You are on page 1of 3

РАСЕЈУВАЊЕ СО ПРСКАЊЕ И ВОДА

Co pасејувањето семето а со тоа и


овошјето се шири на нови области,
кои можат да бидат повеќе или
помалку далечни, а нивната цел е да
ги прошират видовите и да окупираат
нови територии.
Во зависност од типот на
расејување семињата и плодовите
имаат одредени специфичности.
Расејување со прскање

Растенијата во кои е присутно


самораспрснување (автохорија) имаат
плодови кои по созревањето пукаат и
независно испуштаат семиња на
поголемо или помало растојание.
Примери се дива краставица, разни
мешунки.
Расејување со вода
Растенијата што растат покрај вода често се
потпираат на вода за да ги пренесат своите семиња
Тие произведубаат лесни семиња што лебдат, или
може да имаат пена(сунѓереста обвивка) што им
помага при пловењето. Две високи дрвја, врбата и
сребрената бреза, често се наоѓаат во средина на
мочуриштата, далеку од какви било други дрвја, но
по текот на потокот. Тие можат да колонизираат
такви изолирани места затоа што и двете растенија
имаат многу мали, лесни семиња, кои можат да ги
носи ветерот или водата.
Дрвјата што се наоѓаат на тропските плажи
честопати семето ги носи таму покрај морето. Тие
имаат дрвени, водоотпорни облоги што им
овозможуваат да пловат во солената вода подолго
време. Кокосите се познати патници по вода.
Мангровите се уште едно познато дрво на
тропските плажи. Нивните семиња се невообичаени
по тоа што можат да започнат ртење додека се уште
на матичното растение и паѓаат во океанот. Овие
'стапчиња' пловат исправено во морето, чекајќи да
ги пренесат на плажата за да продолжат да 'ртат.

Семето на некои тропски дрвја може да се носи


дури и преку океански струи за да слета на
бреговите на половина свет. Понекогаш морското
гравче, семето на ентада гигас, се носи од своите
домови покрај реките во Африка, Австралија или
Јужна Америка, преку океанот за да слета на
европските брегови.

МАНГРОВИ

You might also like