You are on page 1of 84

Агрегатни состојби на материјата

Димески Блаже
Агрегатни состојби на материјата
Во зависност од температурата и притисокот супстанците се јавуваат во три
агрегатни состојби:
- цврста
- течна
- гасовита

Цврста и течна состојба – КОНДЕНЗИРАНИ состојби

Димески Блаже
*при нормални услови
Димески Блаже
Блаже Димески
Водата може да се најде
во три агрегатни состојби

Цврстите тела,
течностите и гасовита
гасовите имаат H2O
различни својства
поради различниот цврста
распоред и движење
на честичките. Блаже Димески течна
Заклучок:мразот уништува се!!!

Димески Блаже
Капак на се!!

Димески Блаже
Споредба на агрегатните состојби:
потсетување

Блаже Димески
Молекули – основни градбени
единки

Се движат слободно во
просторот, независни едни од
други, без ред и во сите можни
насоки
Го заземаат просторот што им
стои на располагање (немаат
определен волумен)
Немаат определена форма
Во нивната градба влегуваат
одредени групации т.н
ГРОЗДОВИ (КЛАСТЕРИ) од
молекули - имаат извесна
правилност во градбата
Имаат определен волумен
Имаат постојан волумен
Немаат определена форма (го
Определена форма
заземаат обликот на садот во кој
Нивните составни честиците не се наоѓаат)
можат слободно да се движат во Можат да течат (од таму им е
просторот, туку само осцилираат името – течности)
околу своите рамнотежни
положби. Димески Блаже
Гасовите и течностите немаат
определена форма и го заземаат
обликот на садот.

За некого не важат законите на физиката!


Димески Блаже
Цврсти тела

Аморфни
Кристални (стакло,смола,битумен..)

Кај поголем број од цврстите тела постои Не постои правилност во


правилност во внатрешна градба во сите внатрешна градба во сите насоки.
насоки. Димески Блаже
Тема за истражување

Дали светлината се прекршува кога поминува низ стакло заради


неговата аморфна структура?
Димески Блаже
Да ги споредиме овие три состојби на
макроскопско ниво:

• Гасот се шири за да го заземе садот во кој се наоѓа, нема ниту определен


волумен ниту, пак, определена форма и лесно може да се компримира.
• Течноста има определен волумен, се стреми да го покрие дното и да го
заземе обликот на садот што го исполнува, и само малку е компресибилна.
• Цврстата супстанција има определен волумен, има дефиниран облик и
многу потешко може да се компримира во однос на течноста.

Димески Блаже
Како влијае температурата на материјата и нејзините честички?

Блаже Димески
Какви заклучоци можеш да извлечеш од анимацијата?

Температура Притисок

Блаже Димески
На микроскопско ниво:
• Во гасот, брзите, енергични, атоми или молекули што се
просторно оддалечени,подлежат на чести судири , но никогаш
не застануваат ниту, пак, се приближуваат едни до други.
• Во течноста, атомите и молекулите се блиску едни до други, и
меѓумолекулските сили се доволно силни за да ги задржат во
определен волумен, но не и да заземат определена форма.
• Кај цврстата супстанција, структурните честици (атоми, јони,
или молекули) се во директен меѓусебен контакт, и
меѓумолекулските сили ги држат во определен волумен и
определена форма.
Важно
Микроскопскиот приказ смета дека во сите три агрегатни
состојби на материјата, атомите, јоните или молекулите се
подвижни.
 Во гасовите и во течностите ова движење вклучува и
транслаторни компоненти; структурните честици се движат
од точка до точка во тридимензионален простор.
Кај цврстите супстанции, движењето е пред се вибрационо;
што значи структурната единка се движи напред и назад
околу фиксните положби.

Димески Блаже
Корпускуларна теорија
сета материја е изградена од мали, невидливи
честички-корпускули

Цврсто тело
Гас
Teчност

Корпускула (од латински корпускулум- мало тело, честичка) е застарен термин за


најмалата честичка на материјата .
Зборот често се користи во делата на М.В. Ломоносов (заедно со употребата на
зборовите „атом“ и „молекула“)

Блаже Димески
Фазен дијаграм е графички приказ на состојбите за температурата и
притисокот под кои една супстанца постои во цврста, течна и
гасовита состојба, или во комбинација од овие
состојби при рамнотежа.

