You are on page 1of 4

НОВОГОДИШНА НОЌ

ЛИЦА: Баже, Марија, бабата, Дедо Мраз


(новогодишно ноќ во детската соба се Баже и Марија облечени во пижами
седат со нивната баба на масата и разговараат)
БАЖЕ: Елката е убаво украсена, чорапите за подароци се закачени на ѕидот
покрај елката. Марија навистина ли вечерва ќе дојде Дедо Мраз и ќе ни донесе
подароци?
МАРИЈА: Така велат сите Баже , ќе видиме утре наутро кога ќе се разбудиме. Но
зошто треба децата да спијат за Дедо Мраз да им остави подароци, мене не ми
е јасно?
БАБАТА: Знаете ли вие драги мои дека сите деца со различна боја на кожа -
црни, бели, жолти имаат исти желби за Нова година?
БАЖЕ: Јасне смеам гласно да ја кажам мојата желба, може случајно и да не ми
се исполни!
БАБАТА: Ајде деца време е за во кревет веќе е девет. Ајде на миење заби, а
потоа легнувајте право во кревет. Јас ќе дојдам да ви прочитам една убава
приказна.
БАЖЕ: Бабо, а како ќе дојде Дедо Мраз од северниот пол со санка кога надвор
нема снег?
МАРИЈА: Зар не си видел Баже дека тој со ирвасите лета по небото со санката,
не оди по земјата?
БАЖЕ: Се сетив, но велат дека влегувал преку оџакот! Како ќе дојде кај нас кога
на нашиот оџак има ќумци и оганот гори?
МАРИЈА: Тогаш да го оставиме прозорецот отворен за да може Дедо Мраз да
влезе! Инаку од подароците наши ништо нема да биде!
Бабата: Ајде деца, ајде во кревет! Дедо Мраз ја знае вашата адреса и
новогодишната желба. Нели му напишавте писмо што да ви донесе?! Тој нема
да ве заборави и ќе најде начин во домот да влезе и подароците крај елката да
ги стави!
(бабата излегува од собата)
МАРИЈА: Баже ајде да одиме во кревет!
(децата легнуваат во своите кревети)
БАЖЕ: (загрижено) Сега баба ќе дојде, ќе почне приказна да ни чита и јас
веднаш ќе заспијам. Не сакам ноќва да спијам! Сакам да видам кога Новата
година ќе дојде и многу ме интересира како Дедо Мраз ќе влезе!
МАРИЈА: (среќно) Се сетив, ќе го вклучам алармот на телефонот да ѕвони! Па
двајцата ќе станеме и Дедо Мраз ќе го пречекаме! (на мобилниот го вклучува
алармот)
БАЖЕ:А ако се разлути што сме будни, па да не дојде кај нас?
МАРИЈА: Јас ќе станам, а ти како сакаш! Дедо Мраз оваа година јас морам да го
видам!
(Баже станува од креветот оди кон прозорецот и се обраќа на Марија)
БАЖЕ: Погледни Марија низ прозорецот, полетаа снегулките како балерини!
(Марија станува од креветот и оди кон прозорецот)
МАРИЈА: Ох, колку се прекрасни нежни, бели и фини!
(бабата влегува во собата)
БАБАТА: Дечиња, ајде легнувајте па да ви раскажувам приказна!
(децата легнуваат во своите кревети а бабата седнува на столот до
масата)
МАРИЈА: Ајде бабо, вечерва некоја убава новогодишна приказна раскажи ни!
БАБАТА: Сега ќе ви раскажам за снегулката мала!
Приказна за Снегулка, бабо да не си ги измислуваш ти сама приказните?
БАБАТА: Ајде, ајде слушај чедо.
(бабата почнува да раскажува)
Некогаш многу одамна високо над планинските дворови над високите борови
си живеело едно мало девојче.Секоја година девојчето заедно со својот татко
одело во блиската шума да скинат елка и да ја украсат за Новата
година.Малото девојче секогаш ја одбирало највисоката елка.Се радувало
околу елката, пеело песнички, а потоа среќна се враќала дома со својот татко,
секако без елка. Планинската вила тоа го гледала секоја година и многу се
радувала што тие досега не исекле ниту гранче од елките.
БАЖЕ: Бабо, бабо јас сега се расонив, како ќе заспијам, приказната е многу
убава и интересна!
