You are on page 1of 15

Универзитет „св.

Кирил и Методиј“ во Скопје Машински


факултет

Радијални (ѕвезда)
мотори

Изработил: Професор:
Кирил Димитровски 118 МВ Даме Димитровски

Скопје 2015
Абстракт
Погонувањето со помош на моторите со внатрешно согорување посебно со клипните е
доста сложен процес и бара големо знаење од термодинамиката за процесот на
претварање на хемиската енергија на горивото во механичка енергија.
Клипните мотори со внатрешно согорување со својата знаменитост се едни од
најупотребуваните машини на денешницава, а се користат воглавно кај транспортните
средства. Транспортот по површината на земјата не бара некои специфични
карактеристики од моторот како машина и затоа моторите кои се користат кај
средствата за транспорт или други машини каде што се користат овие мотори не не
ограничуваат на големината или пак на тежината на мотрот.
Меѓутоа кога станува збор за воздушниот сообраќај побарувачките за моторот се
зголемуваат и се ограничуваат доста карактеристики на моторите како погонски
машини за воздухопловните летала. Со оглед на тоа дека овие мотори треба да работат
на различни атмосферски услови и треба да се доста надежни тие треба доста прецизно
да се изработаат и сите промени во работата на моторот да се согледаат и да се изнајде
концептуален дизајн кој ќе овозможи при било какви услови непречено да ја врши
работата.
Како почеток на воздушниот сообраќај било токму пронаоѓањето на овој мотор со сите
карактеристики и тој мотор бил наречен ѕвезда по однос на распоред на клиповите во
однос на коленестото вратило. Ѕвезда моторот е вид на хидрауличен клипен радијален
мотор и како таков се покажал доста ефикасен за користење во воздухопловството.
Неговата специфичност се должи на големиот торзионен момент кој може да се добие
од овој тип на мотори токму поради распоредот на клиповите. Има ниска тежина
поради системот за ладење кој воглавно и не постои како систем туку постои како
дизајн на блокот со цел да се обезбеди струење на воздух и ладење на истиот.
Ефикасноста но овој мотор се состои во тоа што мешањето на воздух и гориво е
контролирано постојано преку системи кои подоцна ќе бидат наведени, и во
добивањето на вртежен момент на помала единица искористено гориво.
Понатаму низ содржината ќе се сретнеме со историскиот развоја на радијалните
мотори, со неговите спецификации, состевни делови, начина на работа како и со
споредба на радијалните мотори со други видови на мотори. За љубителите на
моторциклите овој тип на мотори е незаменлив поради звукот кој го прави и моќноста
која се добива од него. Така да ете накусо една претстава за овие машини кои се
познати како радијални клипни мотори со внатрешно согорување или ѕвезда мотори.
Содржина

