You are on page 1of 25

УНИВЕРЗИТЕТ СВ.

КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

БИТОЛА

ВИСОКА МЕДИЦИНСКА ШКОЛА

НАСОКА: МЕДИЦИНСКО-ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИТИЧАР

ПРЕДМЕТ: АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА

ТЕМА: МОЛЕКУЛСКА ФОТОЛУМИНИСЦЕНТНА СПЕКТРОСКОПИЈА

ПРОФЕСОР: ВАЛЕНТИНА ПАВЛОВА ИЗРАБОТИЛ:ТИЈАНА КАСОСКА


6823

БИТОЛА
ЈАНУАРИ 2022

Содржина

1. ВОВЕД..............................................................................................................................2

2. ПОИМ ЗА СПЕКТРОСКОПИЈА И ВИДОВИ НА СПЕКРОСКОПИЈА....................3

3. МОЛЕКУЛСКА СПЕКТРОСКОПИЈА..........................................................................7

3.1 Атомска и молекулска спектроскопија...................................................................7

3.2 Молекулска спектроскопија.....................................................................................7

4. МОЛЕКУЛСКА ФОТОЛУМИНСЦЕНТНА СПЕКТРОСКОПИЈА............................9

4.1 Луминсценција...........................................................................................................9

4.2 Флуоресцентна спектроскопија.............................................................................14

4.3 Фосфоресцентна спектроскопија...........................................................................15

4.4 Фосфоресцентни материи.......................................................................................17

5. ЗАКЛУЧОК.....................................................................................................................19

6. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.......................................................................................20

1
1. ВОВЕД
Аналитичката хемија е наука што се занимава со проучување на методите за
разделување, идентификација и определување на релативните количества на
компонентите(аналитите) во определен примерок и со одредување на нивниот
квалитативент и квантитативент состав Според тоа се дели на:

 Квалитативна аналитичка хемија


 Квантитативна аналитичка хемија

Според начинот на изведување на анализите спектроскопијата или


спектрометријата (во нашиот конкретен случај спектрофотометрија) спаѓа во физичко-
хемиска аналитичка хемија.

Инструментална хемија е дел од аналитичката хемија, каде анализите се вршат со


помош на научни инструментални методи. Инструменталните методи за анализа на
даден примерок се техники кои овозможуваат развој на аналитички постапки за
карактеризирање на својствата на различни примероци за анализата и нивните
составни делови. Овие аналитички процедури се користат за да се обезбедат
информации за различни карактеристики на примерок за анализата (крв, плазма,
урина...) и сл, вклучувајќи го нивниот состав, структура, физичко-хемиските својства и
нивните карактеристики. Овие информации се од клучно значење за разбирање на
факторите од кои зависат својствата на примерок за анализата, за кратко време.

Инструменталните методи за анализа заземаат доминантно место во современата


контрола на квалитет на примерок за анализа, на природни, хемиски, фармацевтски и
друг вид на производи, како и на контрола на животната средина и технолошките
процеси. За правилна примена на инструменталните методи за анализа потребен е
добро образован и обучен кадар, соодветен простор, опрема и организација на
работата. Најзначајните инструментални техники кои се применуваат за анализа на
примероци од различна природа се: хроматографија, спектрометрија, спектроскопија,
електрохемиски техники, електрофореза.

Во продолжение следуваат појаснувања за тоа што е спектроскопијата, нејзините


основи, видови на спектроскопија, методи , инструменти и техники за работа.

2
2. ПОИМ ЗА СПЕКТРОСКОПИЈА И ВИДОВИ НА
СПЕКРОСКОПИЈА
Спектроскопија е техника која се занимава со изучување на интеракцијата помеѓу
електромагнетното зрачење и материјата. Спектроскопијата се користи во многу
гранки на науката, бидејќи таа дава информации за структурата и составот на
супстанцата, нејзината температура и притисокот. Со спектроскопија може да се
обезбедат информации за динамиката на системот. Најшироката употреба на
спектроскопијата е за аналитички цели.

