You are on page 1of 8

2.

9:: Ефекти на сили

2.10:: Еластична сила

величина сила може да се опише: туркањето, влечењето, поткревањето, триењето, итн.  

Силата се означува со симболот ⃗F . Единица за мерење на силата е Њутн (N). Силата е изведена
величина, што значи дека ја пресметуваме, но врз основа на некои физички закони е направен и
инструмент за мерење на некои сили, тоа е динамометар. Со динамометар може да се мери тежината
на телата.

Постојат различни заемнодејства меѓу телата, па затоа постојат и различни видови на сили. На сликите
подолу се дадени неколку видови на сили.

На едно тело, во одреден момент од времето може да му дејствуваат повеќе видови на сили.

Пример 1. Кои сили му дејствуваат на автомобил во движење?

Решение:
Силата е векторска величина. Вектор е насочена отсечка. Секој вектор се карактеризира со: нумеричка
вредност(величина), насока, правец и почетна точка(место од каде почнува дејството)

Ако на едно тело му дејствуваат повеќе сили, тогаш треба да се најде вкупното дејство на сите
сили кои дејствуваат на него. Вкупната сила се определува со векторско собирање на сите сили.
Вкупната сила која ќе се добие може да има иста насока со насоката на некоја од силите кои
дејствуваат на телото, но може да има и различна насока.

Вкупната сила се нарекува резултанта сила, додека поединечните сили кои дејствуваат на
F Rили со ⃗
телото се нарекуваат компоненти. Резултантата се означува со ⃗ R.

Векторите се собираат на тој начин што еден вектор се надоврзува со друг вектор. Односно на
почетокот на првиот вектор се додава вториот вектор итн.

Собирање на вектори (во овој случај силата како вектор):

 Ако векторите имаа ист правец: Вкупната сила се пресметува графички или со алгебарски збир на
силите ако се во иста насока, односно разлика на силите ако имаат спротивна насока (насоката
на вкупната сила во овој случај е секогаш кон поголемиот вектор)

 Ако векторите имаат правци кои зафаќаат 90 степени, вкупната сила се пресметува графички или
со Питагорина теорема.

F r= √ F 12 + F 22

F r= √ 102 +152

F r=18 N
 Ако векторите имаат различни правци, тогаш резултатнтниот вектор се пресметува графички или
со математички операции од тригонометрија. (вакви примери нема да решавате)

Пример 2. Определија вкупната сила која дејствува врз количката? Во првиот случај на количката
дејствуваат две сили кои се во иста насока, а во вториот случај две сили кои се во спротивна насока.

Пример 3. Две екипи влечат јаже. Која екипа ќе победи? Силите со кои дејствуваат екипите се дадени
на цртежот подолу.

R =⃗
⃗ F 1 -⃗
F 2 = 12-10 =2 N

Ќе победи екипата која дејствува со сила од 12 њутни. Резултантната сила ќе биде 12 њутни со насока
кон поголемата сила (децата ќе се движат на десно)
Карактеристично од примерите претставени погоре, може да забележиме дека дејството на
силите се случува со директен контакт. Но, постојат и сили кои дејствуваат на далечина, како на пример:
гравитацијата (која е сила на заемнодејство меѓу небесните тела), електричните сили, (каде заемно-
дејствуват наелектризирани тела) и магнетни сили (со кои заемно дејствуваат магнети).

КАКВИ ЕФЕКТИ ПРЕДИЗВИКУВАТ РЕЗУЛТАНТНИТЕ СИЛИ?

Резултантната сила при дејство врз определено тело создава повеќе ефекти:
 Силата може да го придвижи телото;
 Силата може да го забрза телото;
 Силата може да го забави телото;
 Силата може да ја промени насоката на движење на телото;
 Силата може да ја промени формата и волуменот на телото;
  Исак Њутн, во 1687 година ги поставил трите закони кои ги одредуваат ефектите на движење на
телата под дејство на сила:
 телото не ја менува својата положба доколку на него не делува или влијае некоја друга сила;
 телото го менува своето движење, пропорционално на силата која дејствува на него, а
обратнопропорционално на неговата маса;
 сите сили се појавуваат во парови. Тој пар сили се еднакви по големина но со спротивна
насока;
Овие закони се наречени Њутнови закони за движењето на телата.

