You are on page 1of 5

ПОИМНИК

на термини по предметот Фотографија (за прва година)


1. Фотоапарат-Оптички инструмент за снимање на слики кои можат да бидат фиксни(фотографија) или
подвижни (видео).
2. Тело на фотоапарат-дел од фотоапарат (кај професионални апарати) кој служи за снимање на слики и
на кој дополнително се ставаат менуваат објективи по потреба.

Тело на DSLR апарат


3. Објектив –дел од фотоапарат (кај професионални апарати) кој содржи повеќе леќи и се монтира на
телото. Одлика на секој објектив е фокусната оддалеченост (фокусно растојание) и светлосната моќ (најширок
отвор на бленда)
Според фокусната оддалеченост се делат на
-Фиксни (Широкоаголен, Нормален, Телеобјектив)
-Зум(со променлива фокусна оддалеченост)

Објективи
4. Бленда –Отвор на објективот кој пропушта светлина (f-број)со нејзе се контролира количината на
светлина која го експонира сензорот и служи за дефинирање на длабочинската оштрина (поотворена бленда
помал f broj, помал дел од фотографијата е оштар во фокус другото е замаглено, позатворена бленда поголем
f број поголем дел од фотографијата е оштар )

Бленда
5. Затворач –Дел од телото на фотоапаратот со кој исто како и блендата се контролира количината на
светлина која ќе го експонира сензорот. Поголема брзина на затворачот на фотографиите се регистрира како
замрзување на движење, помала брзина на затворачот се регистрира секое движење (се дефинира како дел
од секунда пр. 1/60 една шеестинка, шееести дел од секунда, поголема брзина на затворачот 1/125, 1/1000
или 1/8000 го замрзнува движењето) Всушност се регистрира се што поминало во тој дел од секунда (време)
зависност на бленда, брзина на затворач и осетливост ISO врз фотографијата
6. Експозиција –Вкупна светлина која поминува низ блендата и затворачот и го експонира филмот –
сензорот
7. Осетливост на Сензор –филм –Е изразена најчесто како ISO. Осетливост на негативот или сензорот на
светлина ( Кај сензорот поголема осетливост значи поголем шум на фотографиите ) најчесто номинална
осетливост е 100 ASA и се користи за најквалитетна фотографија, по потреба осетливоста се зголемува во
потемни светлосни услови (ISO 400 или 800/1600 итн, но се губи на квалитет на фотографијата ).
8. Фокусна длабочина – Област (дел на фотографијата ) од најблискиот до најоддалечениот дел каде
оштрината е прифатлива односно предметите се оштри, зависи од отворот на блендата позатворена бленда
поголем дел од фотографираните објекти се оштри и обратно.
9. Фокус – Област на оштрина, онаму каде оштрината е најприфатлива односно каде е изоштрено
10. Блиц – Блиц глава – Фотографска опрема Помошно вештачко светло кое служи за осветлување во
студиски услови или во услови кога нема природна светлина (или како додаток на природното светло)
Разликуваме вграден блиц во самото тело на апаратот, екстерен надворешен блиц и блиц глава (студиски
прибор )

Екстерен блиц Блиц глава

11. Софт бокс, чадор – Модификатори на светлина кој служат за омекнување дисперзирање на
светлината, (софт боксот) тоа е кутија со тријаголна форма која се монтира на блиц главата и од предната
страна има бела полупрозирна површина, може да биде со квадратна кружна трапезна и други форми.
(чадор) најчесто бел може да ја пропушта низ себа светлината или да ја рефлектира со долната страна
12. Рефлактирачка површина – Може да се нарече секоја површина која рефлектира светлина и може
да послужи за дополнување или враќање на свелина кон предметот на интерес.
13. Сенило на објектив – Дел од опрема која се навртува на почетокот на објективот и служи за да не
дозволи странична упадна светлина да навлезе кон предната стаклена површина на објективот и да ја расипе
контраста на фотографијата.
14. Статив – најчесто троножен дел од опремата кој служи за потпирање на фотоапаратот односно за
држење во мирна положба заради правилно експонирање. Најчесто се користи кога се снимаат ноќни
фотографии или во недостаток на светлина кога брзината на затворачот е долга. Под статив се подразбира и
држач на блиц глава или друга фотографска опрема во студиски услови.
15. Светломер – Претставува посебен инструмент или најчесто вграден дел од фотоапаратот кој служи
за мерење на количината на светлина во кадарот и правилно експонирање на фотографијата. постојат повеќе
начини на мерење на светломерот најчести се:
- Мерење на матрица –или мерење во повеќе точки на самиот кадар при што се зема просечната
количина на светлина.
- Мерење во централно подрачје – при мерењето најмног се зема во предвид количината на светлина
во централното подрачје на кадарот при што се пресметува експозицијата.
- Спот светломер – се бира одредена точка во која се мери светлината и според која се пресметува
експозицијата.
Сите три најчести типа на светломери имаат позитивни и негативни страни и најчесто се применливи во
одредени ситуации.