Спектроскопијата е метод за анализа на интеракцијата помеѓу материјата и било


кој дел од електромагнетниот спектар. Традиционално, спектроскопијата вклучува
видлив спектар на светлина (VIS). Спектроскопијата може да вклучи каква било
интеракција помеѓу светлината и материјата, вклучувајќи апсорпција, емисија,
расејување итн. Податоците добиени од спектроскопијата обично се претставени како
спектар. Спектарот е дефиниран како карактеристични бранови должини на
електромагнетното зрачење (или дел од него) кој се емитира или апсорбира од некој
објект или супстанца, атом или молекула. Првпат зборот се појавил во оптиката за
објаснување на виножито од бои во видлива светлина кога истите ќе се оделат со
користење на призма. Оттогаш се користи по аналогија и во многу други полиња.
Бидејќи е поврзана со светлината за спектроскопијата може да се каже и дека е дел од
оптичката анализа.

3
Слика 1 Видлив спектар

4
Спектроскопијата е метод за одредување на хемискиот состав и структура на
супстанцијата од нејзиниот спектар. Кога супстанцијата е возбудена со одредена
енергија, во неа се случуваат промени кои се придружени со појава на линии или ленти
во неговиот спектар. Во зависност од природата на возбудувањето и процесите на
внатрешна интеракција во супстанцијата, се разликуваат и методите (принципите) на
спектрална анализа:

 атомска (молекулска) емисија,


 апсорпција,
 луминисценција,
 расејување на Раман,
 радиофреквентна,
 спектроскопија на Х-зраци, итн.

Спектарот може да се користи за да се добијат информации за нивоата на атомска


и молекуларна енергија, молекуларните геометрии , хемиските врски , интеракциите на
молекулите и сродни процеси. Често, спектрите се користат за да се идентификуваат
компонентите на примерокот (квалитативна анализа).

Спектроскопијата на видливото зрачење ја користи видливата светлина како


медиум на проучување. Постојат неколку инструменти кои се користат за изведување
спектроскопска анализа. Видливото зрачење предизвикува побудување на електроните
во атомите, молекулите, кристалните или аморфните материи. Прв детектор било
окото.

Првите спектроскопи биле едноставни монохроматори пред кои се поставувал


осветлениот примерок. Тaквиот уред се нарекувал спектроскоп од грчки scopeo-гледам.
Во модерните спектроскопски уреди, спектрометрите и спектрофотометрите се
користат фотомултипликатори, а поретко фотоосетливи диоди и CCD детектори.

Спектроскопот (Слика 2) со призма се состои од следните делови:

1. К-колиматор
2. P-призма
3. D-двоглед или телескоп

5
Колиматорот има функција на добивање на паралелен сноп на светлина. Се
состои од пукнатина-р низ која влегува светлината од изворот S, и од конвергентна
леќа L1. Значи пукнатината е во жариштето на леќата па зраците кои паѓаат врз неа се
прекршуваат паралелно со оптичката оска на леќата. Така добиениот сноп паѓа на
призмата.

Слика 2 Спектроскоп со призма

Спектрометар е направа за мерење на интензитетот на компонентите на


електромагнетното зрачење на одредена бранова должина. Спектрометарот е составен
од извор на зрачење, монохроматори и детектори. На спектрометарот се мери
интензитетот на одредени бранови должини од електромагнетното зрачење, кое го
емитира примерокот, или се апсорбира или рефлектира. Како детектори на
електромагнетно зрачење се користат фотомултипликатори, светлочувствителни диоди
или CCD-чипови, во видливото и ултравиолетовото поле на зрачење, и термоосетливи
отпорници или болометари во инфрацрвеното поле на зрачење.

Слика 3 Шематски приказ на спектрометар

6
Спектрофотометарот е фотометар (уред за мерење на интензитеот на
светлина), кој може да го мери интензитеот на светлина како функција на брановата
должина на изворот на светлина. Важни одлики на овој уред се спектралниот
дијапазаон и линеарниот дијапазаон на апсопрпција или мерењето на рефлексијата.
Спектрофотометарот често се користи за мерење на провидноста на транспарентни или
нетранспарентни материи како што се полирани стакла или гасови. Заради дијапазонот
на светлина потребно е овој уред да се калибрира користејќи стандарди кои се
разликуваат по типот и зависат од брановат должина на фотометриското одредување.