1. Ѕвезда или радијални мотори


2. Историја и развој.
3. Ѕвезда наспроти линиски мотори
4. Радијални дизел мотори
5. Авионски мотори-принцип и работа.
6. Фактори кој го опишуваат радијалниот мотор.
7. Подвижни делови
8. Точно време на палење
9. Склоп, коленесто вратило и клипнача
10. Пропелерски запчест редуктор
11. Систем за карбурација
12. Принцип на Бернули.
13. Однос помеѓу воздух и гориво
14. Предности на радијалните мотори
15. Видови на радијални мотори:
 Ѕвезда или радијални мотори
Радијален мотор е мотор со внатрешно согорување чија конфигурација потсетува на
ѕвезда: Цилиндрите се поставени симетрично од централно поставеното коленесто
вратило према периферниот круг. Овој тип на мотор многу често се користел кај
големите авиони пред гасните турбини кои преовладуваат за погон на
воздухопловството.
Кај ѕвезда моторот (овој израз се користи кај нас додека на англски тој значи радиален
мотор) клиповите се поврзани со коленесто вратило преку главната клипница. Еден
клип обично горниот има главна клипнча дирекно поврзано со коленесто вратило
додека клипначите на останатите клипови се поврзани во круг на работ на главната
клипнача. Секако овој опис се однесува за еден ред или блок кој во моторот ги има
повеќе.
Четритектен ѕвезда мотор имаат непарен број на цилиндри во блокот поради помирно
работење и подобар начин на палење на смесата во цилиндрите. Коленестото
вратиломора да направи два круга за да ги заврши сите четри такта. (1,3,5,2,4) на тој
начин се постигнува секогаш два цилиндра да имаат растојание меѓу цилиндрите во кој
во тек е тактот на експанзија. Доколку бројот би бил парен редот на палење на смесата
во цилиндрите кје биде (1,3,5,2,4,6) во тој случај во првиот круг на коленестото
вратило измеѓу клиповите кои се во такт на компресија би биле дури три клипа
растојание а во другиото завртување на коленестото вратило само еден . поради ова
моторот би работел неправилно и со многу вибрации и поради тоа не се користи
пратен бројна цилиндри.
Четритактните радијални мотори секогаш имаат одреден број на цилиндри во низа за
да може константно клип по клип во текот на работата да се одржува мирен процес на
работа на моторот. Ова се постигнува преку користење на два вртежи на коленестото
вратило за да се заврши четвртиот такт, што значи дека работниот тек на девет
цилиндричен радијален мотор е. 1-3-5-7-2-4-6-8 и повторно назат до цилиндарот со
број 1.
o Во оваа конфигурација
радилицата е поставена во
средината а околу неа се
поставени цилиндрите.

 Историја и развој.
Првиот петоцилиндричен ѕвезда мотор е конструиран од Charles Manly во 1901. Ко ј
имал водено ладење и бил конструиран за еден од првите авиони. Силата на овој мотор
била 39KW со 950rpm. Авионот бил уништен при првиот лет а со тоа бил уништен и
неговиот мотор. По неколку години Јacob Ellhammer го искористил своето искуство во
конструирање на мотрцикли и конструирал мотор (ѕвезда) со воздушно ладење на
моторот. Таоа бил 3 цилиндричен мотор на чија основа во 1907 год. Се развиле многу
поснажни 5 -цилиндрични мотори со кој успеал да неколку пати се одлепи од земјата
но не и да полета. Две години подоцна развил уште еден мотор со 6-цилиндри и два со
3 –цилиндрични блока. Овој мотор имал добар однос меѓу силата и тежината меѓутоа и
понатаму не бил некаква предност за авион што била основна цел на констуркторот.
Констукторот Anzani изработил 3 цилиндричен мотор кој го управувал Louis Bleriot во
25.07.1909 преку каналот Ла Манж. Во 1914 Anzani го развил најголемиот ѕвезда мотор
со 20 цилиндри со по 5 цилиндри во 4 блока и со сила од 150Kw.
Во првата светска војна учествувале авиони со ѕвезда мотори кој развивале и до
180Kw.

