You are on page 1of 28

Респираторен систем

Респираторен систем е органски


систем кој служи за дишење
Органи на респираторен систем се

• Носна празнина
• Голтка
• Грклан
• Дишник
• Бронхии
• Бронхиоли
• Алвеоли
• Меѓуребрени мускули
• Дијафрагма
Носна празнина

Воздухот влегува во организмот низ носна ила усна празнина.


Но подобро е да се дише низ нос затоа што во носната празнина
воздухот се:
прочистува со помош на влакненцата.
затоплува со помош на крвните капилари.
навлажнува со помош на мукозната мембрана.
Носната празнина започнува со отвори кои се наречени ноздри. На
средината на носната празнина има носна преграда која ја двои
празнината на две празни во кои има влакненца, крвни капилари и
мукозна мембрана.
Зошто постојано ни тече носот, а
не сме настинати

Реакцијата на носот на ладни температури, е делумно


рефлексна реакција на нерви.

„Кога дишеме на нос, а дневната температура се движи


под нулата, воздухот на излегување од носниот канал на
пат кон белите дробови најчесто достигнува температура
од 26 степени, а понекогаш и до 30. Влажноста во тој
момент е веќе околу сто отсто, без разлика на тоа колку е
влажен воздухот кој го вдишуваме. Тоа докажува во која
мерка носот гарантира дека воздухот кој го вдишуваме ќе
стигне топол и влажен до белите дробови“
Голтка и грклан
Од носната празнина потоа воздухот оди во голтка pharynx. Голтката е
заеднички орган и за респираторен и за дигестивен систем. На дното од
голтката има капаче epiglotis кое при голтање на храна го затвара
дишникот за да  не ни залетне храна во него.
После голтката следува грклан larynx. Тој е изграден од 'рскавица и
неговиот преден дел е испупчен кај момчињата и наречен Адамово
јаболко. Во гркланот има кожни набори наречени гласни жици, кои при
струење на воздухот треперат и со нивното треперење создаваат
гласови.
Дишник, бронхии, бронхиоли, алвеоли
Од гркланот воздухот оди во дишник trachea. Тој е изграден од полупрстенести
'рскавици. Во својот долен дел се грани на две дишнички гранки бронхии, кои
навлегуваат во белодробните крила.

Двете бронхии се разликуваат по тоа што десната бронија е значително


поширока и се разгранува на три гранки- бронхиоли кои навлегуваат во трите
резни на белодробните крила. Левата бронхија е потесна и се дели на две
гранки, кои навлегуваат во двата резни на левото белодробни крило
. Овие бронхиоли се разгрануваат на помали гранки(бронхиоли) кои на крај
завршуваат со меурчиња наречени алвеоли(ѕидот им е од тенок епител низ кој
лесно пимнуваат гасовите, а обложени се и со крвни капиларии за гасовите да
одат во крвта).
​Сите овие структури наликуваат на дрво поради што се наречени бронхијално
дрво.
Бели дробови
Белите дробови се органи кои се сместени во градната празнина. Тие
се изградени од сунѓересто ткиво. Во нив навлегуваат десната и лева
бронхија кои во нив се разгрануваат на бронхијално дрво. Десното
белодробно крило е нешто поголемо и поделено на три резни, а
левото белодробно криле е малку помало и поделено на два резни.
Обвиени со двојна обвивка наречена плевра. Таа со едниот дел
налегнува на градниот кош, а со другиот на самото белодрбно крило.
Помешу двете обвивки има течност која ги подмачкува обвивките.
Просторот помеѓу белите дробови се нарекува средоградие. Во него
се смсестени срцето и поголемите крвни садови.
Под белите дробови се наоѓа дијафрагма- мускул кој има улога во
процесот на вдишување и издишивање.
Зошто дишеме ?
За да ја согориме храната ( хранливите материи)
За да добиеме енергија
храна + кислород →= енергија + јаглерод диоксид
КАКО ДИШАТ
РАСТЕНИЈАТА
РАСТЕНИЈАТА немаат
посебнинемаат посебни
органи за дишење

Сепак тие дишат

Преку стомите и преку


цело тело при што
внесуваат јаглероден
диоксид , а испуштат
кислород
Дишењето се одвива во три фази:

