You are on page 1of 9

1. Каква наука е историјата?

Историјата го проучува минатото на човекот, сите настани кои се случиле во минатото.

2. Како уште се нарекува историјата?


Историјата уште се нарекува и историографија.

3. Како се викаат луѓето кои го проучуваат минатото?


Луѓето кои го проучуваат минатото се викаат историчари.

4. Што е општа историја?


Општата историја го проучува минатото на народите.

5. Што е национална историја?


Националната историја го проучува минатото на само еден народ.

6. Што се историски извори?


Историски извори се предмети и пишани сведоштва од минатото.

7. На какви се делат историските извори?


Историските извори се делат на материјални и пишани, како и усни кажувања.

8. Кои се материјални извори?


Материјални извори се: стари орудија, оружје, облека, пари, накит, садови, споменици и
др.

9. Кои се пишани извори?


Пишани извори се: извештаи, патописи, писма, записи, весници, книги.

10. Кои се усни кажувања?


Усни кажувања се: легендите, митовите и песните

11. Како се вика време од десет години?


Време од десет години се вика десетлетие.

12. Како се вика време од сто години?


Време од сто години се вика век.

13. Како се вика време од илјада години?


Време од илјада години се вика милениум.

14. Како го сметаат времето најмногу земји во светот?


Најмногу земји во светот времето го сметаат од раѓањето на Исус Христос.
15. Како велиме за настаните што се случиле пред раѓањето на Исус Христос?
За настаните кои се случиле пред раѓањето на Исус Христос велиме дека се случиле пред
нашата ера или новата ера.

16. Како се бројат годините пред новата ера?


Годините пред новата ера се бројат наназад, на пример: 120 година п.н.е. 119. година
п.н.е, 118 година п.н.е

17. На кои два големи периоди се дели минатото?


Минатото се дели на: праисторија и историја.

18. Колку години траела праисторијата?


Праисторијата траела повеќе милиони години.

19. Од кога почнува праисторијата?


Праисторијата започнува од појавата на човекот и трае до пронаоѓањето на писмото.

20. Како уште се нарекува праисторијата?


Праисторијата се нарекува и првобитна заедница на човекот.

21. На кои два периоди се дели праисторијата?


Праисторијата се дели на два периоди: камено и метално време.

22. Кој период го опфаќа историјата?


Историјата го опфаќа периодот од пронаоѓање на писмото па до денес.

23. Кога започнал периодот на историја?


Историјата започнала пред 4000 години п.н.е. и се уште трае.

24. На кои четири периоди се дели историјата?


Историјата се дели на четири големи периоди:
стар век, среден век, нов век и најнов век.

25. Колку време траела праисторијата?


Праисторијата траела повеќе од 2 милиони години.

26. Каков бил човекот во праисторијата?


Човекот во праисторијата бил собирач на храна и ловец.

27. Што одгледувал човекот во праисторијата?


Човекот во праисторијата одгледувал растенија и припитомувал животни.
28. Какви орудија користел човекот во праисторијата?
Човекот го користел: лакот и стрелата, и научил да го користи огнот.

29. Што употребувал човекот во најстариот период?


Тој употребувал камени орудија и оружја, а потоа го открил металот.

30. Кои се двете гледишта за настанокот на човекот?


Има две гледишта за настанокот на човекот:
Првото е религиозно а второто е научно.

31. Кој го создал човекот според религиозните христијански учења?


Според религиозните христијански учења човекот го создал Бог.

32. Како се развил човекот според науката?


Според науката човекот се развил постепено од еден вид човеколики мајмун.

33. Како се вика најстариот предок на човекот?


Најстариот предок на човекот се вика прачовек.

34. Каде најпрвин се појавил прачовекот?


Прачовекот најпрвин се појавил во Источна Африка.

35. Како изгледал прачовекот?


Тој бил наведнат обраснат со коса, а главата му била помала.

36. Каде живеел првобитниот човек?


Првобитниот човек живеел во пештери.

37. Кое му било главно орудие и оружје на прачовекот?


Главно орудие и оружје на прачовекот му бил каменот. Затоа овој период се вика камено
време.

38. Како се дели каменото време?


Каменото време се дели на старо и младо камено време.

39. Од што ги правел орудијата првобитниот човек?


