You are on page 1of 32

ГЛАВА 2

ОСНОВНИ ПОСТАВКИ
НА СОВРЕМЕНОТО
ОДРЖУВАЊЕ
Основни поставки на современото одржување

8
Основни поставки на современото одржување

2.1 ОСНОВНИ ПРИСТАПИ КОН ПОИМОТ ОДРЖУВАЊЕ

Одржувањето на техничките системи е функција на


производството која ги опфаќа сите постапки кои треба да се превземат за
да може техничките системи што подолго време бидат во работна
состојба, во текот на животниот циклус работаат со дозволено ниво на
погонска сигурност, продуктивност и економичност.
Во текот на последните дваесеттина години, на полето на
одржувањето се случија значителни промени, повеќе од било која друга
менаџмент дисциплина. Тоа е резултат на порастот на техничките
системи, нови дизајни, нови техники на одржување, промена на сфаќањата
за одрганизацијата на одржувањето и влијанието врз сигурноста на луѓето
и заштитата на околината. Неминовноста за адаптирање кон настанатите
промени бара комплетно нови начин на размислување и дејствување на
вработените во одржувањето, како инженери, така и менаџери.
Зголемениот притисок на конкуренцијата врши постојана пресија врз
индустриските системи за изнаоѓање на начини кои ќе го подобрат
севкупното работење. Додека во минатото одржувањето се набљудуваше
од реактивен аспект, очекувањата во иднина ќе бидат во насока на
предвидување на дефектите и тотална контрола врз процесот на
одржување.
На поимот одржување треба да се пристапи од три аспекти:
 одржувањето како систем
 одржувањето како процес, и
 одржувањето како функција.
Гледано системски, одржувањето е потсистем од системот за
производство, кој пак е потсистем на деловниот систем. Меѓутоа, поаѓајќи
од основната дефиниција за систем, како збир на меѓусебно поврзани
елементи кои имаат за цел остварување на некоја заедничка цел и
одржувањето само за себе претставува систем.
Одржувањето е динамички процес во кој активностите, физичките
фактори и човечките ресурси се структуираат и насочуваат кон
остварување на поставените цели на одржувањето.
Одржувањето како функција опфаќа постапки и активности од
административно–организационен и техничко–технолошки карактер кои
што треба да се превземат за задржување на работната способност на
техничките системи, или враќање на одржуваниот технички систем во
состојба која ќе овозможи вршење на неговата проектна функција.

9
Основни поставки на современото одржување

Кога се зборува за одржувањето како потсистем на производниот


систем, мора да се земат во предвид следните поставки:
 призводството се состои од збир на производствени активности
и активности во одржувањето, кои што се поддржуваат со
другите активности во претпријатието (развој, маркетинг,
финансии итн.);
 одржувањето, независно од тоа како е поставено, не
претставува услужна дејност, туку има производствен
карактер;
 работниците во одржувањето исто така се производни
работници;
 активностите во одржувањето на современите технички
системи се од мултидисциплинарна природа и бараат работна
сила со поголем степен на стручност отколку работниците во
класичното производство.
Сето ова покажува дека одржувањето денес мора да се третира
како производствена функција, а не како нешто споредно, таканаречено
,,нужно зло” [3].
Одржувањето во иднина ќе добива сé повеќе во своето значење.
Индустриските системи кои тоа нема да го респектираат ќе се соочат со
големи проблеми во своето работење.
Во табела 2.1 е претставен развојот на очекувањата од
одржувањето во минатото и иднината, со главните карактеристики и
предизвици. Додека во минатото на функцијата одржување и се
пристапуваше од чисто реактивен аспект, очекувањата во иднината ќе
бидат во насока на предвидување на дефектите и тотална контрола врз
процесот на одржување.

10
Основни поставки на современото одржување

Табела 2.1

Ниво Карактеристики Главни Резултати


предизвици
5 Континуирано Воспоставени и
Тотална подобрување контролирани Задоволување
контрола врз перформанси на на
процесот на одржувањето потрошувачите
одржување Превенирање на
Реинженеринг на залихите
процесите
Предиктивно Редукција на
4 одржување одржувањето

Предвидување
Контролирање на Редукција на
процесите залихите
Одржување Предвидување на
3 според состојба активностите

Управување Подобрување во
Евалуација на управувањето
процесите
Планско- Евалуација на
2 превентивно одржувањето
одржување Подобрување на
Планирање
Мерење на планирањето и
процесите терминирањето
1 Корективно Планирање на
Реагирање одржување одржувањето Скептицизам
Минимална Евалуација на на
превенција состојбата на потрошувачите
техничките
системи

11
Основни поставки на современото одржување

2.2 ТРОШОЦИ НА ОДРЖУВАЊЕТО

Основна цел на индустрискиот систем, а со тоа и на потсистемот за


одржување е профитот. Трошоците се појавуваат во сите подрачја на
активноста на индустрискиот систем, а наголемувањето на профитот е во
директна функција со намалувањето на трошоците.
За процесот на одржување во индустрискиот систем се издвојуваат
значителни финансиски средства, кои зависат од повеќе фактори:
 видот на техничките системи
 карактерот на процесот на производство
 условите на експлоатација
 видот и концептот на организацијата на одржување
 унификацијата на елементите на техничките системи
 цената на резервните делови и сл.
Вкупните трошоци на одржување се делат на:
 директни
 индиректни

To  Tod  Toz

Тod – директни трошоци, односно трошоци заради извршување на


активностите на одржување
Тoz – индиректни трошоци, односно трошоци на застој поради
неизвршување на основната производна функција на техничкиот
систем
Директните трошоци се правопорпорционални со интензитетот на
одржување, заради поголемото ангажирање на работна рака, материјали,
алати, резервни делови и слично. Додека индиректните трошоци се
обратнопропорционални на интензитетот на одржување, затоа што
поголемиот интензитет на одржување значи пократко време на застој
(слика 2.1).