Еластични сили. Хуков закон


Силите можат да ја променат формата и волуменот на телото
Што се случува кога растагнувате пружина, и потоа да ја пуштите? Што се случува со сунѓерот кога ќе го
притиснеме, а што кога ќе го пуштиме? Што се случува кога ќе седнете на душек и потоа ќе станете?

Што се случува ако го притиснете топчето од пластелин

Заклучок:
Тела под дејство на надворешни сили можат да ја менуваат форма и волуменот. Тие промени се
наречени деформации. Телата кои после престанокот на дејството на надворешната сила повторно ќе
се вратат во првобитните форма и волумен се нарекуваат еластични тела, а деформациите
предизвикани кај нив еластични деформации. (пружина, сунѓер, душек ....). Телата кои нема да се
вратат во првобитната форма и волумен, по престанокот на надворешната сила се нарекуваат
пластични тела , а деформациите предизвикани кај нив се пластични деформации, (пластелин,
мастика .....). Кај пластичните тела деформацијата е трајна.
Дали деформацијата е еластична или пластична не зависи само од супстанцијата од која е
изградено телото, туку и од големината на надворешната сила која ја предизвикува истата. Ако силата
што ја предизвикува деформацијата, не е поголема од т.н. гранична вредност на еластичност,
деформацијата ќе биде еластична. Ако надворешната сила е поголема од таа гранична вредност
настанува пластична деформација. За секое тело постои гранична вредност на надворешната сила, до
која телото може да ја  задржи својата еластичност.
Во секое деформирано еластично тело, ако деформацијата е во границата на еластичност, се јавува
внатрешна сила која настојува да ги урамнотежи надворешните сили настојувајќи да се врати во
првобитниот волумен и првобитната форма. Таа внатрешна сила секогаш има ист правец но спротивна
насока од надворешните сили и се вика еластична сила - F el [ N ].

Ако на еластична пружина се закачи тег, тогаш настанува деформација под дејство на тежината на тегот
G=mg. Пружината под дејство на тежината на тегот ќе се издолжи (деформира) Изложувањето на
пружината можеме да го запишеме како: ∆ X=X −X 0 . (Сл.1)

X 0 [ m ]- почетна должина, должина на пружината пред дејството на надворешна сила

X [ m ] −¿должина на пружината кога врз неа дејствува надворешна сила

∆ X [ m ] - издолжување или деформација

сл.1
Кога врз пружината дејствува двојно, тројно.. поголема надворешна сила, тогаш двојно, тројно .. се
зголемува и издолжувањето, значи издолжувањето е пропорционално со големината на надворешната
сила F [ N ] , која го предизвикува истото.

F ∆X

F F
F=k ∆ X; k = или k =
∆X ∆l

k е коефициент на еластичност карактеристичен за секоја спирала и зависи од градбата на


спиралата и претставува сила која треба да  дејствува за да ја издолжи спиралата за единица должина.
N
Нејзината мерна единица е [ ]
m

Еластичната сила - F el [ N ] e секогаш е еднаква по големина и правец а спротивна по насока од


надворешнта сила. F el=−F /знакот минус укажува на спротивната насока /

F el=−k ∆ X – Хукоз закон ∆ X [ m ]– издолжување

Роберт Хук ( Robert Hooke – 18.07.1635 – 03.03,1703), англиски физичар, прв направил експерименти за
еластичноста на телата и врз основа на тие експерименти во 1660 објавил латински анаграм, чие
решение го дал во 1678 како „Ut tensio, sic vis” или во превод „ Колку издолжување, толку сила“ што во
денешно време е познато како Хуков закон: Силата која е потребна за издолжување ( стиснување) на
една пружина е право пропорционална со издолжувањето (стиснувањето или забивањето).    
Во зависност од начинот на делување на надворешната сила се разликуваат неколку видови на
деформации: Издолжување; Стиснување; Усукување (торзија)