Слика 4 Шематски приказ на спектрофотометар

Употребата на спектрофотометаро опфаќа различни научни области како што се


физика, науката за материјалите, хемија, биохемија и молекуларна биологија. Широко
се користени во многу ундустрии вклучувајќи производство на полупроводници,
ласери и оптички материјали, печатење и форензичко тестирање, како и во
лаборатории за проучување на хемиските супастанци.

7
3. МОЛЕКУЛСКА СПЕКТРОСКОПИЈА
3.1 Атомска и молекулска спектроскопија
Атомската и молекулската спектроскопија се две техники во кои се користи
извор на електромагнетно зрачење за да се одреди составот на примерокот-аналитот.
Разликата меѓу нив е во тоа што атомската се однесува на проучување на
електромагнетното зрачење кое го апсорбираат и емитираат атомите додека
молекуларната го проучува истото тоа кај молекулите.

Спектроскопот е наједноставниот инструмент за следење на спектарот на


видливата светлина. Спектроскопот се состои од оптичка призма или оптичка решетка,
кои се користат за одделување на светлинскиот спектар. Спектроскопите обично се во
форма на цевки, на едниот крај има извор на светлина или осветлен објект за
набљудување, а на другиот крај набљудувачот (инспектор). Спектарот не може да се
снима, бидејќи спектроскопот не користи никаков уред за снимање на податоци.
Спектроскопот го измислиле Gustav Robert Georg Kirchhoff и Robert Wilhelm Bunsen.

Слика 5 Шематски приказ на спектроскоп

3.2 Молекулска спектроскопија


Молекулската спектроскопија е теника во аналитичката хемија и молекулската
физика кои се темелат врз промените на енергијата во молекулите заради интеракција
со електромагнетното зрачење. Промените на енергијата се забележуваат како
спектрални линии и ленти. Тие спектри се посложени од атомските бидејќи промените
не се однесуваат само на електронската енергија туку првенствено на енергијаат на

8
ротација и вибрација на молекулите. Молекулските спектри се карактеристични
спектри кои настануваат со интеракција на електромагнетното зрачење со молекулите.

9
Секој молекул има карактеристичен систем на енергетски нивоа кој зависи од
неговиот состав и структура (јадро, наелектризираност и маса, број на електрони и
релативната положба на сите честички во молекулот) тоа значи дека секој молекул има
на себе својствен спектар кој дава информации за составот, структурата и енергетските
нивои на молекулите. при прелазима са једног на други енергетски ниво емитује се
зрачење из видљивог и ултраљубичастог дела спектра

Со апсорпција не електромагнетното зрачење се овозможуваат дискретни премини


меѓу разни енергетски нивои во молекулите. Настанувањето на спектралните линии на
молекулите се резултат на промените во енергетската состојба кои настануваат на три
начини:

 Преминување на електроните меѓу разни енергетски нивоа (електронски


скоков)
 Осцилаторно движење на атомите во молекулите и
 Ротационо движенње на молекулите

Во зависност од износот на потребната енергија поедини премини лежат во


разни спектрални подрачја па по тоа и се разликуваат и поединечните техники на
молекуларната спектроскопија.

Слика 6 Спектар на етил алкохол C2H5OH

10
4. МОЛЕКУЛСКА ФОТОЛУМИНСЦЕНТНА
СПЕКТРОСКОПИЈА
Оваа гранка на аналитичката хемија ги соединува спектроскопијата и
луминсценцијата со цел добивање на подобри резултати при испитување на составот
на супстанците. Како што беше претходно објаснето под фотолуминисценција спаѓаат
фосфоресценцијата и флуоресценцијата. Подолу во оваа семинарска ќе се задржиме
поопширно на овие две појави и нивната употреба во аналитичката хемија.