12
Основни поставки на современото одржување

Тod

Тo

Тoz

интензитет на одржување

Слика 2.1 Трошоци на одржување

Поширокиот аспект на трошоците на одржување опфаќа:


 плати и придонеси за вработените во одржување
 резервни делови и материјали кои директно се користат во
одржувањето
 резервни делови кои се набавуваат за да бидат на залиха
 трошоци за алат и опрема за потребите на одржувањето
 трошоци за контрактно одржување
 трошоци за консултантски услуги во одржувањето
 административни трошоци
 трошоци за едукација на вработените во одржување
 прекувремена работа на одржувачите
 трошоци за транспорт
 трошоци за докуменатција итн.

13
Основни поставки на современото одржување

Трошоците на одржување во просек изнесуваат околу 4% од


вредноста на техничките системи, при што најмала е вредноста во
индустријата за нафта (2,6%), а најголема во индустријата за челик (8,6%).
Исто така, загубите во производство заради застои на техничките системи
изнесуваат околу 5% од вредноста на продадените производи.
Според Ж.Адамовиќ [1], цената на одржувањето во некои развиени
земји во светот изнесува:
 во индустријата за челик во Германија во одржувањето се
потрошиле 6-8% од вредноста на продадените производи;
 индустријата на Велика Британија во 1980 г. потрошила 25
милијарди USA$ за одржување и 400 милиони USA$ за загуби
во производство;
 индустријата во Италија во 1985 г. за одржување потрошила
5,5% од бруто националниот производ;
 авиоиндустријата во Франција на одржување троши 10-12% од
вкупниот промет;
Во многу случаи заради грешки и неефективност во одржувањето,
трошоците за одржување ја надминале набавната цена на техничкиот
систем. Во Шведска, во текот на 1991 во индустријата се проценува за
одржување и заштита при работа се потрошиле 23X10 9 US$ [12]. Одделот
за трговија и индустрија направил студијата во која се покажало дека
лошото и неквалитетно одржување на техничките системи ја чини Велика
Британија 1.95X109 US$ годишно.
Според Wiremann [63], во 1990 година во USA се потрошени 600
билиони долари за одржување, а истражувањата покажуваат дека
приближно 1/3 од овие трошоци биле непотребно потрошени како
резултат на неефективно користење и контрола на ресурсите на
одржување, материјали и работна рака.
Во зависност од индустриската гранка, бројот на вработените во
одржување се движи од 3% до 21% во однос на вкупниот број вработени
[3].
Трошоците на одржување се движат меѓу 15% и 40% од вкупните
трошоци на производство во типична производна компанија, во зависност
од типот на индустријата. Ако се земе средна вредност од приближно 28%,
со редукција на трошоците на одржување од барем 10% може да се
зголеми профитот за скоро 36% (слика 2.2 и слика 2.3)

14
Основни поставки на современото одржување

ПРОИЗВОДНИ ТРОШОЦИ

заштеда
10%
28%
72%

90%

вкупни трошоци трошоци на одржување

Слика 2.2 Трошоците на одржување во однос на вкупните производни


трошоци

100 100 100 100


90
80
70
60
50
40 28
25.2
30 19 14.2
20 7.8
5
10
0
1 2 3

Слика 2.3 Врска меѓу намалувањето на трошоците на одржување и


наголемување на профитот

15
Основни поставки на современото одржување

Наброените податоци ја прикажуваат економската димензија на


одржувањето и го потенцираат значењето од оптимизација на трошоците
на одржување. Посебно е значајно да се забележи дека загубите во
производствотo заради застои се приближно ист ред на големина како и
директните трошоци на одржување.

2.3 ЦЕЛИ НА ОДРЖУВАЊЕТО ВО РАМКИТЕ НА


ИНДУСТРИСКИОТ СИСТЕМ

Целите на индустрискиот систем го одредуваат настојувањето на


системот во задоволувањето на мисијата, посакуваните идни состојби и
резултати кои треба да се остварат со планирани и организирани
активности на индустрискиот систем.
Квалитетно одредните цели на индустрискиот систем треба да му
служат на управувачката структура како:
 основна подлога во процесот на донесување на одлуки;
 патека за наголемување на вкупната ефективност на процесот
на работење;
 основа за оценка на карактеристиките на процесот на
работење.
Според Т.Кралев [10], организациските цели може да се поделат во
три групи:
 официјални;
 оперативни;
 извршни.
На секое менаџерско ниво, организациските цели се разликуваат
по временска димензија и конкретност. На сл.1.4 се претставени
организациските цели во менаџерската хиерархија [10].
Официјалните цели ја дефинираат намерата и мисијата на
индустрискиот систем, во зависност од типот на работењето. Од аспект на
времето, тоа се долгорочни цели, обично од апстрактна природа. Од
официјалните цели произлегуваат оперативните цели, кои се однесуваат
на некој оддел од индустрискиот систем. Понатаму, од оперативните цели
произлегуваат извршните цели, кои се однесуваат на основното ниво на
менаџмент – надзорниците и работниците.

