You are on page 1of 3

Заштита на животна средина

Животна средина ја сочинуваат сите живи суштества кои живеат на земјата. Како
такви тие се и најголемите нејзини загадувачи, па поради тоа многу животни,
растенија се загрозени, кај некои дури има и опасност од изумирање.
Загрозен вид е организам кој е во опасност да изумре поради неговата
малубројност, или поради заканите што произлегуваат од промената на животната
околина и начин на издршка. Меѓународниот сојуз за заштита на природата смета
дека дури 40 % од видовите на светот се на некој начин загрозени.

Животот на Земјата се побрзо исчезнува


зашто мерките за зачувување на
природата постигнаа мошне ограничен
успех!!!!
Австралиска Коала

Поради уништувањето на шумите за добивање на земјоделско земјиште до 2050


година може во целост да исчезнат коалите во сојузната австралиска држава Нов
Јужен Велс.

– Се проценува дека во Нов Јужен Велс има помалку од 20.000 коали и дека со ова
темпо на сечење ќе исчезнат до 2050 година. Мораме да го спречиме
уништувањето на шумите, ако сакаме коалите да опстанат во дивината – истакна
екологистот Стјуард Бланч.Но властите на Нов Јужен Велс негираат дека
сечењето на шумите го загрозува опстанокот на коалите и дека нивната бројка во
дивината е многу поголема отколку што се претпоставувало.Според австралискиот
Фонд за заштита на коалите на целата територија на Австралија нивната бројка е
под 100 илјади, а и тие се под постојана закана бидејќи се загрозени од губење на
природните живеалишта, нападите од кучиња, пожарите и сообраќајните
несреќи.Во моментов коалите се класифицирани како „ранливи“, но екологистите
бараат да се зголеми нивниот степен на заштита во „критично загрозени“.
Балкански Рис
Балкански рис подвид на евроазискиот рис од родот рис .Балканскиот рис е
национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари.Рисот се
смета за најголема мачка во континентот. Балканскиот рис бил на работ на
истребување. Се проценува дека има околу 100 единки останато. Балканскиот рис
започнува да се пари во јануари до февруари, а се раѓаат малите во април.

Изработил: Матеј Трајановиќ

You might also like