You are on page 1of 22

Предмет:

Семинарска на тема:

Проценка на здравствени ризици од аерозагадувањето

Ментор: Изработил: Маја Стојановска

Февруари, Скопје, 2021


Содржина:

Вовед

1. Аерозагадување

2. Анализа на главниот град на Републиката - Скопје

3. Влијание на аерозагадувањето врз здравјето

4. Загадувачки материи

4.1 Суспендирани честички (РМ10 и РМ2.5)

4.2 Озон

4.3 Извори на загадување

5. Решение за загадувањето

6. Влијанието на КОВИД 19 врз аерозагадувањето

Заклучок
Користена литература

2
Вовед

Меѓу многуте влијанија врз животната средина, најголема опасност за


биосферата е загадувањето на воздухот. Современото индустриско производство,
производството на енергија, сообраќајот и сл. придонесуваат значително да се
зголемат количините на штетни материи кои се испуштаат во воздухот, особено
во долните слоеви на воздушните басени на градовите и индустриските региони

Според Светската здравствена организација, околу 6,5 милиони годишно


или 18.000 луѓе дневно умираат како последица на загадувањето на воздухот. Се
смета дека тоа е четвртиот по големина “убиец” на луѓето веднаш после крвниот
притисок, неправилната исхрана и пушењето. Критериумите поставени од страна
на СЗО за дозволени концентрации на штетни супстанци, дадени во Упатството за
квалитетот на воздухот се:

- просечна годишна концентрација за ПМ2,5 (суспендирани честички со


големина до 2,5 микрометри) не треба да надминува 10 μg/m3 , односно 24
часовна концентрација 25 μg/m3 ;
- просечна годишна концентрација за ПМ10 не треба да надминува 20
μg/m3 , додека 24 часовна концентрација не треба да надминува и 50 μg/m3
Според националниот Закон за Воздух максимално дозволените
концентрации на ПМ2,5 годишно не треба да надминуваат 25 μg/m3 и ПМ10
до 40 μg/m3 .

Аерозагадувањата на микроатмосферата, односно на зоната на влијанието


на градежните работи, се во функција на емисијата на токсичните гасови кои ќе се
јават од работата на градежната механизација и возила и тоа од:
- систем за издувни гасови
- куќиштата на моторите
- карбуратор, резервоар

3
Се смета дека во издувните гасови на возилата има дури 180 органски
компоненти како штетни материи, чија концентрација е најголема на места со
зголемен број на возила и работа на моторите во место или запирање, кога
емисијата на токсични материи во однос на брзините на движење од 70 км/час, е
поголема за 2,5 пати. Според истражувањата во овој домен, се цени дека на 1000
литри согорен бензин во моторните возила, во атмосферата се емитира 98 кг
јаглен моноксид, 6-8 кг азотни оксиди, 4-5 кг сулфурни соединенија и 0,5 кг олово.
Во пресметката на емисијата на загадувачките материи се усвоени во
пракса следните големини: средна вредност за специфичната тежина на
бензините да изнесува 0,740 кг/лит − средна вредност за специфична тежина на
дизел горивата да изнесува 0,840 кг/лит. Емисионите фактори за поедини
полутанти да изнесуваат: − содржината на олово во бензините да изнесува 0,6
гр/лит − само 95% од содржината на сулфур се претвара во YО2 − само 75% од
содржината на оловото во бензините се емитира преку издувните гасови.
Влијанието на токсичните гасови може да остави последици на луѓето кои се
директно и долговремено изложени на истите и тоа преку нивното директно
дејство, вдишување и индиректно. Чадот на пример дејствува претежно на
дишните органи, на кожата и слично, а јагленородните оксиди делуваат како
силни отрови и антиоксиданти. Азотните оксиди предизвикуваат астма, алергии и
малигни болести на дишните патишта. Некои соединенија од групата на
полицикличните јагленоводороди, бензопиренот на пример, кој е продукт на
согорување на нафтата, на пример еден тон нафта дава 50 мг бензопирен, е прв
на листата а згора на тоа и најраспространет од канцерогените материи. Димот и
чадот исто како продукти на согорување на нафтата и дериватите имаат
канцерогени својства, со слични ефекти како димот од тутунот, а изразито
1
канцерогени се и цврстите честички како продукт на согорувањето.

1
1. Health risk assessment of air pollution – general principles. Copenhagen: WHO Regional Office for Europe; 2016.

