You are on page 1of 6

Механика на белодробно дишење

1. Притосокот во интерплевралниот простор е помал од


атмосферскиот. Негативен притисок е. Полнењето и празнењето е
по пасивен механизам (разлика на притисоци).
2. Ако меѓуребрените мускули се креваат нагоре, граднот кош се шири,
дијафрагмата слегува и се зголемува волуменот на белите дробови
(внатрешниот притисокот се намалува, по Бојл- Мариотов закон) и
негативниот притисок се зголемува- се вдишува. Издишувањето има
обратни параметри.
3. Отворен интерплеврален простор значи израмнети притисоци и
недишење.
4. На висина над 3км, при намален атмосферски притисок, се
зголемува растворливоста на азотот во крвта, формирајќи
меурчиња.
5. Брзината на промената на волумени се мери со спирометри.

Вискозност на крв

1. Силите на меѓусебно триење се тангенцијални и обратни по насока


на движење кај ламинарно- слоевито движење на реални течности.
2. Најбрзо течноста се движи околу централната оска, губејќи брзина
секој слој подалеку од централниот, зашто има триење од двете
страни. Најмала брзина има тој во непосреден контакт со
неподвижната подлога- во крвни садови има слој на крвна плазма
на ѕидот,а клетките се движат низ централната оска.
3. Њутновата сила на вискозно течење е пропорционална со
плоштината на доппирната површна, коефициентот на внатрешно
триење и разликата на брзините меѓу 2 слоја,
обратнопропорционална од растојанието меѓу слоевите. Мерна
единица е паскал секунда.
4. Кај њутнови течности (нискомелкуларни течности)- раст на
температура значи пад на вискозност. Односот брзина на тек и
градиент на притисок е линеарен.
5. Кај нењутнови течности (високомолекуларни и дисперзни системи и
крв)- раст на брзина и градиент на притисок значи пад на
вискозност.
6. Вискозноста на крвта зависи од процентот на крвни клетки,
растворени супстанци и СО2(пропорционално) и О2 (обратно).
Нелинеарно се зголемува со раст на хематокрит.
7. Хесов вискозиметар: 2 хоризонтални капиларни цевки врзани со
вакуумска пумпа. Една има вода, другата испитна течност. Со
повлекување на воздухот се движат, по одредено време се гледа
разлика во вредностите на градиентот- релативна вискозност.

Хемодинамика

1. Закон на Поазеј- еластични крвни садови со внатрешен и


надворешен дијаметар на сад. Внатрешниот дијаметар ја дава
плоштината на еден ламинарен слој, тука земен како цилиндар. За
совладување на внатрешен притисок мора да има разлика на
притисоци на краеви на цевка (притисокот опаѓа со должината на
цевката, r^2*v= const). Брзината се менува по параболен закон.
2. Протокот на крв е пропорционален со четвртиот степен на радиусот.
3. Хемодинамичкиот отпор е односот од разликата од притисоците врз
протокот. Расте кај сериски и опаѓа кај паралелно поврзани садови.
4. Протокот се зголемува со пад на вискозноста. Слојот на крвна
плазма на ѕидовите е поширок ако хидродинамичкиот отпор е
поголем и r^2 е помал- ефект на крвна плазма.
5. При пулсирачки притисок, во еластични садови протокот е
континуиран (деформирање на ѕид и претворање во потенцијална,
па премин на потенцијална во кинетичка енергија за помала работа
на срце), а кај нееластични со прекини.

Крвен притисок

1. При надминување на критичната брзина на крвта во сад (Рејнолдсов


број), движењето станува турбулентно и гласно од ламинарно. За
крвта е 2000.
2. Мерење на притисок: пневматското перниче се полни доволно да се
прекине протокот, по ослободувањето се слуша првото отчукување-
Короткојлев шум- вредност на систолен притисок, а последното е
тоа на дијастолниот- завршеток на турбулентното движење.
1mmHg= 133Pa.
3. Исправените животни имаат понизок притисок во садовите на
главата од тие на стапалата, за да се олесни протокот; при легување
се изедначуваат.

Пропустливост на мембрани

1. Видови пренос (за постигнување рамнотежа во системот): на маса-


(слободна) дифузија и осмоза, импулс- вискозно движење, енергија-
топлоспроводливост.
2. Промената на флуксот за единица време е пропорционална на
средната брзина, средното растојание меѓу состојби и градиент
Н(Т)/х, со обратен знак. ‘-’ кога се движи од поголема кон помала
концентрација ’+’- обратно.
3. Законот на Вант Хоф важат за разредени раствори: големината на
осмотскиот притисок зависи од концентрација (не нивната
големина), на непомината растворена супстанца (осмоли кај јони),
температура, електролитност (јонските раствори имаат поголем
пртисок).
4. Осмотскиот притисок на колоидни раствори се вика онкотски
притисок.
5. Хипертоничен значи поголем осмотски притисок и повеќе
растворени супстанци, а хипотоничен обрaтно (во ваков
еритроцитите хемолизираат- пукаат; солта/шеќерот на месото
хидрираат, а бактериите дехедрираат).
6. Дијализа: комори со физиолошка течност која циркулира обратно
од крвта во кои поминуваат нискомолкуларните отрови и отпади, а
се оддаваат потребни супстанци. Се намалува концентрација на
минерали и хемоглобин.
7. Аномална- обратна осмоза може да се случи при двојна
поларизација на мембрана, преголемам кинетичка енегија и некои
видови на јони и валенстност.
8. Ако осмотскиот притисок надвор од клетката расти, волуменот на
клетката се намалува и обратно.
Терморегулација

