопроводот?
5 . Што се случува со храната во желудникот?
6 . Кои два основни процеси се извршуваат во дигестивниот тракт на човекот?
7 . Што се случува со недигестираните материи од дебелото црево?
8 . Наброј ги трите функции на црниот дроб.
9 . Наброј ги двете функции на панкреасот.
Додатни објаснувања
https://www.youtube.com/watch?v=aemI64NAK08
Making Poo:The Digestive System
https://www.youtube.com/watch?v=bFczvJp0bpU
Digestive System of Human Body #aumsum

You might also like