You are on page 1of 12

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

БИРО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

НАСТАВНА ПРОГРАМА

ПРИМЕНЕТА КОЗМЕТИКА
II година

СТРУКА ЛИЧНИ УСЛУГИ


козметички техничар

Скопје, 2006 година


1. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ

1.1. Назив на наставниот предмет: ПРИМЕНЕТА КОЗМЕТИКА


1.2. Образовен профил и струка на која припаѓа наставниот предмет
1.2.1. Образовен профил: козметички техничар
1.2.2. Струка: лични услуги

1.3. Диференцијација на наставниот предмет


1.3.1. Карактеристичен за образовниот профил

1.4. Година на изучување на наставниот предмет


1.4.1. Втора година

1.5. Број на часови на наставниот предмет


1.5.1. Број на часови неделно: 2 часа
1.5.2. Број на часови годишно: 72 часа

1.6. Статус на наставниот предмет


1.6.1. Задолжителен

1
2. ЦЕЛИ НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

По совладаната наставна програма по предметот применета козметика ученикот стекнува знаења, вештини и се
оспособува:
- да ја познава содржината на дејноста во салонот за козметика;
- да ја планира и организира работата во салонот за козметика;
- да се грижи за личната хигиена, хигиената на просторот и приборот за работа;
- да врши прием на клиентот;
- да го идентификува статусот на кожата;
- да познава козметички постапки на лицето, вратот и деколтето;
- да дава мислења за нега на кожата;
- да го сфати значењето на тимската работа;
- да ги применува нормите на работната етика;
- да користи стручна терминологија;
- да формира позитивен став, потреба и навика за постојано стручно усовршување.

3. ПОТРЕБНИ ПРЕТХОДНИ ЗНАЕЊА

За постигнување на зацртаните цели на наставната програма по применета козметика потребно е ученикот да


поседува знаења од наставните предмети: козметика и фризерство, хигиена и естетика од прва година.

2
4. ОБРАЗОВЕН ПРОЦЕС

4.1. Структуирање на содржините за учење


Бр. Корела-
Тематски целини на Конкретни цели ција меѓу
час. Дидактички насоки тем.
целини
и меѓу
пред-
метите
1. ОРГАНИЗАЦИЈА НА 22 Ученикот: -Практична
ДЕЈНОСТА ВО настава
САЛОНОТ ЗА - да ги познава санитарно- - Објаснување на
КОЗМЕТИКА техничките норми за организацијата на
спроведување на просторот, опремата и
козметичка дејност; средствата за работа во
- да ја познава салонот за козметика;
организацијата на работа - објаснување на
во салонот за козметика; значењето на хигиената
- да разликува методи за во салонот за козметика;
дезинфекција и - истакнување на
стерилизација; стручните компетенции
- да ги познава нормите на на козметичкиот техничар
работната етика; во салонот за козметика;
- да ги познава факторите за - објаснување на
успешно комуницирање; значењето на
- да разликува вербална и комуникација за
невербална комуникација; ефикасност во
- да препознава типови на работењето;
клиенти; - презентирање на

3
- да ги објаснува факторите илустрации од најчестите
на ефикасност на професионални и
работењето; естетски заболувања;
- да ги познава заштитните - покажува примерок на
мерки од професионалните козметолошкиот картон;
заболувања; - демонстрирање на
- да развива хигиенски подготовка за козметички
навики; третман.
- да води козметолошки
картон;
- да објаснува подготовка за
козметички третман.
2. КОЗМЕТОЛОШКА 14 - Да ги именува коските на - Објаснување на скелет на - Дермато-
ДИЈАГНОСТИКА скелетот на лицето и лицето и рамениот појас; логија
рамениот појас; - прикажување на - Анатомија
- да ја опишува фацијалната, распоредот на мускулите и
вратната и градната на главата, градите и физиологија
мускулатура; рамениот појас; - Практична
- да ја познава крвната и - истакнување на важноста настава
лимфната циркулација на на крвната и лимфната
главата, вратот и рамениот циркулација и
појас; инервацијата на главата,
- да ги разликува болните вратот и раменскиот појас
точки во пределот на во козметички постапки;
главата; - објаснување на градбата
- да ја познава градбата на и функцијата на кожата;
кожата; - демонстрирање на
- да објаснува за функциите методи со кои се
на кожата; утврдува статусот на
- да ја разбира важноста на кожата;