4.1 Луминсценција
Луминесценција (од латинските зборови lumen, luminis = светлост) представува
појава на ладно зрачење на светлина (фотони). Овие појави не настануваат со
зголемување на температурата туку од други причини, т.е постојат повеќе видови на
луминсценција. Овај облик на зрачење се рзликува од топлотното по начинот на
настанување, својствата и времетраењето. Терминот ладно зрачење не е сосема
оправдан. Тој се користи затоа што енергијата со која се предизвикува луминисценција
не потекнува од претворање на топлотната енергија во светлосна туку од друг вид на
енергија. Луминисцентната светлост не подлежи на законите на топлотно зрачење. Таа
светлост може да се јави со силен интензитет и при ниски температури и во сите
агрегатни состојби.

Слика 7 Луминол и хемоглобин (луминолот свети во алакен раствор сододавање на хемоглобин и водород пероксид
H2O2

Реакцијата на луминолт со хемоглобинот во крвта е често употребувана како


метод во форензиката за докажување присуство на крв на места каде што не е видлива
со голо око.

11
12
Врз основа на нашето секојдневно искуство доаѓаме до сознание дека како
светлински извори се оние тела кои се загреани на висока температура. Такви се: сонцето,
запалена свеќа, петролејска ламба, вжарената жичка на електричната светилка ,
шпиритусна ламба и др. Кај овие извори, емитувањето на светлина се должи на
намалувањето на нивната внатрешна енергија, или тоа се остварува на сметка на
енергијата што се остварува на сметка на енергијата што се доведува од некој надворешен
извор кој го врши загревањето. Но знаеме дека светлина може да настане и кога телата не
се изложени на топлина пр. меѓусебно удирање на два мазни камења, или светлината што
можеме да ја забележиме ноќно време што ја емитуваат некои инсекти-светулки, некои
риби и други морски животни (медузи) кои живеат во големите морски длабочини. Овие
примери укажуваат дека светлина можат да ја емитуваат и нетоплотни извори.

Светлината што ја емитуваат незагреаните тела се вика ладна или луминисцентна


светлина, а самата појава луминисценција. Луминисценција е емисија на светлина која не
е директен резултат на зрачењето на некое тело. Тоа е појава различна од сјаењето поради
тоа што обично се случува на ниски температури и затоа претставува облик на зрачење кај
ладните тела. Може да биде предизвикана на различни начини, а меѓу најзначајните се
издвојуваат хемиските реакции, електричната енергија, субатомските движења или
притисокот врз кристалните решетки. Според типот на стимулација, луминисценцијата
може да биде:

 Фотолуминисценција (материјалот се стимулира со ултравиолетово


зрачење);
 термолуминисценција (материјалот се стимулира со топлина)
 катодолуминисценција (материјалот се стимулира со електрони);
 биолуминисценција (материјалот се стимулира со биолошки процеси).
 Хемолуминесценција (настанува при хемиским реакции
 Кристалолуминесценција (при процес кристализација )
Фотолуминисценцијата е процес при кој една хемиска супстанца апсорбира еден
фотон (електромагнетна радијација) и го позиционира на повисоко електронско ниво, а
речиси истовремено зрачи еден фотон назад, враќајќи го на пониско енергетско ниво.
Периодот меѓу апсорбирањето и зрачењето е многу краток и најчесто не изнесува повеќе
од 10 наносекунди. Сепак, под влијание на посебни услови, најчесто во лабораторија, и
особено во текот на фосфоресценцијата, овој период може да биде продолжен и да трае
повеќе од неколку минути, па дури и неколку часа.

13
Хемиската луминисценција е директна трансформација не хемиска енергија во
енергија на зрачење без ослободување на топлина. Светкањето на фосфорот, светкањето
на светулките(инсекти) и фосфоресценцијата која понекогаш се јавува при трулење и
распаѓање на дрвата или при саламурење на харинги ги претставуваат овие феномени.

