You are on page 1of 8

1.

7 Ендокрим систем и хормонална


регулација
Хормоните, заедно со нервниот систем, ги координираат
процесите во телото. Хормоните се создаваат во еднокрините
жлезди (жлезди со внатрешно лачење) и се ослободуваат во крвта
од каде што се разнесуваат низ целото тело. Хормоните се хемиски
материи и ја регулираат работата на одредени клетки или органи
во телото (целни клетки или ткива за тој хормон). Тие ги регулираат
растењето, функционирањето на телото, размножувањето,
однесувањето и слично. Зголемено или намалено создавање
хормони предизвикува многубројни заболувања.
Ендокрин систем
Ендокриниот систем ги остварува овие функции преку ендокрините
жлезди, кои се мали, но многу значајни органи што создаваат,
складираат и лачат хормони. Ендокриниот систем функционира
заедно со нервниот систем и имунолошкиот систем за да му
помогне на телото да ги совлада различните промени. Оваа гранка
од медицината, која се поврзува со изучувањето на ендокриниот
систем, се нарекува ендокринологија.
Ендокрини болести
За се да функционира нормално (односно твоето тело да работи
како целина) одредени процеси мора соодветно да функционираат:
-ендокрините жлезди мора да лачат точно количество на хормони
(ако лачат премногу или премалку тогаш доаѓа до нарушување на
рамнотежата во организмот - дисбаланс)
-преку крвотокот се пренесуваат хормоните до целните клетки и
ткива,мора да има рецепгори во ткивото (кои ја вршат својата
функција кога ќе дојдат во контакт хормоните)
-итие рецептори мораат да бидат способни да одговорат соодветно
на хормонскиот сигнал.
1.8 Систем за излачување
Излачуването е отстрануване на вишокот вода од
телото, заедно со штетните материи, отпадни
производи од метаболизмот и други материи кои се
непотребни за организмот. Под метаболизам се
подразбираат сите хемиски процеси што се
случуваат во телото.
Човековиот организам се ослободува од таквите материи претежно
преку уринарниот систем, но делумно и преку:
кожата, која содржи потни жлезди кои преку нивните канали ја
исфрлаат потта надвор на површината на кожата
белите дробови, заедно со издишаниот воздух исфрлаат и водна
пара
дигестивниот систем исфрла дел од водата преку изметот
Уринарниот систем е дел од системот за излачување. Системот за
излачување е составен од два бубрега, два мочовода, еден мочен
меур и еден мочен канал.
Бубрези
Бубрезите се наоѓаат во слабинскиот дел, помеѓу мускулите на грбот,
обложени во масно ткиво. По својата форма бубрезите потсетуваат на зрно од
грав со испакнататастрана свртена кон надвор.Внатрешната градба на
бубрегот може да се види на надотжен пресек. Поделен е на три дела: кора,
срцевина и легенче. Бубрежната кора (кортекс) е надворешниот дел во кој се
сместени бубрежните телца – нефрони. Во бубрежната срцевина (медула) има
многу цевчиња што ја собираат урината од нефроните. Цевчињата формираат
конусовидни структури наречени бубрежни пирамиди. Врвовите на овие
пирамиди се излеваат во бубрежни чашки, кои, пак, се излеваат во
бубрежнотолегенче. Оттука, урината минува низмочоводот и се собира во
мочниот меур.
Мочоводите ја спроведуваат урината од бубрезите до мочниот меур.
Урината се собира во мочниот меур.Кога тој ќе се наполни,
рецепторите што се наоѓаат во ѕидот на мочниот меур праќаат
дразби до мозокот дека треба да се испразни. Урината се исфрла во
надворешната средина прекумочниот канал (уретра).Урината е
жолпеникава течност. Се состои тлавно од вода и околу 5 %
растворени материи во неа (урса, мочна киселина, соли и сл.). Бојата
и миризбата зависат од храната нто ја јадеме и од количеството вода
што го пиеме,Ако бубрезите се оштетат, тие нема да можат правилно
да ја прочистат крвта, па во урната може да се сретнат и други
материи.Ако бубрезите престанат дафункционираат, може да дојде
до труене на крвта Тогаш крвта мора да сепрочисти вештачки со
дијализаПри дијализа, крвта се пропушта низ апарат со посебни
филтри кои ја прочистуваат и повторно ја враќаат вокрвотокот.

You might also like