You are on page 1of 9

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

НАСТАВНА ПРОГРАМА

ОЧНА ОПТИКА
III година
- ИЗБОРНА-
ЛИЧНИ УСЛУГИ
Техничар за очна оптика

Скопје, 2007 година


1. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ

1.1. Назив на наставниот предмет: ОЧНА ОПТИКА

1.2. Образовен профил и струка


1.2.1. Образовен профил: техничар за очна оптика
1.2.2. Струка: лични услуги

1.3. Диференцијација на наставниот предмет


1.3.1. Предмет карактеристичен за образовниот профил

1.4. Година на изучување на наставниот предмет


1.4.1. Трета

1. 5. Број на часови на наставниот предмет


1.5.1. Број на часови неделно: 2 часа
1.5.2. Број на часови годишно: 72 часа

1. 6. Статус на наставниот предмет


1.6.1. Изборен

2
2. ЦЕЛИ НА НАСТАВНИОТ ПРЕДМЕТ

Ученикот кој успешно ќе ја совлада наставната програма по предметот очна оптика како изборен предмет стекнува
знаења, вештини и се оспособува:
- да ја објаснува градбата и функцијата на деловите на окото;
- да ги класифицира различните видови методи за одредување на острината на видот;
- да ги изведува објективните и субјективите методи за одредување на острината на видот;
- да ја опишува основата на промената на оптичкиот систем која довела до појава на аметропијата;
- да изгради позитивен хуман став кон рефракционите аномалии на окото;
- да користи стручна (медицинска) терминологија.

3. ПОТРЕБНИ ПРЕТХОДНИ ЗНАЕЊА

За успешно совладување на наставните содржини и за постигнување на зацртаните цели по предметот очна


оптика како изборен предмет потребно е ученикот да поседува знаења од биологија, физика од основно училиште и прва
година средно образование, како и знаења од предметот анатомија на око и глава од втора година.

3
4. ОБРАЗОВЕН ПРОЦЕС

4.1. Структурирање на содржините за учење

Бр. Корелација
Тематски целини на Конкретни цели Дидактички насоки меѓу темат.
час целини и меѓу
о- предмети
ви
1. ГРАДБА И 14
ФУНКЦИЈА НА Ученикот:
ЧОВЕКОВОТО
ОКО - да ги објаснува поимите: очно - Демонстирање на градба Очна оптика
јаболко, склера, рожница, ирис, и локализација на
цилијарно тело, садовница, деловите на модел на
мрежница, орбита; око;
- да ги опишува и локализира - демонстрирање на
деловите на човековото око, нивната анатомски атлас со
анатомска градба, морфологија, делови на окото и
хистологија и топографија; помошен апарат за
- да го познава солзниот апарат, подобра просторна
надворешните мускули на окото, ориентација и
нивната локализација, составни локализација на истите;
делови и функција; - симулирање работа на
- да ја споредува градбата на одреден око на функционален
дел од окото со неговата функција; модел;
- да го разбира окото како дел од - дискутирање за
нервиниот систем; поврзаноста на градбата
- да ја употребува стручната и фунцијата на деловите
терминологија. на окото.

4
2. ПАРАМЕТРИ НА 16 - Да ги објаснува поимите: рефракција, - Објаснување за процесот Очна оптика
ОКО еметропија, еметропизација и на рефракција и значење
акомодација; на одделни елементи на
- да ги класифицра параметрите на окото како сложен
окото; оптички апарат;
- да ја споредува функцијата на око со - прикажување и
сложен оптички апарат; анализирање на табела
- да ги опишува параметрите кај со параметри на око
миопното око и хиперметропното око; (еметропно, хиперме-
- да споредува параметри на тропно, миопно);
еметропно со аметропно око; - дискутирање за процесот
- да ја употребува стручната на акомодација.
терминологија.
3. МЕТОДИ ЗА 26 - Да ги класифицира методите на - Дискутирање за Очна оптика
ОДРЕДУВАЊЕ одредување на острината на видот; острината на видот,
НА ОСТРИНАТА - да разликува субјективните од оптотипи,
НА ВИДОТ објективните методи на одредување офталмоскопија,
на острината на видот; скијаскопија,
- да ја познава апаратурата за кератометрија и
одредување на визусот (видови, рефрактометрија;
составни делови и начин на - демонстирање на:
функционирање); објективните методи
- да определува острина на вид; (скијаскопија,
- да изгради позитивен став кон офталмоскопија,
постапката за одредување на визус. кератометрија и
рефрактометрија)
субјективи методи
(оптотипи за блиску и
далеку) за одредување на
острина на вид;

5
- демонстрирање на
методи ја одредување на
острината на видот;
4. ВИДОВИ НА 16 - Да ги објаснува промените во - Прикажување и Очна оптика
АМЕТРОПИИ прекршувањето кај миопија, објаснување шеми на
хиперметропија, пресбиопија, миопно, хиперметропно,
афакија; пресбиопно, афакно око;
- да ги класифицира миопиите и - објаснување на
хиперметропиите; механизмот на
- да ја објаснува поврзаноста на настанување на
аметропијата, т.е. нејзината суштина рефракциона аномалија.
и можноста за корекција.