Брановата должина на светлината која се апсорбира и зрачи се одредува по


правилата на квантната механика. За да се сфати принципот на функционирање и начинот
на кој се апсорбира и зрачи фотонот потребно е да се тргне од помалите атоми и молекули
и нивните електронски конфигурации и молекуларни орбитали. Поголемите атоми и
молекули не може да се разгледуваат ниту во лабораторија ниту на било кој друг
практичен начин, па затоа тие припаѓаат во доменот на таканаречената компјутерска
хемија, која ги користи компјутерите за да осознае и предвиди што се случува на атомско
и молекуларно ниво.

Слика 8 Флуоресцентни минерали

Наједноставните фотолуминисцентни процеси се поврзани со резонантната


радијација во која фотон со одредена бранова должина се апсорбира и фотон со истата
должина веднаш се испушта. Овој процес не вклучува големи енергетски трансформации
и деформации и се одвива со голема брзина, дури и поголема од 10 наносекунди.

Поинтересни процеси се случуваат кога хемискиот супстрат е подлежен на


внатрешни енергетски транзиции пред да се случи реемитирање на енергијата здобиена со
апсорпцијата на фотонот. Најпознат ваков ефект е флуоросценцијата која најчесто е брз
процес, но во која дел од првобитната, оригинална енергија моментално се троши, со цел
емитираните светлосни фотони да бидат со пониска енергија во однос на оние кои се
апсорбираат.

14
Една уште поспецифична форма на фотолуминисценцијата е фосфоресценцијата
при која енергијата на апсорбираните фотони поминува низ процесот на интерсистемски
премин, односно преку низа реакции доаѓа во фаза на триплетен спин, односно на тројна
мултипликација на спинот. Кога енергијата ќе се зароби во триплетната фаза, транзицијата
на енергијата со пониска вредност е квантно забранета, што значи дека се случува многу
побавно во однос на останатите транзиции. Резултатот е еден прилично бавен процес на
транзиција на енергијата, кој најчесто трае со минути или часови. Ова е основа на
постоењето на таканаречените светлечки во темнина супстанци.

Ако испуштањето на луминисцентна светлина се оствари веднаш по дејствувањето


врз телото, ваквата луминисценција се нарекува флуоресценција. Од друга страна штом
престане дејствувањето врз телото, испуштањето на светлина веднаш прекратува.
Практично, времето на започнување на флуоресценцијата и времето на нејзиното
прекратување е исто. Ако испуштањето на луминисцентна светлина продолжува и после
дејството врз телото, таквата луминисценција се нарекува фосфоресценција. Тоа може да
трае од неколку милионити делови од секундата до неколку часови, денови, па дури и со
месеци. Овие два начини на испуштање светлина се предизвикани од осветлување со
ултравиолетова светлина на супстанции и затоа главно се поврзани со појавата на
фотолуминисценција.

Слика 9

Фосфоресценција Слика 10 Флуоресценција

При поминување на светлината низ молекулот дел од неа се апсорбира при што
електроните преминуваат од основно во повисоки енергетски нивоа. Така побудените
молекули преку одредени механизми се ослободуваат од вишокот на енергија.
Апсорпционите и емисиони процеси наједноставно се објаснуваат со помош на дијаграмот
на Јаблонски кој го добил името според физичарот Александар Јаблонски кој прва пат го
предложил. (Слика 12)

15
На дијаграмот прикажан на Слика 12 се прикажани електронски и вибрациони
состојби на молекули како и премини меѓу нив. Најниската линија претставува ниво со
најниска енергија во основното енергетско ниво означена со S0, додека побудените нивоа
се означени со S1 и S2. Исто така во рамките на секое енергетско ниво се наоѓаат 4
вибрациони енергетски нивоа v=0, 1, 2, 3. Основната енергетска состојба, состојбата на
синглет е состојба на најниска потенцијална енергија и има два спарени електрони со
различни спинови.