2. Murray, Christopher J L et al.Global, regional, and national disability-adjusted life years (DALYs) for 306 diseases and injuries
and healthy life expectancy (HALE) for 188 countries, 1990–2013: quantifying the epidemiological transition. The Lancet , Volume
386 , Issue 10009 , 2145 - 2191

4
1. Аерозагадување

Според дефиницијата на СЗО, аерозагадувањето претставува загадување


на надворешниот, амбиентен воздух или внатрешниот воздух, воздух во
затворено. Примена на методите за проценка на ризик во услови на високо
урбано аерозагадување во РМ простории со некој хемиски, физички или биолошки
агенс кој ги модифицира односно изменува природните карактеристики на
атмосферата. Други автори пак го дефинираат како присуство во воздухот на една
или повеќе супстанции во концентрации или времетраење над природните нивоа,
со потенцијал да предизвикаат негативни ефекти, што имплицира на фактот дека
некои од супстанциите се и природно присутни во воздухот. Иако потеклото на
некои од овие овие агенси е исклучиво или претежно антропогено, сепак некои од
нив вклучуваат и озон, суспендирани PM-честички, сулфур диоксид, јаглерод
моноксид, полициклични ароматични јаглеводороди кои исто така можат да
резултираат од природни процеси. Она што е клучно во однос на проценката на
потенцијалниот импакт врз здравјето на популацијата од загадениот воздух е дека
нивоата на илјадниците супстанции кои се присутни и составот на воздухот
варира од локација до локација, па така терминот аерозагадување се однесува на
изложеност на многу различни смеси.

5
Огромната научна литература на оваа тема вклучува бројни
епидемиолошки, клинички и токсиколошки студии. Истражувањата систематски
документирале широк спектар на штетни последици по здравјето почнувајќи од
респираторни симптоми до смртност од кардиореспираторни заболувања и рак на
бели дробови. Спроведени се бројни епидемиолошки студии со цел да се
квантифицира оптовареноста со болести заради изложеност на загаден
амбиентен воздух почнувајќи од 1952 година и "Големиот смог" во Лондон, каде
било забележано зголемување на смртноста од кардиоваскуларни заболувања,
како и од заболувања на респираторниот систем. Последователните студии во
1990-тите, како што се Харвардската студија за шесте градови и кохортната
студијата на Американското здружение за рак воспоставиле трајна позитивна
асоцијација помеѓу долгорочна изложеност на загадување на воздухот и вкупниот
кардиоваскуларен морталитет, главно заради коронарна артериска болест.

Во Европа, прва студија која ја поддржала оваа асоцијација помеѓу


долгорочната изложеност и морталитетот била Холандската кохортна студија на
Асоцијацијата за исхрана и канцер. Проектите на СЗО, Review of evidence on
health aspects of air pollution и Health risk of air pollution in Europe потврдија дека
загадувањето на амбиентниот воздух е важен фактор на ризик за здравјето на
луѓето.

Студијата на Светска банка во 2011 година потврдува дека аерозагадувањето во


Македонија е едно од повисоките во Европа, а економските трошоците поврзани
со лекување на заболените и индиректните трошоци се значителни. 2

2
4. The Government of Canada, Environment and natural resources: Weather, climate and hazards - Air quality. [homepage on the
Internet].Ottawa: Air Quality Health Index; [cited 2017, November 22.Available from:https://www.canada.ca/en/environment-
climatechange/services/air-quality-health-index.html

6
2. Анализа на главниот град на Републиката - Скопје

Речиси не постои град во светот кој успеал да ја избегне современата


„чума" на загадување на воздухот, Скопје, главен град на Р. Македонија.
претставува административен, културен, историски и сообраќаен центар каде што
се лоцирани голем број индустриски капацитети. Освен тоа Скопската котлина. со
своите орографски, а особено климатски карактеристики се одликува со
неповолни- од еколошки аспект топоклиматски специфичности.

