You are on page 1of 18

КЛЕТОЧЕН ЦИКЛУС (ИНТЕРФАЗА, ДЕЛБА НА КЛЕТКА)

1.Како е поделен клеточниот циклус?

Поделен е на два дела: интерфаза и делба на клетката затоа што опфаќа два важни
процеса: репликација на ДНА и делба на хромозомите.

2.Од што се состои делбата на една клетка?

Создавање на нови клетки се одвива со делба на клетка која опфаќа 2 процеси:

•делба на јадро (митоза,мејоза) и амитоза

•делба на цитоплазма

3.Што е интерфаза?

Интерфазата претставува подготвителна фаза на клетката за делење, во која се


одвиваат процеси на молекулско ниво. Во јадрото и цитоплазмата се одвиваат важни
процеси на синтеза на протеините, RNA и DNA, a со тоа и структурна репликација на
хромозомите, кои имаат примарно значење за делбата на клетката. Интерфазата
според синтетичките процеси што ја карактеризираат се дели на три периода:

 Претсинтетичка или G1 период (најдолго трае) - најдолг период во кој се врши


синтеза на РНК,протеини и други соединенија т.н. период на растење.
 Период на синтеза на ДНА или Ѕ период - синтеза или репликација на ДНК при
што еднохроматидни хромозоми поминуваат во двохроматидни хромозоми.
 Постсинтетичка или G2 период -продолжува синтеза на протеини,РНК,АТФ што
обезбедува Е потребна за делба на клетката и др.

4.Во G1-период што се синтетизира?

Претсинтетичкиот период е најдолг бидејќи почнува веднаш по претходната делба на


клетката. Тоа е период кога се врши интензивна синтеза на RNA, протеини и други
соединенија важни за растење на клетката, па затоа се нарекува и период на клеточно
растење.

5.Кога се одвива репликација?

Репликацијта се одвива во Ѕ период или периодот на синтеза на ДНК. По клеточното


растење во G1, доаѓа периодот на синтеза на DNA. Co синтезата (репликацијата) на
DNA, всушност, се врши и структурна репликација на хромозомите. Бидејќи
количеството на DNA ce удвојува, во овој период, фактички доаѓа до преминување на
хромозомите од еднохромтидни во двохроматидни структури. Ваквите промени во
овој период претставуваат фактор кој одредува дали ќе има или ќе нема делба на
клетката.
6.Зошто се одвива репликацијата?

За да се одреди дали ќе има или ќе нема делба на клетката.

7.Што се синтетизира во G2-период?

синтеза на протеини,РНК,АТФ што обезбедува Е потребна за делба на клетката и др.

8.Во што е значењето на делењето на клетката?

Секоја клетка било да е дел од многуклеточен организам или претставува самата


едноклеточен организам потекнува само од претходна клетка. Создавањето на новите
клетки се одвива со делба на клетката која опфаќа два процеса:

 делба на јадрото (кариокинеза)


 делба на цитоплазмата (цитокинеза).

Овие два процеса обично се синхронизирани и временски тесно поврзани. По


завршената делба на јадрото следува делба на цитоплазмата. На тој начин двете
новосоздадени клетки добиваат по едно јадро.

ДЕЛБА НА КЛЕТКА
1.Наброј ги видовите на делби на клетката!

а) кариокинеза –делба на јадро; цитокинеза – делба на цитоплазма

б) митоза,мејоза и амитоза

2.Кои клетки се делат со митоза?

Името митоза често се употребува како синоним за клеточната делба. Меѓутоа


митозата означува само делба на јадрото. Митозата главно се врши во телесните
(соматските) клетки. Името потекнува од грчкиот збор mitos = конец. Бидејќи во оваа
делба јасно е видлива фибриларната структура на хромозомите. Биолошката смисла
на митозата се состои во рамномернота распределба на наследниот материјал што се
содржи во хромозомите на двете новодобиени јадра. Митозата може да се смета како
крајна микроскопски видлива фаза на делење на реплицираните хромозоми. За да ги
проучиме фазите низ кои минува јадрото во делбениот процес е потребно да ги
проучиме промените. т.е. однесувањето на хромозомите, а преку нив ги согледуваме
промените што се одвиваат во јадрото.

3.Наброј ги фазите во кариокинеза!

•1 фаза ПРОФАЗА- се зголемува јадрото, хромозомите се од тенки и издолжени


нишки.Јадренце и јадрена мембрана исчезнуваат.Се создава делбено вретено (од
поларни и хромозомски микротубули).
•2фаза-МЕТАФАЗА-хромозомите се најскусени и спирализирани,морфолошки
различни и во одреден број, изградени од две хроматиди и подредени во
екваторијалната рамнина.

•3 фаза АНАФАЗА – хромозомите се делат на две хроматиди и се упатуваат кон


спротивниот пол при што се троши енергија (АТФ).