Слика 11 Дијаграм на Јаблонски

So - основна единечна состојба-синглет

S1 - прва синглет ексцитирана - побудена состојба

S2 - втора синглет ексцитирана - побудена состојба

T1 - состоба на триплет со најниска енергиај

A -процес на апсорпција на електромагнетно зрачење

VR - вибрациона релаксација

IK - интерна конверзија

FL-флуоресценција

ST - внатресистемско преминување

FOS - фосфоресценција

16
4.2 Флуоресцентна спектроскопија
Во 1852 г Стокс го опишал феноменот на флуоресценција. За мерење на
флуоресценција се користат класични инструменти кои се викаат флуоресцентни
спектрометри. Тие се состојат од неколку основни делови: извор на светлина,
монохроматор или системза селективно разложување на брановите должини, носач на
примерокот и детектор. Изворите кои обично се користат се ламби со метални пареи,
специјални ламби со шуплива катода, искри, електрични празнења, безелектродни
празнења како и извори на континуирано зрачење. Многу често како извор на побудување
за флуоресценција се користи живина ламба а идеален извор за побудување на
флуоресценција е ласер со органски бои. Во флуоресцентните спектрометри денес се
користат дифракциони решетки а кога се користи ласер тогаш не се потребни филтри или
монохроматори на емисионата страна на уредот. Емитираната светлина од испитуваниот
примерок се шири во сите правции може да се изврши детекција под било кој агол во
однос на примерокот.

Денес најчесто се користат два типа UV/VIS спектроскопија фотомултипликатори


и полупроводнички диоди. Идеален детектор е онај кој дава линеарен одговор во широк
опсег со минимален шум и голема осетливост. Флуоресцентниот спектрометар
овозможува мерење на три врсти на спектар: емисиски, ексцитациони и синхрони спектри.
Во ексцитирана состојба емисионата бранова должина е фиксна а се менува ексцитацијата
и како резултат на тоа се добива спектар. Емисионата испитувања се вршат на фиксна
ексцитациска бранова должина при што се мери интензитетот на емисија во облик на
емисиски спектри. Кога истовремено се менува и екситациската и емисиската бранова
должина а се одржува константна разлика меѓу нив се добива синхрон спектар.

Слика 12 Шематски приказ на флуоресцентен спектрометар

17
4.3 Фосфоресцентна спектроскопија
Анри Бекерел во1857 во своите експерименти користел направа т.н фосфороскоп
(слика 13), со кој се мерело времетраењето на фосфоресценцијата после светлувањето. Се
состои од два ротирачки диска со неколку отвори. Отворите се распоредени по исти агли
и на константан оддалеченост од центарот, но отворите на едниот диск не се во линија со
оние на другиот диск. Примерокот на фосфоресцентен материјал се ставал помеѓу двата
диска. Светлото доаѓало низ отворите на еден од дисковите и при тоа се побудувал
материајлот кој за кратко време почнувал да емитира светлина. Тогаш дисковите се
ротирале и со променување на брзината на нивно вртење можела да се измери должината
на времетраењето на светлењето

Слика 13 Фосфороскопот на Анри Бекерел

Се состои од два ротирачки диска со неколку отвори. Отворите се распоредени по


исти агли и на константан оддалеченост од центарот, но отворите на едниот диск не се во
линија со оние на другиот диск. Примерокот на фосфоресцентен материјал се ставал
помеѓу двата диска. Светлото доаѓало низ отворите на еден од дисковите и при тоа се
побудувал материајлот кој за кратко време почнувал да емитира светлина. Тогаш
дисковите се ротирале и со променување на брзината на нивно вртење можела да се
измери должината на времетраењето на светлењето

18
Фосфоресценцијата е процес кој со секој нов ден привлекува се поголемо внимание
бидејќи има голем потенцијална вклопување и примена во разни нови уреди и технологии
воопшто. Овој процес одсекогаш се смета за недоволно истражен и сите можности на
негова примена не се доволно познати што дава голем простор за научниците и
инженерите за натамошни истражувања.

