You are on page 1of 5

Монохибридно и дихибридно наследување

Основните закони на наследувањето биле откриени од Грегор Мендел,кој во


своите испитувања за проучување на наследувањето на одредени својства тој
користел градинарски грашок ( Pisum sativum).Во својата работа имал
квантитативен приод ,бидејќи за секој белег го пресметувал бројот на единките во
потомството.со цел да констатира дали носителите на алтернативните
белези,секогаш се појавуваат во ист однос.

Монохибридно вкрстување
Цветото на грашакот е така граден што овозможува самоопрашување
т.е.самооплодување.Меѓутоа ваквата градба овозможува лесно да се изврши и
вкрстено опрашување и оплодување,што Мендел и го правел.

Во еден од експериментите Мендел го набљудувал и проучувал наследувањето


на обликот на семето преку вкрстување на растенија од родителска генерација
кои даваат мазни семиња и растенија кои даваат збрчкани семиња.Резултатите
биле доста јасни,бидејќи сите хибридни (монохибридни)растенија од првата (Ф1)
давале само мазни семиња,независно од тоа дали семињата земени од родител
растение било со такви семиња,а збрчканоста на семињата како да била
потисната и прикриена од доминирањето на мазни зрна.

Мендел утврдил дека на ист начин се однесуваат сите седум белези (својства)
што ги одбрал за изучување т.е. во сите случаи кај растенијата од првата
генерација (Ф1) се јавува само едно од двете родителски (алтернативни) сојства.

Таквите својства(особини),на пример,мазно семе,жолто семе,црвен цвет и др.


Мендел ги нарекол доминантни,а алтернативните на нив :збрчкано семе,зелено
семе,бел цвет и др. Ги нарекол рецесивни ососбини.

Семињата добиени од хибридите (Ф1) Мендел ги сеел и добиените растенија ги


одгледувал,оставајќи ги да се самоопрашат и самооплодат.На таков начин добил
(Ф2) генерација семиња.

При вкрстување растенија со мазни и збрчкани семиња во(Ф2) генерација добил


плодови што имале мазни и плодови со збрчкани семиња.Тој ги избројал и
констатирал дека квантитавино соодносот бил 3:1. Сличен квантитативен однос
добил и кај другите ,односно сите вкрстувања ,бидејќи во (Ф2) генерацијата
доминантната особина се појавува за 3 пати повеќе,односно почесто отколку
рецесивната.
Потоа Мендел ги посејувал добиените семиња од (Ф2)генерација, а добиените
растенија ги одгледувал со цел да проучува дали мазните и збрчкани семиња од
(Ф2) генерација се наследно стабилни .Тој констатирал дека сите збрчкани
семиња се развиле во растенија кои даваат плодови само со збрчкани семиња, а
(1/3) од мазните семиња даваат растенија во чии плодови има само мазни
семиња,а (2/3) од нив се развиле во растенија кои даваат плодови со збрчкани
семиња секогаш во квантитативен сооднос ( 3: 1). Истите резултати биле добиени
и во однос на другите особини т.е. во (7) случаи растенијата од (Ф2) кои
пројавувале рецесивна особина биле наследно стабилни и нивните семиња во
(Ф3) генерацијата давале растенија кои се идентични со родителските.Кај
растенијата од (Ф2) што имаат доминантна особина има два вида,и тоа: (1/3) биле
наследно стабилни, а (2/3) давале (Ф3) генерација каде доминантната и
рецесивната особина се јавуваат во сооднос (3:1).

Сл.1 Монохибридно вкрстување

За да ги објаснат резултатите од своите експерименти со грашок Мендел ја дал


следната хипотеза : Алтернативните особини(својства),како што се мазноста
и збрчканоста на семињата ,се одредуваат од фактори (сега наречени гени)
кои се пренесуваат од родителите на потомството т.е. од родителската (P-
паренталната ) на филијалната (Ф) –генерација ,преку гаметите.Секој фактор
може да постои во два функционални и алтернативни облици (сега наречени
алели) кои се одговорни за манифестирање на алтернативните сосотојби во кои
може да се најде особината.Поточно за секоја особина растението грашок има
два алела на еден ген,и тоа по еден алел наследен од двата родитела.На тој
начин во секое растение на грашокот има два алела за детерминирање на
обликот на семето(зрното).Според тоа наследно стабилните растенија со мазни
семиња се хомозиготни на алелот за мазност,или наследно стабилните растенија
со збрчкани семиња се хомозиготни во однос на алелот за збрчканост,а (Ф1)
хибридите од вкрстувањето на растенијата со мазни и растенија со збрчкани зрна
се хетерозиготни единки.

