You are on page 1of 8

Видови дисперзни

системи
1.Хомогени и хетерогени системи

 Хомогени системи: се оние кај кој нема граници меѓу одделните делови
во системот пр.шеќер и вода
 Хетерогени системи: се оние системи кај кои постои граница меѓу
одделните делови на системот пр. масло и вода
2.Дисперзни системи

 Ако во определена средина-супстанца, се распределат (диспергираат)


честички на друга супстанца се добива т.н. дисперзен систем.
 Средината во која се распределени честичките на супстанцата се вика
дисперзиона средина, а распределената супстанца се вика
диспeргирана фаза.
 Најголемо значење за хемијата имаат дисперзните системи кај кои
дисперзионата средина е течност (посебно вода), а дисперергираната
фаза е во трите агрегатни состојби.
3.Поделба

 Својствата, а особено постојаноста на ваквите дисперзни системи, зависат од


големината на честичките на диспергираната фаза.
 Според големината на честичките на диспергираната фаза, дисперзните
системи се делат на:
 Грубо дисперзни системи – суспензии и емулзии,
 Колоидни системи,
 Молекулски или вистински раствори.
4.Грубо дисперзни системи -
суспензии и емулзии
 Суспензиите и емулзиите се такви дисперзни системи кај кои пречникот на
честичките на распределената супстанца (диспергираната фаза) е со
големина над 10-6m (над 1000nm нанометри).
 Суспензиите и емулзиите се непостојани и диспергираната фаза брзо се
таложи или ако е полесна од дисперзионата средина се крева нагоре. Кога
честичките на распределената супстанца се во цврста агрегатна состојба и се
распределени во течна средина, тоа е суспензија.(Пр. матна вода( песок и
вода)
 Ако честичките на распределената супстанца се во течна агрегатна состојба
и се распределени во течност со која не се мешаат тоа е емулзија.(пр. масло
и вода)
5. Видови на грубо –дисперзни
системи
6.Колоидни системи
 Колоидните системи се такви системи, кај кои, во дисперзионата средина се
распределени честичките на диспергираната фаза што имаат пречник меѓу
10-8m до 10-7m (од 10 до 100nm).
 За да се подготви колоиден систем, диспергираната фаза во него треба да
има пречник меѓу 10 и 100nm. Таа големина на честичките на диспергитаната
фаза може да се подготви на два начина:
 Со дисперзија т.е. со намалување на честичките на грубо дисперзните системи;
 Со кондензација т.е. со покрупнување на честичките на молекулските, односно
вистинските раствори.
 Колоидниот систем во кој диспергираната фаза е во цврста агрегатна
состојба, а дисперзионата средина е течност се вика колоиден раствор или
сол (ако дисперзионата средина е вода тогаш се вика хидросол).
7.Раствори

 Вистински раствори се такви дисперзни системи кај кои пречникот на


диспергираната фаза е под 10-8m, односно под 10nm (1nm = 10-9m).
 Вистинските раствори секогаш се хомогени, еднородни системи.
 Кај вистинските раствори дисперзионата средина се вика растворувач, а
диспергираната фаза растворена супстанца.
 За раствори ќе стане збор подоцна.

You might also like