You are on page 1of 6

Физиологија-2

1.Рефлекс: дефиниција, делови, примери на клинички важни рефлекси?

Иритацијата во трахеата и бронхиите предизвикува рефлекс на кашлање со цел да се исфрлат


материите кои ја предизвикале иритацијата. При присуство на иритирачки материи во носните
патишта, се одвива рефлексот на кивање. Овие два рефлекса имат иста цел: да се ослободат
дишните патишта од штетни агенси и од иритирачки честички.

Рефлекс на кашлање се состои од следниве фази:

Надразнување на рецепторите во бронхиите и трахеа

Аференти патишта (n. vagus) ги пренесуват импулсите до продолжениот мозок

Рефлексен одговор : се вдишува 2.5L воздух, епиглотисот се затвора гласните жици се припојуват
една до друга, стомачните мускули се контрахират и ја потиснуват дијафрагмата, се зголемува
притисокот во белите дробови, гласните жици и епиглотисот нагло се отворат и воздухот
експлузивно излегува надвор

Рефлекс на кивање се состои од следниве фази:

Надразнување на рецепторите во носните шуплини

Аферентните патишта(n. trigeminus) го пренесуват импулсот до продолжениот мозок

Рефлексен одговор: сличен со рефлексот на кашлање при што увулата се спушта а голема
количина на воздух излегува низ нос.

2. Мал мозок и продолжен мозок ---- функции

Мал мозок(cerebelum) сместен е во задната черепна јама, под големиот мозок. Изграден е од сива
маса (cortex cerebri),која се наоѓа во површината ,бела маса(medulla)која се наоѓа во внатрешноста
и од длабоки јадра. Неговите функции се моторни,а тоа се следниве:

1. Помага при планирање и изведување на движењата

2. Ја одржува положбата на делови од телото и целото тело прекѕ влианије на мускулниот тонус

3. Ја кординира контракцијата на повеќе мускули и на разни групи мускули ангажирани за


изведување на едно движење

4. Ја регулира јачината на мускули контракции со што влијае врз прецизноста на движењето.


3. Голем мозок, Меѓу мозок функции?

Голем мозок( telencephalon) е изграден од површна сива маса-кора(cortex) и длабока бела


маса ,medulla.Во белата маса на гоелмиот мозок се сместени моторни и сензитивни нервни
патишта (tractusi) и јадра,како што се базалните ганглини.Кортексот е составен од:сензитивен
кортекс ,моторен кортекс и асоцијативен подрачја.

Физиолошките функции се моторна функциија (планирање програмирање и контрола на волеви


движења, формирање на емоции , когниција или осознавање( внимание учење)

Меѓу мозок (diencephalon) Најголеми делови во меѓумозокот се таламус и хипоталамус. Низ


таламусот поминуват нагорни сензитивни и надолни моторни патишта , а функции на
хипоталамусот се ; регулација на работата на внатрешните органи , секреција на хормони,
регулација на телесна температура, внесот на храна и вода , создавање на нагони.

4. Мозочно стебло и рбетен мозок, градба и физиолошки функции?

Мозочно стебло е сложена структура составена од три дела (meyecephalon, pons i medulla
obllongata). Основвни физиолошки функции се :

1. вегетативни : регулација на дишење, крвен притисокциклусот сон будност , вегетативните


функции на органите на главата

2.моторни: рефлекси на голтање , кашлање, повраќање, движење на очните булбуси, мимика на


лицето и другите моторни функции на главата и лицето: oдржување на рамнотежа преку
влианијата на тонусот на флексорите и екстензорите на трупот и еккстремитетите

3.регулација на површен и длабок сензибилитет на главата и лицето

Рбетен мозок (medulla spinalis) е дел од ЦНС сместен во горните два третини од рбетниот канал .
Таа е изградена од надворешен дел, бела маса внатрешен дел и цива маса.