топење

замрзнување течна
цврста
Испарување
P (atm)

0.6 кондензација
Сублимација
гас

депозиција
2.6
T (oC)
Димески Блаже
Тројна точка на водата
трите фази (гас,течни и цврсти) на таа супстанца коегзистираат во
термодинамичка рамнотежа.
Тројната точка на водата се
Топење јавува при температура од
0,0098 °С и притисок од
4,58 mm Hg
замрзнување течна
цврста
испарување
P (atm)

0.6 кондензација
сублимација
гас

депозиција
2.6
T (oC)
Димески Блаже
Тумачење...
Точката А е тројна точка (цврста фаза +
течна фаза + гасовита фаза).
D • Кривата AD ја претставува кривата на
фузија (цврста фаза + течна фаза).
• Кривата AB ја претставува кривата на
C сублимација (цврста фаза + гасовита
фаза).
• Кривата AC ја претставува кривата на
парен притисок (течна фаза + гасовита
A
фаза).
• Точката C е критичната точка (течната
и гасовитата фаза стануваат
B нераспознатливи)

Димески Блаже
Зошто тројната точка на водата не изнесува
точно 0°С?
Дали тоа значи дека водата во цврста форма (мраз), водата во течна
состојба и водената пареа не можат истовремено дапостојат во отворен
простор при 0 °С?
Тие можат да постојат, меѓутоа овој систем вклучува два различни
притисоци. Имено, пареата постои при притисок од 4,58 mmHg, кој е
нејзин парцијален притисок, додека мразот и течната вода се наоѓаат под
атмосферски притисок(760 mmHg.).
Покрај тоа, при нормална температура на топење, течната вода содржи
растворен воздух, што малку влијае врз температурата при рамнотежа. За
да добиеме вистинска тројна точка, системот мора да се состои од чиста
супстанца, која егзистирасамо под притисок на сопствената пареа.
Притоа, не е дозволено присуство на надворешни супстанци (како што
се гасовите во воздухот).
Енергетски промени кои ги придржуваат промените на
агрегатната состојба

гасовита

испарување кондензација
Енергија на системот

сублимација депозиција

течна

топење замрзнување

цврста

Димески Блаже
Цврста Имаат постојан волумен
Определена форма
агрегатна Нивните составни честици
не можат слободно да се движат во

состојба просторот, туку само осцилираат


околу своите рамнотежни положби.

H2O(s) мраз
Водородна врска H2O(s) мраз

Photograph of ice model Photograph of snowflakes

Силите што постојат меѓу молекулите - меѓумолекулски сили - ги одредуваат


макроскопските физички својства на течностите и цврстите супстанции.
Всушност, доколку не би постоеле меѓумолекулски привлечни сили, не би
постоеле ниту течности ниту цврсти супстанции, односно се би се наоѓало во
гасовита состојба.
Во нивната градба влегуваат одредени
групации т.н ГРОЗДОВИ (КЛАСТЕРИ) од
молекули - имаат извесна правилност во
градбата
Течна Имаат определен волумен
Немаат определена форма (го завземаат

агрегатна обликот на садот во кој се наоѓаат)


Можат да течат
(од таму им е името – течности)
состојба

Површински напон

H2O(l) вода
Молекули – основни
Гасовита градбени единки

агрегатна Се движат слободно во


просторот, независни едни
од други, без ред и во сите
состојба можни насоки
Го заземаат просторот што
им стои на располагање
Гасот може да се
(немаат определен волумен)
замисли како
Немаат определена форма
множество од
молекули (или атоми)
што се наоѓаат во
постојано хаотично
движење, а нивните
просечни брзини се
зголемуваат при
покачување на
температурата!
H2O(g) водна пара
Кинетички модел на гасовите
1. Гасот се состои од молекули со маса m, кои се наоѓаат во
непрекинато хаотично движење.
2. Големината на молекулите е занемарливо мала, во смисла
на тоа дека нивниот дијаметар е многукратно помал од
нивното средно растојание помеѓу два судира.
3. Молекулите стапуваат во интеракција единствено преку
кратки и не премногу чести судири.

