You are on page 1of 7

СТЕБЛО

1. Основни карактеристики
- дел е од изданокот
- има радијална симетрија
- расте во должина
- образува пупки од кои се образуваат страничните гранки, листови и
цветови и адвентивни (дополнителни) корења
- кога се развива од семето, стеблото излегува по ембрионалното
коренче
- при растењето се насочува вертикално нагоре со негативен
геотропизам (спротивно на главниот корен)

2. Функција на стеблото
- зголемување на површината што се остварува со развитокот на
листовите и нивното поставување во најповолна положба кон
светлината
- низ него се одвива транспортот на хранливите материи од коренот до
листовите и обратно
- да ја осигура механичката отпорност на растението

3. Морфологија на стеблото
- по должината на стеблото се
разликуваат определени места
каде излегуваат листовите т.н.
нодиуми (глуждови или коленца),
а стеблото помеѓу два нодиума
се вика интернодиум (членче)

- форма: разновидна
(цилиндрична, вретеновидна,
рабеста, ребреста и др. се
најчести форми)

- положба во простор:
исправено, закосени, полегнати,
ползечки, увртени и др.
- должината и дебелината е различна особено кај дрвенестите
растенија
- според должината на животот, стеблата можат да бидат:
едногодишни и многугодишни
- според степенот на одрвенување разликуваме: тревести и дрвенести
- тревестите растенија животниот циклус најчесто го завршуваат со
развивање на цветовите, образувањето на семе и плод
- дрвенестите растенија според градбата и изгледот на надземниот дел
можат да бидат: дрвја, грмушки и полугрмушки
- должината на животниот век кај различни дрвенести растенија е
различен (во просек од 50тина до неколку илјади години) Пр: роза –
13-15г; винова лоза – 80-100г; орев – 300-400г; маслинка – 700г;
костен – 2-3.000г; американски чемпрес – 4.000г итн.
- типови на разгранување на стеблото: дихотомно, моноподијално и
симподијално

- дихотомно разгранување – карактеристично за нижите растенија,


за некои мовови и папрати, а многу ретко за цветните растенија;
- моноподијалното разгранување – карактеристично за
иглолисните дрвја со конусовидна круна;
- симподијалното разгранување - карактеристично за многу
дрвенести растенија (круша, слива, јаболкница, орев) и тревести
растенија (памук, патлиџан, лутиче и др.).

4. Анатомска градба на стеблото


4.1. Примарна градба на стебло
А) примарна градба на стебло кај дикотиледони
- надворешни ткива се: епидермис и ткива на примарна кора
- внатрешни ткива се: ткивата на централниот цилиндер
(започнува со перицикл, а под него централниот цилиндер е исполнет
со паренхимско ткиво каде се распоредени спроводните снопчиња кои
најчесто се оторени и колатерални распоредени во круг).

Б) примарна градба на стебло кај монокотиледони


- епидермис
- склеренхимско механичко ткиво – хиподермис (ја дава масата на
примарната кора
- паренхимско ткиво – кој го гради најголемиот дел од стеблото (кој не е
одвоен од централниот цилиндер, бидејќи во стеблото на
монокотиледоните не се образува ендодермис и перицикл. Во
паренхимот без некој редослед се распоредени спроводните снопчиња,
од кои периферните се помали и погусто распоредени, а кон средината
се поголеми и поретки).

4.2. Секундарна градба на стебло


- младите стебла (и кај дрвенестите и кај тревестите растенија) ја
задржуваат примарната градба
- кај тревестите растенија примарната градба се задржува целиот
живот
- кај сите голосемени и голем број дикотиледони, се јавува секундарно
растење на стеблото како резултат на активноста на секундарните
меристемски ткива (камбиум и фелоген)
- со помош на камбиумот се создаваат (внатрешно) ткивата на
секундарното дрво во вид на прстени и (надворешно) ткивата на
секундарната кора
- фелогенот го создава секундарното кожно ткиво
- камбиумот обично е периодично активен (кај нас се активира во
пролет, а престанува на есен)
- заради оваа периодична активност на камбијалниот прстен,
секундарното дрво се формира во последователни таканаречени
прирастни слоеви. Овие слоеви личат на концентрични прстени кои е
формираат во текот на една година и се викаат годишни годови или
годишни престени
- како резултат на секундарното растење во дебелина настанува
секундарна градба на стеблото, каде секундарното дрво и
секундарната кора ја даваат масата на стеблото

5. Метаморфоза на стебло
А) ризом – подземни безхлорофилни стебла кои личат на корен. Се
протегаат хоризонтално или косо надолу, а може да се тенки и долги
(кај житните растенија, момината солза и др.) или се куси и дебели (кај
перумиката и др. растенија)
Б) грутки – се скусени изданоци со силно израснување во дебелина и
служат за складирање на резервни материи како и за вегетативно
размножување (пр: компири, циклама и келераба)

В) луковица – составена од силно скусено стебло и месести


видоизменети листови – лушпи. На долната страна од стеблото се
формираат адвентивни корења. Во лушпите се складираат резервни
хранливи материи. Се користат и за вегетативно размножување.
Луковици сретнуваме на пр: кај кромидот, кринот, лалето и др.)

Г) груткови луковици – се преодна форма помеѓу грутки и луковици,


каде грутковидното задебелено стебло е обвиткано со лушпести
листови (кај качунка, кокиче и др.)
Д) сукулентни стебла – месести во кои се складира вода (водоносен
паренхим). Се јавуваат кај арстенија кои ги наслеуваат пустинските и
полупустинските предели (пр. кактуси и некои млечки).

Ѓ) филокладии и кладодии – сплескани и листовидни стебла чии


листови се закржлавени, па стеблото добива листовидна форма во кој
се довива фотосинтезата. Пр: кај Рускус – изданоците се
метаморфозирани во листовидни творевини, а кај кактусите Опунциа -
целото стебло е метаморфозирано во листовидни творби (кладодии).

Опунциа Рускус

Е) трнови – се метаморфозирани скусени изданоци, кои најчесто се


без листови (глог, грмотрн и др.). Се јавуваат кај растенија кои живеат
на суви станишта.

Ж) ластари – се издолжени метаморфозирани изданоци, кои служат за


прикрепување на растението за подлогата (други растенија или
подлога). Кај виновата лоза.

винова лоза

You might also like