 Ѕвезда наспроти линиски мотори


До 1918 година се забележало дека воздушното ладење на радијалните мотори е во
предност од линиските мотори со водено ладење. во 1922 година кога Charles Laewance
успеал да произведе ѕвезда мотор со алуминиумски цилиндри кои имале челични
кошулици тоа значело дека моторот може да работи 300 саати што е во предност од
дотогашните 50 саати кај моторите ладени со вода.
Во 1925 е изведен првиот авионски мотор кој имал 168 Kw со кој бил прелетан
Атлантикот.
Имало и неколку обиди за конструирање на радијални дизел мотори за авиони.
Се до почетокот на млазните мотори,бомбардери,транспортери и атнички авиони
најчесто имале радијални мотори порадни предноста што имале поголема
сигурност,моќ и поедноставни биле за одржување. Радијалните мотори имале и
подобар однос снага/тежина од мотторите со водено ладење поради течноста за
ладење.
Радијалните мотори имале и понатака поголема механичка ефикасност односно
поголем коефициент на корисно дејство и помал борј на лагери и коленести вратила.
Пократкото коленесто вратило имало предност што има помал број на вибрации и
поради тоа поголема сигурност . освен тоа сите цилиндри на радијалниот мотор биле
ладени подеднакво и кај сите се движи ладен воздух. Додека кај линиските моторите
ладени со вода тие што биле поблиску имале поладна течност односно нерамномерно
ладење .
Предност на линиски мотори била што имала помала челна површина односно
зафаќале помал простор а со тоа видливоста била поголема.
- првите радијални мотори биле со еден блок- односно ред на цилиндри но како се
зголемувала потребата од сила така се додавале повеќе редови блокови на првиот.
Lycoming R-7755 бил наголемиот клипен авионски мотор кој имал 36 цилиндри ,127
литри и снга од 3700 KW.
Најголемиот бродски мотор (ѕвзда) кој имал112 цилиндри од 7 цилиндри и 16 блока со
пречник на цилиндар од 160mm од на клип 170mm и вкупна запремнина од 383 литри
и 7500 Kw.
 Радијални дизел мотори
Покрај бензинските ѕвезда мотори биле произведени и неколку дизел мотори. Односот
помеѓу снагата/тежината бил многу близок до дотогашните бензински мотори меѓутоа
испитувањата за дизел мотори се прекинати поради втората светска војна.
Освен авински и бродски мотори радијалните ѕвезда мотори биле применувани и кај
тенковите и моторциликите.

 Авионски мотори-принцип и работа.


Во почетокот сите авиони имаа вградено ото мотори со 3,4,6или8 цилиндри во линиски
распоред.2 тактни и 4 тактни. Ваквите мотори имаат мал попречен пресек гледано од
стана на радилицата што овозможува телото на авионот да биде тесно и да има мал
отпор на возздух. Од друга страна ваквите мотори имаат проблем со ладење бидејќи
воздухот не врти помеѓу сите цилиндри доволно добро а и односот помеѓу снагата и
тежината е многу голема.
Поради тоа овие мотори се заменети со мотори во изведба на v мотор. На овој начин
односот помеѓу силата и тежината бил многу поповолен но ипонатаму ладењето
претставуваало проблем.
Подобрувањето на сите недостатоци дотогаш биле надминати со ѕвезда моторот.
Во овааконфигурација радилицата е во средина и околу неа се поставени цилиндри
3,5,7 или 9 секогаш
непарен број , поради
изедначување на
масата.
Ваквите мотори биле
многу лесни во однос
на силата која ја
произведуваат, биле
едноставни и имале
добро воздушно
ладење исто така
било предност што
можат да се поврзат
неколку вакви
мотори во ред па се
правени радијални
мотори 3x9.4x7
цилиндри.
 фактори кој го опишуваат радијалниот мотор.
Радјалните мотори работат многу глатко затоа што се составени од помал број на
делови и ротацијатан а масивните цилиндри се однесува како замавник. Радијалните
мотори се полесни од конвекционалните мотори по тоа што немаат замавник и затоа
имаат подобар коефициент на искористување во однос на тежината но се многу тешки
за контролирање поради голмиот вртежниот момент. Самиот блок на моторот креира
воздушно ладење. Овој тип на мотор главно се користел во авијацијата до 1920 година
кога од овој мотор се очекувало поголема отпорност на воздухот и гироскопска
активност.

 Подвижни делови
Големиот крај на главната поврзувачка клипнача е поврзан со коленестото вратило
овозможувајќи кружно движење. Движењето на зглобната врска овозможува движење
по елиптична патека. дизајнот на локацијата на зглобот овозможува клипот кој е
поврзан да се движи заедно со главната клипнача колку поблиску што може. Ова ќе
креира временски варијабли толку колку што коленестото вратило ќе ги придвижи
главната клипнача и клипот како и останатите клипначи и клипови.
 Точно време на палење
Лобусот е обезбеден на магнетот кој обезбедува точно време на палење на сите
цилиндри без разлика на варијацијата во одот на клипот. Ова предизвикува овие
мотори да ја извршуваат работата по глатко и дозволуваат големи фактори на
компресија и ја намалуваат несаканата детонација на мешавините на гориво како
последица на несоодветно палење на некој цилиндри.