•4 фаза ТЕЛОФАЗА – хромозомите доаѓаат на спротивните пола од делбеното вретено


во еднаков број(ист број како во мајката клетка),се регенерира јадрената мембрана и
јадренцето и се добиваат две нови јадра.

4.Опиши ги промените кои се случуваат во профаза!

Профазата почнува со зголемување па обемот на јадрото. Во оваа фаза настануваат


коренити промени во преструктуирањето на клетката. Како резултат на
спирализацијата настанува кондензација и скусување на хромозомите. Раната профаза
се карактеризира по тоа што хромозомите имаат облик на тенки и издолжени т.е.
слабо спирализирани нишки, расфрлани низ целата внатрешност на јадрото. Во
натамошннот тек на профазата тие постепено се спирализираат добивајќи облик на
компактна структура, што им овозможува полесно движење во наредните
фазa.Профазата завршува кога со фрагментирање н дисоцирање исчезнуваат јадрената
мембрана и јадренцето, со создавање на делбеното вретено (митотичен апарат) и
појава на матрикс на хромозомите. Делбеното вретено е изградено од два вида влакна
кои имаат микротубуларна природа, односно претставуваат снопчиња од околу 400
микротубули. Едни се поларни, бидејќи излегуваат од двата пола, а се простираат кон
средината на делбеното вретено каде се спојуваат. Се смета дека имаат функција на
скелетни структури. Другите се хромозомски кои имаат важна улога бидејќи се
врзуваат за центромерот на хромозомите н овозможуваат правилно движење на
хроматидите кон половите во анафазата. Во животинските клетки, како и кај некои од
нижите растенија во митотичниот апарат се наоѓаат и центриоли со астрални
микротубули.

5.Објасни ги промените во метафаза!

Метафазата се препознава по тоа што хромозомите се крајно спирализирани и


најскусени поради што индивидуално морфолошки добро се разликуваат. Во оваа
фаза, освен утврдување на бројот на хромозомите, може да се забележи дека секој
хромозом е изграден од две хроматиди. Најчесто се распоредени во средината на
клетката на т.н. екваторијална рамнина, поврзани за нишките на делбеното вретено со
центромерот.

6.Што се случува во анафаза?


Кога хромозомите ќе се поделат надолжно при што двете хроматиди се одвојуваат
започнува анафазата. Како секоја хроматида или новодобиените еднохроматидни
хромозоми се поврзани со нишките на делбеното вретено тие постепено се движат
кон двата спротивни пола. Во една клетка сите хромозоми во анафаза се движат
синхронизирано. со центромерот напред. Анафазното движење ха хромозомите е
придружено со трошење енергија што се добива од АТР-соединението што се наоѓа во
микротубулите.

7.Кога се добиваат две јадра во една клетка?

Во телофазата, хромозомите доаѓаат на спротивните пола од делбеното вретено во


еднаков број(ист број како во мајката клетка),се регенерира јадрената мембрана и
јадренцето и се добиваат две нови јадра.

8.Што е цитокинеза и дали е иста во растителна и животинска клетка?

Делба на цитоплазма,се одвива на различен начин кај животинска и растителна


клетка.

9.Како се дели цитоплазмата кај животинска клетка?

Стеснување на клеточната мембрана од двете спротивни страни на клетката и на


крајот на делбата вдлабнатите делови наполно се поврзуваат и создаваат преграда од
цитоплазматична мембрана меѓу двете новосоздадени клетки.

10.Опиши ја цитокинезата кај растителна клетка!

Поради клеточниот sид се врши на следниот начин:

Со учество на делбеното вретено се создава структура во форма на буренцет.н.


фрагмопласт.Од елементите на Ендоплазматичен ретикулум и везикули на Голџи
систем во екваторијалната рамнина на фрагмопластот се создава клеточна плоча која
се шири кон клеточните sидови на клетката мајка односно се создава средна ламела
која ги дели новоформираните клетки, а потоа секоја цитоплазма во новите клетки
создава свој клеточен sид.На ваков начин цитоплазмата се дели во двете
новосоздадени кл.

11.Мејозата како сложена делба кои делби ги опфаќа?

Мејозата е сложена делба која опфаќа 2 делби Мејоза 1 и Мејоза 2 и една


интерфаза;ги содржи истите фази како и Митоза само обележани со индекс 1 и индекс
2.

Мејоза 1 – профаза 1

Мејоза 2 – профаза 2
12.Кои се сличности меѓу Митоза и Мејоза?

Мејозата, како и митозата е долга и посложена континуирана делба. Самиот процес на


мејоза опфаќа две делби означени како мејоза-1 и 2, во текот на кои само еднаш се
реплицира DNA, односно придружени се со едно структурно удвојување на
хромозомите во предмејотската интерфаза. Секоја од двете мејотични делби се
карактеризираат co свои фази, истите фази како при литозата, само што се означуваат
со индекс (1) фазите на првата дeлба и со индекс (2) фазите од втората делба.