4
површинското чистење на - укажување на важноста
кожата како почетна на површинското чистење
козметичка постапка; на кожата во одредување
- да ги разликува на типовите на нејзиниот статус;
на кожа според - објаснување на
карактеристиките; карактеристиките на
- да ги познава методите за нормална, сува, мрсна и
дијагностицирање за комбинирана кожа;
статусот на кожата; - потенцирање на
- да прави избор на поврзаноста на точноста
козметички постапки во на дијагнозата и изборот
зависност од статусот на на козметички постапки.
кожата.
3. КОЗМЕТИЧКИ - Да го дефинира поимот - Објаснување на - Дермато-
ПОСТАПКИ ВО 16 PEELING; примената на лупење на логија
НЕГАТА НА КОЖАТА - да ги набројува начините рожестите клетки на - Практична
НА ЛИЦЕТО, на лупење на рожестате епидермот; настава
ВРАТОТ И клетки на епидермот; - класифицирање на
ДЕКОЛТЕТО - да ги разликува видовите пилингот според начинот
на механички пилинг; на дејство;
- да ги препознава - демонстрирање на
контраиндикациите на мануелен механички
механичкиот пилинг; пилинг;
- да ја објаснува постапката - објаснување на
на мануелниот механички поврзаноста на масажата
пилинг; со негата на кожата;
- да го дефинира поимот - класифицирање на
" естетска масажа "; естетската масажа
- да го разликува ефектите според различни
на масажата; критериуми;

5
- да ги објаснува видовите на - објаснување на
естетска масажа; основните масажни
- да ги опишува основните движења-мазнење,
движења на масажата; триење, гмечење,
- да ги познава правилата на вибрации и тапкање;
мануелната масажа на - објаснување на
лицето, вратот и деколтето; правилата на естетската
- да го опишува дејството на масажата на лицето,
масажата; вратот и деколтето;
- да ги препознава - истакнување на
индикациите и контраиндикациите за
контраиндикациите на естетската масажа;
мануелната масажа; - демонстрирање на
- да ги опишува движењата козметичката постапката
на мануелната масажа на во изведување на
лицето; масажата на лицето-
- да ги дефинира поимите чело, нос, очи, уста,
"козметичка маска" и образи, брада и
"пакување"; подбрадок;
- да разликува видови на - демонстрирање на
козметички маски; масажни движења на
- да го опишува дејството на вратот и деколтето;
козметичките маски; - прикажување на слики и
- да прави избор на цртежи за масажни
козметичка маска според движења;
типот и состојбата на - објаснување на ефектите
кожата. на козметичките маски и
пакувања врз кожата;
- класифицирање на
козметичките маски

6
според нивното дејство и
физичките својства;
- демонстрирање на
апликација на козметички
маски.
4. КОЗМЕТИЧКИ - Да ги познава правилата во - Објаснување на - Практична
ПОСТАПКИ ВО 12 обликување на веѓите; правилата во обликување настава
ДЕКОРАЦИЈА НА - да разликува начини на на веѓите;
ЛИЦЕТО обликување; - опишување на типови на
- да прави корекција на веѓи;
веѓите според обликот на - демонстрирање на
лицето; обликување на веѓите со
- да разликува видови на пинцета или восочен
отстранување на депилатор;
влакнатоста на лицето; - објаснување на методите
- да опишува начин на за отстранување на
белеење на влакната; влакнатоста во пределот
- да ги познава на надусниците и
контраиндикациите на брадата;
восочната депилација на - демонстрирање на ладна
лицето; и топла восочна
- да ја објаснува техниката депилација на делови на
на ладната и топлата лицето;
восочна депилација на - потенцирање на
деловите на лицето; естетскиот ефект на
- да разликува видови на козметичката постапка
козметички препарати, депилација;
прибор и средства за - прикажување на приборот
шминкање; и препаратите за
- да прави избор на шминкање;

7
козметички препарати за - објаснување на
шминкање; основните правила на
- да го објаснува начинот на шминкањето;
нанесување на - демонстрирање на
козметичките препарати за техниката на нанесување
шминкање; на препарати за
- да ги познава правилата на шминкање;
шминкањето; - прикажување на слики,
- да ги применува чекорите илустрации поврзани со
во постапката на темата.
шмикањето;
- да развива чувство за
естетика.
5. АПАРАТУРНА 8 - Да ги разликува видовите - Објаснување на дејството - Практична
КОЗМЕТИКА НА на апарати кои се користат на апаратурната настава
ЛИЦЕТО во козметиката на лицето; козметика;
- да ја објаснува функцијата - -опишување на
на апаратите за нега на индикациите и
лицето; контраиндикациите во
- да ги препознава примена на апаратите;
контраиндикациите за - -демонстрирање на
примена на апаратите; примена на вапозон,
- -да прави избор на термомаска, фриматор и
апаратура во однос на апарат со висока
козметичката постапка. фреквенција;
- -прикажување на модели
на апарати.