16
Основни поставки на современото одржување

Апстрактност
Временска димензија: Цели:
(конкретност):

Долгорочни Апстрактни
цели цели Официјални

Оперативни
1.4
Краткорочни Конкретни Извршни
цели цели

Слика 2.4 Хиерархија на организациските цели

Ефективното остварување на целите зависи од тоа дали се тие:


 реално одредени;
 хиерархиски структуирани;
 квантитативно искажани;
 меѓусебно усогласени;
 можноста за разработка на потцели;
 јасно формулирани и разбирливи;
 насочени кон основните, официјални цели.
Профитабилноста е основна цел на профитните индустриски
системи, но некогаш може да се назначува и за одделни потсистеми или
оддели. Секоја можност за наголемување на профитот претставува силен
предизвик за менаџментот на индустрискиот систем и мора внимателно да
се проучи.
Одржувањето на техничките системи претставува еден многу
значаен и неделлив дел од производниот процес, со специфични услови на
работење, планирање и организирање. Ако примарната цел на
производниот систем е профитабилноста, тогаш одржувањето како
потсистем од системот за производство треба да ги насочи своите
оперативни и извршни цели кон постигнување на основната цел.
Одржувањто е динамички процес во кој активностите, физичките и
човечките ресурси се структурираат и насочуваат кон остварување на
поставените цели на одржувањето. Основната (примарна) цел на
одржувањето – профитабилноста е директно во функција од
расположливоста на техничките системи и трошоците на одржување.
Меѓутоа, покрај овие цели, се јавуваат и низа други потцели:

17
Основни поставки на современото одржување

1. спречување на дефекти;
2. продолжување на работниот век на техничките системи;
3. смалување на трошоците за материјал, работна рака и резервни
делови;
4. скратување на времето за поправки;
5. отстранување на слабите места;
6. заштита на вработените и околината;
7. подобрување на административниот процес;
8. иновации во одржувањето.
Секоја од овие потцели цели има свои потцели, што е претставено
на сл.2.5.
За реализирање на наведените цели одржувањето мора:
 да создаде соодветна организација на техничка подготовка, да
развие стандарди за работа и да воспостави функција -
планирање;
 да врши реконструкции на постројката;
 да го прати развојот на техничкиот систем за зголемување на
потребното технолошко знаење за одржувањето во иднина;
 да го следи развојот на организационите науки и да работи врз
нивна примена;
 перманентно да соработува со останатите чинители во
процесот на производство заради подобрување и корегирање
на функцијата одржување;
 да го следи влијанието на сопствените трошоци врз вкупните
производни трошоци;
 да ги одржува постројките на такво безбедно ниво така што
опасноста од повреди ќе биде минимална;
 да обезбедува кај вработените чувство на безбедност и
пријатност во работата.

18
Основни поставки на современото одржување

Прегледи на
состојбата,
чистење и
подмачкување
Поправки на
Пратење на дефекти
оштетувањата
Root-cause анализа Надзор на
експлоатацијата
Програми за отсранување
на слаби места
Нега во
одржувањето
Програми за
заштита на Тековно одржување
вработените
Планско превентивни
Примена на светски поправки
Секундарни цели
стандарди за заштита
на околината

Оптимизација на
Управување со
потребите од
залихите на
материјал и
резервни делови
работна рака
Изработка на
резервни делови

Одржување
според состојба

Предиктивно одржување

Профитабилност

Слика 2.5 Цели на одржувањето

19
Основни поставки на современото одржување

2.4 ОСНОВИ НА ТИПОВИТЕ НА ОДРЖУВАЊЕ

Одржувањето како функција има улога да осигура дека сите


технички системи и постројки ќе ја исполнуваат својата проектирана
функција.
,,Концептот на одржување на индустрискиот систем претставува
збир на инструкции и правила кои што укажуваат на тоа ,,какво”
одржување треба да се примени, ,,кога” треба да се примени и ,,на кој
начин” треба да биде организирано тоа одржување” [3].
Постојат два пристапи кон оформувањето на концептот на
одржување:
 математички пристап и
 инженерски пристап.
Основата на математичкиот пристап лежи во статистичката
анализа на појавата на дефекти кај техничките системи. Бидејќи појавата
на дефекти во одржувањето е стохастичка, математичкиот пристап ги
класифицира видовите на одржување според состојбата во која се наоѓа
техничкиот систем. На тој начин, видовите на одржување се поделени на:
 видови на одржување кога системот се наоѓа во две состојби
(или во состојба на работа или во состојба на отказ);
 видови на одржување кога системот се наоѓа во повеќе
состојби (системот сеуште е во работа, но нарушен е некој
параметар на работата, односно е со намалена производна
функција).
Според овој пристап, дефинирани се основните видови на
одржување, и тоа:
 корективно одржување, каде активностите на одржувањето се
превземаат после настанувањето на дефектот на техничкиот
систем, и
 превентивно одржување, каде активностите на одржувањето се
превземаат пред да настане дефектот.
Кај видовите на одржување кога системот се наоѓа во повеќе од
две состојби, реалната состојба не се знае секогаш со сигурност, па заради
тоа се вршат дополнителни мерења и анализи кои ќе помогнат во
донесувањето на одлуки за превземање на превентивни активности. Овој
вид на одржување е познат под името одржување според состојба

