You are on page 1of 5

Делба на клетка – митоза

Делба на клетката претставува основно биолошко својство на секоја жива


клетка.Генетските информации кои се содржани во DNA на мајката-клетка се
пренесуваат на ќерките-клетки кои се создаваат при делбатаЗатоа,наследната
основа(DNA) мора прво да се дуплира(реплицира),а потоа да се раздели и да се
распредели во двете нови клетки.

Секој организам има константен број на хромозоми.Тоа е резултат на процесите


митоза,мејоза и оплодување.

Клеточниот циклус го претставува севкупниот живот на клетката.Ги опфаќа сите


промени кои се случуваат во клетката ,од крајот на претходната до крајот на
следната делба.Клеточниот циклус ги опфаќа процесите на:

*Подготовка за делба: интерфаза

*Делба на клетка: митоза или мејоза

Интерфазниот период опфаќа три потпериоди:

1.Претсинтетски G1 синтеза на RNA на протеини и липиди

2.Синтетски S репликација на DNA(еднохроматидните хромозоми стануваат


двохроматидни)

3.Постсинтетски G2 продолжува синтеза на RNA,на протеини ина ATP.

Сл.1 Клеточен циклус


*Митоза (митотична делба)

Митозата е сложена делба на соматската клетка,во која се врши правилна


распределба на на наследниот материјал во двете новоформирани клетки.Во
текот на делбата сите процеси се надоврзуваат еден на друг,односно секоја
претходна фаза ја условува следната.Името потекнува од грчкиот збор mitos-
конец,бидејќи во оваа делба јасно е видлива фибриларната структурана
хромозомите.Митозата почнува со делба на јадрот-кариокинеза,а потоа следува
делба на цитоплазмата-цитокинеза.Овие два процеси се синхронизирани и
временски тесно поврзани.По завршената делба на јадрото,следува делба на
цитоплазмата.На тој начин двете новосоздадени клетки добиваат по едно
јадро.Митозата е поделена на следниве фази: профаза,метафаза,анафаза и
телофаза.

Профаза-почнува со зголемување на обемот на јадрото;како резултат на


спирализација настанува кондензација и скусување на хромозомите.Раната
профаза се карактеризира по тоа што хромозомите имаат облик на тенки и
издолжени нишки,расфрлани низ целата внатрешност на јадрото.Во натамошниот
тек на профазата тие постепено се спирализираат,што им овозможува полесно
движење во наредните фази.Профазата завршува кога со фрагментирање и
дисоцирање исчезнуваат јадрената мембрана и јадренцето,со создавање на
делбеното вретено(митотичен апарат).

Делбеното вретено е изградено од два вида влакна кои имаат микротубуларна


природа(претставуваат снопчиња од околу 400 микротубули).Едни се поларни,
бидејќи излегуваат од двата пола,а се простираат кон средината н аделбеното
вретено каде се спојуваат..Се смета дека имаат функција на скелетни
структури.Другите се хромозомски,нивната улога е да се врзуваат за
центромерот на хромозомите и овозможуваат правилно движење на хроматидите
кон половите во анафазата.
Сл.2 Делбено вретено

Метафаза- хромозомите се крајно спирализирани,поради што индивидуално


морфолошки добро се разликуваат.Во оваа фаза,освен утврдување на бројот на
хромозомите,може да се забележи дека секој хромозом е изграден од две
хроматиди.Најчесто се распоредени во средината на клетката на т.н.
екваторијална рамнина,поврзани за нишките на делбеното вретено со
центромерот.

Анафаза-започнува со поделба на хромозомите надолжно,при што двете


хроматиди се одвојуваат.Како секоја хроматида или новодобиениот
еднохроматиден хромозом се поврзесо нишките на делбеното вретено тие
постепено се движат кон двата спротивни пола.Анафазното движење на
хромозомите е придружено со трошење енергија што се добива од ATP-
соединението,што се наоѓа во микротубулите.

Телофаза- е завршна фаза на митозата.Таа настапува кога хромозомите ги


достигнуваат двата спротивни пола на делбеното вретено.Нивниот број на двата
пола е еднаков,односно ист диплоиден број хромозоми како во јадрото на
мајчината клетка.На крајот од телофазата се регенерира јадрената мембрана и
јадренцата на двата пола со што се добиваат две нови јадра.
Сл.3 Митоза

Делба на цитоплазмата(цитокинеза)

Започнува кон крајот на анафазата,за време на телофазата и трае кратко.

Кај животинските клетки во регионот на екваторијалната рамнина започнува


инвагинацијата на цитоплазматичната мембрана,се до спојувањето на двата
инвагинирани дела,создаваат преграда од цитоплазматичната мембрана меѓу
дветенновосоздадени клетки.Паралелно,со проста делба се делат клеточните
органели,но не така прецизно како што се делат хромозомите.

Кај растителните клетки во завршните фази на делбата на јадрото,со учество на


делбеното вретено се создава една структура во облик на буренце,што е видлива
со светлосен микроскоп,нарече фрагмопласт.Од елементите на
ендоплазматичниот ретикулум и везикулите на Голџиевиот систем во
екваторијалната рамнина на фрагмопластот постепено се создава преграда
наречена клеточна плоча,која ја дели примарни цитоплазмата на два
дела.Создавањето на оваа преградна плоча почнува од средината и постепено се
шири кон клеточните ѕидови на клетката-мајка.Бидејќи од клеточната плоча прво
се создава средна ламела,во полчетокот новите клетки се разделени само со
средна ламела.Подоцна секоја цитоплазма на новите клетки си гради свој
примарен клеточен ѕид.На ваков начин во цитокинезата елементите на
цитоплазмата конечно се одделуаат во две новосоздадени клетки.
Сл.4 Шематски приказ на цитокинезата:

Во животинска клетка: во растителна клетка

You might also like