Димески Блаже
Фазни претворби

Димески Блаже
Течности и гасови
Две важни својства:
Испарување и обратен процес кондензација
Еден гас се разликува од течност по тоа што, освен во моментите на судар,
молекулите на гасот се далеку една од друга и се движат по траектории коишто се
практично независни од меѓумолекулските сили.

Се додава енергија за да се раскинат хемиските меѓумолекулски врски

Испарување

Кондензација

Се ослободува енергија и се формираат


меѓумолекулски врски

Бидејќи и течностите и гасовите лесно протекуваат - тие се нарекуваат флуиди


Испарување
Како и кај гасовите, молекулите во течноста имаат опсег на брзини и
кинетички енергии, при што температурата на течноста ја одредува
нивната просечна кинетичка енергија.
Површинските молекули, кои имаат доволен вишок на кинетичка
енергија во однос на просечната енергија, за да ги совладаат
меѓумолекулските привлечни сили на соседните молекули во или под
површината, преминуваат во гасовита состојба: односно тие испаруваат.
Колку повеќе енергични молекули ја напуштаат површината на
течностите при испарување толку повеќе се намалува просечната
кинетичка енергија на преостанатите молекули.
Последователно, температурата на течноста опаѓа, слично како кај веќе
познатото чувство на ладење на кожата кога испарливата течност, како
што е алкохолот, кога ве мачкаат кога имате температура , испарува.
За да одржи константна температура додека испарува, течноста мора да
апсорбира топлина за да се надополни кинетичката енергија што ја
изнесуваат молекулите што испаруваат, што значи дека испарувањето е
ендотермен процес! Димески Блаже
Динамичка рамнотежа
Брзината на испарување е еднаква на брзината на
кондензација.
Зборот пареа се однесува на гасовитата
состојба на супстанците што вообичаено се
среќаваат во течна или во цврста состојба

„изедначување“ на два спротивни процеси


меѓу себе
Парен притисок на течноста
При динамичка рамнотежа на макроскопско ниво не се гледаат
никакви промени во системот, меѓутоа постои активност на
молекуларно ниво.
На ова мислиме кога велиме динамичка рамнотежа меѓу течност
и пареа, при која молекулите на течноста продолжуваат да
испаруваат, а молекулите на пареата продолжуваат да
кондензираат.

Парниот притисок на течноста е парцијалниот


притисок што го врши пареата при динамичка рамнотежа со
течноста, при константна температура

Димески Блаже
Вриење
• Температурата на вриење на одредена течност е
температурата на која парниот притисок се изедначува со
постојниот атмосферски притисок.
• При ниски парни притисоци не настанува вриење, бидејќи
атмосферскиот притисок би предизвикал почетните
меурчиња на пареа да пропаднат во течноста.
• Тоа значи дека притисокот во самите меурчињата –
парниот притисок на течноста - ќе биде понизок од оној
што го врши околната атмосфера.
• Откако ќе почне вриењето, температурата на течноста не
може да се покачи повеќе од температурата на вриење.
• Се додека има течност, енергијата што се добива при
континуирано затоплување се користи за претворање на се
повеќе течност во пареа, притоа не предизвикувајќи
покачување на температурата.
Вриење
Кога загреваме течност во
отворен сад може да забележиме
необичен феномен на
испарување.
На одредена температура
испарувањето се случува не само
на површината туку и во самата
течност.
Пареата произведена во
внатрешноста на течноста
формира меурчиња, кои се
подигаат кон површината и
излегуваат.
Велиме дека течноста врие.
Нормална температура на вриење
• Нормалната температура на вриење на една течност е температурата на
вриење при притисок од 1 атмосфера, односно тоа е температурата на која
парниот притисок на течноста е еднаков на 1 atm. На кривата на парен
притисок, нормалната температура на вриење на една течност е точката во
која линијата што ја претставува точката P = 1 аtm (760 mmHg) ја пресекува
кривата. Температурата на вриење е корисно својство за идентификација на
течностите. На пример, доколку имаме непозната течност што врие на околу
78°C, можеме да консултираме соодветна литература и да заклучиме дека таа
течност може да е етанол.
Интересно
• Атмосферскиот притисок е понизок на повисоки надморски
висини отколку на морското ниво. Поради тоа, температурата на
која една течност врие се снижува со зголемување на
надморската височина и намалување на атмосферскиот
притисок.
• Според тоа, иако температурата на вриење на водата изнесува
100°С при нормален атмосферски притисок, на Плетвар,
лоциран на висина од околу 700 метри,атмосферскиот притисок
е помал , а водата врие на 98°С
• Приготвувањето храна вклучува хемиски реакции, а брзината на
овие реакции зависи од температурата. Реакциите се одвиваат
побрзо дури и при мало покачување на температурата, и
побавно со многу мало опаѓање на температурата.
• Кога водата врие на 100°С, едно јајце може да се свари за три
минути.
Димески Блаже
На Монт Блан може да се потребни пет-шест
минути за да се свари едно јајце при исти
услови.

