1. Материјата во природата се среќава во три агрегатни состојби:
a) Цврста агрегатна состојба - честичките се цврсто поврзани меѓу себе, вибрираат, но не можат да се движат. Имаат постојана форма и волумен (зафатнина). б) Течна агрегатна состојба – честичките се поврзани, но не многу цврсто, можат да се движат наоколу и да се лизгаат една покрај друга. Немаат постојана форма- ја добиваат формата според садот во кој се наоѓаат. Имаат постојан волумен (зафатнина). в) Гасовита агрегатна состојба - честичките не се поврзани меѓусебно и можат да се движат слободно. Немаат постојана форма и волумен. 2. Испарување е појава при која материјата од течна агрегатна состојба преминува во гасовита агрегатна состојба. Испарувањето настанува кога на течноста и се доведува топлинска енергија (пример загревање). Како резултат на тоа, честичките на течноста почнуваат да се движат со поголема брзина и се оддалечуваат една од друга. По извесно време, тие се толку оддалечени една од друга што можат да ја напуштат површината на течноста и да преминат во околниот воздух.
течност топлина гас
3. Водата испарува кога ќе и се доведе топлина. Брзината на испраувањето на
водата е различна на различна темература.
4. Струењето на воздухот, односно ветерот го забрзува испарувањето.