Физиолошките функции се рефлексни односно во MC се наоѓат рефлексни центри на многубројни


рефлекси кои овозможуват: одбрана од надворешни штетни дразби , регулација на должината
на скелетни мускули , вегетативни функции .
5. 6.Наброј ги физиолошките функциите на бубрезите
 Регулација на крвниот волумен-Оваа функција бубрезите ја извршуваат преку
механизми (во содејство со други делови од телото)со кои во дадни ситуации
водата од телото (крвта ) можат да ја штедат ,а во други ,кога потребно ,да ја
исфрлаат.
 Регулација на крвниот ритисок-Оваа функција произлегува од предходната но е
под дејство на ензимот ренин, кој се создава во бубрезите.Ренинот го активира
системот ангиотензин –алдостерон ,систем кои учествува во регулацијата на
крвниот притисок
 Регулација на pH на крвта-При интензивни метаболички процес во организмот се
создаваат вишок на кисели продукти што доведува до зголемено присуство на
вродродни јони.Овој вишок на водородни јони се елиминира преку бубрезите.

 Регулација на јонскиот состав на крвта-Бубрезите учествуваат во одржувањето на


постојана концетрациана следниве јони:натриум,калиум,калциум,хлор и фостатни
јони.
 Регулација на создавање на еритроцитите-Во бубрезите се создава хормонот
еритропотеин,кој ја стимулира синтезата на еритрцитите.
 Создавање на активна форма на витамин D-Во бубрезите исто како и во хепарот и
кожата ,се создава активната форма на витамин D.
 Исфрлање на отпадиите матери од метаболизмот на телото-како што се
уреа,вишок на билирубин ,креатинин.Преку бубрезите се исфрлаат и токсични
матери и туѓи материи како што се лекови и др.

6. Примарна урина, создавање и состав?

-Примарната урина патува низ каналчињата каде што се одвива процес на реаспорпција и на
секреција.Од создадената примарната урина,само 1% волуменски се процеира како финална
урина.Остатокот(99%) се реаспорбира повторно назад во крвта.Во почетните делови на
приксомалните каналчиња се реапсорбира над 65% од водата и јоните од примарната урина.

Во овој дел се реапсорбира гликозата.Во услови кога гликозата во плазмата се наоѓа во норални
количини ,таа со филтрација преминува во примарната урина.

Во почетните делови на проксималните каналчиња исто така се реапсорбираат и


аминокиселините.

Остатотокот на урината кој не е реасорбиран во проксималниот тубул(вода,растворени


јони,уреа)преминува во хенлеовата петелка.Овде во одредени делови повторно се одвива
реапсорпција на вода и јони.
7. Реапсорпција и секреција во бубрег и создавање на дефинитивна урина

- Реаспорпција- е процес со кои материте од филтратот кој минува низ луменот на тубулите ,преку
ѕидот на тубулите пак се внесуваат назад во крвта на ниво на перитубуларните капилари.

-Секреција- е процес при кој одредени молекули можат да се елиминират од телото така што тие
се придодаават на филтраторт во други делови на тубулите.Овој процес како и филтрација ги
носи(движи) материте кон тубуларната течност ,но тој е карактеристичен само за одредени
матери и најчесто ваквиот транспортот е можно само со специфични транспортни протеини во
мембраната на тубулуарните клетки.

8. Хормон на раст, функции (физиолошки и метаболни) ?

-Единствен од хормоните на аденохипофизата кој спаѓа во групата на општи хормони е


соматотропниот хормон(ЅТН).Овој хормон влијае врз растот на ткивата насекаде во организмот
преку зголемување на волуменот на клетките ,зголемување на нивниот број и специфично
деференцирање на некои ткива.Особено е значајно неговото дејство врз растот на коските на
скелетот и рскавиците,како и врз метаболизмот на јаглехидратите ,мастите и протеините

Метаболички ефекти на хормон на раст

 Метаболизмот на протеините-ЅТН предизвикува зголемена синтеза на протеините


насекаде во телото преку зголемување на транспортот на аминокиселините низ
клеточната мембрана,ја зголемува транскрипцијата на DNA и транслацијата RNA во
јадрото ,со што се зголемува синтезата на протеините во рибозомите,а го намалува
катаболизмот на протеините и аминокиселините.
 Метаболизмот на мастите-ЅТН предизвикува зголемена мобилизација на масните
киселини од масното ткиво :врши конверзија на МК во ацетил-коензим А ,кој потоа се
користи за енергетски цели и затоа при зголемена секреција на хормонот на раст се јавува
котоза
 Метаболизмот на јаглехидрати-ЅТН предизвикува намалено искорисување на гликозата
преку зголемено одложување на гликоген во клетките,особено во црниот дроб.Поради
ова,во крвта може да дојде до згоелмување на нивото на гликозата и до појава на
таканаречен хипофизарен дијабетес.
9. Кортизол ( жлезда, класификација, функции) ?