Монблан (француски: Mont


Blanc,„Бела Планина“) —
планина во Алпите со
највисок врв во Западна
Европа од 4.808м

Монблан

Прилеп

Блаже Димески
Критична точка

Ако загреваме течност во затворен сад, не настанува вриење. Притисокот на гасот над
течноста расте континуирано како што се натрупува пареата над течноста, а почетните
меурчиња на пареа во течноста не можат да го надминат овој притисок. Наместо да врие
како што расте температурата, гледаме дека густината на течноста опаѓа,густината на
пареата се зголемува и границата (менискусот) помеѓу течноста и пареата станува
нејасна. На крајот, густините на течноста и пареата се изедначуваат и границата
исчезнува, оставајќи една фаза на флуид
Објаснување
• Критичната температура, Тс , е највисоката температура на која течноста и
пареата можат да постојат во рамнотежа, како физички различни состојби на
материјата. Парниот притисок на оваа температура се нарекува критичен
притисок, Рс
• Состојбата што се јавува на температура Тс и притисокот Рс се нарекува
критична точка.
• Критичната температура е највисоката температура на која гасот може да
кондензира во течност, и тоа само со покачување на притисокот на гасот.
Доколку Тс за еден гас е над собната температура, можеме да го втечнеме гасот
на собна температура само со зголемување на притисокот врз него. Сепак, во
случај кога Тс е под собната температура, мораме да го зголемиме и
притисокот и да ја намалиме температурата до вредност под Тс.
• .Понекогаш ги користиме поимите пареа за гасовитата состојба на супстанца
под нејзината Тс и гас за гасовитата состојба на супстанција над нејзината Тс
• Во овие услови пареата може да кондензира во течност со едноставно
додавање притисок; гасот не може
Суперкритични флуиди
Бидејќи и течностите и гасовите
лесно протекуваат - тие се флуиди
- и бидејќи постои само една фаза
кај флуидот над критичната
температура и критичниот
притисок, вообичаено е оваа фаза
да се нарече суперкритичен флуид
Густината на овој флуид е блиска
до онаа на типичниот флуид,
меѓутоа нејзината способност да
протекува и да се меша е многу
поверојатна отколку кај типичен
гас.

Димески Блаже
Пет агрегатни состојби на материјата:

Бозе – плазма
ајнштајнов цврста течна гасовита
кондензат

Ептен ниска Ептен висока


температура температура
Димески Блаже
Апсолутна нула е најниска
можна температура од која ништо не може
да биде поладно, бидејќи тогаш во системот
нема топлотна енергија. Единствен облик на
движење кој на апсолутна нула
поседува честички, (атоми, молекули...) се
осцилации на нулта точка (zero-point energy)
Според договорот, апсолутната нула е точно
дефинирана како:
0 К на Келвинова температурна скала, која
претставува термодинамичка (апсолутна)
температурна скала и
-273,15 °С на Целзиусова температурна
скала

