You are on page 1of 5

Средно медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов”

(Назив, седиште и лого на училиштето)

ПРОГРАМА ЗА ФЕРИЈАЛНА ПРАКТИКА

I (прва)
(година)

Забен техничар, Медицинска сестра, Медицински лабораториско-санитарен техничар,


Фармацевтски техничар, Физиотерапевстки техничар
(образовен профил/квалификација)

Здравствена / Здравство и социјална заштита


(струка/сектор)

Скопје , 2020
(место) (година)
1. БРОЈ НА ДЕНОВИ ЗА ФЕРИЈАЛНА ПРАКТИКА: 20 дена

2. СОДРЖИНИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФЕРИЈАЛНА ПРАКТИКА

Целите/резултатите од
Реден Теми/Модуларни единици Конкретни цели/Резултати од учење учење што може да се
број постигнат кај
работодавачот
(√)
1. Вовед и документирање на 1. Набројува работни обрски и задачи според
феријална практика содржините од програмата за феријална
практика, по претходно посетена обука за
безбедност и заштита при работа.
2. Диференцира обрасци за реализација на
феријална практика.
3. Остварува контакти со потенцијални
работодавачи за изведување на феријална
практика.
4. Разликува составни компоненти на дневникот
за феријална практика и начин на негово
пополнување и водење.
5. Редовно и навремено ги евидентира своите
активности во дневник за феријална практика
според содржините од програмата.
2. Подготовка за работа во 1. Користи заштитна облека (униформа).
безбедни епидемиолошки 2. Практикува медицинска култура во
услови сопствениот изглед коса, нокти, накит.
3. Одржува лична хигиена на раце.
4. Спроведува против епидемиолошки мерки
кои се составен дел од протоколот на
здравствената установа.
3. Занимања во сектор 1. Детектира здравствени установи за
здравство реализација на работни задачи за
квалификациите во секторот.
2. Воочува посебни критериуми за простор,
опрема и стручен кадар во здравствената
установа.
3. Наведува работни задачи во рамките на
својата квалификација.
4. Разликува читнители во реализација на
соодветна здравствена услуга: здравствен
тим, пациент и семејство.
5. Употребува различни начини на комуникација
со членовите на здравствениот тим и
пациенти според приципите на
професионална и медицинска етика.
6. Идентификува најчесто употребувани
документи и обрасци при административната
работа во здрвствената установа.
4. Применета анатомија и 1. Опсервира пациент: боја и сувост на кожа и
физиологија лигавици , градба и функции на локомоторен
систем, контактибилност, вид и слух.
2. Мери и евидентира телесни мерки (телесна
тежина, телесна висина) со правилно
користење на прибор за мерење.
3. Мери и евидентира телесна температура со
правилно користење на термометар .
4. Мери и евидентира дишна фрекфенција
5. Палпира артериски пулс , одредува срцева
фрекфенција.
6. Разликува физиолошки варијации (возраст,
пол) и отстапувања од нормалните
вредности.
5. Права и обврски на пациенти 1. Детектира пациент како субјект во
и медицински работници здравствената дејност.
2. Практикува заштита на правата на
пациентите кои се пропишани со Закон за
заштита на правата на пациентите на РС
Македонија.
3. Применува емпатија кон пациентите со
посебна почит кон човечкиот живот и здравје.
4. Почитува личност и достоинството на
пациент.
5. Применува права на здравствените
работници.
6. Здравствено воспитување 1. Изработува здравствено воспитно средство
од област на лична хигиена или здравствени
аспекти на стареење.
2. Планира и применува здравствено воспитна
активност со соодветни методи и средства.
3. Анализира успешност по реализација на
здравствено воспитна активност во
соодветната здравствена установа.

3. НОСИТЕЛИ НА ИЗРАБОТКА И ПОЧЕТОК НА ПРИМЕНА НА ПРОГРАМАТА


3.1. Состав на работната група:
1. Соња Славковиќ
2. Жана Чингоска
3. Билјана Ефремова
4. Нада Терзиоска
5. Славица Видевска
6. Арта Маровци
7. Лорета Сали
8. Валмира Бакали Морина
9. Руфије Зибери
10. Сашо Унчевски

3.2. Почеток на примена на програмата:


Учебна 2019 / 2020 година

4. ОДОБРЕНА ПРОГРАМА ОД ДИРЕКТОРОТ НА УЧИЛИШТЕТО

Директорот на установата за стручно образование СМУ на Град Скопје ,, Д-р Панче Караѓозов " ја одобри примената на
(назив и седиште на училиштето)
Програмата за феријална практика.

Директор,
Маја Салиу ________________ М.П.
(име, презиме и потпис)

You might also like