Во Скопје се регистрирани 153 објекти потенцијални загадувачи на воздухот


од кои 52 - стопански, 101 - нестопански објекти. Регистрирани се 543 емитори од
кои 36,84% се индустриски, 5,89% енергетски н: 57.27% комунални: Најголем е
бројот на емитори во општина Аеродром, К. Вода и Гази' Баба, потоа Чаир,
Центар и Карпош.
Годишниот извештај за квалитетот на животната средина на
Министерството за животна средина и просторно планирање за 2015 година
покажува дека просечната годишна концентрациите на PM2,5 во 2015 за општина
Центар изнесувала 40,14 μg/m3 , а за општина Карпош 50,51 μg/m3 ., а
концентрацијата на PM10 во изнесувала 72,82 μg/m3 и 57,06 μg/m3 , соодветно.
Проблемот со загадувањето на воздухот во градот Скопје е стар проблем, а за тоа
говорат и годишните извештаи од МЖСПП, каде на пример, за 2005 година e
регистрирана просечна годишна концентрација во Центар од 104,09 μg/m3, а во
Карпош од 92,01 μg/m3 . Според тоа, може да се заклучи дека граѓаните во
Скопската котлина се постојано изложени на повисоки концентрации од
дозволените. Интересено е тоа што според податоците на МЖСПП, нагло
зголемување на концентрациите и тоа три до четири пати, се јавува за време на
грејната сезона. За да се премине кон решавање на проблемот со загадување за
градот Скопје потребно е најпрво да се одредат изворите на загадување на
воздухот. За таа цел, релевантните институции, односно Министерство за

7
животна средина и Град Скопје, во изминатите години направија серија на
анализа и студии за да утврдат во кој период од годината се јавуваат најголемите
концентрации на загадувачки супстанци. Согласно овие студии најголемите
пикови , кога се анализираат просечните месечни или дневни концентрации, се
јавуваат во текот на зимскиот период за време на грејната сезона. Овие наоди
укажуваат дека греењето е најголемиот загадувач на воздухот во Скопската
котлина, и тоа загревањето на домаќинствата во најголем дел.
Резултатите од сите претходно наведените студии и од истражувањето
покажуваат дека огревното дрво е најголемиот локален загадувач. Од друга
страна, тоа е обновлив извор на енергија, и како таков е значаен за намалување
на емисиите на стакленички гасови, а и за исполнување на целта за учеството на
обновливите извори на енергија во бруто финалната потрошувачка усвоена од
Владата и прифатена од Енергетската заедница. Оттука, се поставува прашањето
како да се дојде до прифатливо решение кое паралелно ќе одговори на овие два
предизвици. За таа цел во сценариото се разгледани трите мерки кои се дел од
Планот за подобрување на квалитетот на воздухот, и го задоволуваат
претходниот услов:
1. Подобрување на енергетската ефикасност на домовите - резултатите од
анкетата покажаа дека 50,8% од објектите немаат изолација, а 42% имаат
изолација која не е според пропишаните стандарди;
2. Промена на начинот на греење – резултатите од анкетата покажаа дека
44,7% користат ниско ефикасни печки на огревно дрво, ефикасни технологии на
електрична енергија - топлински пумпи користат 5,3% и печки на пелети и брикети
користат само 1,5% од домаќинствата; 3. Зголемен опфат на централното греење
- резултатите од анкетата покажуваат дека 44% би прифатиле да се греат на
централен систем дури и со малку повисоки трошоци во однос на системот кој
сега го користат. Во моделот секоја мерка е анализирана поединечно за да се
види нејзиниот ефект. Направени се анализи за тоа колку се потребните
инвестиции, и колку се намалувањата на локалните и глобалните емисии за секоја
мерка посебно. Доколку мерките се имплементираат паралелно, нивниот ефект не

8
е прост збир од параметрите на секоја мерка поединечно, затоа што се јавува
3
преклопување на мерките во одреден степен.

3. Влијание на аерозагадувањето врз здравјето

Негативното влијание на аерозагадувањето врз здравјето на населението,


особено на т.н. вулнерабилни или чувствителни групи на населението: децата,
возрасните, бремените жени, спортистите, хронично болните и работниците, се
зголемува со зголемување на индексот за квалитет на воздухот. Истражувањата
од неодамнешната студија за Глобалното оптеретување со болест, повредите и
факторите на ризик покажуваат дека најчести хронични заболувања што се
влошуваат при негово зголемување се исхемичната срцева болест,
цереброваскуларните болести, инфекциите на долните дишни патишта и
хроничните обструктивни белодробни пореметувања. Аерозагадување се
поврзува со појава на оштетување на белодробната функција, астма, хронична
опструктивна белодробна болест , кардиоваскуларни пореметувања и
предвремена смртност. Меѓународната агенција за истражување на канцерот, во
октомври 2013 година објави дека надворешното аерозагадување е
класифицирано како канцерогено за човековото здравје. Причинска поврзаност е
најдена за појавата набелодробниот карцином при изложување на наворешно
аерозагадување, а позитивна поврзаност е забележана за зголемениот ризик за
појава на карцином на бешиката.

