You are on page 1of 11

ВОВЕД

Електричен автомобил (електромобил) — автомобил кој се движи со помош


на еден или повеќе електрични мотори, користејќи ја електричната енергија
складирана во батерии или друг уред за складирање на енергија.
Електромоторите овозможуваат моментален вртеж на електричните
автомобили, со што создаваат силно и рамномерно забрзување.

Батериите на електричните возила може да се полнат при вклучување во


специјализирани уреди за полнење кои што може да бидат инсталирани во
домашни услови, пред деловните објекти, на јавни паркинзи и катни гаражи,
односно секаде каде за тоа има соодветни услови.

Електрични возила  може да бидат автомобил, комбе, камион, мотор, скутер и


сите други можни транспортни возила.

јкххјбхјхгвхббкјбхб

hghvgvuvybbub

hjgvhj b јхбјкнјкбххјбхјбјјкјк
Забрзување и оперативен дизајн

Електричните мотори можат да обезбедат висока специфична моќност, и


батериите можат да се направат со цел да ја снабдат високата струја за да го
поддржат моторот. И покрај тоа што некои електрични возила имаат многу
мали мотори, од 15 kW (20 hp) или помалку и затоа имаат скромни забрзувања,
голем број на електрични автомобили имаат големи мотори и брзо забрзување.
Покрај тоа, релативно непроменливата сила на вртење кај електричниот мотор,
дури и при многу мали брзини, тежнее да ги зголеми перформансите при
забрзување на електричното возило во сличен однос како кај коњските сили на
моторите со внатрешно согорување. Уште едно рано решение беше
експерименталниот систем на батерии на возило ,,Амитрон‘‘ направен во
фирмата ,,Американ Моторс‘‘, каде што еден сет на бетерии беше направен за
постојана брзина а друг, за зголемување на брзината по потреба.
Електричните возила можат и да користат директна конфигурација ,,мотор
приклучен на тркала‘‘ која што ја зголемува количината на достапната моќ. Со
приклучување на повеќе мотори директно на тркалата овозможува секое
тркало да се користи и како движечка сила и како систем за кочење, а со тоа го
зголемуваат влечењето. Во некои случаи, моторот може да биде сместен баш
во тркалото, како што е случајот со проектот ,,Висперинг Вил‘‘ (анг. Whispering
Wheel), каде се намалува центарот на гравитација на возилото и се намалува
бројот на подвижни делови. Со сместување на моторот во тркалото, може да
се зголеми тежината на самото тркало, а тоа може да има негативен ефект врз
управувањето со возилото.

Менувач

Со цел да се отстрани потребата од менување брзини, некои електрични


возила се направени да немаат брзини или да имаат само една, што им
овозможува и рамномерно забрзување и полесно кочење. Бидејќи силата на
вртење на електричнот мотор доаѓа од струја, а не од ротациона брзина, ЕВ во
текот на забрзување имаат висока сила на вртење, во споредба со мотор со
внатрешно согорување. Возачите на ЕВ обично искажуваат прилично високо
задоволство од забрзувањето, бидејќи не постои доцнење во раснењето на
силата на вртење во возилата.
Дизајнот што нема брзини е наједноставен, сепак високото забрзување бара
висока сила на движење на моторот, а пак високата сила бара висока струја
што води кон ,,Џулово затоплување‘‘. Ова е затоа што внатрешната
инсталација на моторот има електричен отпор, кој ја потрошува енергијата
(како на пр. топлина) при проток на струја, согласно со законот на Ом. Иако
силата на вртење на електричен мотор не зависи од неговата ротациона
брзина, излезната енергија од моторот е како резултат на двете работи (и на
силата на вртење и на ротационата брзина), што подразбира дека многу
енергија се губи во однос на излезната моќ кога моторот се успорува.
Всушност,колку побавно се движи возилото толку е понеефикасна неговата
оперативност.

