You are on page 1of 7

ЦВЕТОТ КАКО РЕПРОДУКТИВЕН ОРГАН

СОЦВЕТИЈА, ОПРАШУВАЊЕ И ОПЛОДУВАЊЕ

ЦВЕТ (Flos)

Цветото е генеративен орган на скриеносемните видови растенија, во чии делови се


одвиваат многубројни сложени процеси:
- создавање на гамети,
- спојување на гаметите,
- создавање на плод и семе.

Цветот претставува видоизменета фиданка со ограничено растење и настанува од


врвното меристемско ткиво. Преминувањето на врвниот меристем, од вегетативна во
репродуктивна состојба, настанува постепено. Формирањето на цветните елементи
има строг редослед, прво се формираат надворешните, а најпосле елементите на
внатрешниот круг.

ЕЛЕМЕНТИ НА ЦВЕТОТ

Брактеа – лист од чии пазуви се развива цветот.

Цветна дршка – е дел од цветот со кој цветот се прикрепува на стеблото, а доколку


истата ја нема станува збор за приседнати цветови.

Цветна ложа – проширен дел на крајот на цветната дршка. Цветната ложа може да
биде рамна, испапчена, издолжена или вдлабната.

Кај скриеносемените растенија, елементите на цветот се поделени на:


А) заштитни цветни елементи;
Б) репродуктивни цветни елементи.
А) Заштитните цветни елементи до претставуваат заштитниот (стерилниот) дел
од цветот, т.е. околуцветник. Околуцветникот може да биде:
- сложен т.е. перијант;
- прост т.е. перигон.

Перијант
Изграден е од два круга на ливчиња кои се разликуваат по форма, големина и боја. -
- Чашка е првиот круг ливчиња, кои се зелени по боја и имаат заштитна функција,
обично се од 2 до 5, наредени во еден круг (ретко во два).
- Венче е вториот круг ливчиња. Венечните ливчиња можат да бидат слободни или
сраснати. Секогаш ги има повеќе од две, и нивната функција е заштитна, имаат
забележлива боја и арома со која ги привлекуваат инсектите. Венечните ливчиња
секогаш отпаѓаат после прецветување на цветот.

Перигон
Кај простиот околуцветник, перигоните ливчиња од двата круга се еднакви по форма,
големина и боја. Секогаш ги има повеќе од две ливчиња кои можат да бидат слободни
или сраснати. Според големината и формата перигонските ливчиња може да бидат
слични на венечните или на чашкините ливчиња, затоа се разликува венечен и
чашковиден перигон.
- Венечен перигон – сите ливчиња личат на венечните (кај лале, ирис, крокус,
перуника, качунка)

ирис перуника крокус качунка

- Чашковиден перигон – сите ливчиња личат на чашкини (коприва, црница=дудинка).

коприва цвет од црница


Репродуктивни цветни елементи
Репродуктивните елементи го претставуваат генеративниот дел од цветот. Тој се
состои од:
- прашници и
- плодни листови на плодник

- Прашници – тое се специјализирани структури на цветот, во кои се создаваат


микроспорите (поленовите зрна)
Прашниците се изградени прашнички конец и проширен дел – прашничко ќесе
(антера).

- Плодник (толчник) – го завзема централното место во цветот, а составен е од


плодни листови. Може да има еден плоден лист – тој е прост (монокарпен), или
повеќе од два плодни листови – сложен (поликарпен) плодник.
На оформен плодник се разликуваат три дела:
- базален проширен дел – плодница или јајчник (овариум);
- издолжен средишен дел – столбче и
- проширен дел на врвот – устенце.

Плодница – во неа се образуваат и се развиваат семенови зачетоци од кои по


оплодувањето се образуваат семето и плодот.
За плодницата карактеристична е положбата во однос на другите цветни елементи, и
во тој правец се разликуваат:
- горен надцветен плодник (I);
- сретцветен плодник (II);
- долен потцветен плодник (III).
Простите плодници имаат една целосна празнина.
Додека кај сложените плодници е преградена на повеќе гнезда. Бројот на гнездата
зависи од начинот на сраснување и од бројот на сраснатите плодни листови (карпели).
Според ова, од сложените плодници се разликуваат:
- апокарпен плодник (С) – е сложен плодник каде нема сраснување на плодните
листови, и кај нив бројот на плодниците одговара на бројот на плодните листови.
- ценокарпен плодник (В) – е сложен плодник кај кои има сраснување на плодните
листови.