20
Основни поставки на современото одржување

(condition based maintenance) или предиктивно одржување (predictive


maintenance), каде со помош на мониторинг на состојбата и користење на
статистички методи, се предвидува идната состојба на техничкиот систем.
На слика 2.6 се претставени основните карактеристики на видовите
на одржување и активностите кои тие ги опфаќаат.

ОДРЖУВАЊЕ

ПРЕВЕНТИВНО КОРЕКТИВНО
концепт
ПРОГРАМ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НЕПЛАНИРАНО

ППО ПРЕДИКТИВНО

мониторинг на
иницијација фреквенција состојбата функционален
анализа-проценка- дефект
предвидување

состојба не е во отказ
на ТС потенцијален не е во отказ во отказ
дефект потенцијален дефект

планирани во зависност од состојбата дефектажа


активност
сервис, поправка, замена
поправка поправка или
или модификација
или замена замена

Слика 2.6 Основни карактеристики на типовите на одржување

Инженерскиот пристап кон концептот на одржување се состои во


одредување на задоволителен систем на иструкции и правила за
одржување кои опишуваат ,,какво" одржување треба да се примени и
,,кога"[3]

21
Основни поставки на современото одржување

Кој вид на одржување ќе се примени за одредениот технички


систем, зависи од многу фактори:
 финансиската конструкција на индустрискиот систем;
 познавањето на законот на надежноста на техничкиот систем;
 историјата на одржувањето на техничкиот систем;
 состојбата со резервните делови, итн.

2.5 КОРЕКТИВНО ОДРЖУВАЊЕ

Основната карактеристика на корективното одржување е


реакцијата после настанатиот дефект на техничкиот систем, односно
активностите на одржувањето се применуваат после излегувањето на
основните параметри на техничкиот систем од дозволените гранични
вредности. Во литературата, за овој вид одржување уште се користат
термините: реактивно, накнадно, run-to-failure, breakdown maintenance.
На слика 2.7 е претставена интерпретацијата на корективното
одржување користејќи ја функцијата на надежноста.

R(t)
1.0

R
p

Air – зона на Anr – зона на


искористеност на неискористеност
составниот на составниот
елемент елемент (резерва
за употреба)

Tur
t
t
p

Слика 2.7 Интерпретација на корективното одржување

22
Основни поставки на современото одржување

Во овој вид на одржување не се прати состојбата на компонентите


на техничкиот систем, па затоа моментот на појава на дефектот е непознат.
Тоа значително ги лимитира можностите за организациони и технолошки
подготовки на одржувањето.
После престанувањето на работа на техничкиот систем, се врши
поправка на оштетениот елемент, или негова замена со нов. По
извршената корекција на настанатата состојба, техничкиот систем
повторно се враќа во работа.
На сл.2.8 е претставен алгоритамот на активностите на
корективното одржување.
Предности на корективното одржување се:
o максимално искористување на составните компоненти на
техничкиот систем;
o нема потреба од познавање на законот на оштетување на
составните компоненти, и слично.
Недостатоци на овој вид на одржување се:
o моментот на појава на дефектот не може однапред да се
предвиди;
o моментален прекин на работа на составниот елемент, што
може резултира со престанок на работа на целиот систем;
o потреба од брзо спроведување на активностите на
одржувањето за отстранување на настанатата состојба на
дефект;
o постоење на голем ризик за застој на системот од поголеми
временски размери;
o намалена сигурност на работењето;
o неможност за планирање на потребите од резервни делови;
o лимитираност во планирањето на активностите на
одржувањето од организационен и технолошки аспект, и сл.

23
Основни поставки на современото одржување

Детекција

Подготовка на
одржувањето

Локализација

Демонтирање

Отстранување на Поправка
причинителот

Замена и поправка на
делот

Монтажа

Подесување и
регулација

Верификација на
состојбата

Слика. 2.8 Алгоритам на активностите на корективното одржување

Примената на корективното одржување, кое вообичаено


претставува најскапиот и најризичен начин на одржување е оправдано
само со добра инженерска проценка на ефективноста и cost-benefit
анализа. Неговата примена треба да се ограничи само на некои мали,
невитални машини и опрема каде очекуваниот животен век и трошоците
за дефекти не оправдуваат примена на мониторинг на состојбата или било
кој облик на превентивно одржување.