Енергетска ефикасност

Моторите со внатрешно согорување се релативно неефикасни во


претворањето на енергијата добиена од горива во погон бидејќи голем дел од
енергијата се троши како топлина. Од друга страна, електричните мотори се
поефикасни во претворање на складираната енергија во движечка сила на
возилото, исто така возилата со електричен погон не трошат енергија кога се
во мирување, а пак дел онаа енергија што се губи при кочење се превзема и
повторно се искористува преку т.н. регенативно кочење, кое што доловува
околу една петтина од енергијата што нормално се губи при кочење. Обично,
класичните автомобили на бензин ефикасно користат околу 15% од
енергетската содржина која го придвижува возилото или пак служи за
напојување на додатоци, а моторите на дизел можат да достигнат ефикасност
од 20%, додека пак возилата со електричен погон имаат вградена енергетска
ефикасност од 80%
Полнење
Батериите на ЕВБ мора да се полнат периодично.
За разлика од возилата што се напојуваат со фосилни горива, ЕВБ (електрични
возила на батерии) најчесто и најпрактично се полнат на домашна електрична
мрежа во текот на ноќта, со што се избегнува непријатноста од тоа да мора да
се оди на бензинска пумпа. Полнењето може исто така да се направи и во
станици за полнење кои се наоѓаат на улици или до продавници.
Електричната енергија на мрежата е произведена од различни извори, како
што се: јаглен, хидроелектрична енергија, нуклеарна и други. Исто така можат
да се користат извори на енергија како што се: плочи со фотонапонски соларни
ќелии што се местат на покриви, микро-хидроенергетски или ветер и ови
извори се промовираат поради загриженоста во врска со глобалното
затоплување.
Предизвик за секој произведувач на ЕВ е да најде економска рамнотежа на
растојание наспроти перформанси, енергетска густина и вид на акумулатор
наспроти трошоци.
И покрај тоа што најактуелните модели на електрични возила со просечни
брзини се фокусираат на литиум-јонски батерии или на други варијанти
базирани на литиум, сепак постојат разни алтернативни батерии што исто така
можат да се користат. Батериите основани на литиум често се избираат поради
нивната висока моќност и енергетска густина но тие имаат ограничен рок на
траење и животен циклус што може значително да ги зголеми тековните
трошоци на возилото. Варијантите како што се: литиум-железо фосфат и
литиум-титанат, се обидуваат да ги решат проблемите за издржливоста на
вообичајните литиум-јонски батерии.
Во дргуги технологии за батерии спаѓаат:

 Оловно-киселински батерии, кои се сеуште најкористен вид на енергија


за повеќето електрични возила што се користат денес. Почетните трошоци
за произведување на ваков вид на батерии се значително помали од
другите видови и иако нивната излезна моќност во однос на тежината е
помала од другите модели, растојанието и моќта лесно можат да се
подобрат со зголемување на бројот на батериите.
 Никел-кадмиумски батерии (анг. NiCd), кои претежно ги заменуваат со
никел-метал-хидридни батерии (анг. nickel–metal hydride battery).
 Никел-метал-хидридни батерии (анг. NiMH).
 Никел-железни батерии, кои се познати по нивната релативно долга
трајност и ниска густина на енергија.
Постојат и технологии за батерии кои што се во развој, такви се:

 Цинк-воздушни батерии
 Батерии од стопена сол
 Батерии со проток на цинк и бром или ванадиум-редокс батерии, кои што
наместо повторно да се полнат, супстанцијата може повторно да се замени
при што се заштедува време. Исцрпениот електролит може повторно да се
наполни доколку е потрошен до одредена граница или пак да се замени со
нов.
Патувачко растојание пред повторно да се наполат
Растојание што може да помине еден електричен автомобил зависи од бројот и
видот на батериите што ги користи. Тежината и видот на возилото, а и
перформансите што ги бара возачот, исто така имаат влијание врз
растојанието.

Батерии што се заменуваат


Како алтернатива за брзо полнење на батериите е да се заменат истрошените
или речиси истрошените батерии (или пак да се замени модулот за
зголемување на растојанието што може да помине една батерија) со целосно
наполнети батерии, слично како што порано во гостилници ги заменуваа
коњите што влечеа кочии. Наместо да се купуваат, батериите би можеле да се
земат на лизинг или пак да се изнајмуваат, а компаниите за изнајмување или
лизинг однапред би наплаќале за нивно одржување и би обезбедиле
достапност.
Неколку фирми се обидуваат да го спроведат овој деловен модел, а ,,Бетер
Плејс‘‘ е првата фирма што спроведе мрежа за полнење на електрични возила
во Израел и слични такви мрежи за полнење ќе се спроведат во Данска и
Хаваи.
Зошто електрични возила?