13.Кои се стадиуми во профаза 1?

 Лептотен –започнува формирање на хромозомски нишки со задебелувања


хромомери.
 Зиготен –спарување на хомологни хромозоми и формирање на биваленти.
 Пахитен – секој хромозом составен од две сестрински хроматиди,а секој
бивалент од 4 хроматиди. Преку Crossing-over се врши рекомбинација на
наследен материјал на родителските особини.
 Диплотен –одделување на хромозомите во бивалентите,но не целосно и истите
остануваат поврзани на одделни места наречени хијазми преку кои се врши
Crossing-over.
 Дијакинеза-многу спирализирани хромозоми покуси биваленти,намален број
на хијазми;раскинување на јадрената мембрана,исчезнување на јадренцето и
формирање на делбено вретено.
 Метафаза 1-прикачување на хромозомите од бивалентите преку центромерот
за нишките на делбеното вретено и подредување во екваторијалната
рамнина,потоа раскинување на последните хијазми и ослободување на
хромозомите составени од две хроматиди.
 Анафаза 1 – се движат цели хромозоми кон половите на делбеното вретено во
хаплоиден број.
 Телофаза 1 – се формираат две јадра со хаплоиден број на хромозоми
изградени од две хроматиди, а потоа се добиваат и две клетки.

14.Кога и како се одвива Кросинг-оверот?

Во пахитенот, меѓу спарените хомологни хромозоми доаѓа до реципрочна замена на


хромозомскиот сегмент всушност Кросинг оверот. При овој процес се случува
најважната мејотска промена - рекомбинација на родителските особини.

15.Што се биваленти и што се случува во Метафаза1?

Биваленти се хромозоми изградени од 2 хроматиди. Се случува прикачување на


хромозомите од бивалентите преку центромерот за нишките на делбеното вретено и
подредување во екваторијалната рамнина,потоа раскинување на последните хијазми
и ослободување на хромозомите составени од две хроматиди.
16.Во која фаза се добива хаплоиден број на хромозоми?

Во телофаза 1.

17.Што се формира во телофаза 1?

Се формираат две јадра со хаплоиден број на хромозоми изградени од две хроматиди,


а потоа се добиваат и две клетки.

18.Од што се состои Мејоза 2?

•метафаза 2

• телофаза 2

•анафаза 2

19.Кои промени се одвиваат во Анафаза 2?

Хромозомите се делат по должина на две хроматиди и се добиваат 4 јадра со


хаплоиден број на еднохроматидни хромозоми,а потоа и 4( полови)клетки.Тоа значи
одржување на константен број на хромозоми кај единките од еден вид низ генерации.

20.Кои клетки се делат со Мејоза?

Половите

21.Што се добива во сперматогенезата со мејотична делба?

 Кај машкиот пол на крај се добиваат 4 полови клетки –сперматозоиди,


 Кај женскиот пол се добиваат 4 клетки од кои 3 клетки изумираат,а само една
се развива во јајце клетка.Со оваа делба се одржува константен број на
хромозомите и особините на видот низ генерации.

22.Што се добива при оогенеза со мејотична делба?

кај женскиот пол се добиваат 4 клетки од  кои 3 клетки изумираат,а само една се
развива во јајце клетка.Со оваа делба се одржува константен број на хромозомите  и
особините на видот низ генерации.

23.Што е амитоза и каде е застапена оваа делба?

Амитозата претставува директна делба на јадрото, која за разлика од митозата, се


врши кога јадрото е во интерфаза, односно јадрото ја зачувува интерфазната
морфологија. Значи јадрото не менувајќи ја својата структура (не образува делбено
вретено, не е фрагментирана јадрената мембрана, постои јадренце) се дели на два
или повеќе речиси еднакви делови.

24.Објасни ја делбата кај амебата!


НЕНАСЛЕДНА ФЕНОТИПСКА МЕНЛИВОСТ
1.Во што е значењето на менливоста?

Менливоста е еден од најважните фактори на еволуцијата,што се јавува како причина


за разновидноста во живата природа.

2.Кои се видови на менливост?

Кај живите организми може да се појават:

 ненаследна (фенотипска) менливост или модификација


 наследна (генотипска) менливост или мутација

3.Што подразбираме под ненаследна менливост?

Во ненаследна менливост спаѓаат промените кои се јавуваат во текот на


индивидуалниот развиток на организмите под влијание на факторите на животната
средина кои при половото размножување не се пренесуваат на потомството.Во
животната средина организмите се изложени на взаемни дејства од различни
еколошки фактори поради што гените можат да се појават на различен
начин.Менливоста која се јавува во рамките на нормата на реакција на наследниот
потенцијал,а во зависност од условите на надворешната средина е наречена
модификација. Модификациите се повратни бидејќи може да исчезнат ако факторот
што ги предизвикал престане да дејствува.Модификациите имаат масовен карактер
бидејќи сите единки од еден вид под влијание на факторите во средината се менуваат
на ист начин.