8
4.2. Наставни методи и активности на учење

Согласно целите на наставната програма по применета козметика наставникот применува основни наставни
методи кои на ученикот му даваат можност да биде активен учесник во наставата преку неговите активности во
училиштето и вон училиштето. Овие наставни методи подразбираат примена на наставните форми за работа: работа во
групи, во парови, тандем или индивидуално.
Во текот на наставата наставникот ги презема следните активности: објаснува, демонстрира, опишува, споредува,
анализира, дискутира, ги ангажира учениците со изработка на проекти на тема од применета козметика, ја следи работата
на ученикот, го мотивира ученикот, го води ученикот и др.
Во текот на наставата по предметот, активноста на ученикот се состои во слушање, дискутирање, прибележување,
набљудување, споредување, демонстрирање, изработка на проектни задачи, изработување домашни задачи,
илустрирање и друго.

4.3. Организација и реализација на наставата

Воспитно - образовната работа по наставниот предмет применета козметика се реализира преку стручно
теоретска настава во кабинет-училница соодветно опремена. Образовните активности се организирани во две полугодија,
преку неделен распоред на часовите. Бројот на часовите кој е даден за одделните наставни целини во точка 4.1. од овој
документ, опфаќа часови за обработка на нови наставни содржини, повторување, утврдување, правење проекти на дадена
тема, гледање на видеофилмови и ЦД-роми, организирање работилници со содржини од применетата козметика.
Непосредната поврзаност на содржините помеѓу наставните програми по применета козметика со практична
настава, анатомија и физиологија и дерматологија неминовно ја наметнува потребата од тимска работа меѓу
наставниците кои ги реализираат овие програми.

4.4. Наставни средства и помагала

За поефикасно постигање на целите се користи: графоскоп, компјутери, телевзиор, видеоленти, слики, цртежи,
проспекти за иновации во козметиката, стручни списанија и други наставни средства и помагала предвидени според
Нормативот за простор, опрема и наставни средства за образовниот прифил козметички техничар.

9
За поуспешно совладување на целите на предметот ученикот користи соодветна литература и тоа: учебници и
учебни помагала, наставни материјали подготвени од страна на наставникот, Интернет, стручни списанија и слично.

5. ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ

Оценувањето на постигањата на учениците се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата.


Континуирано во текот на целата учебна година, усно, писмено преку тестови на знаења или други форми, кои се користат
по обработката на секоја наставна единица. Секој ученик во текот на едно полугодие добива најмалку две оценки. Доколку
ученикот не ја совлада наставната програма по предметот, се постапува според законската регулатива.

6. КАДРОВСКИ И МАТЕРИЈАЛНИ ПРЕДУСЛОВИ ЗА


РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

6.1. Основни карактеристики на наставниците

Наставникот по наставниот предмет применета козметика, треба да ги поседува следните персонални,


професионални и педагошки карактеристики: да е психофизички здрав, да го применува литературниот јазик и писмо на кој
се изведува наставата, да е отворен и комуникативен, подготвен за соработка, да има соодветно професионално
образование, со или без работно искуство, да ја сака педагошката работа, да е добар организатор, креативен, да ја
почитува личноста на ученикот, да е подготвен за примена на иновации во воспитно-образовната работа.

6.2. Стандард за наставен кадар

Наставата по предметот применета козметика ја реализираат кадри со завршени студии по:


o медицина;
o фармација;
o стоматологија
со здобиена педагошко- психолошка и методска подготовка и положен стручен испит.

10
6.3. Стандард за простор

Наставата по наставниот предмет применета козметика се реализира во кабинет-училница, опремена според


Нормативот за простор и опрема за образовниот профил козметички техничар.

7. ДАТУМ НА ИЗРАБОТКА И НОСИТЕЛИ НА


ИЗРАБОТКАТА НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

7.1. Датум на изработка: мај 2006 година

7.2. Состав на работната група:

1. Чедомир Димовски, раководител, советник, Биро за развој на образование - Скопје


2. д-р Весна Гривчева-Пановска, член, професор, Медицински факултет - Скопје
3. д-р Лидија Андоновска, член, наставник, СУГС “Димитар Влахов” - Скопје
4. Цвете Темова, член, козметичар, “Козметика Темов” - Скопје

8. ПОЧЕТОК НА ПРИМЕНА НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

Датум на започнување: 1 септември 2006 година

9. ОДОБРУВАЊЕ НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

Наставната програма по применета козметика ја одобри министерот за образование и наука со решение број 07 -
3851/24 од 29.06.2006 година.

11

You might also like