Симболи за одредени модови на работа на светломерот кај Никон и Канон фотоапарати.


16. Филтер за објектив – Стаклена површина која се монтира пред објективот и служи за одредено
модификување на светлината, постојат UV, Поларизациски, ND, обоени и други филтри кои имаат различна
намена.
17. SLR/DSLR – Single lens reflex /Digital Single lens reflex – Понапредна форма на фотоапарат кој во себе
има огледало и призма и кој ни овозможува низ окуларот да можеме точно да го видиме и компонираме
делот кој сакаме да биде фотографиран.
18. Динамички опсег - Разлика помеѓу најсветлата и најтемната област (и сите сиви тонови помеѓу) што
фотоапаратот може да ја репродуцира. Што поголем распон може да репродуцира толку подобри се
транзиентите на сивите тонови и по фина е самата фотографија.
19. Бел баланс - Софтверско штелување на интензитетите на основните бои од кои се состои
фотографијата во менито на фотоапаратот кое служи за фотографијата да добие правилен интензитет на
белата боја односно колоритот да изгледа исто како она што го гледаме во моментот кога фотографираме.

20. Компензација на експозиција –Софтверско штелување во самиот фотоапарат кое ни служи да ја


измениме експозицијата што ни ја предлага светломерот за да го добиеме посакуваниот резултат
(фотографија), компензацијата се изразува во отвори на бленда и со неа можеме намерно да ги
подекспонираме или преекспонираме фотографиите со цел да добиеме одреден посакуван изглед на
фотографијата.

Копче за компензација на експозиција на Никон Изглед на компензација на задниот дисплеј и


апарат внатре кај Никон апарат
21. Синхронизација на блиц-Синхронизирање на одблесокот од блицот со отворањето на затворачот во
фотоапаратот за за да правилно се експонира сензорот.
22. Преекспонирање –ситуација кога сензорот примил премногу светлина и крајниот резултат е
фотографија која изгледа преосветлено (изгорено) и ги изгубила деталите во најсветлите тонови.
23. Подекспонирање- Ситуација во која сензорот примил премалку светлина и крајниот резултат е
фотографија која изгледа недоосветлена.

Примери на Подекспонирана (десно), Правилно експонирана (средина), Преекспонирана (лево) фотографија


24. Модови на работа со апаратот A, S, M, P
- M /manual/мануелна контрола. Целосна контрола на Брзина на затворач, Бленда, осетливост на
апаратот.
- А /Aperture /Бленда (приоритет), Ние ја контролираме блендата а фотоапаратот спрема светлосните
услови ја контролира брзината на затворачот за да добиеме оптимална експозиција. Се користи најчесто кога
сакаме да ја контролраме длабочинската оштрина и да добиеме заматени позадини или да истакнеме нешто.
- S /Shutter/Затворач(приоритет), Ние ја контролираме брзината на затворачот а фотоапаратот спрема
светлосните услови ја контролира блендата. Се користи најчесто кога сакаме одредена брзина на затворачот
за да регистрираме или замрзнеме движење (спортска фотографија).
- P /Programed Auto, Автоматски мод во кој апаратот ги бира и брзината на затворачот и блендата но ние
можеме да бираме која комбинација на бленда и брзина на затворач да бидат, се користи во ситуација кога
не сакаме да промашиме некој кадар и кога треба да биде добро експонирана фотографија.

Бирач на модови за работа кај Никон апарат


25. Histogram/Хистограм –Софтверска алатка која се гледа на задниот дисплеј на фотоапаратот и која
служи да утврдиме дали правилно сме ја експонирале фотографијата.
Хистограм и примери за подекспонирана нормално експонирана и преекспонирана фотографија.
26. Големина на сензор- Постојат различни големини на сензор кои се движат од неколку милиметри
па се до специјални сензори со големи димензии за проекти на снимање на вселената

Големини на сензори

You might also like