You are on page 1of 1

Додавање цврсти материи во вода

1. Смеса се добива кога ќе се измешаат две или повеќе различни супстанци.


2. Некои цврсти супстанци (пример: песокот, камчињата, оризот, железни
клинчиња) кога ќе се помешаат со течност се уште можат да се видат како лебдат
низ течноста или пак потонале на дното. За нив велиме дека не се раствораат во
во таа течност, односно се нерастворливи.
3. Нерастворливите супстанци можат да се одделат од течноста со помош на
сита со различна големина, цедалки, магнет, инка за филтрирање и филтер
хартија и со некои други физички постапки.

4. Покрупните материи можат постепено да се раздвојат со сита или цедалки


со различна големина на отворите. Ситото ќе ги задржи оние материи што се со
поголема димензија од отворите. Така постапно можеме да ги одделиме
различните материи присутни во некоја течност или пак камчињата со различни
димензии од почвата.
5. Железните клинчиња можат да се одделат од течноста со помош на магнет.
6. Супстанциите со помали димензии можат да се одделат од течноста со
филтрирање. За таа цел се користи инка во која се става филтер хартија. Таа
има многу мали отвори што ја пропуштаат течноста, а нерастворливите материи
се задржуваат на филтер-хартијата. Овој метод на одделување материи се
нарекува филтрација.

You might also like