24
Основни поставки на современото одржување

2.6 ПЛАНСКО – ПРЕВЕНТИВНО ОДРЖУВАЊЕ

За разлика од корективното одржување, активностите на планско-


превентивното одржување се извршуваат пред да настане дефектот.
Системот или компонентата се одржува на бараното ниво на
расположливост и надежност со изведување на активности на
одржувањето по однапред одреден план, со замена на оштетениот елемент
со нов или претходно поправен елемент.
Превентивното одржување е стратегија на одржување за
постигнување на целите на одржување на поефективен начин отколку да
се поправаат техничките системи после расипувањето.
Превентивното одржување се дели на две основни групи:
1) Превентивно одржување по одреден период на користење, каде
активностите на одржувањето се вршат по однапред одреден период на
експлоатација изразен преку временски показатели (број на часови на
работа на постројката, денови, месеци, години). Во овој случај,
активностите на одржувањето се применуваат без да се земе во предвид
техничката состојба во која се наоѓа системот. На тој начин може да се
случи елементот да биде заменет пред неговиот животен век.
2) Одржување според состојбата, каде со цел да се избегне
недостатокот на замена на недоволно искористениот елемент,
активностите на одржување се спроведуваат во зависност од состојбата во
која се наоѓа техничкиот систем. Според утврдена динамика се врши
преглед на состојбата на системот, што е основа за донесување на одлуки
за вршење на одредени активности на одржувањето или за продолжување
на процесот на работа, до наредниот преглед на состојбата.
Планско – превентивниот систем на одржување ги опфаќа
следните категории на активности:
o чистење,
o подмачкување и заштита од корозија,
o прегледи (ревизија, инспекции),
o подесување,
o баждарење,
o барање и отстранување на слаби места,
o техничка дијагностика,

25
Основни поставки на современото одржување

o заменување на деловите,
o мали поправки,
o средни поправки,
o генерални поправки (ремонти),
o реконструкции и модификации.
Активностите на чистење, подмачкување и заштита од корозија се
нарекуваат основно одржување, основна нега или опслужување на
техничките системи.
Планско-превентивното одржување се дели на две групи:
 планско-превентивно одржување по константен век
 планско-превентивно одржување по константен датум
Кај планско-превентивното одржување по константен век,
замената на некој елемент се врши по однапред одредено време на работа
на техничкиот систем, или пред тоа време во случај ако се појави дефект
(сл.2.9).

f(t)

To t

Сл.2.9 Планско – превентивно одржување по константен век

Кај планско-превентивното одржување по константен датум,


замената на елементите се врши по однапред одредени термини, или по
појавата на дефектот (сл.2.10).

26
Основни поставки на современото одржување

Слика 2.10 Планско-превентивно одржување по константен


датум

Недостатоци на овој вид на одржување се:


 елементите на системот не се искористуваат до максимум
 потребно е познавање на законитоста на оштетувањето на
составните елементи
Предности на планско-превентивното одржување се:
 веројатноста за појава на ненадејни дефекти е мала;
 оневозможено е оштетување на соседните елементи на
техничкиот систем;
 може да се планира и оптимира потребата од резервни делови;
 значително се намалени непланираните застои, што повлекува
намалување на трошоците предизвикани заради застои;
 флексибилност при планирањето на активностите на
одржувањето.

2.7 ОДРЖУВАЊЕ СПОРЕД СОСТОЈБА

Според поделбата направена на сл.2.6, овој вид на одржување


спаѓа во превентивно одржување, затоа што активностите на одржувањето
се вршат пред да настане дефект на системот. Суштествената разлика меѓу
овој вид на одржување и планско-превентивното одржување по
константен век и датум е таа што одржувањето според состојба не се
поставува врз база на однапред одредени временски интервали.
Донесувањето на одлука за изведување на соодветна активност на
одржувањето се врши врз база на податоци за состојбата на техничкиот
систем, добиени со периодични или перманентни пратења на состојбата и
мерења на валидните параметри кои ја карактеризираат таа состојба.

27
Основни поставки на современото одржување

Значи, во основата на оваа концепција се наоѓаат методите и техниките на


техничката дијагностика и мониторинг на состојбата.
При одржувањето според состојба, се зема еден параметар кој ја
карактеризира состојбата на одредена компонента или технички систем и
тој перманентно се следи. Обично, тој параметар е физичка големина која
може да се мери и пренесува, најчесто аналогно.
Одржувањето според овој метод се врши на тој начин што најпрво,
на одредени временски интервали, независно од состојбата на оштетеност
на компонентите на техничкиот систем, се врши дијагностичка контрола
на техничката состојба, а потоа, во зависност од состојбата, се врши
замена или поправка на компонентите или тие остануваат и понатаму во
процесот на експлоатација [3].
За да може еден параметар на излезниот процес да биде и
,,дијагностички параметар” – односно да се примени во дијагностиката,
потребно е да ги исполни следните услови:
 да биде еднозначен;
 да има широко поле на промена;
 да биде достапен за мерење.
Инспекцијата на параметрите може да се класифицира во четири
методски нивоа:
 визуелно - со користење на едноставни инструменти (батерија,
стробоскоп);
 со контрола без разорување (со помош на x-зраци, γ-зраци,
ултразвук);
 со анализа на вибрациите;
 со спектрофотометрична анализа на маслата заради
одредување на содржината на метал во маслото.
Мониторингот на состојбата (condition monitoring) опфаќа неколку
стотици различни техники; сите овие техники се дизајнирани да ги
детектираат ефектите од дефектот. Според J.Moubray [14] oвие техники
според ефектите се поделени на:
 динамички ефекти;
 хемиски ефекти;
 физички ефекти;
 температурни ефекти;
 електрични ефекти;