 Склоп, коленесто вратило и клипнача


Коленестите вратила се конструираат како едноделни или дводелни. Раздвојливиот
голем краен главен лост(клипнача) се користи кога е коленестото вратило е едноделно.
Контра теговите се потребни кај авионските тешки пропелери. На пример, 9
цилиндричен радијален мотор ќе произведе торзиона вибрација од импулсите кој се
појавуваат 4,5 пати во секоја револуција. Задниот контра тег формира слободно
нишало кое осцилира со рамината на ротација на коленесотто вратило, и одговара на
фрекфенцијата на појавените импулси.
Пропелерски запчест редуктор
Во развитокот на поголеми летала неопходно беше да се изработи склоп од движечки
пропелер кој ќе ја ограничува брзината на долгите пропелери која се бара за
подобрување на перформансите во различни дизајнерски услови и ќе ја елеминира
високата фрекфенција на вибрациите која може да предизвика прекин на работата на
моторот.
Има повеќе пропелерски запчести редуктори кој користат запшаници и назабени летви
кој служат за да го сведат односот на вртежите за различни видови на услови како што
се локациите каде пропелерите оперираат блиску до телото на моторот и може да
предизвикат аеродинамично дисбалансирање. Со промена на степенот на ротација
може да се отсранат вибрациите
помеѓу пропелерот и моторот и да се
елиминираат големите напони и и несаканите вибрации.

 Систем за карбурација

После 1938 година авионските мотори со


високи перформанси се опремени со
притисни карбуратори кој не користат
систем од цевки за рагулација на горивото.
Механички тоа се карбуратори кои се
базираат на модерните компјутерски
системи за вбризгување на горивото.
Целта на карбураторот е да обезбеди
точна количина на мешавина на фино атомизирано гориво и воздух кој ќе влегува во
моторот.за да биде смесата запалива односот помеѓу воздух и гориво мора да биде 9
или 16 единици воздух наспроти една единица гориво. Карбураторот мора секогаш да
обезбеди точна мешавина воздух и горивои да го запази односот постојано во сите
оперативни услови. Точната вредоност на гориво која е потребна се менува во
зависност од промената на условите на работа на моторот. Авионските карбуратори
оперираат во сите услови вклучувајќи маневрирање во неколку димензии кои
побаруваат рагулирана контрола на воздух и гориво и нивниот однос при брзи промени
во времето, во тежината на авионот , гравитација и инерција.
Притисен вбризгувачки карбуратор ги решил овие проблеми преку користење на
регулатор кој користи четри комори за мешање на воздух и гориво.
 Принцип на Бернули.
Кога моорот се стартува воздухот навлегува во воздушната комора и низ вентуриеви
цевки . се креира делумен вакум кој е помал од атмосферскиот притисок овој пад на
притисокот креира речење на воздухот кој се базира на принципот на бернули. Како
што воздухот навлегува низ вентуриевите цевки, дел од него ќе истече низ тие цевки и
потоа низ низа на цевки. Овие цевки ќе го измерат просечниот притисок на
вентуриевата цевка.

 Однос помеѓу воздух и гориво


Излезниот воздух од вентуриевите цевки ќе го определи всисувањето во грлото на овие
цевки кое подоцна ќе биде неколку пати поголемо од постоечкото во грлото на
главната вентуриева цевка. Ова предизвикува негативен притисок на комората Б во
пропорција со парцијалниот вакум во вентуриевата цевка. Воздухот кој влегува во
карбураторот го компресира воздухот во низата цевки и предизвикува позитивен
притиск во комората А . овој притисок е пропорционален на густината и брзината на
воздухот кој влегува во моторот а притисната разлика помеѓу коморите А и Б креира
сила на воздухот доволна за да го отвори вентилот ,, пеперутка,, кој дозволува
горивото да влезе во регулаторот за гориво. Горивото доаѓа од филтерот за гориво
преку пеперутката кога таа е отворена и влегува во комората Д . од комората Д
горивото поминува преку низа на контроли во комората Ц. Коморите за мешање на
горивото и воздухот работат заедно во однос на атмосферскиот притисок и течењето
на воздухот. Парцијалниот вакум во вентуриевата цевка и притисокот во грлото во
другите доводни цевки делуваат на воздушната дијафрагма додека притисокот на
горивото делува на дијафрагмата за гориво,со што заеднички го одредуваат количината
на атомизирно гориво директно во супер полначот на моторот.
(појаснување на горе наведенатаслика)

