You are on page 1of 3

ОСНОВНА ПРОЦЕДУРА

ЗА ПОСТАПКА ПРИ РАБОТА НА


ИНСТРУМЕНТАРКА ВО ТЕК НА ИНТЕРВЕНЦИЈА

Датум на изработка на Датум на промена на


Број на процедурата
процедурата процедурата

П-122 24.03.2015

Изработил: Контролирано од:

Медицинска сестра со високо стручно


образование
Дафина Ристовска Др. Слободан Антов

Прилог

Бр.______________

1
1. ЦЕЛ НА ПРОЦЕДУРАТА. Со оваа процведура се утврдува редоследот и
содржината на постапките за обезбедување и одржување на стерилност на
оперативно поле, како и на материјалите т.е.инструментите што се користат во
текот на интервенцијата.

2. ОБЛАСТ НА ПРИМЕНА
Процедурата е наменета за работа на медицински сестри-инструментарки со
високо стручно образование во сала за интервенции.

3. ДЕФИНИЦИЈA
3.1 Дефиниција на процедурата - оваа процедура се спроведува кај сите
инвазивни интервенции се со цел да се обезбеди и одржи стерилност на
оперативно поле, како и на материјалите т.е. инструментите што се користат во
текот на интервенцијата.

3.2.Дефиниција на извршителот - Процедурата ја изведува медицинска сестра-


инструментарка едуцирана за изведување на процедурата.

4. ОДГОВОРНОСТ
4.1 Одговорни за контрола на процедурата се - Раководителот на оддел,
одделенска сестра, докторот кој ја спроведува процедурата, како и медицинската
сестра-инструментарка.

4.2 Одговорни за спроведување на процедурата - докторот што ја изведува


интервенцијата, медицинската сестра-инструментарка.

5.0 ОПИС на процедурата


 Покривање на пациент со стерилен материјал
 Изолирање на оперативно поле или место на пункција
 Подготовка на стерилниот материјал, односно инструменти потребни за
престојната интервенција.
 Активно учество и асистенција со висока контрола и одржување на стерилноста
на оперативното поле и инструментите во текот на цела процедура.
 Распремање на материјалот после интервенција(механичко миење на
инструменти и фрлање на медицинскиот отпад во соодветна канта)
6.0 ДОКАЗИ
 Евидентна книга каде се заведува пациентот со бр.на досие во сала,
генералии, адреса на живеење,к онтакт телефон, број од историја на болест,
ЕМБГ, бр.на соба/кревет, приемна дијагноза, дата на изведување на

2
интервенцијата, вид на интервенција, почеток и крај на интервенцијата,
време на флуороскопија, екипа.
 Евидентирање во компјутер
7.0 РЕФЕРЕНЦИ
1. Perry, A. Potter, P. (1998). Clinical Nursing Skills and Techniques, 4th Edition,
Mosby –Year Book, Inc.
2.Mallet J., Bailey C. Royal Marsden Manual of Clinical Nursing Procedures Intranet
2001.

You might also like