You are on page 1of 12

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

НАСТАВНА ПРОГРАМА

ОПТИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ
III година

ЛИЧНИ УСЛУГИ
Техничар за очна оптика

Скопје, 2007 година


1. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ

1.1. Назив на наставниот предмет: ОПТИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ

1.2. Образовен профил и струка


1.2.1. Образовен профил: техничар за очна оптика
1.2.2. Струка: лични услуги

1.3. Диференцијација на наставниот предмет


1.3.1. Карактеристичен за образовниот профил

1.4. Година на изучување на наставниот предмет


1.4.1. Трета

1. 5. Број на часови на наставниот предмет


1.5.1. Број на часови неделно: 3 часа
1.5.2. Број на часови годишно: 108 часа

1. 6. Статус на наставниот предмет


1.6.1. Задолжителен

2
2. ЦЕЛИ НА НАСТАВНИОТ ПРЕДМЕТ

По совладувањето на наставната програма по предметот оптички инструменти ученикот стекнува знаења и


вештини и се оспособува:
- да ја објаснува поделбата на оптичите инструменти според различни критериуми;
- да ги познава оптичките елементи: призмите, план – паралелната плоча, огледалата и оптичките леќи и нивната
примена;
- да ги разликува простите од сложените оптички инструменти како што се: лупата, микроскопот, телескопот,
фотографскиот дигитален апарат, проекционите апарати и диоптриметарот;
- да применува работа со оптичките инструменти што се користат во експерименталните активности;
- да се вклучува во тимска работа;
- да анализира методи на истражувања во оптичките инструменти;
- да стекнува правилен однос кон природата и заштитата на животната средина.

3. ПОТРЕБНИ ПРЕТХОДНИ ЗНАЕЊА

За постигнување на зацртаните цели на наставната програма по предметот оптички инструменти потребно е


ученикот да поседува предзнаења од предметите оптика, математика и физика од втора година.

3
4. ОБРАЗОВЕН ПРОЦЕС

4.1. Структурирање на содржините за учење

Корелација

Број на
часови
меѓу темат.
Конкретни цели Дидактички насоки
Тематски целини целини и
меѓу
предметите
1. ОПТИЧКИ 3 Ученикот: Оптички
ИНСТРУМЕНТИ - да ја одредува областа на примена - Објаснување на примената мерења
на оптичките инструменти; на оптичките инструменти
- да ја сфаќа поделбата на оптичките во секојдневниот живот;
инструменти според градбата, видот - дефинирање на областа во
на сликата и начинот на создавање која спаѓа примената на
на сликата; оптичките инструменти;
- да го опишува составот на - запознавање со поделбата
оптичкиот инструмент според на оптичките инструменти;
неговото оптичко дејствување; - укажување на разликата
- да ја објаснува поделбата на меѓу оптичките и
оптичките елементи. механичките елементи кај
оптичкиот инструмент.
2. ПРИЗМИ 30 - Да го дефинира поимот оптичка - Објаснување на ефектите Оптички
призма; од тоталната рефлексија мерења
- да го пресмета аголот на девијација; кај сите видови призми;
- да разликува тенка од дебела - објаснување на
призма; минималната девијација;
- да ја опишува тристраната призма - дефинирање на примената
чиј агол на прекршување е 900; на тенката и дебелата

4
- да ја опишува тоталната рефлексија призма;
кај правоаголната призма во - демонстрирање на
зависност од која страна влегува тоталната рефлексија кај
зракот; правоаголната призма;
- да ја опишува I – та Порова - дефинирање на разликата
комбинација; на примената на I – та од II
- да ја опишува II – та Порова –та Порова комбинација;
комбинација; - објаснување на шематски
- да ја опишува тоталната рефлексија приказ на оптички
кај Довеовата призма; световод;
- да ја дефинира фибер оптиката; - објаснување на разликата
- да ја објаснува причината за на добиената слика кај
отсуство на хроматската Довеовата и ромбичната
аберација кај Довеовата призма; призма;
- да ја опишува тоталната рефлексија - објаснување на својствата
кај Ромбична призма; на кровната призма како
- да ја дефинира примената на причина за нејзината многу
ромбичната призма; честа примена кај
- да ја опишува Пентагоналната огледалните фотоапарати
призма; и другите оптички
- да ја објаснува причината зошто инструменти;
двете спротивни страни кај - опишување на својствата
пентагоналната призма се на чизмастата призма.
огледални; - опишување на својствата
- да ја објаснува примената на на пентагоналната призма;
пентагоналната призма; - објанување на кровната
- да конструира кровна призма; призма;
- да ја дефинира примената на - опишување на чизместата
кровната призма; призма.
- да ја толкува чизмастата призма.

