You are on page 1of 1

Фото план,фото мозаик,ортофотоплан

Редресираните фотограметриски снимки претставуваат основа за добивање на краен


производ а тоа се фотомозаик и фотоплан.Доколку фотограмет снимка се подложи на
методата на деференцијално редресирање се добива ортофотоплан.Фотомозаикот се добива
со монтажа на нередресирани снимки.Може да се користи како прегледна скица затоа што
има само приближна размера,како резултат на неизедначеност на размерата на
нередресираните снимки.Постапката на добивање на фотомозаик е доста едноставна.За
негово добивање се потребни контакт копии изработени на квалитет на хартија.Контакт
копиите се редат редоследно во низа и се користат нивните средишни делови.Поради
деформации кои се јавуваат како резултат на централната проекција и кои се зголемуваат со
одалечувањето на деталот од главната точка на снимката доаѓа до непоклопување.Деловите
од снимките каде ова непоклопување е најголемо се сечат по линијата каде непоклопувањето
е најголемо.Вака исечените контакткопии се лепат на специјален картон редослено по низи и
се изложуваат на постапка на картогравека репродукција.Ова постапка се состои во
зголемување на оригиналот,поправка на контрастот со што местата на составување на
фотоснимките ќе станат помалкувидливи.Изработката на фотопланот е во основа иста само
што овде се користат редресирани снмки.Бидејќи кај редресираните снимки се помош на
ориентационите точки е изедначена размерата и добиениот фото план ќе има изедначена
размера.Важно е да се знае дека фотопанот претставува централна проекција на снимениот
детал но само во хоризонтална претстава.Висинската претстава ја добиваме со класичните
геодетски методи.Ортофотопланот за разлика од фотопланот претставува ортогонална
проекција на снимениот детал во фотогравски обли.Се добива со методата на диференцијално
редресирање земајќи ги во предвид и висинските разлики на теренот.

Стереофотограметрија

Стереоскопско гледање

Согледувајќи ги можностите и принципите на слободното набљудување со голо око се дошло


до идеја таквиот принцип на гледање ,да се искористи за регистрирање на состојбата на
објектите и деталот.Поаѓајќи од тоа дека со едно око гледаме слики во две димензи(должина
и ширина) ,а додека гледајќи со двете очи ја добивамњ и третата димензија длабочина
,констуирани се иструменти со можност за просторно набљудување. Ваквото гледање се вика
стереоскопско гледање.Ваквиот стереоскопски ефект се постигнува со гледање на две снимки
на еден ист објект од две различни места(тое е централна проекциа).Набљудувањето на двете
снимки истовремено се вика стереопарт,а впечатокот што се добива при стереоскопско
гледање се вика стереоефект.Во зависност од оските на снимање и нивниот меѓусебен однос
спрема базата на снимање ги разликуваме следниве стереопарови

-нормален стереопат

-паралелно завртен стереопарт

-конвергентен стереопарт.

You might also like