3
3. Годишен извештај – Квалитет на животната средина во Република Македонија – 2007; Министерство за животна
средина и просторно планирање, 2008

Патоказ за намалување на локалното загадување на воздухот во Скопската котлина предизвикано од греењето на


домаќинствата 2017-2025 Скопје дише – утопија или реалност

9
Поаѓајќи од овие сознанија, научниците во Канада уште во 2007 година го
развија индексот за квалитет на воздухот и влијание врз здравје, наречен Air
Quality Health Index - AQHI и тој претставува официјална алатка на Владата на
Канада за информирање на населението за здравствените ризици од
аерозагадувањето. Во 2013 година овој индекс, со одредени модификации,
отпочнува да се применува и во Хонг Конг. Индексот за квалитетот на воздухот и
влијанието врз здравјето го одразува современоте знаења за ефектите врз
здравјето што се поврзани со аерозагадувањето, наспроти индексот за квалитет
на воздухот кој се базира само на стандардите за концентрациите на
поединечните аерозагадувачки материи. ИКВВЗ во многу нешта потсетува на УВ-
индексот. И додека известувањето за УВ-индексот има за цел да се спречи
изложувањето на кожата на ултра-виолетовото зрачење, ИКВВЗ има за цел да
предупреди дека е потребно да се модифицираат дневните физички активности
во согласност со измерената вредност на индексот.

Иако скоро интуитивно е дека загадувањето на воздухот е важен стимулус


за развој и егзацербација на респираторни заболувања како што се астма,
хронична опструктивна белодробна болест и рак на белите дробови, сепак
јавната свест е далеку пониска во однос на неговото значително влијание врз
развојот и појавата на кардиоваскуларните болести. Ефектите на загадениот
воздух ги афектираат децата, возрасните и бројните чувствителни групи
вклучително и субјектите кои веќе се засегнати од некои кардиоваскуларни и/или
респираторни проблеми и заболувања. Она што е многу важно е дека иако
ризикот за многу од здравствените исходи е веќе пресметан и истиот се зголемува

10
со изложеноста на суспендирани РМ-честички, сепак, нема докази дека постои
праг/ниво под кое не би се забележале негативните здравствени ефекти.
Всушност, ефекти биле забележани дури и на ниво блиско до т.н. природна
позадина која изнесува околу 6 µg/m3. Наодите на европската APHEKOM студија
сугерираат дека живеењето покрај густи и фреквентни патишта е одговорно за 15-
30 % од сите нови случаи на астма кај децата, хроничната опструктивна
белодробна болест и коронарната болест на срцето кај возрасните на возраст 65
години и повеќе, кои здравствени исходи ќе се развијат како резултат на
изложеност на загаден воздух со некоја загадувачка материја/материи, ќе зависи
од одредени фактори како што се индивидуалните карактеристики на поединецот,
концентрацијата на загадувачката супстанца и др., но и од времетраењето на
изложеноста на загадениот воздух.4

4. Загадувачки материи

Постојат повеќе начини да се анализира изложеноста на загадениот


амбиентален воздух: прво, преку анализа на физичката состојба на хазардот
(дали се работи за гас, течна состојба или суспендирани честички кои всушност
претставуваат суспензија на многу ситни честички со дијаметар од неколку
микрометри па се до наночестички); второ, дали се емитира директно (пример
прашината) или се создава секундарно (индиректно во атмосферата-озон на
пример); третиот пристап, каде се случува изложеноста (надвор и/или во
затворени простории) и четврто, кој е главниот извор на загадувачката супстанца
во воздухот

4
3. Годишен извештај – Квалитет на животната средина во Република Македонија – 2007; Министерство за животна
средина и просторно планирање, 2008

5. Патоказ за намалување на локалното загадување на воздухот во Скопската котлина предизвикано од греењето на


домаќинствата 2017-2025 Скопје дише – утопија или реалност

11
4.1 Суспендирани честички (РМ10 и РМ2.5)

Поимот суспендирани честички во општо значење претставува смеса од


честички, кои можат да бидат цврсти и течни, суспендирани во воздухот, со широк
опсег на големина/аеродинамичен дијаметар и хемиски состав. Суспендираните
честички уште именувани како аеросоли може понатаму да бидат категоризирани
како: примарни суспендирани честички, влегуваат во атмосферата директно, како
што се тие од моторите со внатрешно согорување - дизел и бензинските мотори,
согорување на јаглен, лигнит, биомаса, ложишта од домаќинствата, индустриските
процеси, ерозија на почвата иасфалтот од сообраќајот, абразија на сопирачките и
гумите на автомобилите; и секундарни кои се формираат преку оксидација и
трансформација главно на примарните гасови именувани како прекурсори.