Првобитниот човек ги правел орудијата од дрво, камен, коски.

40. Што има голема улога во развојот на човекот?


Во развојот на човекот голема улога имал говорот.
41. Зошто говорот бил една од најзначајните придобивки на прачовекот?
Со говорот човекот се повеќе почнал да се разликува од животните.

42. Од што се плашел првобитниот човек?


Првобитниот човек долго време се плашел од огнот.

43. Што претставува големо откритие на прачовекот?


Употребата на огнот претставува големо откритие на прачовекот.
Огнот овозможил луѓето да преживуваат и на постудените места, да го печат месото и да ја
варат растителната храна.

44. За што друго прачовекот го користел огнот?


Човекот на огнот да печел садови од глина, да топел руди и да правел метални орудија и
оружје.

45. Каде се движеле првите луѓе?


Првите луѓе започнале пешки да преминуваат од Африка во Азија и Европа.

46. Кое е најважно оружје и орудие на првобитниот човек?


Каменот бил најважно оружје и орудие на првобитниот човек.

47. Како се вика најстариот период?


Најстариот период се вика камено време.

48. На што се дели каменото време?


Каменото време се дели на старо и младо камено време.

49. Каде го наоѓал човекот каменот во старото камено време?


Човекот го употребувал каменот така како што го наоѓал во природата.

50. Што правел со каменот во младото камено време?


Во младото камено време, човекот го обработувал каменот и му давал разни облици.
Од каменот изработувал ножеви и секири.

51. Што правел од коските од животните?


Од нив правел шила, игли и украси.

52. Што се орди?


Првите луѓе живееле и се движеле во групи, наречени орди.

53. Од колку луѓе се состоеле првите заедници?


Првите заедници се состоеле од 15 до 20 луѓе.
54. Кој бил водач на ордата?
Нивен водач бил најсилниот маж во групата.

55. Кога човекот станал ловец?


Кога го направил лакот и стрелата, човекот станал ловец.

56. Со што се занимавале луѓето во младото камено време?


Во младото камено време луѓето почнале да се занимаваат со земјоделство и сточарство.

57. Како луѓето станале сточари во младото камено време?


Започнале да ги припитомуваат и да ги одгледуваат животните. Од нив добивале месо,
млеко, кожа и волна. Така од ловци станале сточари.

58. Што изработувале во младото камено време?


Луѓето од младото камено време знаеле да изработуваат садови од печена глина. Ваквите
предмети се викаат грнчарија.

59. Што се наколни живеалишта?


Живеалиштата на вода се викаат наколни живеалишта.

60. Какви куќи граделе во младото камено време?


Во младото камено време граделе и примитивни куќи од гранки и кал.

61. Како живееле луѓето во младото камено време?


Во младото камено време луѓето живееле во заедници, во кои биле крвно поврзани –
биле роднини.

62. Како се вика оваа заедница каде луѓето биле роднини?


Таквата заедница се вика род.

63. Од кого водел потекло родот?


Целиот род водел потекло од една заедничка прамајка.

64. Што е братство?


Неколку родови сочинувале братство.

65. Што е племе?


Неколку братства сочинувале племе.

66. Кој стоел на чело на племето?


На чело на племето стоеле старешини.
67. Како се вика ова уредување со племињата?
Ова се нарекува родовско уредување.

68. Што е родовско уредување?


Сите членови на заедницата биле еднакви и сè што произведувале било заедничко.

69. Кој има важна улога во родовската заедница?


Жената имала многу важна улога во родовската заедница. Таа се грижела за децата, за
куќата.

70. Која е улогата на мажите во родовската заедница?


Мажите го одгледувале добитокот и оделе на лов.

71. Што е матријархат?


Заедниците во кои жената имала водечка улога, се викаат матријархат.

72. Како започнала епохата на металното време?


Човекот ги запознал рудите и научил од нив да добива метали. Така започнала епохата на
металното време.

73. Кој метал бил најпрвин откриен?


Најпрвин бил пронајден бакарот.

74. Што се изработувало од бакарот?


Орудијата и оружјето почнале да се изработуваат од бакар. Но, тој бил многу мек, па
орудијата изработени од него лесно се виткале.

75. Со кој метал го мешал калајот?


Калајот човекот почнал да го меша со бакар и добил нов метал – бронза.