Пр. На пролет кај многу животни должината на денот доведува до зголемување на


активноста на половите жлезди и менување на надворешниот изглед се со цел да се
постигне зголемена репродукција.

4.Што е модификација?

Менливоста која се јавува во рамките на нормата на реакција на наследниот


потенцијал,а во зависност од условите на надворешната средина е наречена
модификација.

5.Дали модификациите се повратни(објасни)?

Модификациите се повратни бидејќи може да исчезнат ако факторот што ги


предизвикал престане да дејствува.Модификациите имаат масовен карактер бидејќи
сите единки од еден вид под влијание на факторите во средината се менуваат на ист
начин.

6.Зошто настанува митарење на пердуви?

На есен митарењето на пердувите и крзното доведува до зголемување на поткожни


масни резерви.

7.Објасни го примерот со снежната кокошка!

Cнежната кокошка која живее во области со долги снежни зими и со кратки лета без
снег.За време на снежниот период нејзините пердуви се наполно бели,а по топењето
на снегот пердувите добиваат слична боја на околната животна средина.Ист генотип
по влијание на надворешните фактори покажува различна обоеност на телото како
нужно приспособување за да опстане видот.

8.Објасни го примерот со воденото лутиче!

Воденото лутиче над површината на водата има нормални листови,а во водена


средина листовите се со кончест облик.

9.Во што е значењето на модификацијата?

•обезбедува поголема можност за преживување при промена на условите на


средината

•единките оставаат поголемо потомство

•човекот ги искористува во одгледување на растенија и животни


НАСЛЕДНА ГЕНОТИПСКА МЕНЛИВОСТ
1.Што е генотипска менливост?

Промени во наследниот материјал(генотипот) кои може да се пренесуваат т.е.


наследуваат низ повеќе генерации

2.Кои се механизмите на генотипска менливост?

Според механизмите кои довеле до генотипска менливост може да биде:

•рекомбинативна (комбинаторна) менливост – рекомбинација на гените меѓу


хомологните хромозоми преку Crossing-over во мејозата при создавање на полови
клетки.

•мутациона менливост (мутации) промени во генетскиот материјал под влијание на


фактори на животната средина кои се задржуваат во наредните генерации

3.Какви промени доведуваат до мутации?

•промени во бројот на хромозоми(еуплоидии и анеуплоидии)

•промени во структура на хромозомите (хромозомски аберации)

•промени во гените или генски мутации

4.Што е геномска мутација и еуплоидија (полиплоидија)?

Промени во бројот на хромозоми (геномски мутации), поради неправилност при


делбата може да дојде до зголемување на цели хромозомски гарнитури во половите
клетки тоа е полиплоидија (еуплоидија).

Пр. n + 2n = 3n триплоидија

2n + 2n = 4n тетраплоидија

5.Што е анеуплоидија и кога настанува?

Може да дојде до зголемување или намалување на одделни хромозоми тоа е


анеуплоидија поради неправилност во митоза или мејоза.

Пр.2n - 2 = нулисомија 2n – 1 = моносомија

2n + 1 = трисомија 2n+ 2 = тетрасомија

6.Какви може да бидат промените во структурата на хромозомите?


Интрахромозомски (внатре во 1 хромозом) промени и интерхромозомски промени
(меѓу 2 хромозоми)

7.Кои се видови на интрахромозомски промени?

•делеции (губење на одделен сегмент на хромозомот)

•дупликација(хромозомски сегмент застапен повеќе од 1)

•инверзија (одреден сегмент во хромозомот е во обратна позиција за 180 степени)

8.Кои се видови на интерхромозомски промени?

•транслокација (размена на сегменти меѓу два нехомологни хромозома)

•фузија - е посебен вид на транслокација при која доаѓа до соединување на два


хромозоми во еден ( гените остануваат,не се менува наследниот материјал)

9.Како се одвива транслокацијата?

Транслокацијата претставува хромозомска аберација што се јавува како резултат на


размена на сегменти меѓу два нехомологни хрoмозома. Оваа размена, од своја страна,
може да биде проста или реципрочна и да се јавува во хомозиготна или хетерозиготна
состојба. Всушност, на овој начин одредени гени се транслоцираат т.е. префрлуваат на
сосема друг нехoмологен хромозом и притоа се вклопуваат во друга сврзана група. Од
ова, пак, може да се коистатира дека главниот генетски ефект на транслокациите е во
менувањето на групи.

10.Што е фузија?

Фузија на најчесто два хомологни хромозома во еден хромозом престтавува посебен


вид на транслокација (гените остануваат, не се менува наследниот материјал)

11.Какви може да бидат причините за генски мутации?

Сврзани со промена на примарната структура на ДНК тие промени може да бидат: во


една база, редослед на нуклеотиди или генски код за една аминокиселина.