4.2. Наставни методи и активности на учење

Согласно целите на наставниот предмет очна оптика како изборен предмет наставникот применува современи
наставни методи со кои на ученикот ќе му даде можност да стане активен учесник во наставата преку изведувања на
наставата во училница, проекти, поврзување со заедницата. Овие методи подразбираат примена на наставните форми за
работа: работа во групи, во парови/тандем и индивидуално и користење на современи наставни средства и помагала.
Во текот на наставата наставникот ги презема следните активности: планира, се подготвува за часот, објаснува,
демонстрира, дава упатства за скицирање и бележење, опишува, поставува прашања, споредува, ги користи претходно
стекнатите знаења на ученикот, ја следи и контролира работата на ученикот, го мотивира ученикот, ги оценува
постигањата на ученикот и др.
Во текот на наставата по предметот, активноста на ученикот се состои во дискутирање, прибележување, користење
на сопствените претходно стекнати знаења, набљудување, скицирање и бележење, демонстрирање постапки,
споредување, изработување домашни задачи, читање и анализа на шеми, скици и друго.

6
4.3. Организација и реализација на наставата

Воспитно-образовната работа по наставниот предмет очна оптика како изборен предмет се реализира преку
стручно-теоретска настава во специјализирана училница, односно кабинет-училница, опремена со наставни средства и
помагала, можна е посета на офталмолошка амбулантна. Образовните активности се организирани во две полугодија,
преку неделен распоред на часовите. Бројот на часовите кој е даден за одделните наставни целини во точка 4.1. од овој
документ опфаќа часови за обработка на нови наставни содржини, вежби, повторување, утврдување.

4.4. Наставни средства и помагала

За поефикасно постигнување на целите се применуваат разни наставни средства, помагала и материјали. Во


зависност од наставната единица се користи: графоскоп, телевизор и видеорикордер, дијапроектор, анатомски и
хистолошки атлас, шеми, мулажи, модели, слики, наставни филмови кои ги третираат градбата, локализацијата и
функцијата на клетката, ткивото, системите и човеково тело во целина и други наставни средства и помагала.
За поуспешно совладување на целите на предметот се користи соодветна литература, и тоа: учебници и учебни
помагала по очна оптика, наставни материјали подготвени од страна на наставникот и дополнителна литература за
наставникот.

5. ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ

Оценувањето на постигањата на учениците се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата


континуирано во текот на целата учебна година, усно, како и писмено преку тестови на знаења кои се користат по
обработката на секоја наставна целина и практични демонстрации. Секој ученик во текот на едно полугодие треба да
добие најмалку две оценки. Доколку ученикот не ја совлада наставната програма по предметот, се постапува според
законската регулатива.

7
6. КАДРОВСКИ И МАТЕРИЈАЛНИ ПРЕДУСЛОВИ ЗА
РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

6.1. Основни карактеристики на наставниците

Наставникот по наставниот предмет очна оптика треба да ги поседува следните персонални, професионални и
педагошки карактеристики: да е психофизички здрав, да го применува литературниот јазик и писмото на кои се изведува
наставата, да е отворен и комуникативен, отворен за соработка, да има соодветно професионално образование, со или
без работно искуство, да ја сака педагошката работа, да е добар организатор, креативен, да ја почитува личноста на
ученикот, да е подготвен за примена на иновации во воспитно-образовната работа.

6.2. Стандард за наставен кадар


Наставата по предметот очна оптика како изборен предмет ја реализираат кадри со завршени студии по:
- медицина;
со здобиена педагошко-психолошка и методска подготовка, како и положен стручен испит.

6.3. Стандард за простор

Наставата по наставниот предмет очна оптика се реализира во специјализирана училница, односно кабинет-
училница опремена според нормативот за простор и опрема за струката лични услуги.

7. ДАТУМ НА ИЗРАБОТКА И НОСИТЕЛИ НА


ИЗРАБОТКАТА НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

7.1. Датум на изработка: мај 2007 година.

8
7.2. Состав на работната група:

1. Чедомир Димовски, раководител, СУГ-Скопје „Лазар Танев”


2. Проф. д-р Билјана Сидовска, редовен професор, Медицински факултет - Скопје
3. д-р Соња Славковиќ, наставник по стручни предмети, ДСМУ „Д-р Панче Караѓозов” - Скопје

8. ПОЧЕТОК НА ПРИМЕНА НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

Датум на започнување: 1. 09. 2007 година

9. ОДОБРУВАЊЕ НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

Наставната програма по предметот очна оптика како изборен предмет ја одобри министерот за образование и
наука со решение бр. 11-4405/1 од 12.06.2007 година.

You might also like