5
3. ПЛАН - 9 - Да ја дефинира план-паралелната - Објаснување на законот за Оптички
ПАРАЛЕЛНА ПЛОЧА плоча; прекршување кај план- мерења
- да го опишува минувањето на паралелната плоча;
зракот низ план паралелната - определување на
плоча; големината на
- да ја одреди стигматичноста на поместувањето на зракот
план- паралелната плоча; кој минува низ план-
- да го пресмета паралелното паралелната плоча;
поместување на зракот кај план- - дефинирање на примената
паралелната плоча; на план-паралелната плоча
- да ја објаснува зависноста на кај оптичките инструменти
паралелното поместување на зракот - опишување на план-
од дебелината на план-паралелната паралелната плоча како
плоча; оптички микрометар;
- да ја познава примената на план- - опишување на план-
паралелната плоча како оптички паралелната плоча како
микрометар и како заштитно стакло. заштитно стакленце кај
некои оптички инструменти.
4. ОГЛЕДАЛА И 21 - Да го дефинира поимот огледало - Објаснување на појавата Оптички
ЛЕЌИ според коефициентот на рефлексија; мерења
рефлексија; - демонстрирање на појавата
- да го познава поимот рамно на одбивање паралелен,
огледало; дивергентен и конвергентен
- да го разликува ликот од предметот светлински сноп;
кај рамното огледало; - дефинирање на основните
- да ја објаснува примената на критериуми за реален или
рамните огледала во животот и во нереален (имагинарен) лик
лабораториската практика; кај оптичките системи;
- да применува систем од две рамни - опишување на својствата
огледала поставени под прав агол на добиениот лик од две,

6
на кој паѓаат паралелни зраци; односно три поставени
- да ја објаснува рефлексијата на огледала меѓу себе под
светлосните зраци од три рамни агол;
огледала поставени едно во однос - опишување на системот
на друго под агол од 90 степени; „мачкино око”;
- да дефинира параболично - дефинирање на
огледало; калеидоскоп на Брустер;
- да ја објаснува сферната аберација - дефинирање на основните
кај конкавното огледало; својства на параболичното
- да ја разликува тенка од дебела огледало;
леќа; - опишување на промената
- да конструира карактеристични на местата на точката
зраци за формирање лик кај дебела предмет и точката лик;
леќа; - дефинирање на дебела
- да демонстрира комбинација од леќа.
повеќе леќи за постигнување на
саканата оптичка јачина на
системот.
5. ОТСТРАНУВАЊЕ 6 - Да ги познава условите за - Објаснување на појавата Оптички
НА АБЕРАЦИИТЕ формирање остри ликови кај леќите; аберација; мерења
КАЈ ОПТИЧКИТЕ - да ја познава класификацијата на - конструирање надолжна
СИСТЕМИ аберациите; сферна аберација кај план
- да ја објаснува задачата на конвексна леќа;
практичната оптика за сведување на - укажување дека системите
минимум на сите видови аберации; кои се коригирани на
- да опишува отстранување на грешката сферна аберација
сферна аберација; немаат аберација - кома;
- да објаснува отстранување на - опишување на девијацијата
хроматската аберација. на црвените и виолетовите
зраци од белата светлина.

7
6. ОПТИЧКИ 39 - Да ја дефинира лупата; - Објаснување на примената Оптички
ИНСТРУМЕНТИ - да конструира лик кај лупа; на лупата; мерења
- да го пресметува аголното - објаснување на аголното
зголемување кај лупата; зголемување;
- да разликува окулар од објектив; - објаснување на
- да го познава Рамсденовиот и механичките и оптичките
Хајгенсовиот окулар; составни делови на
- да ги препознава механичките микроскопот;
составни делови на микроскопот; - опишување на
- да ги објаснува оптичките делови интерференцискиот
на микроскопот; микроскоп;
- да објаснува посебни типови на - опишување на
микроскопи; поларизацискиот
- да го објаснува интерференцискиот микроскоп;
микроскоп; - опишување на
- да препознава: поларизациски, флуоросцентниот
флуоресцентен и електронски микроскоп;
микроскоп; - опишување на
- да ја објаснува примената на електронскиот микроскоп;
микроскопите; - опишување на телескоп
- да го дефинира телескопот; рефлектор (Галилеов
- да ја познава поделбата на телескоп);
телескопите според зраците на - опишување на телескоп
прекршување или одбивање; рефрактор (Њутнов
- да разликува диоптриски од телескоп);
катадиоптриски телескопи; - објаснување на
- да ги дефинира катадиоптричките Грегориевиот телескоп;
телескопи; - дефинирање на зависноста
- да го опишува принципот на работа на квалитетот на сликата
на двогледот; од објективот;

8
- да ги познава основните - дефинирање на двете
карактеристики на телескопите; најважни карактеристики на
- да го опишува поставувањето на телескопот;
телескопите; - опишување на основните
- да се дефинира дигиталниот делови на фотоапаратот;
фотоапарат; - опишување на одделните
- да го опишува чувањето и делови на дигиталниот
одржувањето на фотоапаратот; фотоапарат;
- да дефинира темен диоптриметар; - објаснување на составните
- да го опишува конвенционалниот делови на диоптриметарот;
темен диоптриметар. - демонстрирање на читање
на диоптрија на
диоптриметарот.