1. Одржување на температура преку:


- Топлоспроводливост (кондукција- пренос на кинетичка енергија
со меѓумолекулски осцилации) и конвекција ((слободно или
присилено) струење во крвни садови): вишокот топлина од
внатрешноста на телото се движи нанадвор. Конвекцијата повеќе
пренесува;
- Зрачење (најмногу губи топлина телото, во инфрацрвен спектар)
и испарување: конвекција во воздух.
2. Топлината се зачувува со вазоконстрикција. Флуксот е
пропорционален со коефициентот на топлоспроводливост и
разликата на температурите.
3. Температурниот коефициент на крвно снабдување/ индекс на
топлотна циркулација е однос на коефициентите.
4. Хипоталамусот врши регулација на температурата.

Гасна емболија

1. Слободната течна површина ги вовлекува истородните молекули во


внатрешноста, вршејќи притисок- површински напон. Настојуваат на
најмала слободна површина, а молекулите имаат дополнтелна
потенцијална енергија. Може да закриви на контакт тврдо- течно
тело: потопување (ако силите меѓу сад- течност се поголеми од тие
меѓу молекули во течност) или не.
2. Во капиларни садови се јавува и дополнителен пристисок еднаков
на површинскиот напон. Искривувањето ја зафаќа целата слободна
површина.
3. Воздушен меур во сад се искривува зависно од притисоците:
посилен притисок значи поголемо параболно искривување
(намалена кривина). Има разлика во дополнителните внатрешни
притисоци во меурот и меурот се движи турнат од притисокот. Ако
таа разлика е поголема од надворешниот притисок, меурот не се
движи и блокира проток на крв- најчести се на разгранувањата на
садовите.
Џулов закон

1. Судирите меѓу молекулите кинетичката енергија ја претвораат во


топлинска. Таа топлина е еднаква на работата на електричното
поле- пропорционална на напонот, јачината и времето- Џулов закон.
2. Телото е хетероген спроводник составен од повеќе хомогени.
3. Кај сериски врзани отпотници, поголема топлина се ослободува при
поголем отпор, кај паралелни обратно.

Биопотенцијали

1. Биопотенцијал на клетка- анјони внатре, катјони надвор на


мембрана при мирување- наликува на диелектрик. Мембраната
има јако електрично поле= 7,8*10^6 V/m.
2. При ненадразнување со активен транспорт (Na-K- пумпа, наспроти
градиентот на концентрација, со носач од 2 протеински молекули со
различна големина- врзува 3 натриумови јони и ги носи внатре в
клетка. На надворешната страна се врзуваат два калиумови. При
ослободување на АТП од протеинот, тој се променува
конформационо и 3 натриумови јони се исфрлуваат надвор, а 2
калиумови внатре. По дифузија се враќаат назад.), калиумот е
поконцентриран внатре, а натриумот надвор. Од двете страни има
големи количини големи анјони кои не дифундираат.
3. Нернстовиот потенцијал е разликата меѓу потенцијалите на истиот
јон од двете страни на мембраната. Мерна единица е mV. Знакот на
потенцијалната разлика е обратен.
4. Акциониот потенцијал е потенцијална промена при дразнење.
Местото на дразнење, на надворешната страна на мембраната е
електронегативно, се деполаризира, се врши транспорт и се
реполаризира. Импулсот се шири по цела должина на мембрана.

Биопотенцијал на срце, мозок и мускули

1. Деполаризацијата на срцето ја предизвикува атријалниот јазол.


Ритмичноста на контракциите е благодарение на ширењето на
акционите биопотенцијали. Атриовентрикуларниот јазол го
забавува спроведувањето на импулсите во коморите. Променливото
електрично поле се шири по цело тело формирајќи
еквипотенцијални линии.
2. Според Ајнтхофен срцето е вектор(= полнеж*должината на диполот)
со периодично променлив дипол кој создава променливо елек.поле
во цело тело, а минува низ срцевата елек.оска, во центар на
рамностран триаголник.
3. Разликата на потенцијалите и поларизациите се прикажуваат на
електрокардиограм. Има 5 максимуми и минимуми PQRST.
Електродите се поставуваат на темињата на триаголникот.
4. Записите на мозочните биопотенцијали се викаат
електроенцефалограми. Имаат правилна периодичност со
фреквенција од 10 херци и 4 вида бранови.
5. Електромиграфите се користат за автоконтракции, елек.стимулација
и рефлекси и управување протези.
6. Електрогастрограмот покажува промени од 2-5 mV. Потенцијалот се
намалува при секреција на сокови.

Електроди и терапија

1. Видови електроди: микро- (капилар со електролит и референтна),


иглести и површински; контактни, имплантирани и интрацелуларни.
2. Временската константа(= омски*капацитетен отпор) им е помала од
импулсот.
3. Оштетувања на ткиво се избегнуваат со хидрофилна газа натопена
со раствор на сол; додатната ЕМС со истометални електроди за да
не се поларизира; за помал отпор- желатински гел.

Пејсмејкери

1. Дефибрилаторот се користи за вештачка симулација на работа на


срце: импулси од 5-17kV за време од 8-16ms.
2. Пејсмејкерите користат 1 или 3 електроди во коло со пизоелетрична
плоча и кондензатор, каде отпорот*временската констанста го
определуваат периодот на полнење и празнење на кондензаторот.
Фреквенцијата на стимулаторите е пониска од таа на срцето.

You might also like