You are on page 1of 4

Размена на материи

Организмите се отворени системи – примаат и испуштаат


материи и енергија во надворешната средина.
Ваквата размена се нарекува надворешна размена.

Примаат : co2 , вода и минерали , хранливи материи.


Испуштаат : вода , о2 , гасови.

Севкупноста на биохемиските реакции – метаболизам


(внатрешна размена) – метаболички процеси се делат на :
 Анаболички – примените материи се трансформираат
од мали во сложени и секогаш се користи енергија.
(Фотосинтеза)
 Катаболички – разградување на сложени во прости мол.
и продуктите се исфрлаат а се ослободува енергија.

1. Според остварувањето анаболичките се делат на :


Афтотрофни - кои сами создаваат храна. Ако создаваат со
помош на енергија од сонцето – фототрофни а во спротивно
кога користат некоја друга енергија – хемотрофни.

Хетеротрофни – се хранат со готови органски соединенија.


Ако ова храна ја добиваат од мртви организми – паразити, а
во спротивно тие се сапрофити.

2. Според остварувањето на катаболичките се делат на :


Аеробни – кои при процесот користат кислород. Влегува
кислород а се ослободува co2 и вода, се ослободува енергија
Анаеробни – НЕ користат кислород туку некои други материи
или гасови.

Фотосинтеза

Фотосинтеза е процес во кој растенијата создаваат храна.


Со фотосинтезата од неоргански соединенија , со помош на
сончевата светлина и енергија и хлорофилот , се создаваат
органски соединенија.

Фотосинтезата се одвива само во зелените делови на


растението , каде има хлоропласти кои соджат хлорофил.
За одвивање потрбни се хранливи материи од почвата ,
јаглероден диоксид , светлинска енергија и вода. Крајни
продукти се кислородот и глукоза (соджи многу енергија)

Равенка - 6CO2 + 12H2O ----------> C6H12O6 + 6O2 + 6H2O

Постојат две фази на фотосинтеза :


Светла фаза – се одвива дење во мембраните на
тилакоидите од грана на хлоропластот, каде што се наоѓаат
хлорофилните молекули. Тука се врши трансформацијата
на светлосната енергија во хемиска.
Молекулот на хлорофил секогаш пренесува електрони.

Темна фаза или уште и Калвинов циклус- Со оваа фаза се


опфатени хемиските реакции со кои од H2 вграден во
NADPH2 и CO2 од атмосферата се синтетизираат
јаглехидрати во кои е вградена и енергија. Потребната
енергија за оваа фаза се добива од АТР, добиен во светлата
Како основен производ од Калвиновиот циклус е глукозата.

Хемосинтеза – кога растенијата НЕ користат сончева


енергија за создавање храна туку некои други соединенија.

Дишење

Дишење претставува процес во кој доаѓа до наполно


разградување на органските материи до неоргански,
пришто се ослободува енергија.
Цел - ослободување на хемиската енергија врзана во
органските соединенија.

Основниот материјал што се разградува е глукозата.


Хемиската енергија што се ослободува можеда се
трансформира во друг облик : механичка ,топлинска ,
светлинска.
Интензитето на дишење зависи видот нарастението ,
органот на растението , староста на растениетои условите
во надворешната средина.
Младите листови имаат голем интензитет на дишење,којшто
со стареењето се намалува.

 Врз интензитетот посебно влијаат: светлината,температура


,СО2 , кислородот, содржината на вода во почвата.

Аеробно - се одвива во присуство на кислород и се одвива


во секоја жива клетка и е врзан за митохондриите.
Со аеробното дишење се ослободува целокупната енергија
што ја содржи материјата што се разградува.

Анаеробно - се врши без присуство на кислород и при ова


дишење не се ослободува целата енергија од органската
материја, туку само дел од неа.
Односот меѓу ослободениот СО2 и потрошениот кислород
се означува со коефициент надишењето.

You might also like