4.2. Наставни методи и активности на учење

Согласно целите на наставниот предмет оптички инструменти наставникот применува современи наставни
методи со кои на ученикот ќе му даде можност да стане активен учесник во наставата преку изведувања на наставата во
училиштето и вон училиштето. Овие методи подразбираат примена на наставните форми за работа: работа во групи, во
парови/тандем и индивидуално и користење на современи наставни средства и помагала.
Во текот на наставата наставникот ги презема следните активности: планира, се подготвува за часот, објаснува,
демонстрира, дава упатства за скицирање и бележење, опишува, поставува прашања, споредува, ги користи претходно
стекнатите знаења на ученикот, ја следи и контролира работата на ученикот, го мотивира ученикот, ги оценува
постигањата на ученикот и др.

9
Во текот на наставата по предметот, активноста на ученикот се состои во дискутирање, прибележување, користење
на сопствените претходно стекнати знаења, набљудување, скицирање и бележење, демонстрирање постапки,
споредување, изработување домашни задачи, читање од дијаграми, скици и друго.

4.3. Организација и реализација на наставата

Воспитно-образовната работа по наставниот предмет оптички инструменти се реализира преку стручно-


теоретска настава во специјализирана училница, односно кабинет-училница, опремена со наставни средства и помагала.
Образовните активности се организирани во две полугодија, преку неделен распоред на часовите. Бројот на часовите, кој
е даден за одделните наставни целини во точка 4.1. од овој документ, опфаќа часови за обработка на нови наставни
содржини, вежби, повторување, утврдување, правење проекти на дадена тема, гледање видеофилмови, ЦД-дискови и др.
Непосредната поврзаност на содржините помеѓу наставните програми неминовно ја наметнува потребата од тимска
работа меѓу наставниците кои ги реализираат овие програми.

4.4. Наставни средства и помагала

За поефикасно постигнување на целите се применуваат разни наставни средства, помагала и материјали. Во


зависност од наставната единица се користи: графоскоп, телевизор и видеорикордер, дијапроектор, мерни уреди, алати,
микроскоп, лупа, телескоп, двоглед, материјали за работа, шеми, слики, наставни филмови кои ги третираат подготовките
на оптиката, каталози и други наставни средства и помагала според нормативот за простор, опрема и наставни средства.
За поуспешно совладување на целите на предметот се користи соодветна литература, и тоа: учебници и учебни
помагала во кои се опишани оптичките елементи и оптичките инструменти, наставни материјали подготвени од страна на
наставникот, дополнителна литература за наставникот, Интернет, стручни списанија и сл.

5. ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ

Оценувањето на постигањата на учениците се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата


континуирано во текот на целата учебна година, усно, како и писмено преку тестови на знаења кои се користат по
обработката на секоја наставна целина и практични демонстрации. Секој ученик во текот на едно полугодие треба да

10
добие најмалку две оценки. Доколку ученикот не ја совлада наставната програма по предметот се постапува според
законската регулатива.

6. КАДРОВСКИ И МАТЕРИЈАЛНИ ПРЕДУСЛОВИ ЗА


РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

6.1. Основни карактеристики на наставниците

Наставникот по наставниот предмет оптички инструменти, треба да ги поседува следните персонални,


професионални и педагошки карактеристики: да е психофизички здрав, да ги применува литературниот јазик и писмото на
кои се изведува наставата, да е отворен и комуникативен, подготвен за соработка, да има соодветно професионално
образование, со или без работно искуство, да ја сака педагошката работа, да е добар организатор, креативен, да ја
почитува личноста на ученикот, да е подготвен за примена на иновации во воспитно-образовната работа.

6.2. Стандард за наставен кадар

Наставата по предметот оптички инструменти ја реализираат кадри со завршени студии по:


- физика;
со здобиена педагошко-психолошка и методска подготовка и положен стручен испит.

6.3. Стандард за простор

Наставата по наставниот предмет оптички инструменти, се реализира во специјализирана училница, односно


кабинет-училница, опремена според нормативот за простор и опрема за струката лични услуги.

11
7. ДАТУМ НА ИЗРАБОТКА И НОСИТЕЛИ
НА ИЗРАБОТКАТА НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

7.1. Датум на изработка: мај 2007 год.

7.2. Состав на работната група:

1. Чедомир Димовски, раководител, советник во Центарот за стручно образование и обука - Скопје


2. Д-р Доне Гершановски, редовен професор на Природно-математичкиот факултет - Скопје
3. Вера Андоновска, наставник по физика, СУГ - Скопје „Марија Кири-Склодовска”
4. Маја Кочовска, техничар по очна оптика, Оптика „Маја” - Скопје

8. ПОЧЕТОК НА ПРИМЕНА НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

Датум на започнување: 1. 09. 2007година

9. ОДОБРУВАЊЕ НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

Наставната програма по оптички инструменти ја одобри министерот за образование и наука со решение


број 11-4405/1 од 12.06.2007 година.

12

You might also like