12.Што е српеста анемија?

Наместо глутаминска киселина се врзува валин и се јавува српеста анемија

13.Што се спонтани мутации?

Промени во наследниот материјал кои настанале неочекувано без познати причини,


спонтано во природни услови.
14.Кои фактори може да предизвикаат мутации?

Индуцирани (предизвикани)-настанале под дејство на мутагените фактори и може да


бидат:

•хемиски мутагени агенси ( акридински бои,уретан,теобромин,кофеин,никотин и


лекови).

•физички мутагени агенси (УВ-зраци,Х – зраци и радиоактивни зраци)

Мејоза

Мејозата е редукциона делба ( бројот на хромозомите се преполовува – се сведува на


половина ) која се случува само кај одреден вид на клетки.
Мејозата се одвива во тек на гаметогенезата кај животните и човекот при што се
формираат полови клетки – гамети и кај спорогенезата кај растенијата при што се
формираат спори.
Во процесот мејоза од едно диплоидно јадро настануваат 4 хаплоидни јадра кои меѓу
себе се генетски различни.
Мејозата опфаќа две последователни делби: мејоза1 и мејоза2 а пред делбите има
само една подготовка – интерфаза каде настанува репликација на ДНК. Со
репликацијата на ДНК хромозомите од еднохроматидни постануваат двохроматидни.
Гаметогенезата во хуманата популација кај машките единки се обележува како
сперматогенеза каде добиените јадра ( сите четири ) се способни за оплодување а кај
женските единки се вика оогенеза каде од добиените 4 јадра 3 пропаѓаат ( полоцити )
а само едно е способно за оплодување – јајце клетка.

Мејоза1 опфаќа 4 стадиуми: профаза1, метафаза1, анафаза1 и телофаза1. Од овие


стадиуми најдолг стадиум е профаза1 која има 5 периоди: лептотен, зиготен, пахитен,
диполотен и дијакинеза.
Во профаза1 се одвиваат следниве промени: постепена спирализација на
хромозомите, коњугација - спарување на хомологните хромозоми и формирање на
биваленти, размена на наследниот материјал меѓу бивалентите – кросинг овер,
формирање на делбен апарат и губење на јадрената мембрана и јадренцето.
Во метафаза1 хромозомите се максимално спирализирани и подредени во
екваторијалната рамнина.
Во анафаза1 хромозомите со центромерите се движат кон спротивните полови.
Во телофаза1 се добиваат две јадра- дијади кои се со хаплоиден број на хромозоми но
имаат по две хроматиди.
Потоа следи мејоза 2 која е идентична со митозата.
Профаза 2 – Трае кратко, хромозомите се спирализираат и се со 2 хроматиди.
Метафаза2 – Максимална спирализација на хромозомите, тие се во екваторијалната
рамнина.
Анафаза 2 – Се дели центромерот од секој хромозом, се оделуваат хроматидите и се
движат кон спротивните полови на клетката.
Телофаза 2 – Хромозомите се издолжуваат и деспирализираат, хромозомите се
еднохроматидни, се регенерира јадрената мембрана и јадренцето.
На крајот од мејоза 2 се добиваат 4 јадра – клетки ( тетради ) со хаплоиден број на
хромозоми кои се еднохроматидни.

