You are on page 1of 3

Фотосинтеза

Името фотосинтеза доаѓа од зборовите „фото“ што значи светлина и „синтеза“што значи
произведува. Од тука фотосинтеза значи произведување со помош на светлина.
Фотосинтезата е начинот на кој растенијата произведуваат храна користејќи ја енергијата
на светлината.Но исто така со фотосинтезата растенијата произведуваат и кислород.
Всушност водата и јаглеродниот диоксид се претвораат во храна и кислород користејќи ја
енергијата од светлината.

Каде се одвива фотосинтезата?


Фотосинтезата се одвива во хлоропластите на палисадното ткиво. Хлоропластите имаат
сложена градба. Тие се зрнести структури кои се обвиени со мембрана, нивната
внатрешност се нарекува строма, а во неа се сместени основните единици на
хлоропластот- тилакоидите. Тилакоидите се поставуваат еден врз друг и сочинуваат грана,
граните пак се поврзуваат меѓусебе со ламели.

1
Како растението ги добива реактантите?
Водата, растенијата ја добиваат од почвата. Растението со коренот по пат на осмоза ја
впива водата од почвата, потоа преку ксилемот на спроводни цевчиња ја носи до листот.
Кога ќе стигне во листот дел од неа испарува, со што се овозможува ладење на
растението, а дел се задржува во клеточните вакуоли. Клетките кои содржат многу вода
во вакуолите се силни и цврсти, со што му ја даваат цврстината на цело растение.
Јаглеродниот диоксид, растенијата го добиваат од воздухот. Toj навлегува во листот
преку стомите. Од отворите на стомите брзо дифундира низ широките меѓуклеточни
простори на сунѓерестото ткиво, а од таму во палисадното ткиво.

Што се продукти на фотосинтеза?


Краен продукт на фотосинтезата  е глукозата. Доказ дека во хлоропластите се случува
фотосинтеза е присуството на скробните зрна.
Храната што растенијата ја создаваат при фотосинтеза, понатаму ја користат за создавање
на нови клетки и ткива.
Материјалот што е изграден(го сочинуваат) од сите живи клетки и ткива се нарекува
биомаса.
Растенијата се почетна алка на сите синџири на исхрана, тие се произведувачи на храна,
која ја пренесуваат на следните членови во синџирот на исхрана.

Хемизам на фотосинтеза
Во основа фотосинтетските процеси се оксидоредукциски процеси. Процесот на
фотосинтеза се одвива во две фази: светла и темна.
Светлата фаза тече мошне брзо и е зависна и од светлината и од температурните
промени. Основен процес на светлата фаза представува трансформација на енергијата од
сончева светлина во хемсика енергија со учество на хлорофилни молекули.
Темна фаза. Оваа фаза се одвива побавно, во неколку етапи кои прават цикличен процес,
наречен Калвинов циклус. Во оваа фаза се одвиваат три процеси: фиксација на CO2,
редукција на органските соединенија и формирање на крајни продукти. За овие процеси
се троши енергијата акумулирана во светлата фаза.
Различните шеќери кои се добиени во Калвионовиот циклус можат да послужат како
почетни соединенија за синтеза на други органски соединенија. 

2
3

You might also like