Често во законот за еластична сила се зема основната ознака за должина -l , па издолжување се


означува со ∆ l а законот F el=−k ∆ l

Пример 1. Со помош на мерење на издолжувањето на една пружина пресметај го коефициентот на


еластичност на пружината. Мерењето направи го на тој начин што прво на пружината ќе прикачиш тег
од 200 грама, потоа 400 грама и на крајот 600 грама.

Пружината има почетна должина X 0=4 cm. На пружината прво го прикачуваме тегот со маса од 200
грама, тој врз пружината дејствува со сила на тежина од 2 њутни. Прижината се истегнува, ја мериме
новата должина на пружината и ја запишуваме во табела. Истото го повторуваме и за теговите од 400 и
600 грама.Новите должини на пружината ги означуваме X . Ги пресметуваме издолжувањата ∆ X.

F[N] 0 2 4 6
X [ cm ] X 0=¿4 7 10 15
∆ X [ cm ] 0 5 16 9

∆ X 1=X −X 0=7-2=3;
∆ X 2=10- 4= 6
∆ X 3=15- 6= 9
Забележуваме дека како расте силата пропорционално расте и издолжувањето. Го пресметуваме
коефициентот на елеастичност на пружината:
F 2 4 6 N
k= = = = =0,66
∆X 3 6 9 m
Коефициентот на еластичност е констатнен, што значи дека секоја пружина си има свој коефициент на
еластичност кој не се менува независно со колкава сила се деформира пружината во границата на
еластичност.

Пример 2.
Тамара вежба истегнување на пружина. Почетната должина на пружината е X 0=1 m, при
истегнувањето пружината добива должина X =1,5 m. Коефициентот на еластичност на пружината e
k=100N/m.Определи ја еластичната сила што дејствува на нејзините раце?

X 0=1 m; X =1,5 m
ΔX= X −X 0 = 1,5 - 1=0,5m
k=100N/m
Fel=?
Fel= - k⋅ΔX= 100× 0,5=50 N

Минус во формулата означува насоката на еластичната сила, која е спротивна од силата која ја
издолжува пружината. Во задачата не се пишува минус затоа што ја одредуваме само големината на
силата.

Домашна задача:

1. Како се дефинира величината сила?


2. Наброј неколку видови сили?
3. Кои сили се компоненти, а која е резултанта?
4. Како се опрделува резултантата кога врз тело дејствуваат повеќе компоненти? Покажи го тоа низ
пример?
5. Какви ефекти ги предизвикуваат силите кои дејствуваат врз телата?
6. Што е динамометар?
7. Под чие дејство настануваат деформациите кај цврстите телата?
8. Кои деформациите се еластични, кои пластични?
9. Опиши ја граничната вредност на силата која ја предизвикува деформацијата?
10. Опиши кога се јавува еластична сила, каков правец и насока има?
11. Од што зависи големината на еластичната сила /Хуков закон/?

Задача 1.
Еластична пружина на автомобилски амортизер се стиснува за 5cm кога на неа дејствува сила од 1000N.
Определи за колку ќе се стисне ако на пружината се дејствува со сила од 1600N?
(Одговор ΔX=8cm)
Задача 2.
На еластична пружина со должина 15cm се обеси тег со маса 3kg, и под дејство на тежината на тегот,
добива должина 25cm. Определи го коефициентот на еластичност?
m
g zemja =10 2
s
(Одговор k=300N/m)
Задача 3. Пресметај ја Одговор k сила која дејствува на телото подолу? Во која насока ќе се движи
телото?

(Одговор: 17N, На десно)

You might also like