Екологија: eлектричните возила генерираат значително помалку емисија на


CO2 и други стакленички гасови споредбено со конвенционалните возила
(нафта или бензин). Ако ја проанализираме вкупната емисија на CO2 во
воздухот добиена врз база на т.н. „Well-To Wheel“ потрошувачка на гориво,
значи од производство на примарната енергија па се до конечното
пренесување на енергијата на тркалата од возилото, електричните возила во
просек произведуваат едвај половина емисија на CO2 споредбено со
конвенционалните возила. Но доколку пак енергијата која ја користат
електричните возила ја добиеме од обновливи извори (ветер, вода, сонце),
тогаш со сигурност може да кажеме дека електричните возила се целосно
еколошки и не емитуваат CO2 (zero CO2 emission). Треба само да
напоменеме дека јаглеродниот диоксид (CO2) е еден од доминантните гасови
кои допринесуваат за ефектот на стаклената градина и глобалното
затоплување.
Значителен удел во емисијата на штетните гасови: азот диоксид (NO2), азотни
оксиди (NOx), озон (О3), бензен (C6H6) во воздухот ја имаат
конвенционционалните возила на погон на фосилни горива, наспроти
електричните возила чија што емисија е значително помала.

Бучава: eлектричните возила се далеку потивки во однос на возилата со


мотори на внатрешно согорување. Намалување на бучавата во урбаните
средини обезбедува подобри животни и работни услови и го намалува нивото
на стрес, што пак доведува до помали здравствени трошоци и зголемување на
продуктивноста кај луѓето.
Стабилност на електро-енергетската мрежа:  полнењето на
батериите на електричните возила во ноќните часови кога е значително
намалено оптоварувањето во енергетската мрежа, ќе резултира со подобро
искористување на електричната енергија а со тоа и поевтин енергенс за
придвижување на електричните возила. Воедно батериите во електричните
возила може да се користат во локалните мрежи и како капацитети за чување
на енергијата која би се оддавала на енергетската мрежа по потреба и при
поголеми оптоварувања (т.н. пикови). Ваквото влијание на електричните
возила врз електричната мрежна инфраструктура и нејзиниот капацитет,
дополнително е потребно да се анализираат и истражуваат.
Трошок-ефект: треба да се земе во предвид дека електричните возила
имаат значително помалку физички делови за одржување, споредбено со
конвенционалните возила, поради што и трошоците за одржување се
значително помали, а со тоа и оперативните трошоци.

Независност од фосилни горива: имајќи ја во предвид ограниченоста


на нафтените резерви во светски рамки, во догледно време се очекува
континуиран раст на цената на нафтата и нафтените деривати. Цената на
електричната енергија се очекува исто така да се зголемува во наредниот
период, но како и до сега таа тоа ќе го прави малку поконзервативно и со благ
раст, а притоа незанемарувајќи ги и можностите за искористување на
обновливите извори на енергија (ветер, вода, сонце), со што се намалува
зависноста од фосилните горива.

Економски развој: голем број европски држави во своите национални


стратегии како еден од начините за опоравување од глобалната економска
криза ја гледаат токму во производството на електрични возила,односно
делови за овие возила како и опрема за полнење.

Способни за возење по автопат


Од октомври 2012 година, масовното производство на модели способни за
возење по автопат кои што се достапни на пазарот е ограничено. Повеќето
електрични возила што се возат по патиштата во светот се со мали брзини,
електрични возила за соседсво со мал радиус на движење (ЕВС) или
електрични четирицикли. ,,Пајк Ресерч‘‘ (анг. Pike Research) процени дека во
2011 година имало околу 479,000 ЕВС по патиштата низ светот. Најпродавани
електрични возила за соседство се возилата на фирмата ,,Глобал Електрик
Моторкарс‘‘ (анг. Global Electric Motorcars -GEM), која што во периодот од 1998
до декември 2010 има продадено повеќе од 45,000 возила во светот. Во 2011
година, двата најголеми пазари за ЕВС беа САД, со продадени 14,737 возила,
и Франција, со 2,231 возила.
Светските најпродавани електрични автомобили способни за возење по
автопат се ,,Нисан Лиф‘‘, што беа пуштени во продажба во декември 2010
година, со глобална продажба на 46,000 возила во текот на нивните први две
години на пазарот. Јапонија и САД се најголемите пазари за електрични
автомобили способни за возење по автопат во светот, а по нив следат неколку
земји од Западна Европа и Кина. Во Јапонија, се продадоа околу 27,000
електрични автомобили во текот на октомври, 2012 година, каде што 19,000
беа ,,Нисан Лиф‘‘ и повеќе од 6,900 - ,,Мицубиши и-МиЕВ‘‘. Во САД,
најпродадени електрични возила се ,,Нисан Лиф‘‘ со продадени 16,484
автомобила во текот на октомври, 2012 година..

