You are on page 1of 5

ТРАНСПОРТ НА МАТЕРИИ ВО КЛЕТКАТА

ПАСИВЕН ТРАНСПОРТ

Клетките,ткивата,органите,организмите за да опстанат во живот мораат да


одржуваат биолошка рамнотежа со животната средина (микросредина).

Биолошката рамнотежа(хомеостазата),клетките ја одржуваат со контролирање и


со регулирање на материите кои влегуваат и излегуваат во неа.Тоа се остварува
преку клеточната мембрана(цитомембрана).

Пренесување на растворените материи низ клеточната мембрана

Клеточната мембрана не е еднакво пропустлива за сите материи, а тоа зборува за


нејзината селективна пропустливост.За селективната пропустливост значење
имаат и својствата на материите што преминуваат(како што се големината и
градбата на молекулите,нивната растворливост во вода или во
липиди,електролитната дисоцираност и др.) и сосотојбата и својствата на самата
клетка.Поради селективната пропустливост на клеточната мембрана
концентрацијата на материите во клетката и во околната средина е
различна.Таков е примерот со концентрацијата на калиум(К),на анјоните на
органските соединенија,на аминокиселините и др.која е многу поголема во
клетката отколку во околната средина.Обратна е сосотојбата со концентрацијата
на натриумот(Na) и хлорот( Cl).Од ова произлегува дека двонасочното
пренесување на материите низ клеточната мембрана може да биде:пасивно
пренесување и активно пренесување

-пасивно пренесување-според законите на дифузија,без потрошувачка на


енергија од АТP и тоа со:

-дифузија

-олеснета дифузија

-осмоза
-активно пренесување(на мали молекули и јони)-во овој процес се користат
ензимски системи и има потрошувачка на енергија од ATP

- со цитоза –посебен начин на транспорт

-ендоцитоза(фагоцитоза и пиноцитоза)

-егзоцитоза

Пасивно пренесување- движењето на молекулите и јоните има насока од


средина со поголема концентрација кон средина со помала концентрација.

Дифузија-процес на движење на молекули и јони од место со повисока


концентрацика кон место со пониска концентрација додека не се изедначи
нивната концентрација во просторот.Во тој случај дифундираат не само
молекулите нса растворените материи,туку и тие на растворувачот.По пат на
дифузија низ клеточната мембрана лесно поминуваат гасовите CO2 и О2на
пример:О2 кој во белите дробови го има во повисоки концентрации,дифундира
низ ѕидот на алвеолата и крвниот капилар каде што неговата концентрација е
пониска;обратно се случува со CO2.

Сл.1 Дифузија

Олеснета дифузија-претставува движење на поголеми молекули и


јони(шеќер,аминокиселини и др.) кои не можат да се пренесат со обична
дифузија,туку преминуваат низпосебни протеински канали на мембраната,или со
помош на протеински молекули како носачи.Тоа се таканаречени протеински
носачи(ензими-пермеази).Тие се врзуваат со материјата која треба брзо да ја
транспортираат и на тој начин го олеснуваат нејзиниот транспорт.Секој
протеински носач е специјализиран да овозможи транспорт само на еден тип
молекула преку мембраната,без трошење на енергија.На пример:При интензивна
контракција клетката има потреба од поголемо количество на глукоза,како извор
на енергија;тогаш глукозата ќе се транспортира по пат на олеснета дифузија.
Сл.2 Олеснета дифузија

Осмоза- е процес во кој водата дифундира преку полупропустлива мембрана од


место со повисока концентрација кон место со пониска концентрација на некоја
супстанција.

Сл.3 осмоза

Нормалното извршување на животните процеси во клетката е во директна


зависност од составот на течноста во околната средина.Кога концентрацијата на
растворените во вода молекули и јони е еднаква од двете страни на
мембраната,осмотскиот притисок во клетката и околната средина е
еднаков,велиме дека клетката во тој случај се наоѓа во осмотска рамнотежа со
средината,односно средината е изотонична.

Притисокот што се создава со преминувањето на материите преку


полупропустливи мембрани до нивно израмнување во концентрациите се вика
осмотски притисок.
При разлика во концентрацијата меѓу клетката и околната средина водата
секогаш се движи во насока што води до изедначување на осмотскиот притисок на
двете страни на мембраната.Ете зошто,ако клетка се стави во дестилирана вода
или во хипотоничен раствор,водата почнува да навлегува во клетката и да
предизвика разредување на клеточната содржина.Оваа појава кај животинските
клетки завршува со раскинување на клеточната мембрана,а со тоа и на целата
клетка.На пример:хемолиза на еритроцитите.

Целулозниот клеточен ѕид кај растителните клетки ја спречува ваквата


појава,односно ги штити клетките во таквите процеси.Поставени во дестилирана
вода или хипотоничен раствор,растителните клетки набабруваат,односно живата
содржина на клетката одвнатре врши притисок (тургорен притисок) врз клеточниот
ѕид,со цел да се спречи натамошно навлегување на водата.Ваквата состојба ја
условува сочната свежа состојба на растенијата.Туроресцентноста на клетките
најдобро се забележува на листовите.Тие се цврсти и исправени кога клетките
на мезофилот се тургоресцентни,со опаѓање на тургорот тие овенуваат.

Тургорот е притисок што го врши живата содржина на клетката врз


цитоплазматичната мембрана и клеточниот ѕид.

Во хипертоничен раствор (со поголема концентрација на честичките отколку во


клетката)водата преминува од клетката во надворешната средина (хипертоничен
раствор),појава што води до свиткување и збрчкување на животинската
клетка.Кога живи растителни клетки ќе се стават во хипертоничен раствор водата
постепено излегува од клетката,тургорот во клетката постепено се
намалува,клеточната мембрана ја губи напнатоста,а цитоплазмата се одлепува
од клеточниот ѕид и во облик на топче се собира во средината на клетката,Оваа
појава се нарекува плазмолиза.

Сл.4 плазмолиза и деплазмолиза

Процесот на плазмолиза најчесто е реверзибилен.Ако ваквата клетка се постави


во разреден хипотоничен раствот или чиста вода,ќе почне обратен процес-
деплазмолиза,во кој протоплазмата постепено се враќа во првобитна
положба,вакуолата се исполнува со воден раствор,а клетката добива првобитна
тургоесцентност.Ако се полева растението со вода ,тоа повторно ќе се освежи,во
неговите клетки настанува деплазмолиза.Механичките постабилни целулозни
клеточни ѕидови,растителните клетки ги прават многу поиздржливи на измените
на осмотските својства на околната средина.

You might also like