Основни инструменти за снимање на фосфоресценција се:

 Извор на светлина
 Детектор

Најважната разлика меѓу техниките за мерење на флуоресценција и фосфоресценција


во однос на техниките за мерење на апсорпцијата и трансмисијата е што кај првите
детекторот ни случајно не смее да биде сместен директно на спротивната страна на
примерокот во однос на изворот на побудување.ако го поставиме детекторот во должина
на оската на изворот тој ќе прима и трансмитирано зрачење на побудениот извор и на
флуоресценцијата и фосфоресценцијата. Затоа детекторот се ротира под агол од 90° во
однос на изворот. Инструментите кои се користат за мерење на фосфоресценција мора да
направат разлика помеѓу флуоресценција и фосфорсценција со оглед на тоа што
времетраењето на флуоресценцијата е пократко отколку на фосфоресценцијата. Тоа се
постигнува со вметнување на одложување т.е доцнење меѓу моментот на побудување на
примерокот и моментот на мерење на емисијата со користење ан т.н секачи-чопери.u
odnosu na izvor.

Слика 14 Мерење на фосфоресценција со помош на секачи

19
4.4 Фосфоресцентни материи
Фосфорот е хемиски елемент кој емитира светлост кога е изложен на зрачење како
што е сноп на UV зраци или електронски сноп. Фосфоресцентните материјали ја имаат
истат оваа особина, некои се синтетизирани а некои се природни. Секоја од нив има
карактреистична боја на емитирана светлина и времетраење, односно период за чие време
светлината се емитира после престанување на побудувањето. Ваквите материи кои се
побудуваат со електролуминсценција се употребуваат во производство на светлосни
реклами и панели, телевизиски реклами,компјутерски монитори и екрани на мибилни
телефони. Фосфоресцентните материи кои се побудуваат со UV, VIS или IR светлост се
користат за правење ламби заосветлување на простории, улични светилки и сл.

Слика 15 Стронциум алуминат  SrAl2O4 активиран со европиумм(A) природна светлина (B)  UV ламба (C) потполна
темница.

Кога станува збот за фосфоресценти материјали интересно е да се спомни дека фосфорот


според кој целата појава го добила името, свети но не е фосфоресцентен. Тој свети во
темница заради оксидацијата или заради тоа што реагира со кислородот од воздухот.
Фосфоресцентни материјале меѓу другите се:

 Цинк сулфид ZnS-најчесто свети зелено

 Соли на алуминиум со земно-алкални метали-пример стронциум алуминат  SrAl2O4


активиран со европиум. (слика 15)

Овие се засега најсветлите пигменти со најдолго светкање во теминца

20
Слика 1 Видлив спектар................................................................................................................3
Слика 2 Спектроскоп со призма...................................................................................................5
Слика 3 Шематски приказ на спектрометар...............................................................................5
Слика 4 Шематски приказ на спектрофотометар.......................................................................6
Слика 5 Шематски приказ на спектроскоп.................................................................................7
Слика 6 Спектар на етил алкохол C2H5OH..................................................................................8
Слика 7 Луминол и хемоглобин (луминолот свети во алакен раствор сододавање на
хемоглобин и водород пероксид H2O2.........................................................................................9
Слика 8 Флуоресцентни минерали............................................................................................11
Слика 9 Фосфоресценција Слика 10 Флуоресценција.............12
Слика 11 Дијаграм на Јаблонски................................................................................................13
Слика 12 Шематски приказ на флуоресцентен спектрометар................................................14
Слика 13 Фосфороскопот на Анри Бекерел..............................................................................15
Слика 14 Мерење на фосфоресценција со помош на секачи..................................................16
Слика 15 Стронциум алуминат  SrAl2O4 активиран со европиумм(A) природна светлина
(B)  UV ламба (C) потполна темница........................................................................................17

21
5. ЗАКЛУЧОК
Молекулската фотолуминисцентна спектроскопија е моќно средство за разоткривање
на молекулската структура и молекулските енергетски нивоа. Молекулската
фотолуминисцентна спектроскопија заради високата резолуција и селективност е важна
истражувачка алатка во многу научни области, најмногу се користи во аналитичката
хемија, биохемијата и медицината за точно истражување на структурата и динамиката на
биолошките системи во висока резолуција. Добар пример е клиничката примена на овие
методи во дијагностиката во онкологијата за лоцирање на ракот, малигни ткива и
слично(со овие методи се минимализира потребата од повторни биопсии кај пациенти со
рак). Некои методи се користат за определување на составот на воздухот или водата или
други средини т.е одредување на присуството на некои супстанции во нив. Се користи за
детекција на тешки метали како што е живата. Овие техники можат да се користат за
пренасочување на фотони на пример кај соларните флуоресцентни колектори.

