You are on page 1of 4

Дезинфекција и методи на дезинфекција

Дезинфекцијата
претставува важна
хигиенско –
санитарна мерка
со која
причинителите на
заразни болести
кај животните и
луѓето се
доведуваат во
неинфективна
состојба. Оваа мерка се врши на живо ткиво, на секрети и екскрети
кои се излачуваат од болните животни во надворешната средина
контаминирајќи ја околината, површините и деловите од објектите
и опремата, кои претставуваат посреден (секундарен) извор на
инфекција.

ВИДОВИ И МЕТОДИ НА ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Во зависност од видот на микроорганизмите, времето и условите


на изведување дезинфекцијата може да биде превентивна
(профилактична), тековна и завршна.
 Превентивната дезинфекција претставува постапка за
уништување на микроорганизмите кои може да ги има на
површините надвор и во објектите, на опремата и
воздухот, а кои во одредени поволни услови за тоа, може да
предизвикаат болести кај животните и луѓето или да
предизвикаат расипување на храната.
 Тековната дезинфекција е претстaвува санитарна мерка
која се користи за време на појава на заразна болест. Таа е
строго насочена дезинфекција, бидејќи во овој случај точно се
знае видот на изолираниот причинител и неговата осетливост
спрема средствата за дезинфекција.
 Завршната дезинфекција претставува дезинфекција која се
спроведува по престанувањето на заразната болест, и тоа
после истекувањето на еден до два периоди на инкубација за
изолираниот причинител (времето е регулирано во
правилниците), под услов во тој период да нема појава на нов
случај на заболување

Методи на дезнфекција
Во припремната фаза за дезинфекција, која некои автори ја
нарекуваат механичка дезинфекција, спаѓаат механичкото
чистење, санитарното перење и вентилацијата со употреба на
филтри. Иако овие мерки немаат директно дејство врз
микроорганизмите, пак многу важни
 Механичкото чистење има за цел да отстрани што е можно
поголем број на микроорганизми, отстранувајќи ја отпадната
органска и неорганска материја од местото кое ќе се
дезинфицира. Во механичкото чистење спаѓаат метењето и
стругањето. Метењето може да биде суво и влажно
 Санитарното перење е втората фаза на припремните работи
пред дезинфекцијата која има за цел да ја отстрани
преостанатата „невидлива“ нечистотија, односно органска
материја, која не се отстранила со механичкото чистење. За
перење се користи топла или студена вода.

Во методите на дезинфекција се опфатени разни хемиски


методи и хемиски средства кој се нарекуваат
Дезинфекциони средства.
Постојат 3 степени на ефикасност на дезинфекцијата:
A. Висок степен B. Среден степен C. Низок степен
Дезинфициенсите делуваат преку:
 Денатурирање на протеини
 Промена на интегритетот и функциите на клеточните
обвивки
 Комбинирање со протеини на ензимите на бактериите
 Метаболитички или хемиски антагонизам

Меѓу најважните дезинфициенси спаѓаат:


 Киселини – оцетна киселина
 Бази – жив или негасен вар и варно млеко
 Алкохоли – најсилно делува 70% етил алкохол
 Детергенти – анјонски
 Халогени елементи и нивни соединенија – хлор: хлорна
вар
 Соли на тешки метали и тешки метали – жива, сребро,
бакар
 Алдехиди – формалдехид - формалин
 Бои – акридински

You might also like