Еднообразноста на хибридите од (Ф1) генерацијата го навела Мендел да заклучи


дека кај хетерозиготните единки едниот е доминантен фактор(алел) ,а другиот е
рецесивен фактор (алел).Меѓутоа од појавата на родителските особини повторно
во хибридното хетерозиготно потомство,тој заклучил дека двата наследни
фактори(генски алели) засекоја особина никогаш не се фузираат еден со друг,туку
постојат одделно и се раздвојуваат при создавањето на гаметите во различни
гамети,така ½ од гаметите носат еден генски алел(фактор), адругата половина го
носи другиот генски алел (фактор).

Ово заклучок е познат како Менделов закон за распаѓање(сегрегирање или


цепење) на наследните фактори.

Алелот за мазно зрно се означува со (А), а алелот за збрчканост со (а),и во тој


случај генетичкиот состав на Менделовите растенија е следниот.Растенијата со
мазни зрна кои се хомозиготни по доминантните алели (АА) и растенијата со
збрчкани семиња кои исто така се хомозиготни по рецесивните алели (аа) во Ф1
даваат хибриди кои се хетерозиготи(Аа).

(Ф1) хибридните хетерозиготи создаваат два типа гамети во еднаков однос т.е.
(1/2) со доминантен (А) и 1/2 со рецесивен (а) алел.При самооплодување на (Ф1)
монохибридите (Аа),во (Ф2)генерација се добива потомство од три типа растенија
(т.е. генотипови) во квантитативен однос(1:2:1) или поконкретно 1/4 се хомозиготи
по доминантниот алел (АА) кои даваат мазни семиња, 1/4 се хомозиготни по
рецесивниот алел (аа) и даваат збрчкани семиња.;1/2 од (Ф2) потомството се
хетерозиготни (Аа) со мазни зрна бидејќи се изразува доминантниот алел.Со
самооплодување овие хетерозоготи ќе дадат (Ф3) генерација каде се добиваат
плодови со мазни и плодови со збрчкани семиња.

Дихибридно вкрстување

Врз основа од резултатите на вкрстувањата меѓу растенијата кои се разликуваат


спред две различни ососбини т.е. по два пара алтернативни особини,односно од
резултатите на т.н. дихибридно вкрстување го формулирал Законот за
независно комбинирање.

Поконкретно,растенијата кои даваат мазни и зелени семиња(RRyy) биле


вкрстувани со растенија кои имаат збрчкани и жолти семиња(rrYY).Како што
очекувал Мендел ,сите зрна кај единките од (Ф1) биле мазни и жолти,односно сите
хибриди од(Ф1) биле дихетерозиготи(Rr Yy).Но,во (Ф2) Мендел претпоставил две
варијанти(можности):

А) особините кои потекнуваат од едниот родител се пренесуваат заедно,или

Б)дека особините се пренесуваат независно една од друга.

Според првата варијанта во (Ф2) генерацијата треба да има само два типа
семиња и тоа:мазни и зелени и збрчкани и жолти,и тоа според Законот
зараспаѓање треба да се појават во соодно (3:1)

Според втората варијанта се добиваат четири облици (т.е. фенотипови),и тоа:


1)мазни и жолти семиња (со двете доминантни особини);

2)мазни и зелени семиња ( со по една доминантна и рецесивна особина)

3)збрчкани и жолти семиња (со по една доминантна и рецесивна особина)

4)збрчкани и зелени семиња (со двете рецесивни особини);треба да се појават во


квантитативен сооднос (9:3:3:1).

Сл.2 Дихибридно вкрстување

Од ваквите резултати Мендел заклучува дека гените кои ги детерминираат


различните особини се пренесуваат независно.Зконот за независно комбинирање
Мендел го потврдил и со други експерименти,или поточно при вкрстување кога
родителите се разликуваат според три и повеќе особини т.е. при три и
полихибридно вкрстување.

You might also like