Овие секундарни суспендирани честички главно се содржани во во фината


фракција на РМ честичките. Најважни прекурсори за формирање секундарни
суспендирани честички се SO2, NOx, NH3 и VOCs. Создавањето на секундарните
неоргански и органски соединенија зависи од различни хемиски и физички
фактори како што се концентрацијата на главните прекурсори, реактивноста на
атмосферата, потоа метеоролошките услови како сончевата радијација,
релативната влажност и облачноста.

Суспендираните честички варираат не само во големината туку и во


составот и потеклото на нивнотот настанување.

• Терминот груба фракција е дефинирана како подмножество на честички


со аеродинамичен дијаметар помеѓу 2.5 и 10 микрони.

• РМ10 честичките се честички со аеродинамичен дијаетар помал од 10


микрони, и по вдишувањето можат да стигнат главно во горните дишни патишта и
белите дробови.

12
• Помалите ситни РМ2.5 честички имаат аеродинамичен дијаметар помал
од 2.5 микрони, поопасни се бидејќи пенетрираат многу подлабоко во белите
дробови и можат да навлезат и во алвеолите.

Големината на честичките исто така го одредува и времето во кое тие


остануваат во атмосферата. Големината на честичките, исто така, го одредува
времето кое го поминуваат во атмосферата. Додека со седиментација и врнежите
PM10 честичките се отстрануваат од атмосферата за неколку часа од емисијата,
PM2.5 честичките може да останат таму со денови или дури недели. Како
резултат на тоа, овие честички може да се транспортираат на долги растојанија.
Во однос на составот, честичките можат да содржат сулфати, нитрати, амонијак,
натриум хлорид, јаглерод, минерална прашина, метали PAH.

4.2 Озон

Озонот е гас присутен во тропосферата и стратосферата. Мал дел од


количината на тропосферскиот озон настанува по природен пат, поголем дел од
антропогените фактори што значи претставува секундарна загадувачка материја.
Повисоките концентрации на приземниот озон кој се формира со фотохемиски
реакции кои вклучуваат NOX, VOCs и други и прекурсори на озон во присуство на
сончева светлина, може да предизвикаат штетни ефекти кај луѓето и животната
средина. Прекурзорите главно се формираат од сообраќајот и производството на
енергија или загревањето, или пак од широк спектар соединенаија по потекло од
сообраќајот, производство на бои и лакови, отстранувачи на бои, средства за
чистење, пестициди, градежни материјали или мебел.

13
Овие фотохемиски реакции вообичаено се случуваат во текот на топлите
летни месеци бидејќи ултравиолетовата радијација од сонцето иницира
последователни фотохемиски реакции. Озонот исто така е клучен составен дел на
урбаниот смог. Но она што е специфично е дека концентрациите на озон се
пониски во густите урбани области, бидејќи брзо реагира со азотните оксиди од
издувните гасови од сообраќајот. Ова ги објаснува релативно ниските
концентрации измерени во мерни станици кои го следат загадувањето по потекло
од сообраќај. Концентрациите, сепак се повисоки во многу други делови од
градовите и во соседните приградски и рурални средини, особено во текот на
летото и попладнето кога ултравиолетовото зрачење е поинтензивно,
температурите се поголеми и брзината на ветерот е помала. Дневните просечни
вредности во голема мера се предодредени од концентрациите на озон
постигнати во попладневните часови. Постојат можности и за изложување на озон
во затворен простор, кое доаѓа од неколку извори како што се фотокопири и
електростатички уреди-прочистувачи на воздух. Бидејќи озонот може да се
транспортира на долги растојанија од ветрот, може да се смета за прекуграничен
загадувач.