- Овој моќен хормон е познат како регулатор на имуниот систем. Кортизолот е катаболички
хормон, што значи дека го разградува и троши мускулот и ги намалува анаболните хормони
како инсулинот и хормонот за раст.

- Кортизол е кортикостероиден хормон или произведени од zona fasciculata на надбубрежните


кортекс, којa е дел од надбубрежните жлезди. Тоj обично се нарекува „хормон на стресот“, со
оглед на тоа што неговото ниво се зголемува при стрес и анксиозност. Влијае на зголемување на
крвниот притисок и шеќерот во крвта и го намалува имунитетот. Разни синтетички форми на
кортизол се користат за лекување на различни болести.

Кортизолот предизвикува зголемување на:

Синтеза на јаглехидрати од липидните и протеинските резерви

Нивото на глукоза во крвта

Оксидацијата на глукозата.

10. Инсулин и глукагон?

-Инсулин е мал протеин цо молекула маса од 5808 Д .Составен е од две аминокиселински вериги
меѓусебно поврзани со дислуфидни мостови

-Синтезата на инсулинот се одвива во рибозомите на ендоплазматискиот ретикулум во бета-


клетките на панкреасот.

-Инсулинот го остварува своето дејство врз целните клетки во организмот ,верувајќи се за


специфичен мемрански рецептор ,што е сложен гликопротеин со молекулска маса од 300.000Д.

-Инсулинскиот рецептор е изграден од четири (2 алфа и 2 бета )субединици,поврзани со


дисулифидни мостови.

Глукагон

Глукагон е хормон на алфа-клетиките на панкреасот.По својата структура ,тој е голем полипептид


составен од 29 аминокиселини со молекула маса од 3485 D.

-За разлика од инсулинот ,глукагонот е хормон со силно хиперликемично дејство,што го остварува


преку следниве механизми:

 Стимулација на процесот на гликогенолиза во црниот дров


(разградување на гликогенот во црниот дроб)
 Стимулација на процесот на гликонеогенезата во црниот дроб.
Глукагонот го стимулира и процесот на гликогенезата ,односно го зголемува преземањето
на аминокиселините од крвта во хепатоцитите,и нивната понатамошната конверзија во
гликоза.

11.Тиродини хормони?

- Штитната жлезда (тироидна жлезда) е најголема ендокрина жлезда (жлезда со внатрешно


лачење) во човековиот организам. Се наоѓа на предната страна во вратниот регион и е подвижна
при голтање.
Кај здрава индивидуа тежината изнесува 18-22 g.

- Тироидната жлезда ги лачи хормоните T3 (тријод тиронин) и T4 (тироксин), кој го регулираат


метаболизмот во клетките на сите ткива во нашиот организам. Во крвта тироидните хормони се
јавуваат во слободен облик, како fT3 и fT4 и се врзани за транспортните протеини, тироксин –
врзувачки глобулин, преалбумин и албумин.

Околу 0,3% од вкупниот Т3 циркулира kako fT3 и околу 0,04 како fT4. Овие форми се биолошки
активни.

Излачувањето на хормоните од штитната жлезда е под влијание на TSH (тиреостилуматорен


хормон) кој го лачи хипофизата.

Хормоните на тироидната жлезда влијаат на раст и созревање, ја контролираат нашата


терморегулација и синтеза на протеини како и разградувањето на мастите. Тироидните хормони
имаат клучна улога во развојот на нервниот систем, ја зголемуваат осетливоста на различни
стимулуси, влијаат на чувството на глад, памтење и способност за учење како и на нормалниот
емоционален тонус. Исто така имаат важна улога во репродукцијата на мажите и жените и на
одржување на нормална бременост. Влијае на растот и развојот на мозокот во феталниот период
и во периодот на првите години во животот.

You might also like