РАСТИТЕЛНИ ТКИВА
1. Дефинирај го поимот ,,histologija,,!
Поимот хистологија произлегува од грчките зборови histos што значи ткиво и logos
што значи наука. Оттука, хистологијата е наука која се занимава со изучување на
морфолошките, функционалните и еволутивните правила на ткивата.
2. Што претставуваат растителните ткива?
Растителните клетки претставуваат групи на клетки кои имаат едно исто потекло,
иста надворешна и внатрешна градба, и извршуваат иста функција. Оваа функција е
најважната особеност на клетките од едно ткиво.
3. Објасни како се развивале (еволуирале) растителните ткива кај одделни
групи на растенија!
Ткивата кај семените растенија, особено скриеносемените, имаат достигнато
целосен еволутивен развиток; поради ова се проучуваат како најсовршени ткива.
Исто така, алгите имаат голема диференцијација на ткивата.
Кај габите и лишаите се создале издолжени клетки, наречени хифи, што се
испреплеткуваат и образуваат маса од клетки што е адекватна на ткиво, наречена
плектенхим.
Додека габите и лишаите имаат плектенхим, едноклеточните организми го немаат.
4. Како се класифицирани растителните ткива и врз основа на која
способност?
Ткивата се класифицираат на две групи според морфолошки и физиолошки
карактеристики. Тие се делат на две групи: меристемски (творни) ткива и трајни
(диференцирани) ткива.
5. Што значи меристемско ткиво и како е поделено?
Поимот меристемско потекнува од грчкиот збор meristos кој значи „се дели“. Овие
ткива се нарекуваат и творни бидејќи од меристемското ткиво се добиваат сите
други ткива. Клетките на ова ткиво имаат способност да се делат и да
нарастуваат. Тие имаат и способност самостојно да се обновуваат бидејќи не
сите клетки кои се добиени со оваа делба понатаму се диференцираат во трајни
ткива. Клетките кои остануваат во меристемска состојба се нарекуваат
иницијални, а клетките кои се добиваат со нивна делба се производ на
иницијалните клетки. Клетките во меристемското ткиво се делат преку митоза.
Меристемските ткива се разликуваат според нивното потекло, односо според
времето на нивно образување, па се делат на примарни и секундарни меристемски
ткива.
6. Кои се видови на примарно меристемско ткиво?
Примарните меристемски ткива уште се нарекуваат првични творни ткива.
Примарните меристемски ткива се формираат од ембрионални ткива кои се
создаваат со делење на зиготот. Овие ткива се делат според нивната местоположба
на:
- врвен (апикален) меристем – ткиво кое се задржува на главните и
страничните оски на стелото и коренот
- вметнат (интеркаларен) меристем – меристем кој се наоѓа во нодиумите
(коленцата) на стеблото
- страничен (латерален) меристем – ткиво кое е сместено странично
(паралелно на главната оска на органот во кој се наоѓа). Во овие ткива спаѓа
и перициклот кој има облик на прстен.
7. Кои се видови на секундарно меристемско ткиво?
Секундарните меристемски ткива потекнуваат од клетките на трајни ткива кои
добиле способност за делење. Тие, секундарно, се реактивирале во активни
меристеми. Според положбата, секундарните меристемски ткива се секогаш
странични (латерални).
Поважни видови меристемско ткиво се камбиумот и фелогенот.
Камбиумот уште се нарекува камбијален прстен поради неговата форма. Тој се
наоѓа помеѓу дрвесината (ксилемот) и кората (флоемот). Со неговата активност се
создаваат секундарни кора и дрво.
Фелогенот или корковиот камбиум го формира секундарното кожно ткиво –
перидермот. Во стеблото, најчесто, тој се создава од паренхимскиот
субепидермален слој. Со секундарно меристематизирање и делење на
паренхимските клетки се создава калусно ткиво. Овој секундарен меристем се
нарекува меристем на рани или трауматичен меристем.
8. Што е камбиум и што создава?
Камбиумот уште се нарекува камбијален прстен поради неговата форма. Тој се
наоѓа помеѓу дрвесината (ксилемот) и кората (флоемот). Со неговата активност се
создаваат секундарни кора и дрво.
9. Што е перидерм и кој го формира?
Перидермот претставува секундарно кожно ткиво. Тој е создаден од фелогенот,
односно корковиот камбиум. Во стеблото, најчесто, тој се создава од
паренхимскиот субепидермален слој.
10. Кој е улогата на калусното ткиво, а која на регенерационен меристем?
Калусното ткиво се создава при секундарно меристематизирање и делење на
паренхимските клетки. Тоа ја покрива раната настаната при повреда. Поради ова,
овој секундарен меристем уште се нарекува меристем на рани или трауматичен
меристем.
Овој секундарен меристем, кај некои растенија, може да се добио од епидермисот,
од кој се регенерира целото растение. Оттука произлегува името регенерационен
меристем.
11. Кои се трајни ткива и како се класифицирани?
Трајните ткива се диференцираат од меристемските клетки откако тие ќе поминат
низ низа морфолошки и функционални промени. Поради овие промени, тие имаат
способност да извршуваат конкретни функции со кои се овозможува нормално
одвивање на животните процеси во растенијата.
Трајни ткива се паренхимските, покривните (заштитните), механичките,
