You are on page 1of 2

Активности за V одделение за периодот од 30.3- 3.4.

2020
Тема 5.5 Животниот циклус на цветните растенија

1. Расејување на семе и групирање на семињата


Внимателно следи го часот на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=YpKZruKphXk&feature=youtu.be

Потоа препиши го следниот план во тетратката по природни науки:


1. Семките им се потребни на растенијата за да се создадат нови растенија. Ако семката се
најде во почвата и ги има потребните услови за да никне ќе се создаде ново растение.
2. Потребни услови за да никне се: доволно простор, почва, вода и топлина.
3. Распространувањето на семките подалеку од растението се вика расејување на семето.
Сите семки не можат да си најдат место да пораснат, а и сите семки, од тие што си нашле
место, нема да никнат. Од многуте семки на растението, само некои ќе никнат.
4. Постојат четири главни начини на расејување на семето (со животни, со ветер, со прскање,
со вода).
а) расејување со животни - некои плодови имаат убава боја, мирис и вкус и ги привлекуваат
животните, меѓу кои и птиците. Кога животното ќе го изеде плодот, меките делови ќе се
разградат во неговите органи за варење на храната, а семките ќе бидат исфрлени преку
изметот. Исто така некои плодови имаат боцки (пример магарешки трн) или се лепливи и се
прикачуваат за крзното на некои животни и така се расејуваат.
https://www.youtube.com/watch?v=TpzHF5arzj4
б) расејување со ветер – семињата кои се расејуваат со ветер се обично ситни, суви, лесни и
имаат пердувести или крилести додатоци кои им овозможуваат лесно да бидат носени од
ветерот. Пример: глуварче, топола, јавор, памук и др.
https://www.youtube.com/watch?v=vxX4sT04wvs&t=137s
в) расејување со прскање – семената обвивка се распукува и семките се распрснуваат надвор.
Пример: дива краставица, некои мешунки и др.
https://www.youtube.com/watch?v=24kAPSpdXaI
г) расејување со вода -кај растенија кои живеат блиску до вода, затоа што главно се суви и
тврди и тешко се отвораат, што им помага кога се пренесуваат на долги растојанија. Пример :
кокосова палма, маслена палма и други палми), лотос и др.
https://www.youtube.com/watch?v=u7UjbH3myvU
2. Групирање на семињата
Стр. 111-учебник
а) Во учебникот на страна 111 разгледај ги внимателно фотографиите и во тетратката запиши
ги начините на расејување како дадениот пример.
б) Потоа препиши го во тетратката по природни науки и пополни го параграфот користејќи ги
зборовите од ризницата.
Стр. 113-учебник
а) Во учебникот на страна 113 погледни ги фотографиите и потоа во тетратката запиши кој
начин на расејување е најсоодветен за дадените видови семки.
б) Дополни го параграфот за приспособување на семките користејќи ги зборовите од
ризницата.

(Да се препишат во тетратка и да се одговорат, да не се пишува во учебникот)

Одговорите да бидат во тетратка, да се слика и да се испраќаат на e mail адреса:


anabiologija@yahoo.com најдоцна до 5.4.2020

Предметен наставник: Ана Настова

You might also like