You are on page 1of 1

ЛЕКЦИЈА БР.

9 АКТИВЕН ТРАНСПОРТ

Активен транспорт претставува пренесување на материите од место со пониска кон место со


повисока концентрација(т.н.движење по„угорница“).За овој процес е потребно енергија по
што се разликува од пасивниот транспорт.Освен енергија потребни се и специфични
протеински носачи.Пример –движењето на натриум од внатрешноста на клетката кон надвор
а калиумот во обратен правец.Тоа е т.н.натриум-калиумова пумпа.Со активен транспорт се
врши пренесување на нервни импулси,контракција на мускули,ресорпција на некои хранливи
материи во дигестивниот систем,реапсорпција во дисталните бубрежни каналчиња и др.Кај
растенијата со активен транспорт се врши ресорпција на минерални материи од почвата со
помош на кореновите влакненца.Со угинување на клетката активниот транспорт престанува.

Цитоза-претставува пренесување на крупни молекули-цврсти или течни преку мембрана што


доведува до одредени промени во мембраната.Внесувањето на материи во клетката се вика
ендоцитоза а изнесувањето на материи од клетката-егзоцитоза.Ендоцитозата може да биде
Фагоцитоза-ако се внесуват цврсти материи или пиноцитоза-ако се внесуват течни материи(во
облик на капки)Во допир со честичките мембраната создава вдлабнатинка(инвагинација) во
која честичката пропаѓа.Потоа вдлабнатинката се затвара во микровакуола и честичката
останува во клетката.Фагоцитозата се среќава кај многу клетки.Кај нижите организми
фагоцитозата е начин на исхрана.Кај човек фагоцитоза вршат специјализирани клетки-
фагоцити кои претставуват леукоцити кои ги уништуват бактериите и туѓите тела. Пиноцитозата
е важна за клетките бидејќи добиват неопходни материи- ензими,антитела,хормони и сл.
Егзоцитозата е спротивен процес.Материјата што треба да излезе од клетката се носи до
мембраната при што вакуолата се фузира со мембраната и материјата се исфрла
надвор.Егзоцитозата е карактеристична за жлездени клетки,за клетки на крвните капилари,за
излачување на некои хормони и др.

You might also like