You are on page 1of 2

ЗДРУЖЕНА РАБОТА

Лица: ЗАЈКО, ЕШКО, ДОМАТЧИЊА – ТРИ ДЕЧИЊА И ТРИ ДЕВОЈЧИЊА,


МОРКОВЧИЊА – ШЕСТ ДЕЧИЊА, ЗЕЛКИ – ШЕСТ ДЕВОЈЧИЊА, СОНЦЕ –
ГЛАСОТ НА РАСКАЖУВАЧОТ

(Пред завесата се слуша сонцето. Почнува да раскажува.)

Драги деца, патот по кој минувам секој ден јас се наоѓа високо,
високо на небото од каде што ја гледам целата земја. Набљудувам
интересни работи. Денес сакам да ви раскажам една случка што ја
имав видено.
Во почетокот на оваа пролет, во една гора го видов Зајко Бајко.
Така се вика и не е каков било, туку работлив зајак, кој реши да си
направи зеленчукова градина. Зеде мотика и тргна да си одбере
плодна земја крај горската река. (Полека се крева завесата и се гледа
шумска полјанка. По тактот на песната Зајко доаѓа со ритмички
фигуративни потскокнувања.)

Јас сум зајче кокорајче,


троп, троп, троп,
имам многу вредни раце,
коп, коп, коп.

Покрај река, покрај леа,


троп,троп, троп,
јас си копам везден вака:
коп, коп, коп.

(Копа. На средина од првата леа чувствува умор. Седнува.)

– Се уморив, а уште до средината на првата леа не сум дошол!


Тешко е сам да работиш. Е, да си имав помошник!
(Од грмушката се слуша глас. Излегува Ешко со мотиката и пее. Во
првиот момент Зајко Бајко се крие зад пенушка. Плашливо и
недоверливо си ја подава главата. Излегува вслушан во песната на
Ешко.)

Зајко јас сум Ешко стар,


ти прими ме за другар, бар.
Копам како никој друг,
садам зелки, садам лук.

Заедно ќе плевиме,
заедно ќе делиме.
Трудот дружен, радосен,
носи среќа, носи ден.
– Земи ме за другар Ешко! Согласен сум двајцата да работиме и
зеленчукот да си го делиме по рамно.
(На песничката бр. 2 Зајко Бајко и Ешко ја прекопуваат градината.)
– Погледни Ешко, убава ќе стане нашата градинка. Ех, колку лесна
и пријатна е здружената работа!
– Само ја почнавме, Зајко. Уште многу треба да се потиме. (Гледа
кон небото). Време е да сееме. Дај ги семињата!
– Семиња ли велиш? Јас сосема заборавив дека нема семиња.
– Така ли е? Попусто работевме!
– Погледни, Ешко некој доаѓа кај нас.
– Мравката!
– Добар ден, Ешко, добар ден, Зајко! Го слушнав вашиот разговор и
решив да Ви помогнам. Примете ме да работам со вас! Тројцата ќе ја
засееме градината, но плодовите на есен ќе ги делиме братски. Се
согласувате ли?
– Се согласуваме.
– Само од каде ќе земеме семиња?
– Домаќинка сум Мравка.
си собирам семе јас,
за есен, за на гозби
и дечиња за вас.
Осамена е тешко
да трчам секој час,
јас сакам, Зајко, Ешко,
да работам со вас.
(Ја отвара торбичката. Зајко и Ешко ѕиркаат во неа.)
– Семиња!
– Побргу дајте ги сестричке, зашто времето не чека!
(Ја посејуваат градината, а по тешката работа седнуваат да се
одморат.)
ЗАЈАКОТ: Заедно работевме тројцата.
ЕШКО: Заедно ќе полеваме и ќе плевиме.
МРАВКАТА: Наесен богат плод ќе се роди тука.
СИТЕ: Се ќе делиме братски.

Растат зелки, јадри зелки


среде леа зреат.
И домати се овде,
весело се смеат.
И морковчиња ќе има,
многу, многу слатки.
Нема веќе за нас зима,
другарчиња слатки.

You might also like