14
4.3 Извори на загадување

Главни извори на загадување на воздухот со суспендирани честички во


Република Македонија се процесите на согорување на фосилните горива кои
вклучуваат согорување во централите за производство на електрична енергија но
и неконтролираното согорување во индивидуалните ложишта во домаќинствата.
Според пресметката на емисии кои произлегуваат од затоплувањето на домовите
на Државниот завод за статистика за 2014 годинa, oвој удел се движи од 29 % во
емисиите на TSP, 35 % во емисии на PM10 и најголем удел од 51 % во емисиите
на PM2.5. Голем придонесувач за оваа состојба е и сообраќајот, но во предвид
треба да се земе и прекуграничниот пренос и загадување. Согорувањето на
фосилни горива во термоцентралите се одговорни за повеќе од 90% од емисиите
на SO2 во Република Македонија, а потоа следи индустријата. Производството на
електрична енергија и загревањето се одговорни и за емисиите на NO2, додека
CO главно се емитира од согорувањето дрва во домаќинствата и сообраќајот,
односно мобилните извори на емисии. Според Министерството за животна
средина и просторно планирање, изворите на загадување на амбиентниот воздух
во државата со РМ-честички според сектори се следните: домашните ложишта,
индустриските процеси и производството на енергија со поединечен удел од 36 %,
33 % односно 20 % од вкупните примарни емисии. Во 2014 година, сообраќајот
придонел со 2 % од вкупните емисии на РМ-честички. Но, треба да се потенцира и
улогата на другите фактори во настанувањето на кризите со аерозагадување.
Метереолошките услови особено во зимскиот период како и географската
местоположба, градови сместени во котлини опкружени со верижни планини,
придонесуваат за постојаното надминување на граничните вредности за квалитет
на воздух. Студијата за определување уделите на различните извори на емисии
во концентрациите на суспендираните честички спроведена во периодот 2015/16
година во Скопје, покажа значителен удел на согорувањето на биомаса со потекло
од греењето на домаќинствата, сообраќајот со удел 16-19 %, прашината од

15
улиците со 20 %, и индустријата со удел од 18 % од вупните концентрации на
суспендирани честички. Појавата пак на високи концентрации на озон во големите
урбани средини е заради тоа што формацијата на озон се случува во време кога
има висока соларна радијација и висока температура. Исто така, концентрациите
на озон се зголемуваат и со зголемување на надморската височина.
Надминувањата на долгорочните цели за озон во нашата земја се должат на
географската местоположба во јужниот дел од Европа која се одликува со голем
број на сончеви денови во текот на летниот период.5

5. Решение за загадување

За да се намали локалното загадување од загревањето на домаќинствата,


“, потребно е 55,8% од домаќинствата во урбаните средини и 22,2% во руралните
средини до 2020 година да бидат опфатени со некоја од мерките, или 81,3% и
42% до 2025 година во урбана и рурална средина соодветно. Важно е да се
напомене дека овде не станува збор за дополнителни домаќинства на веќе
постојните, кои ќе користат одредена технологија. На пример, за поефикасни
печки на огревно дрво не значи дека покрај постојните домаќинства кои користат
печки на огревно дрво во 2020 ќе има дополнителни 9000 домаќинства, туку дека
од вкупниот број на домаќинства кои во 2020 ќе користат огревно дрво, 9000
домаќинства ќе користат ефикасни печки на огревно дрво.

5
6. Bartoš, T., Čupr, P., Klánová, J., and Holoubek, I. 2009. Which compounds contribute most to elevated airborne exposure and
corresponding health risks in the Western Balkans. Environ. Int. 35: 1066–1071.

16
Со ваква стратегија, проценките покажуваат дека со реализација на
сценариото „Скопје дише“ вкупниот број на домаќинства кои ќе користат огревно
дрво ќе се намали и тие ќе учествуваат со 35,4% во вкупниот број на домаќинства
во 2025 година, односно ќе се намалат за околу 18000 домаќинства. Од друга
страна учеството на домаќинствата кои ќе користат електрична енергија ќе остане
на исто ниво, со тоа што ќе се зголеми бројот на домаќинства кои ќе користат
топлотни пумпи, најголем број инвертер клима уреди. Бројот на домаќинства кои
ќе користат печки на пелети ќе се зголеми за најмалку 8500 домаќинства и тие ќе
учествуваат во вкупниот број со 6.1%. На крај, домаќинствата кои користат јаглен,
иако се само 0,4% или околу 650 домаќинства во 6 општини во регионот, до 2020
година треба да нема домаќинство кое ќе користи јаглен, а бројот на домаќинства
кои се греат на нафта постепено да биде сведен на 0. Исто така, бројот на
домаќинства кои ќе бидат приклучени на системот за централно греење ќе се
зголеми за најмалку 10000 домаќинства. Според деталниот план за БЕГ за грејна
структура на Скопје се предвидува: - Краткорочен план - приклучување на сите
исклучени корисници. Реализацијата е веќе отпочната.