Белодробна вентилација (размнеа на гасови меѓу надворешната средина


и белите дробови)
Дифузија на гасови (преминување на килсородот од белите дробови  во
крвта и преминување на jаглеродниот диоксид од крвта во белите
дробови)
Пренесување (е задача на крвта која го пренесува кислородот до сите
клеткиа, а од таму го зема јаглеродниот диоксид и го носи до белите
дробови да го издишат)
Белодробната вентилација се одвива во две фази: вдишување и
и издишување.
Вдишување е активна фаза во која дијафрагмата се спушта, а
меѓуребрените мускули го шират градниот кош, со што белите дробови се
полнат со воздух.
Издишување е пасивна фаза во која дијафрагмата се враќа во првобитната
положба, а исто и меѓуребрените мускули кои  го стегнуваат градниот кош
и воздухот се истиснува во надворешната средина.
Движењето  на воздухот се одвива од надворешната средина кон белите
дробови, како резултат на тоа што гасовите секогаш се движат од место со
поголем парцијален притисок кон место со помал парцијален притисок.
Кај децата пројот на вдишувања во минута е 20 до 40 пати, а кај возрасните
12 до 20 пати.
Дијафрагма

•Дијафрагма претставува е мускулно -која ја одделува градната од


стомачната празнина. Низ неа минуваат крвни садови (аорта и артерии
,долната шуплива вена), хранопроводот .
•При процесот на вдишуваље меѓуребрени мускули се шират а дијафрагмата
се грчи односно се спуста надолу, а при процес на издиѓување дијафрагмата
се опушта и се спушта надолу односно се враќа во првобитна положба.
Дијафрагмата се опушта и собира најизменично.
• На дијафрагмата постојат отвори преку кои комуницираат стомачната
празнина и градниот кош. Тие отвори се значајни затоа што преку нив може
да се пренесуваат запаленија и патолошки течности (крв, гној) од стомачната
празнина во градниот кош и обратно.
Расејување или дифузија 

Процес на движење на молекули и јони од област со повисока 


концентрација кон област со пониска концентрација сè додека не се
изедначат концентрациите од двете области . Најчесто се среќаваме со
расејување на два раствори, иако има и расејување меѓу гасови.

Во биологијата
Во биологијата, процеси кои се одвиваат со расејување се: преносот
на O2 и CO2 меѓу алвеолите и капиларите (во системот за дишење),
транспортот на истите материи меѓу клетката и капиларите и др. Ако
расејувањето на честичките се врши низ клеточната мембрана, тогаш
станува збор за осмоза.
Дифузија на гасови представува премин на кислородот од алвеолите во
крвните капилари со кои се тие обвиени и премин на јаглеродниот
диоксид  од крвните капилари во алвеолите. И дифузијата на гасови се
одвива како резултат на движење на гасовите од место со повисок
парцијален притисок кон место со помал парцијален притисок.
Кога сме вдишале кислород него го има со поголем притисок во
алвеолите одколку во крвта и затоа тој се движи кон крвните капилари -
место со помал парцијален притиоск. Од друга страна пак јаглеродниот
диоксид кој го носат крвните садови до белите дробови за да го
издишеме во крвните садови е со поголем притисок отколку во
алвеолите каде е со помал парцијален притисок и затоа се движи кон
нив.
Пренесување е задача која ја има крвта. Откако кислородот ќе дифундира
во крвните капилари тие го носат на поголемите крвни садови за да го
пренесат до сите клетки во телото. Во  крвта кислородот се поврзува со
молекулата на хемоглобин т.е. со железото во хемоглобинот. Железото во
присуство на кислород се оксидира и на тој начин крвта го пренесува
кислородот до сите клетки. Кога ќе го предаде кислородот на клетките за
железото се врзува јаглероден диоксид кој крвта го носи во белите дрбови
за да се издиши во надворешната средина.
Во секоја клетка со крвта ќе стигне кислород, но и хранливите материи кои
беа ресорбирани од тенкото црево на дигестивниот систем. Во клетката
хранливите материи под дејство на кислородот согоруваат и се ослободува
енергија, јаглероден диоксид и непотребни материи. Овој процес се
нарекува клеточно дишење.

You might also like