28
Основни поставки на современото одржување

 ефекти на честички.
Овие техники може да се посматраат како високо развиени верзии
на човековите сетила. Меѓутоа, една голема ограниченост на скоро секој
уред за мониторинг на состојбата е таа што се набљудува само една
состојба (параметар).
Покрај техниките на мониторинг на состојбата кои користат некој
мерен инструмент, некогаш важен извор на податоци за потенцијални
дефекти може да претставува квалитетот на произведениот производ.
Често, појавувањето на некој вид грешка на производот кој се произведува
на некоја машина е директно поврзано со некој модалитет на дефект на
самата машина.
“Предиктивното одржување (PdM) го споредува трендот на
мерените физички параметри на техничките системи во однос на познати
дозволени граници на отстапување, а се со цел да се детектираат,
анализираат и корегираат проблемите пред да настане дефект на
техничкиот систем.” [112 ].
На слика 2.11 графички е претставен циклусот на предиктивно
одржување.

мониторинг на
состојбата на
ТС-ем

корекција на мерењеата
состојбата на надминуваат
ТС-ем одреден лимит?

лансирање на анализа на
работен проблемот
налог

Слика 2.11 Циклус на предиктивното одржување

29
Основни поставки на современото одржување

Предиктивното одржување поаѓа од фактот дека погол број од


дефектите може да детектираат во својата рана фаза на случување.
Интензитетот на инспекциските мерење на параметрите на техничкиот
систем се одредува со т.н. “P-F” интервал (слика 2.12).

Момент каде дефектот


започнува

P Потенцијален дефект
С остојба

Функционален
t дефект
F
Време

Слика 2.12 “P-F” интервал

“P-F” интервалот го прикажува развојот на дефектот на одредена


компоненета од техничкиот систем. Ако потенцијалниот дефект (Р) се
детектира меѓу точките Р и F може да се превземат активности на
одржување кои ќе го превенираат функционалниот дефект – отказ (F).
Времето кое ќе помине од детектирањето на потенцијалниот дефект и
неговата преобразба во функционален дефект е различно за различен
технички систем и зависи од неговиот оперативен контекст,
оптеретувањето, условите на работење и слично.
Целта на предиктивното одржување не е да се набави опрема за
мониторинг на состојбата за сите технички системи, туку опрема за
хроничните проблеми на критичните техничките системи. Предиктивните
инспекции треба да бидат планирани и терминирани со користење на
истите техники кои се користат при превентивни активности.
Овој вид на одржување го карактеризираат следните предности:
 ја зголемува сигурноста на постројките и вработените;
 обезбедува максимално ниво на искористување на “резервата
на употребливост”;
 обезбедува барано ниво на погонска сигурност на техничкиот
систем;

30
Основни поставки на современото одржување

 инспекциите и потребните поправки може да се терминираат;


 дава можност за оптимизација на резервните делови;
 обезбедува минимални трошоци;
 му овозможува на постројката да работи во оптимален режим;
 применлив е кај сите технички системи кои имаат континуална
промена на состојбата, итн.
Недостатоци на овој вид на одржување се:
 потреба од добро познавање на компонентите и техничкиот
систем во целина;
 следење на историјатот на појава на дефекти и начинот на
нивно отстранување;
 применлив е само кај технички системи кои имаат континуална
промена на состојбата.

2.8 СОВРЕМЕНИ ТЕХНИКИ И КОНЦЕПТИ НА ОДРЖУВАЊЕ

Концептот на одржување на ниво на индустриски систем


претставува збир на инструкции и правила кои покажуваат какво
одржување треба да се примени, кога треба да се изведат активностите на
одржување и на кој начин треба да биде организирано одржувањето.
Средината на минатиот век се карактеризира со рапиден пораст на
нови техники на менаџмент на одржување. Карактеристиките на
пооделните концепти на одржување зависат од пристапот кон функцијата
одржување и земјата од која потекнува таквиот концепт.
Најпознати концепти на одржување се:
 Одржување ориентирано кон надежноста на техничките
системи (Reliability Centered Maintenance – RCM)
 Тотално продуктивно одржување (Total Productive Maintenance
– TPM).
Подоцна се развиваат и други концепти, како: Profit Centered
Maintenance (PCM), Bussiness Centered Maintenace (BCM), но тие се уште
го чекаат своето докажување.