Димески Блаже
Бозе-Ајнштајнов кондензат
Бозе-Ајнштајнов кондензат се формира со ладење на гас со
исклучително мала густина (околу стоилјадити дел од густината на
нормалниот воздух) до многу ниски температури близу до температури од
апсолутна нула.
Како што се намалува температурата на атомите, нивната кинетичка
енергија се намалува.
На температури од апсолутна нула, немаат енергија за движење и можат
да зафаќаат само најниска енергетска квантна состојба.
 За разлика од фермионите, кои мора да го задоволуваат принципот на
исклучување на Паули, овој принцип не се однесува на бозонските
честички (како што се атомите, фотоните и сл.), а при апсолутна нула , сите
бозони ќе бидат во иста квантна состојба.
 Бидејќи голем број бозони ќе бидат во иста квантна состојба, системот
ќе покаже макроскопски ефекти
Поради уникатното својство на кондензатот, светлината може да се запре
или значително да се забави на 17 метри во секунда, што доведува до
исклучително висок индекс на прекршување.
Димески Блаже
Бозе-Ајнштајнов кондензат

Димески Блаже
Колку се поладни атомите, толку побавно се движат и
полесно се проучуваат. Ултра изладените атоми имаат
температура малку над апсолутната нула, или температурата
на која тие теоретски целосно би престанале да се движат .

Димески Блаже
Плазма
Плазма е состојба на материјата во која одреден дел од честиците се јонизирани.
Со загревање на гасовите на мноооооооогу високи температури молекуларните
врски се дисоцираат, такашто гасот се доведува во атомарна состојба.
Понатамошното загревање води до јонизација (електроните ја напуштаат
електронската обвивка на атомите), и претворање на гасот во плазма, материја
составена од наелектризирани честици, одделно позитивни јони и негативни
електрони.

Не бе ваква
Е ваква!

Димески Блаже
Промени на агрегатната состојба

Течна Гасовита Плазма


Цврста

Се зависи од температурата!

Објасни со свои зборови!


Блаже Димески Не ваква плазма!
Сонценце ...
Површината на Сонцето се состои
од водород(околу 74% од неговата маса, или
92% од неговиот волумен), хелиум(околу
24% од масата, 7% од волуменот) и мали
количини на други елементи,
вклучувајќи железо, никел, кислород,силици
ум, сулфур, магнезиум, јаглерод, неон, калци
ум и хром .
Сонцето има G2V ѕвездена класа. G2 значи
дека има површинска температура од
приближно 5.780 К (5.500 °C), а на јадрото
температурата изнесува приближно
13 600 000 К.
Заради ваквите високи температури сета
материја на сонцето се смета дека е во
форма на плазма!

Димески Блаже
Димески Блаже
Градба на цврсти тела
НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЦВРСТИТЕ СУПСТАНЦИ СЕ КРИСТАЛИ
Кристалите се правилни геометриски тела со правилна внатрешна градба
Честичките кои го градат кристалот се викаат градбени единки на кристалот.
Градбените единки можат да бидат јони, атоми или молекули

Димески Блаже
Дијамант е алотропска модификација на јаглерод.
Тоа е најтврдиот минерал во природата.
На Мосовата скала на тврдина исто така зазема највисоко место со тврдост- 10.

Јаглеродните атоми во дијамантот заземаат тетраедарска структура.

Димески Блаже
Има и други чудни особини...

Димески Блаже
Натриум хлорид формира безбоjни кристали во кубни кристални систем, Секој
еден јон на Cl- е опкружен со шест Na+ јони во октаедарска конфигурација, и
обратно!

Димески Блаже
Елементарни ќелии

Кубична Внатрешно Странично


центрирана центрирана
кубична

Тетрагонална Моноклинична Хексагонална

Градбените единки се групираат и градат т.н елементарна ќелија

(има и други но овие се најчести)


Странично
Кубична Внатрешно центрирана
центрирана
кубична

Димески Блаже
Кубична

Со паралелно редење на елементарните ќелии во просторот по должина и во


сите три насоки, како и со нивно периодично повторување во просторот
настанува просторна кристална решетка

Димески Блаже
Внатрешно центрирана кубична

Со паралелно редење на елементарните ќелии во просторот по должина и во


сите три насоки, како и со нивно периодично повторување во просторот
настанува просторна кристална решетка
Димески Блаже
Странично центрирана

Покрај тоа што има честички во аглите, оваа ќелија има и во пресекот на
дијагоналите на страните на коцката

Димески Блаже
Значи многу е битно кај се точките!