Молекулската фотолуминисцентна спектроскопија е брза, осетлива и неинвазивна


аналитичка техника која за неколку секунди овозможува добивање на препознатлив
спектар што се користи како “отпечаток“ од прст (значи е единствен за тој примерок), за
примероци од храна, биолошки и медицински примероци и секако хемиски примероци.
Заради таа осетливост успешно се користи во определување на ДНК и РНК, протеини,
ензими и други биомеолекули. Токсични хемиски елементи исто така можат да се
определуваат со овие методи како што спомнавме за живата истото важи и за арсенот,
хромот, никелот, кобалтот, ванадиум. Тие елементи во овој процес најпрво се претвораат
во комплексни соединенија со специфични реагенси и реакции па потоа се подложуваат
на испитување со методи на молекулска фотолуминисцентна спектроскопија.

Согледувајќи ги сите овие примени на молекулската фотолуминисцентна


спектроскопија може да се каже дека денешната хемија, медицина, биохемија, биофизика
и други научни дисциплини не можат да се замислат без овие методи. Во последните
децении определувањето на ДНК и РНК е клучно за многу аспекти од секојдневниот
живот. Пример во форензичката обработка на примероци од места на случени злосторства
со помош на методите на молекулската фотолуминисцентна спектроскопија се
определуваат профилите на потенцијалните сторители. Исто така со помош на овие
анализи многу луѓе ги прнаоѓаат своите предци и потомци.

22
Може само да се заклучи дека денешницата не може да се замисли без методите и
техниките на анализа на примероци кои ги овозможува молекулската фотолуминисцентна
спектроскопија.

23
6. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
Fluorescence Spectroscopy. N. Senesi, V. D’Orazio. 2005. 2005, Science Direct, стр. 35-52.

Helmenstine, А. М, Ph.D. Спектроскопија Дефиниција и разлика од спектрометрија.


Eferrit. [Мрежен] https://mk.eferrit.com/%D1%81%D0%BF%D0%B5%D0%BA
%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF
%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D1%84%D0%B8%D0%BD
%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8-
%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0/.

L, Rajič. 2020. PRIMJENA FOSFORESCENCIJE U TEHNOLOGIJI . Zagreb : SVEUČILIŠTE


U ZAGREBU-FAKULTET KEMIJSKOG INŽENJERSTVA I TEHNOLOGIJE, 2020.

M, Memić. 2012. SPEKTROMETRIJSKE METODE ANALIZE-odabrana poglavlja. Sarajevo :


Prirodno-matematički fakultet Univerzitet-Sarajevo, 2012.

N, Dzanic. Spektroskopija. Odabrana poglavlja fizikalne hemije i elektrohemije. Tuzla : Ju


Univerzitet u Tuzli.

R, Paschotta. 2019. Encyclopedia. RP Photonics. [Мрежен] 2019. https://www.rp-


photonics.com/photoluminescence.html.

Wikipedia. Photoluminescence. Wikipedia. [Мрежен]


https://en.wikipedia.org/wiki/Photoluminescence.

Гулабоски.Р, Петропулос. И. В. 2014. ИНСТРУМЕНТАЛНИ МЕТОДИ ЗА АНАЛИЗА.


Штип : Универзитет Гоце Делчев-Штип, 2014.

Стефова.М, Кузманоски.И. 2005. Вовед во спектроскопски аналитички методи. Скопје :


УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ,
СКОПЈЕ ИНСТИТУТ ЗА ХЕМИЈА, 2005.

24

You might also like