За таа цел е осмислено сценариото „Скопје дише“. За реализација на сите


мерки и активности од сценариото „Скопје дише“ потребни се 378 милиони € за
периодот од 2017 до 2025 година, од кои околу 325 Мил. € би биле наменети за
спроведување на мерки за подобрување на енергетската ефикасност во
домаќинствата: фасади, кровови, подови и сл, кои ќе ги исполнат строгите и
највисоки критериуми за енергетски ефикасен објект според соодветните

17
национални прописи. Затоа, ова е максимална очекувана сума на вкупни трошоци,
кои се очекува да бидат финансирани од повеќе страни, за кои треба да се
изработи план за финансирање. За да одговори на зголемените потреби заради
зголемување на бројот на приклучоци на систенот на централно парно греење,
БЕГ ќе инвестира околу 200 Мил. € за изградба на нова термоелектрична топлана.

6. Влијанието на КОВИД 19 врз аерозагадувањето

Земјите на Западен Балкан се особено ранливи бидејќи голем број земји


страдаат од загадување на воздухот, особено во текот на зимските месеци кога
доминираат исклучително високи, токсични високи вредности на загадување на
воздухот од греењето на домаќинствата.

Во однос на проширувањето и ограничувањето на ширењето на КОВИД-19,


научниците дискутираат две главни поврзаности помеѓу квалитетот на воздухот и
КОВИД-19:

1. Намалената економска активност поврзана со раното спроведување на


мерките за ограничување на движењето видливо го намали загадувањето на
воздухот. Резултатите можат да се согледаат како екстремно „пилот тестирање“
на реформите на јавните политики кои често пати се предлагаат за намалување
на загадувањето на воздухот особено емисиите предизвикани од транспортот.

2. Колку е поголема преваленцата на белодробните и акутните


респираторни заболувања и хроничната опструктивна белодробна болест кај
населението изложено на загадување на воздухот, толку поранливо таквото
население на КОВИД-19, што веројатно ќе ја засили пандемијата. Уште еден
аспект кој што се анализира е можноста аеросолите да му овозможат на вирусот
пренесување на големи растојанија односно заразување на повеќе луѓе.

18
Проценувањето дали ова исто така важи и за КОВИД-19 е тешко во
моментов, потребна е анализа на, на пример дали количината пренесена од едно
лице на друго на овој начин е доволно голема да го предизвика заболувањето и
колку длабоко може да продре во респираторниот тракт. Во оваа фаза,
здравствените поврзаности помеѓу загадувањето на воздухот и КОВИД-19 треба
дополнително да се поткрепат откако ќе се соберат повеќе и порафинирани
податоци за анализа. Меѓутоа, анализите од други места обезбедуваат контекст
за дискусија на можната изложеност во делови од Западен Балкан со високо ниво
на загадување на воздухот за зајакнување на потенцијалната отпорност на
регионот на идни проширувања на зарази и други слични болести.

Преземените мерки за ограничување на КОВИД-19 претставуваат


експеримент со голем обем поврзан со загадувањето на воздухот особено
разбирање на ефектите на многу дискутираните мерки на јавните политики за
намалување на загадувањето на воздухот кое произлегува од транспортот. За да
се ограничи пандемијата, милиони луѓе ширум светот беа упатени да останат
дома, што драстично го намали патниот сообраќај, 12 започнувајќи во Кина каде
ограничувањето на движењето погоди скоро половина милијарда луѓе. Слични
мерки следеа и на други места, особено во Италија, Шпанија, Франција и
Германија во западна Европа и подоцна во Соединетите држави, Индија и други
делови од светот. Ова главно го намали загадувањето со азот диоксидот (NO2)
над градовите каде загадувањето може главно да им се припише на
автомобилите и помалата индустрија. Во градовите во северна Кина како што е
Пекинг, на пример, каде голем дел од загадувањето во текот на зимата
произлегува од затоплување на домаќинствата, намалувањето на загадувањето
беше поограничено. Едно диференцирано гледиште покажа дека емисиите на
NO2 од транспортот навистина се намалија, но емисиите на ПМ2,5 поврзани со
затоплувањето останаа непроменети или други малку се зголемија.
Диференцираното влијание на ефектите на ограниченото движење во Кина и
Западна Европа е важно при дискутирањето на можните сценарија за поврзување
на загадувањето на воздухот со КОВИД-19 во Западен Балкан. Сообраќајот е