31
Основни поставки на современото одржување

2.8.1 Одржување ориентирано кон надежноста на техничките системи

Првите обиди за подобрување и оптимизација на процесот на


одржување се направени во авионската индустрија со воведување на
концептот на Одржување ориентирано кон погонската сигурност
(надежноста) на техничките системи (Reliability Centered Maintenance –
RCM), со што започнува нова ера во одржувањето на техничките системи
[46]. Во 90-тите години од минатиот век овој концепт наоѓа своја примена
и во нуклеарната индустрија, а подоцна неговата примена значително се
проширува во различни индустрии. Иако името на RCM се менува во
текот на имплементација кај различни индустрии ( RAM, RMA, R&M, MSG-
3, RCMI, RCMII) сепак во основа основните принципи не се менуваат.
“Одржувањето ориентирано кон надежноста на техничките
системи – RCM претставува системска, инженерски заснована програма за
анализа која се користи да се детерминираат барањата на одржувањето на
секој технички систем во неговиот оперативен контекст” [14].
Самото име имплицира дека функцијата одржување мора да се
фокусира на погонската сигурност на техничките системи. Овој концепт
всушност е системски пристап за преглед (ревизија) на начинот на кој
настанува дефектот на техничкиот систем, последиците и одредување на
проактивно множество на активности за превенција на дефектите.
Практичната примена на RCM во голем број компании во светот
покажа дека може да се постигне реален и ефективен прогрес со
минимизирање на времето на застој, редуцирање на трошоците на
одржување и подобрување на продуктивноста. Посебно успешна се
покажа примената на RCM во индустрии каде постои голема потреба од
висока расположливост и мала толеранција за ризик од дефект, каде
основните својства на системот се многу важни и каде операторите со
техничките системи имаат висок степен на развиени вештини, однесување
и обука. За жал, тоа не е случај во некои производствени системи и во
рударската индустрија, така што примената на RCM е релативно
рискантна. Исто така, еден недостаток за имплементација на овој концепт
е преголемата “работа со хартија”.

2.8.1.1 Основни чекори за имплементација на RCM

Пред да се започне со анализата на потребите на одржувањето


треба да се знае кои технички системи ќе бидат опфатени со RCM
анализата. Затоа, потребен е детален преглед на историјата на техничките
системи во рамките на индустрискиот систем. Податоците се добиваат со

32
Основни поставки на современото одржување

тимска работа на операторите со техничките системи, техничарите,


инженерите и одржувачите.
Главни елементи на планирањето на RCM се:
 идентификација на системите, нивните граници и функции
 приоритет на техничките системи врз кои ќе се врши анализата
 потполно, апсолутно разбирање на оперативниот контекст и
функционирање на селектираните технички системи
 проценка на очекуваните бенефиции од примената на RCM
 проценка на потребните ресурси
 детална проценка на персоналот кој ќе ја врши RCM анализа
 обезбедување потребна обука на персоналот кој ќе биде
вклучен во тимот за анализа
На слика 2.13 се прикажани основните чекори за имплеменатција
на RCM анализа.

Цели и потреби на
Цели и потреби на
одржувањето
одржувањето
11
Оптимирање на
Оптимирање Избирање на
програмата на Избирање на
програмата критични ТС-ми
77 критични ТС-ми

22
Терминирање и
Терминирање и Основни функции и
имплементирање Основни функции и
имплементирање перформанси
перформанси
66
33
Одбирање на тех. Детерминирање на
Одбирање
изведлива на тех.
и ефективна Детерминирање
функц.дефекти на
изведлива и ефективна
тактика на одржување функц.дефекти
тактика на одржување
55 44
Детерминирање на
Детерминирање
веројатните ефектина
веројатните ефекти

Слика 2.13 Основни чекори на имплементација на RCM

33
Основни поставки на современото одржување

2.8.1.2 Алгоритам на одлучување на RCM анализата

Анализата на RCM процесот овозможува прецизно разбирање на


критериумот за одлучување која активност на одржување може да се
изведе од технички аспект, колку често треба да се применува и кој треба
да ја извршува. Техничката изведливост на активностите на одржување
зависи од техничките карактеристики на функционалниот дефект и
техничките карактеристики на активноста на одржување.
Процесот на селекција на активностите базира врз последиците од
функционалниот дефект, кои можат да бидат:
 скриени дефекти (можност за мултиплицирање на дефектот)
 дефекти кои имаат последици врз сигурноста на вработените и
околината
 дефекти кои резултираат со оперативни консеквенци
 дефекти кои немаат оперативни консеквенци
На првото ниво на одлучување секогаш се наоѓа одржувањето
според состојба доколку се процени дека е исплатливо од финсиски
аспект. Доколку тоа не е случај, се предлагаат планско-превентивно
одржување, корективно одржување или редизајн на техничкиот систем.
На слика 2.14 е прикажан симлифициран дијаграм на одлучување
на RCM анализата.

Губењето на Дефектот влијае Дефектот може да


да
функцијата на ТС врз сигурноста на не предизвика застој не
е евидентно при вработените или на
нормални услови? околината? производството?

не да да

примената на ОСС и примената на ОСС и примената на ОСС и


ППО ја намалува ППО го намалува ППО ја намалува Дали е финансиски
веројантоста од ризикот од повреда веројантоста од исплатлива примена
мултипл. на на вработените или застој на на ОСС и ППО?
дефектот? околината? производството

да не да не да не да не

ОСС ОСС редизајн ОСС КО ОСС КО


КО
ППО ППО ППО ППО

Слика 2.14 Симплифициран дијаграм на одлучување на RCM анализа

34
Основни поставки на современото одржување

2.9.2 Тотално продуктивно одржување (ТРМ)