спроводните и жлездните ткива (ткива за лачење).
Според потеклото, трајните ткива можат да бидат примарни или секундарни.
Примарните се создаваат од примарни меристемски ткива, додека секундарните
се создаваат од секундарен меристем.
12. Кои се карактеристики на паренхимското ткиво?
Паренхимските ткива се најзастапени и најстари ткива. Тие ја исполнуваат
внатрешноста на секој орган и во нив се сместени сите други ткива. Клетките на
паренхимските ткива се живи со меѓуклеточен простор. Имаат малку цитоплазма,
тенки клеточни ѕидови и содржат големи вакуоли. Ова ткиво најлесно се активира
во секундарниот меристем.
13. Наброј ги видовите на паренхимско ткиво според нивната функција!
Според функцијата разликуваме 7 вида паренхумско ткиво.
1) основен паренхим – основно градбени ткиво во растението и ги исполнува
растителните орани. Најчесто има резервна функција. Изградено е од
изодијаметрични, издолжени клетки.
2) паренхим за складирање – најзастапен е во семето, плодовите и
метаморфозирани органи. Сместувањето на резервните материи се врши
само во живи клетки. Според видот на складирани материи, може да биде:
- шеќерен (скробен)
- маслен (маслоносен)
- протеински (белковински)
- воден (водоносен)
3) паренхим за фотосинтеза – основна функција му е да извршува
фотосинтеза. Клетките во ова ткиво се густо збиени, цилиндрични и богати
со хлоропласти поради што уште се нарекува хлоренхим. Кај листовите, ова
ткиво е диференцирано на палисадно и сунѓерливо паренхимско ткиво.
4) спроводен паренхим – составен од издолжени паренхимски клетки кои се
меѓусебно поврзани. Тие учествуваат во пренесувањето на растворените,
хранливи материи на мали растојанија. Особено е важен за листовите во
пренесување на продуктите на фотосинтеза.
5) апсорпционен паренхим – специјализирано ткиво за апсорпција на вода и
растворените материи (минерални соли). Составено е од издолжени клетки
со продолжетоци и тенки клеточни ѕидови.
6) аеренхим – паренхимско ткиво со големи меѓуклеточни простори во кои
циркулира и се складира воздухот.
7) транспирационен паренхим – сунѓересто ткиво кое служи за транспирација.
Содржи овални или округли клетки со големи интерцелулари низ кои може
да циркулираат гасови и водена пареа во мезофилот.
14. Како се поделени покривните ткива?
Покривните ткива се создале поради преминот на растенијата од водите кон суво.
Служат за заштита на ткивата од механички повреди, прекумерно греење и
испарување итн. Тие се вид кожа на растенијата. Според потеклото и
местоположбата на ткивото разликуваме три вида покривно ткиво:
1) примарно покривно (кожно) ткиво (епидермис)
2) секундарно покривно ткиво (перидермис)
3) терциерно покривно ткиво (мртва кора)
15. Како е изграден епидермисот?
Поимот епидермис потекнува од грчките зборови epi што значи озгора и derma што
значи кожа. Епидермисот е примарно покривно ткиво; се создава од врвното
меристемско ткиво преку диференцирање на клетките од површинскиот слој. Има
способност за транспирација и размена на гасови. Епидермисот е сложено ткиво
кое е составено од основни епидермални клетки, трихромски клетки и стомини
клетки. Епидермалните клетки се густо збиени и имаат запци со кои налегнуваат
едни во други. Врз надворешните клеточни ѕидови на клетките се образува слој
наречен кутикула. Трихромите се влакна со заштитна функција. Епидермисот има
две високо специјализирани клетки со хлоропласти т.н. стоми.
16. Како е изграден перидермисот?
Поимот перидермис потекнува од грчките зборови peri што значи „во круг“и derma
што значи кожа. Перидермисот е секундарно кожно ткиво кое настанува од
активноста на секундарното меристемско ткиво – фелоген. Тој ги заштитува
стеблата и корењето на растенијата. Перидермисот е составен од густо збиени,
издолжени клетки во неколку реда кои секундарно се задебелуваат. Ова ткиво е
помалку пропустливо од епидермисот, па создава лантицели (леќички) кои се
постојано отворени отвори на стеблото, изградени од растресит паренхим. Тие
овозможуваат размена на гасови и транспирација.
17. Што е мртва кора?
Мртвата кора е терциерно покривно ткиво. Се создава кај голем дел од
многугодишните дрвенести растенија, кај кои фелогенот се создава повеќепати.
Создаден е од изумрени површински клетки. Служи за заштита од сушење и од
животни. Кај некои растенија, слоевите од мртва кора се цврсто сврзани, па таа
кора е дебела и неотпадна. Може да биде мазна или напукната и рапава.
18. Што се стоми и лентицели?
Стомите се создаваат во епидермисот, особено во листовите од две мошне
специјализирани стомни клетки. Овие клетки создаваат отвор во стомата –
остиолум. Стомите служат за регулирање и размена на гасовите, како и
транспирација. Тие содржат хлоропласи.
Лентицелите се создаваат во перидермисот. Ова ткиво е помалку пропустливо од
епидермисот, па создава лантицели (леќички) кои се постојано отворени отвори на
стеблото, изградени од растресит паренхим. Тие овозможуваат размена на гасови и
транспирација.