76. Какви биле орудијата и оружјата направени од бронза?


Орудието и оружјето од бронза биле поцврсти и потрајни.

77. Кој нов метал бил пронајден?


Човекот пронашол нов метал – железото, кое било поцврсто и од бронзата.

78. Што обработувале со ралото и железниот плуг?


Ралото и железниот плуг го влечеле животни, се орало подлабоко, а земјата давала
повеќе жито и повеќе плодови.

79. Кои се главните занимања во металното време?


Земјоделството и сточарството станале главни занимања на луѓето.
80. Кое друго занимање било развиено?
Се развило и занаетчиството. Занаетчиите почнале да произведуваат секири, мотики,
копја.

81. Што е размена производ за производ?


Луѓето започнале да разменуваат земјоделски и сточарски производи, на пример: копје за
жито, овца за жито.

82. На што се распаднале родовските заедници?


Родовските заедници се распаднале на помали семејства.

83. Во што се обединувале помалите семејства?


Тие се обединувале во нови заедници – општини.

84. Кои се најголемите заедници?


Племињата се најголеми заедници.

85. Што задржувале за себе старешините?


Старешините на племињата ја задржувале за себе најдобрата земја, а земале најмногу и
од воениот плен. Тие им давале подобра земја и поголем плен на своите роднини.

86. Што поседувале старешините и нивните придружници?


Што настанало помеѓу луѓето?
Старешините и на нивните придружници да имаат повеќе земја, добиток, орудија и оружје
од другите членови на племето.
Така настанала поделба меѓу луѓето на побогати и посиромашни.

87. Што освојувале старешините?


Старешините освојувале нови територии преку војни.

88. Што правеле со заробениците?


Заробениците ги употребувале како робови за работа.

89. Што поставувале на освоените територии?


На освоените територии тие почнале да поставуваат управители, судии, свештеници и
службеници.

90. Што е држава?


Поголема организирана заедница е држава.

91. Кој стоел на чело на државата?


На чело на државата стоел владетел.
92. Кога биле создадени првите држави?
Првите држави биле создадени во четвртиот милениум пред н.е.

93. Каде биле создадени првите држави?


Во долините на големите реки во Египет, Месопотамија, Индија и Кина.

94. Што не можеле да си објаснат луѓето во праисторијата?


Луѓето во праисторијата не можеле да си ги објаснат : громот, молњата, дождот, снегот,
годишните времиња, болеста, денот и ноќта, сонцето.

95. Што верувале луѓето во праисторијата?


Верувале дека природните појави ги предизвикуваат натприродни и невидливи сили.

96. Како ги замислувале тие сили?


Тие невидливи сили ги замислувале како духови. Верувале дека има добри и лоши духови.

97. Што најмногу обожавале луѓето во праисторијата?


Луѓето во праисторијата, најмногу ги обожавале сонцето, земјата и водата.

98. Од што верувале дека водат потекло праисториските луѓе?


Праисториските луѓе верувале дека водат потекло од некое животно.

99. Што е тотемизам?


Верувањето дека луѓето водат потекло од животно и дека нивниот живот зависи од него.

100. Од кој збор потекнува зборот тотемизам?


Од зборот тотем, кој значи предок зачетник на родот или на племето.

101. Кои појави ги сметале за божества?


Природните појави – особено од сонцето и дождот.На тие појави им придавале
натприродни својства.

102. Кого најмногу почитувале праисториските луѓе?


Најмногу ја почитувале божицата-мајка, која ја сметале за прародителка на живиот свет на
земјата.

103. Од кого се плашеле луѓето?


Луѓето во праисторијата, се плашеле од боговите, ги почитувале и им принесувале
подароци.

104. Како си го претставувале светот праисториските луѓе?


Праисториските луѓе создавале претстави за светот што ги опкружувал преку цртежи.
105. Каде цртале луѓето?
Тие цртале на ѕидовите од пештерите во кои живееле. Оружјето и орудијата ги украсувале
со цртежи.

106. Што цртале ловците?


Ловците најчесто ги цртале дивите животни што ги ловеле, како бизони, мечки, мамути,
коњи и елени.

107. Што изработувале праисториските луѓе?


Праисториските луѓе изработувале статуи на животни, богови и луѓе од глина и од коски.

You might also like