Додека потеклото на RCM е во авионската индустрија, генезата на


Тоталното продуктивно одржување (Total Productive Maintenance – TPM) е
во јапонската автомобилска индустрија во 70-тите години од минатиот
век. Западниот свет започнува да ја распознава и применува како моќен
начин за подобрување на вкупните перформанси на системите.
Toталното продуктивно одржување е оперативна филозофија во
која се претпоставува дека секој вработен во системот го сфаќа начинот на
кој неговите работни перформанси влијаат на перформансите на
техничкиот систем. На пример, ракувачот треба наполно да го познава
капацитетот на техничкиот систем и при работењето не го оптоварува
техничкиот систем над проектираниот капацитет; или одделот за набавка
треба да набавува резервни делови по точно одредена спецификација и
количина, за да не се случи непотребен застој заради немање на соодветен
резервен дел и слично. ТРМ се фокусира на одговорностите и
компетенциите на секој вработен во компанијата во насока на оптимирање
на инвестициите во опремата и според тоа може да се користи во различни
потсистеми на индустрискиот систем. Има многу сличности меѓу ТРМ и
TQM (Total Quality Management) – единствената разлика е во тоа што TQM
се фокусира на производот, додека TPM на сите технички системи. Сите
алатки и техники за имплементирање, одржување и подобрување на
квалитетот може да се користат во ТРМ.
Тоталното продуктивно одржување е филозофија која ги вклучува
сите вработени во индустрискиот систем, од првото ниво па се до топ
менаџментот во подобрување на работењето на техничките системи.
Основната цел е да се елиминираат сите можни загуби кои може да се
појават при функционирањето на техничките системи. Според Nakajama
[8] постојат шест видови на загуби на техничките системи:
 дефект на техничкиот систем;
 загуби при старт и исклучување на техничките системи;
 загуби на капацитетот;
 загуби на квалитет (повторување на активностите на
одржување заради неквалитетно извршена работа);
 загуби заради редукција на брзината;
 неправилности на процесот.
Елиминирањето на овие застои резултира со наголемување на т.н.
вкупна ефикасност на техничките системи (Оverall Еquipment Еfficiency –
OEE).

35
Основни поставки на современото одржување

Сите оддели во индустрискиот систем мора да се фокусираат на


своето влијание врз техничките системи (сл.2.15)

инженери за
производство одржување дизајн

Технички инженер на
набавка производство
систем

магацинско инженер за
работење менаџмент проекти

Слика 2.15 Влијание на пооделните потсистеми врз техничките системи

2.9.2.1 Основни цели на TPM

Основни цели на ТРМ се:


o подобрување на ефективноста на техничките системи
o подобрување на ефективноста и ефикасноста на одржувањето
на техничките системи
o превенција на можната појава на дефекти
o обука за подобрување на вештините на вработените
инволвирани во процесот на одржување
o вклучување на операторите со ТС-ми во рутинско одржување
Примарна цел на TPM е ефективноста на техничките системи, што
подразбира ТС да работи според дизајнираните спецификации. Сите други
цели треба да се во насока на поддржување на примарната цел.
Подобрувањата на ефективноста и ефикасноста на процесот на одржување
се во тесна врска со процесот на планирање и терминирање на
активностите на одржувањето. Избегнувањето на непланираните застои и

36
Основни поставки на современото одржување

превенцијата на појавата од дефекти може да се постигне само со добро


поставен систем за планирање, подготовка и контрола на процесот на
одржување.
Мерка за ефикасноста на техничките системи е т.н. вкупна
ефикасност на техничките системи (ОЕЕ)[116]:

OEE  A x R x Q

A - расположливост на техничкиот систем


R – брзина
Q - квалитет

Расположливоста е однос помеѓу вистинското производно време


(ОТ-operating time) и потребното работно време, кое пак е збир на
вистинското производно време (ОТ), времето на поправка (RT – repair
time) и времето на чекање (WT – waiting time)[73].

A  OT / (OT  RT  WT ) (%)

Брзината R претставува однос меѓу вистинскиот капацитет (АС –


actual capacity) и вистинскиот капацитет зголемен за загубите од јалова
работа, мали застои и намалена брзина (SL – speed losses).

S  AC / ( AC  SL) (%)

Квалитетот е однос помеѓу производството на производи со


задоволителен квалитет (PQ) и вкупната количина на произведени
производи, каде во предвид се земаат производите кои заради дефект на
техничкиот систем се отфрлаат (RY – reduced yield)

Q  PQ / ( PQ  RY ) (%)

Вредноста на ОЕЕ кај компаниите кои покажале најдобри


резултати во работењето се движи од 85% - 95%.
ОЕЕ е во директна зависност од добро обучен персонал кој ќе ги
изведува непосредните активности на одржување е неминовност. Брзиот
развој на технологијата и техниката бара постојано надоградување на
знаењата и вештините на одржувачите, а се постигнува со вложување во
соодветна обука на вработените.

37
Основни поставки на современото одржување

Еден важен аспект на TPM е инволвираноста на ракувачите со ТС-


ми во рутинско одржување. Овие активности може да вклучуваат и до
40% од активностите на рутинското одржување. Ова не значи дека како
резултат на овие активности би се намалил бројот на вработени во
одржувањето, туку професионалците од одржување би се насочиле кон
пософистицирани техники на одржување, како предиктивно одржување и
RCM.

38

You might also like