19
доминантниот извор на загадување на местата каде што беа забележани
подобрувања на квалитетот на воздухот поврзани со КОВИД-19. 6

Заклучок

Урбаното загадување на воздухот е на пат да стане водечки ризик фактор


од животната средина како причина за смрт ширум светот до 2050 година. Бројот
на предвремени смртни случаи заради изложеност на загаден воздух со
суспендирани (РМ) честички, се зголемил од 3.5 милиони во 1990 година на 4.2
милиони во 2015 година. Во европскиот регион на Светската здравствена
организација, таа изложеност е причина за намалување на животниот век, на секој
човек во просек од речиси една година главно заради зголемениот ризик од
кардиоваскуларни, респираторни заболувања и рак на бели дробови. Иако
загадувањето на амбиентниот воздух со РМ-честички претставува сериозен јавно-
здравствен проблем во градовите во Република Македонија, засега постојат
недоволен број епидемиолошки студии кои го потврдуваат тоа. Главна цел
на студијата е да се направи анализа на здравствените ефекти и оптовареноста
со болести од загадениот воздух во високо загадените градови, односно во
Скопје, во Република Македонија, со примена на различни методолошки пристапи
и индикатори за проценка на ризик, како и проценка на придобивките по здравјето
на населението од примена на целни политики и акции кои би ги намалиле
концентрациите на загадувачките материи до пропишаните гранични нивоа на ЕУ
или СЗО.

Нивоата на озон во амбиентен воздух високо корелира со бројот на


болнички приеми во одделенијата односно ургентните центри заради
6
3. Годишен извештај – Квалитет на животната средина во Република Македонија – 2007; Министерство за животна
средина и просторно планирање, 2008

5. Патоказ за намалување на локалното загадување на воздухот во Скопската котлина предизвикано од греењето на


домаќинствата 2017-2025 Скопје дише – утопија или реалност

20
респираторни симптоми и заболувања (долнореспираторни болести и астма пред
сè, кај деца и возрасни над 65 години и повеќе), па така се заклучува дека овие
нивоа можат да бидат веродостоен предиктор за бројот на посети во овие
ургентни центри како и за бројот на болнички приеми . Фактот дека проценките на
ефектите во епидемиолошките студии се повисоки за долгорочна изложеност
отколку за краткорочни изложеност покажува дека долгорочните ефекти не се
само збир на краткорочните ефекти.

Со години наназад, аерозагадувањето претставува еден од најголемите


проблеми во поголемите општини на Република Македонија. Решенија, идеи
постојат, но засега до нивна реализација не е дојдено.

21
Користена литература:

1. Health risk assessment of air pollution – general principles. Copenhagen: WHO


Regional Office for Europe; 2016.

2. Murray, Christopher J L et al.Global, regional, and national disability-adjusted life


years (DALYs) for 306 diseases and injuries and healthy life expectancy (HALE) for 188
countries, 1990–2013: quantifying the epidemiological transition. The Lancet , Volume
386 , Issue 10009 , 2145 - 2191

3. Годишен извештај – Квалитет на животната средина во Република Македонија –


2007; Министерство за животна средина и просторно планирање, 2008

4. The Government of Canada, Environment and natural resources: Weather, climate


and hazards - Air quality. [homepage on the Internet].Ottawa: Air Quality Health Index;
[cited 2017, November 22.Available from:https://www.canada.ca/en/environment-
climatechange/services/air-quality-health-index.html

5. Патоказ за намалување на локалното загадување на воздухот во Скопската


котлина предизвикано од греењето на домаќинствата 2017-2025 Скопје дише –
утопија или реалност

6. Bartoš, T., Čupr, P., Klánová, J., and Holoubek, I. 2009. Which compounds contribute
most to elevated airborne exposure and corresponding health risks in the Western
Balkans. Environ. Int. 35: 1066–1071.

22

You might also like