Безбедност на возило

Голем труд е вложен за што е можно повеќе да се намали масата на едно


електрично возило со цел да се зголеми неговото растојание што може да го
помине и издржливост. Сепак, тежината и масата на самите батерии обично го
прават ЕВ потешко во споредба со возило на бензин, а тоа доведува до
намален опсег што може да помине и поголемо растојание при сопирање, но и
помал внатрешен простор. Меѓутоа, во судир, патниците во тешки возила ќе
претрпат помалку и понесериозни повреди за разлика од патниците во полесни
возила; оттука, дополнителна тежина нуди побезбедни придобивки и покрај тоа
што негативно влијае врз перформансите на автомобилот. При несреќен случај
со возило тешко 2,000 lb (900 kg) патниците би претрпеле 50% повеќе повреди
отколку да би биле во возило тешко 3,000 lb (1,400 kg).
Предности на електричните автомобили
Електричните автомобили имаат неколку предности во споредба со
автомобилите со класични мотори со внатрешно согорување, како што се:
значително намалување на локалното загадување на воздухот, бидејќи тие
немаат ауспух и затоа не испуштаат штетни гасови од вградениот извор на
енергија во моментот кога возилата работат; намалено испуштање на
стакленичките гасови од вградениот извор на енергија, во зависност од
горивото и технологијата користена за создавање на електрична енергија за
полнење на батериите; и помала зависност од странската нафта, што за САД
или за другите развиени земји или за земјите во развој е причина за
загриженост за ранливоста на нестабилните цени на нафтата и за прекини во
снабдувањата.

Животен век

При пресметување на дополнителни трошоци за сопственост на возило треба


да се смета и траењето на батериите, бидејќи сите батерии кога-тогаш се
потрошуваат и мора да се заменат. Брзината со која батериите ќе се потрошат
зависи од видот на технологијата што е користена и како тие се користат.
Многу видови на батерии се оштетуваат доколку се исцрпат над одредено
ниво. Литиум-јонските батерии се разложуваат побрзо доколку се чуваат на
повисоки темпрератури.

Цена на електричните автомобили


Набавната цена на електричните автомобили е значително поголема од цената
на автомобилите што имаат класични мотори со внатрешно согорување, дури и
по земајќи ги во обѕир стимулациите од владата за електрични возила со
приклучување, достапни во неколку земји. Главната причина е високата цена
на батериите во автомобилите. Според анкетата што ја спроведе Нилсен за
,,Фајненшал Тајмс‘‘ во 2010-та година, околу три четвртини од американските и
британските купувачи на автомобили имаат размислено или пак ќе размислат
за купување на електрични автомобили, но тие не би платиле повеќе пари за
електричен автомобил. Анкетата покажа дека 65% од американците и 76% од
британците не би платиле повеќе пари за електричен автомобил доколку
истиот би бил поскап од класичниот автомобил

ЗАКЛУЧОК
Електричните автомобили имаат неколку предности во споредба со
автомобилите со класични мотори со внатрешно согорување, како што се:
значително намалување на локалното загадување на воздухот, бидејќи тие
немаат ауспух и затоа не испуштаат штетни гасови од вградениот извор на
енергија во моментот кога возилата работат треба да се земе во предвид дека
електричните возила имаат значително помалку физички делови за
одржување, споредбено со конвенционалните возила, поради што и трошоците
за одржување се значително помали, а со тоа и оперативните трошоци. При
пресметување на дополнителни трошоци за сопственост на возило треба да се
смета и траењето на батериите, бидејќи сите батерии кога-тогаш се
потрошуваат и мора да се заменат eлектричните возила се далеку потивки во
однос на возилата со мотори на внатрешно согорување. Намалување на
бучавата во урбаните средини обезбедува подобри животни и работни услови
и го намалува нивото на стрес.

You might also like