МАРИЈА: Каде живеат планинските вили, бабо, ти знаеш ли?
БАБАТА: Гледам јас дека вие сте многу возбудени и дека нема да заспиете па
затоа приказната ќе ја оставам за утре! Добра ноќ дечиња, сега на спиење и
сонувајте убави соништа!
БАЖЕ и МАРИЈА: Добра ноќ, бабо!
(бабата излегува од сцената)
МАРИЈА: Баже, да те разбудам ли во дванаесет часот?
БАЖЕ: Секако разбуди ме, но пред дванаесет, нема да го пропуштам Дедо Мраз
и јас оваа година!
(децата заспиваат се слуша тивка новогодишна песна а потоа се вклучува
алармот на телефонот)
МАРИЈА: (тивко го буди) Баже, Баже,ајде разбуди се,скоро часовникот ќе
отчука дванаесет!
БАЖЕ: (сонливо) Многу ми се спие, но еве станувам полека, тивко само да не ја
разбудиме баба!
МАРИЈА: Биди внимателен каде се движиш, да не го уплашиме и Дедо Мраз.
БАЖЕ:Чекај да видам преку прозорецот да не доаѓа баш сега! Не никој нема
надвор, само снегулките бели се уште танцуваат.
(украсена елка и кревет,децата полека одат на сцената до дневната соба
кај елката на која само новогодишните ламбички светат)
МАРИЈА: (покажува кон елката) Погледни, подароците се уште ги нема под
елката!
БАЖЕ: Ајде да се сокриеме зад каучот и да го чекаме Дедо Мраз. Побрзо Марија
доаѓај! (Децата се кријат зад каучот,а во тој момент отчукува 12
часот,Наеднаш се слуша експлозија од петарди и огномет)
БАЖЕ: (почнува да вика гласно уплашен)
Леле. леле мајко, што се случува надвор!?
МАРИЈА: Бабо,бабо помагај брзо! Се слуша страшен пукот! Како од небото
ѕвездите да паѓаат!(бабата дотрчува во собата и го вклучува светлото)
БАБАТА: Не плашете се деца, тоа е огномет надвор.Ја најавува Новата
година.Ете ни пристигна! Ајде, Среќна Нова година, гулабчиња мои!(ги гушка и
бакнува своите внучиња)
БАЖЕ и МАРИЈА: Среќна Нова година, бабо!
БАЖЕ: (почнува да плаче)
Бабата: Зошто сега плаче бабиното маче? Многу ли се исплаши внуче бабино?
(го гушка своето внуче)
БАЖЕ: Малку се уплашив бабо, признавам, но не плачам заради тоа?
МАРИЈА: А зошто тогаш плачеш, ајде да слушнеме сите, помирни ќе ни бидат
дните!
БАЖЕ: (изнервирано и плачливо) Кој би се осмелил на овие пукотници по
покриви да се шета и подароци да дели? Па Дедо Мраз не е Бетмен?!
МАРИЈА: Навистина, бабо, и елените сигурно многу се уплашиле исто како и
ние! Дедо Мраз вечерва изгледа нема да дојде!
БАЖЕ: (низ липање) И оваа Нова година си дојде, јас пак не видов како Дедо
Мраз иде! Подароците ги нема, којзнае кое дете ни ги зема!
Бабата: (ги теши децата) Децата треба да спијат за Дедо Мраз подароците
да ги стави! А вие двајца зошто сте будни и некако сте ми чудни?
МАРИЈА: Па знаеш бабо,сакавме Дедо Мраз да го изненадиме!
БАЖЕ: А јас баш сакав да видам низ оџакот како ќе се спровне кога има ќумци и
оганот уште гори!
МАРИЈА: Вие бабо, и за Дедо Мраз да не измислувате приказни лажни, за
децата да не бидат тажни!?
БАБАТА: Замолчете и двајцата веднаш, тој да не ве чуе!
(некој на вратата ѕвони, а бабата брза да отвори, се појавува Дедо Мраз)
ДЕДО МРАЗ: Охохо, снегулките се леат, децата пеат, подароци за сите среќни да
им бидат дните!
БАЖЕ: (збунето прашува) Па нели Дедо Мраз низ оџакот поклоните ги носи?
ДЕДО МРАЗ: И децата во ова време треба да спијат за да бидат здрави и да
растат големи! Долг пат сеуште ме чека, еве ги вашите подароци од мојава
вреќа! (им ги дели подароците на децата)
Ти благодариме Дедо Мраз што не не заборави нас!
ДЕДО МРАЗ: Сега довидување, Годината Нова среќна да ви биде, да ми растете
здрави, среќни деца од целиот свет!

You might also like