Димески Блаже
Геометрија на елементарните ќелии

Димески Блаже
Кубична Внатрешно -центрирана Странично центрирана

Димески Блаже
Кристал на готварска сол
= Cl-

= Na+

Формирање на NaCl – од јони до елементарна ќелија па до просторна


кристална решетка, односно кристал

Димески Блаже
Кристал на готварска сол

Димески Блаже
Мразот има помала густина од течната вода што се
должи на внатрешната градба(затоа мразот плови на површината )

Кристал на мраз

Водородна врска

ГРОЗДОВИ (КЛАСТЕРИ) од молекули


мраз

Димески Блаже
Скапоцени кристали

Неговото Величество
Варијанти на топаз

Димески Блаже
Димески Блаже
Никогаш не се откажувај

Димески Блаже
Никогаш не се откажувај?

Димески Блаже
Не е само проѕирен!
Обично е проѕирен-безбоен но и жолт, кафеав, сив , поретко син, зелен, црн,
проѕирно бел, розов, виолетов, портокалов, пурпурен и црвен.

Дијамантите можат да бидат идентификувани


според нивниот коефициент на топлинска
спроводливост. Нивниот индекс на
рефракција е исто така показател, но и други
материјали имаат слични индекси.
Дијамантите сечат и гребат стакло, но тоа не
е идентификациона метода која е сигурна ,
бидејќи и други материјали, како што се
кварц, на пример , имаат висока тврдина и
можат да гребат стакло.

Димески Блаже
Ковалентни (атомски) кристали

Графит Дијамант Бакминстерфулерен


рамни слоеви од С атоми секој С атом е
во секој слој, секој С атом
е цврсто ковалентно
ковалентно сврзан со 4 60 C атоми се распоредени
соседни С атоми во форма на меѓусебно
поврзан со 3 соседни С
поврзани 20
атоми од истиот слој
шестоаголници и 12
четвртата врска на секој
петоаголници кои ја
С атом насочена е
покриваат површината на
тетраедерски кон горниот
топката
и долниот слој и е
најдолга
Димески Блаже
Што е разлика меѓу:

Јаглероден атом

дијамант Димески Блаже графит


Дијамантот е само парче ќумур што се нашло под голем притисок

Димески Блаже
Молекулски кристали
• Молекули – основни градбени единки
• Помеѓу нив дејствуваат слаби Фандервалсови сили или водородни
врски
• Молекулски кристални решетки градат неметалите (N2, O2, F2, Cl2, Br2,
I2, P4 – бел фосфор, CO2, H2O, нафтален, и т.н.)

I2

јод хлор бром азот

Бел фосфор
Димески Блаже
Јонски кристали

Јони – основни градбени единки правилно распоредени во просторот


Елементарните ќелии периодично се повторуваат – градејќи јонска
кристална решетка - јонски кристал
Помеѓу јоните дејствуваат јаки електростатски привлечни сили
(јонска врска)

Димески Блаже
Јонски кристали
Со бескрајно повторување на елементарната ќелија се добива
просторна кристална решетка, односно кристал

Готварска сол

Димески Блаже
Метални кристали
 Кристална состојба типична за метали

Елементарна
ќелија и кристал
на злато

Димески Блаже
Агрегатни состојби

сублимација
топење испарување

Цврста Течна Гасовита

кристализација кондензација

депозиција

*При нормални услови!


4 мај - Меѓународен ден на пожарникарите

Димески Блаже
Димески Блаже
Димески Блаже
Абе ова било лесно!!!

Димески Блаже
Твит на денот
• Кај што има чад има и ајвар

Димески Блаже
Толку

Димески Блаже

You might also like