Столбче – го поврзува плодникот со устенцето.

Устенце – е горниот дел од плодникот. Тоа има специјално ткиво кое го помага
никнењето на поленовото зрно и може да биде обраснато со кратки или долги влакна
со кои го помага прифаќањето на поленовото зрно.

ВИДОВИ ЦВЕТОВИ

Цветовите можат да се поделат врз база на различни критериуми.

➢ Според распоредот на цветните елементи на цветната ложа, разликуваме:

Сприрални цветови – има на пр. кај лутичињата, цветната ложа обично е издолжена и на неа
цветните елементи се спирално распоредени
Циклични (кружни) цветови – кај кои цветните елемнти се нараедени во кругови. Овие видови
на цветови се многу почести, кои може да имаат три, четири или пет круга.
Хемициклични (полукружни) цевтови – кај кои некои цветни елементи се циклично
распоредени, а некои спирално.

➢ Според местоположбата на прашниците и плодниците, има:

Еднополови цветови – се цветовите кои имаат само прашници или само плодни листови,
односно разликуваме машки или женски цветови.

Хермафродитни цевтови – се оние цветови кои имаат и прашници и плодници (двополови


цветови).

Бесполови цветови – цветови кои имаат само околуцветник.


➢ Според местоположбата на машките и женските цветови, има:

Еднодомни растенија – кај растенијата кои имаат еднополови и цветови можат да бидат (Пр.
пченката – кочанот ги носи женските, а метличката машките цветови) или
Дводомни растенија - се еднополови цветови, одделно машки и одделно женски цветови кои
се наоѓаат на различни единки (врба, коноп).

1. машки и женски цвет на пченка 2. машки цветови кај леска, врба, топола

- Постојат и тридомни растенија – кај кои машките, женските и хермафродитните цветови се


наоѓаат на три различни единки.

➢ Според тоа, кои делови од цветот се сраснати или слободни, се разликуваат:

- сраснато (или слободни) чашкини цветови


- сраснато (или слободни) венечни цветови
- сраснато (или слободни) прашникови цветови

СОЦВЕТИЈА

Класификација на соцветијата
Разнообразието на соцветија е доста големо, што во голема мерка ја отешнува нивната
класификација.
Соцветијата најчесто се поделени на:
- прости
- сложени.

Прости соцветија
• Прости или гроздовидни соцветија - се составени од главн аоска и цветови, кои се на
цветната дршка или се приседнати.
Според градбата можат да бидат: прости соцветија со издолжена главна оска и прости
соцветија со скусена главна оска. Наредени се гроздовидно бидејќи основното и почетното
просто соцветие претставува грозд, од кој произлегуваат и сите други видови гроздовидни
соцветија: клас, реса, кочан, прост штит и главичка.
- грозд – има издолжена главна оска, а цветовите се на дршки кои имаат приближно еднаква
должина;
- клас – исто има издолжена главна оска на која се поредени седечки цветови
- реса – е слична на клсот, а се разликува по тоа штп има еднополови цветови
- кочан – претставува модификација на клас, бидејќи има задебелена главна оска на која
спирално се распоредени седечки цветови
- прост штит – се образува од гроздот со скусување на главаната оска,а цветовите со
цветните дршки се поставуваат на врвот од скусената оска на соцветието
- главичка – има многу израсната скусена главна оска на која се поредени седечки цветови
(такви се соцветијата на главоцветните растенија)

Сложени соцветија
• Сложените соцветија составени се од главна оска и помалку или повеќе развиен
систем на странични оски, чиикрајни разгранувања завршуваат со цветови.
Тука спаѓаат: псеудоштитот, антела, сложен грозд, сложен клас, сложен штит и сложена
главичка.
Биолошко значење на соцветијата
Формирањето на соцветија во еволутивниот развиток на цветниците има посебно значење,
затоа што групирањето на цветовите го олеснува опрашувањето со инсекти и со ветер.

You might also like