 Предности на радијалните мотори


Радијалните мотори сеуште постојат и продолжуваат да бидат дел од историските
авионски мотори и покажуваат дека се основа за градба на авионите кој се користат
како авионите за рекреација. Во најголем дел се заменети од лесни гасни турбински
мотори кој се поефикасни и поефтини. Технологијата на радијални мотори сеуште се
користи во голем броој на индустрии и сеуште може да се најде во индустријата за
изработка на моторцикли и постојат се од 1980-тите како пронајдок за моторите.
 Радијалните мотори се со голема моќ типичен 9 цилиндричен радијален мотор
кој работи на 30 литри произведува 1200 кс.
 Радијалните мотори имаат низок максимален број на вртежи и ја намалуваат
потребата од зголемување на преносниот однос до пропелерот.
 Радијалните мотори се прават лесни поради распределбата на цилиндрите во
круг околу пропелерското вратило кое овозможува цилиндрите да имаат исто
воздушно ладење и според тоа нема потреба од користење на систем за водно
ладење.

Видови на радијални мотори:


Заклучок:
Ѕвезда или радијален мотор е мотор со внатрешно согорување чија конфигурација
потсетува на ѕвезда: Цилиндрите се поставени симетрично од централно поставеното
коленесто вратило према периферниот круг.
Првиот петоцилиндричен ѕвезда мотор е конструиран од Charles Manly во 1901. Ко ј
имал водено ладење и бил конструиран за еден од првите авиони.
До 1918 година се забележало дека воздушното ладење на радијалните мотори е во
предност од линиските мотори со водено ладење. Покрај бензинските ѕвезда мотори
биле произведени и неколку дизел мотори.
Во очетокот сите авиони имаа вградено ото мотори со 3,4,6или8 цилиндри во линиски
распоред.2 тактни и 4 тактни.
Радјалните мотори работат многу глатко затоа што се составени од помал број на
делови и ротацијатан а масивните цилиндри се однесува како замавник.
Коленестите вратила се конструираат како едноделни или дводелни.
Во развитокот на поголеми летала неопходно беше да се изработи склоп од движечки
пропелер кој ќе ја ограничува брзината на долгите пропелери која се бара за
подобрување на перформансите во различни дизајнерски услови и ќе ја елеминира
високата фрекфенција на вибрациите која може да предизвика прекин на работата на
моторот.
После 1938 година авионските мотори со високи перформанси се опремени со
притисни карбуратори кој не користат систем од цевки за рагулација на горивото.
Радијалните мотори сеуште постојат и продолжуваат да бидат дел од историските
авионски мотори и покажуваат дека се основа за градба на авионите кој се користат
како авионите за рекреација.

Покрај наведените предности и недостатоци кај радијалните (ѕвезда)


мотори тие се сеуште присутни во авионската индустрија. Освен
комерцијалното користенње на овие мотори тие се застапени и кај
авионите со кои се одржуваат натпревари. Поради предностите кај ѕвезда
моторите тие нашле примена и кај моторциклите, тенковите но и кај
големите бродски мотори. Но бидејќи технологијата оди напред а со тоа и
развивањето на нови мотори радијалните мотори кај големите авиони ја
губат битката со млазните мотори кој доминитаат со спецификациите во
однос на нив.

Користена литература:
http://www.paluba.info/smf/index.php?topic=13179.0
http://ramdex.blogger.ba/arhiva/2012/01/22/3095158

http://en.wikipedia.org/wiki/Radial_engine

You might also like