1. дефинирај го поимот histologia


histos - ткиво
logos – наука

2. што претставуваат растителните ткива?


Растителните ткива се групи од клетки кои имаат исто потекло, иста надворешна и
внатрешна градба и извршуваат иста функција.
3. објасни како се развивале – еволуирале растителните ткива кај одделни групи на
растенија
пример кај габите и лишаите се создале издолжени клетки-хифи што се
испреплеткувааѕ и образуваат маса од клетки што е адекватна на ткиво, наречено
плектенхим.

4. како се класифицирани растителните ткива и врз основа на која способност?


Ткивата на скриеносемените семиња како најсовршени според мморфолошките и
физиолошките карактеристики се делат на: меристемски (творни) или трајни
(диференцирани) ткива.

5. што значи меристемско ткиво и како е поделено?


Грчки збор meristos- се дели, односно значи способност на нивните клетки да се делат
и да нарастуваат. Се делат според време на образување: примарни и секундарни
ткива.

6. кои се видови на примарно меристемско ткиво?


 Врвни или апикални меристемски ткива
 вметнати или интеркаларни меристемски ткива
 странични или латерални меристемски ткива

7. кои се видови на секундарно меристемско ткиво?


 Камбиум
 фелоген (корков камбиум)

8. што е камбиум и што создава?


Камбиумот и во коренот и во стеблото се наоѓа меѓу дрвесината (ксилем) и кората
(флоем) во облик на прстен, па затоа се нарекува камбијален прстен. Со активноста на
камбиумот внатрешно се создааат ткивата на секундарното дрво и ткивата на
секундарната кора-надворешно.

9. што е перидерм и кој го формира?


Перидерм е секундарното кожно ткиво е создаден од фелогенот. Во стеблото најчесто
фелогенот се создава од паренхимскиот субепидермален слој.

10. која е улогата на калусното ткиво, а која на регенерационен меристем?


При механички повреди, паренхимиските клетки околу раната, секундарно се
меристематизираат и со нивно делење се создава маса на паренхемски клетки или
калусно ткиво со кое се покрива раната.
Кај некои растенија секундарен меристем може да се добие и од епидермис, од кој се
регенерира цело растение и затоа е наречен регенерационен меристем.
 едноклеточните организми немаат ткива.
 Кај некои нижи едноклеточни растенија, денес се среќава најпростиот и
најстариот облик на организација е амебовидната. Телото на таквите растенија
претставува гол протопласт без определен облик.
 Од амебовидните организми изведен е монадниот облик бидејќи на нив има
голо тело но со определен и постојан облик и има флагелуми со кои се
движат.овој тип на организација се среќава кај нижите алги, а кај вишите алги е
зачуван само кај половите клетки-зооспори и гамети.
 Со губење на флагелумите и обвиткување на протопластот со твда обвивка
(клеточен ѕид) од монадните организми се добиени организмите со кокоиден
облик. Такви се едноклеточните зелени алги.

1.Кои се трајни ткива и како се класифицирани?


Примарни трајни ткива
Секундарни трајни ткива
II.Паренхимско ткиво,покривно ткиво,механичко ткиво,жлездено ткиво и спроводно
ткиво

2.Кои се карактеристики на паренхимското ткиво?


• I. Најзастапено ткиво,од живи клетки со малку цитоплазма,многу
хлоропласти,тенки клеточни sидови и со меѓуклеточни простори
• -најстаро ткиво
• -најлесно се активира во секундарен меристем

3. Наброј ги видовите на паренхимско ткиво според нивната функција!


• II. Според функцијата разликуваме:
• -основен паренхим – изодијаметрични ,издолжени клетки
• основно градбено ткиво во растението.
• -паренхим за складирање- шеќерен,маслен,воден,
• протеински
• -паренхим за фотосинтеза- фотосинтеза,ПАЛИСАДНО ТК.
• цилиндрични клетки густо збиени богати со хлоропласти –
• ХЛОРЕНХИМ,под горниот епидермис.
• -транспирационен паренхим-транспирација,сунѓересто ткиво,овално-округли
клетки со големи интерцелулари
• низ кои циркулираат гасови и водена пареа во мезофилот.
• -спроводен паренхим – издолжени клетки меѓусебе поврзани,спроведува
хранливи материи на кратки растојанија
• -апсорпционен паренхим – издолжени клетки со продолжетоци и тенки
клеточни sидови,апсорпција на вода и минерални соли.
• -аеренхим – ткиво богато сомеѓуклеточни простори за циркулација и
складирање на воздух

4.Како се поделени покривните ткива?


• I.ПРИМАРНО ПОКРИВНО ТКИВО – ЕПИДЕРМИС
• - епидермални клетки густо збиени со запци кои налегнуваат едни во
други,еднослоен со кутикула или трихоми има заштитна улога.Има две високо
специјализирани клетки со хлоропласти т.н.СТОМИ и има способност за
транспирација и размена на гасови

• II.СЕКУНДАРЕН ЕПИДЕРМИС – ПЕРИДЕРМИС настанува од фелогенот, густо


збиени издолжени клетки во неколку реда кои секундарно се задебелуваат.
• -ги заштитува стеблата и корењата
• Се среќаваат Лентицели (леќички) постојано отворени отвори на
стеблото,изградени од растресит паренхим. Размена на гасови.

• III. – ТЕРЦИЕРЕН ЕПИДЕРМИС – МРТВА КОРА од изумрени


• површински клетки кај многугодишни дрвенести растенија
• се создава повеќе пати од фелоген .
• Заштита од сушење и животни

5.Како е изграден епидермисот?

6.Како е изграден перидермисот?


7.Што е мртва кора?
8.Што се стоми и лентицели?

You might also like